Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    Не постои реално правосудство во Македонија, сите овие од власта и од опозицијата, доколку постоеше и работеше како што треба одамна ќе беа по затвори. И нивното место ќе го заземеа луѓе што навистина ќе работеа за државата, а немаше да работат за ЕУ и НАТО а зад грб да си печалат огромни пари, ние сме тие што треба да доведеме ред во оваа држава а некој од страна.

    Ваквото работење на властите во Република Македонија им одговара на тие од страна.

    Тука зборувам за сите партии што некогаш биле во коалиција или соработувале на некој начин со главните две партии. Нема изговор сите забрани да добијат за да не можат да учествуваат директно во политичкиот живот на република Македонија, тие нивните деца, како и родители но и лица блиски до семејството.

    А партиите да се поништат и нови партии да излезат со нови луѓе желни за работа, ама она баш работа, а не како до сега.
     
    На LaCHICALATINA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LaCHICALATINA

    LaCHICALATINA Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Тоа ти се вика утопија:)
    Убаво звучи и уште поубаво е за читање, но според условите во Република Македонија тоа е тешко достижно во блиска иднина.
     
  3. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Не е тешко изводливо, едноставно со сите сили се обидуваат така тоа да ни го прикажат, па да ни изгледа нам дека е тешко изводливо. Не е. Треба многу работа, но поарно да почнеме од некаде отколку да чекаме некој друг да ни ги завршува работата а да ни ги заврши некој друг работите е тоа е тогаш тешко.
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.804
    Политикава се повеќе ме разочарува.
    Ние овде дискутираме за нормална политика секој со свои погледи, т.е. политика за нормален народ.
    А уствари во моментов се дешава толку висока политика што тие сами неможат да се отплеткаат.
    Знаете што ?
    Жал ми е за сите министри и политичари како Тевдовски па и за министрите од минатата Влада, зашто се само жртвени јагниња.Некои од нив од петни жили се трудеа.
    Да.Украдоа.
    Ама што е крадењето према шпионажата и мерењето на силите на Русија и САД преку 2 милиони народ ?!

    Кога стаса Вучиќ да ни се потсмева , што останало за другите.

    Не џабе Заев кажа дека НГ е киднапиран.
    До петок се ќе се обелодени:)
     
    На Feminka22 и iki26 им се допаѓа ова.
  5. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Можеби сум пристрасен ама Тевдоски е еден од најслабите министри, впрочем и цела економија ни е катастрофа.
     
    На kikikikirika, ocicka2014, bile454 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Дека се е добро режирано покажува фактот дека СДСМ на многу клучни функции нареди непартиски луѓе, истите се најмногу критикувани па и дури и местени од сдсмовците. Како на театар, во зависност од барањата на публиката така ќе горат некој од овие непартискиве, па дури кога ќе заминат во опозиција и ако треба некој од нив ќе заврши во затвор.
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.804
    Епа од вересија економија неможе да ја дигнеш на нозе преку ноќ.
    претходно арна беше зашто пливаа пари на сите страни, и тоа главно од позајмици.
    Сега ги враќаме.
     
    На Mich и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Кој ги враќа?

    Владата сигурно не, секоја недела по некој заем иде.
     
    На kikikikirika, zuto и iki26 им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.804
    Епа празни се и ПИОМ и сите каси...неможе на пензионерите да им се исплати пензија а ист е случајот и со социјалните давачки.

    Затоа и воведуваат нови давачки кои не револтираат.Се обидуваат да го полнат Буџетот наменет за вакви трошоци.
     
    На Mich и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Зарем им веруваш на овие нешто што ќе кажат?
     
    На kikikikirika, ocicka2014, sjdgo и 3 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.804
    Ни на претходните ни на овие не им верувам:).
    Све мојеГ до мојеГа се:)
     
    На bile454, Feminka22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Секоја работа има своја тежина и немаат право да наоѓаат изговори.
    Но да бидеме искрени, менаџирањето со економијата им оди многу слабо, на граница на катастрофа се.
     
    На kikikikirika и zuto им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.804
    праша дали си пристрасен.
    Да ти одговорам-ДА.СИ.
    Ако не беше, ќе ја кажеше генезата на проблемот.
    Доблест е да признаеш дека не чинеа и претходните:)
    Ама можеби тебе ти чинеле;)
     
    На Mich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки

    Па, јас не ги пренесувам зборовите на тој што не му верувам.

    Јас никому не верувам од политичариве. А не ни кажувам што кажале во одреден период, имаат пари си ги поделија на сомнителни тендери, некои и во четири очи, а и уште си ги делат. Од капитални инвестиции нема ништо но затоа пари за тендери за "иновации" еден куп.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Вмро правеше грешки и затоа е казнет и сега е опозиција.
    Да не заборавиме дека власта има многу привилегии но и предизвици и проблеми кои треба да се решат.
    Сдсм нема право да се жали и да наоѓа оправданија.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Прашањето беше за сите патриоти и остало, само се надоврзав за твојот пост, но еве сега кога ми одговори би сакал да те замарам со уште 2 прашања и ветувам веќе нема да те замарам. Едноставно многу ме копкаат овие работи и ете морам да прашам.

    Ако уништување на фамилии , перење пари преку барок , уништување и партизирање на држава и сите нејзини органи , скарување со сите соседи , правење монопол , газење на сите што се спротиставиле на човекот , скарување и поделување на народот , амнестирање и договорање со терористи, обиди да се сокријат убиства , итн итн се карактеризира според тебе како најдобра политика , тогаш прашањето ми е што се карактеризира како најлоша политика ?? ме копка многу и би сакал да знам.


    Во ред , нити барам нити очекувам луѓето да гледаат со мои очи на работите , не ни треба таман работа сите да сте со моите очи.
    Но еве кажи ми ти со кои очи го гледаш амнестирањето и договарањето со терористи или пак уништување на фамилиите кои не биле во согласност со најдобрата политика на Грујо... еве те молам удостои ме со одоговор , не за друго , можеби јас стварно гледам со погрешни очи, вака сакам да ги видам сите очиња убави како гледаат.
    Благодарам однапред , ветувам веќе не те замарам.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Нема потреба под наводници да го ставаш , режим беше како прво , друго против иживувањето на Грујо врз народот бевме , и се уште сме , јас лично немам проблем ако крадеше по нешто , ама он не само што крадеше него уништуваше све што не беше со него , и си даваше само на неговите партијци и а други ништо , е тоа беше главниот проблем што ги револтираше луѓето и ги поткна да излезат и да го бутнат режимот.
    Ако утре Заев го слушаме како се смее дека на некој му течело низ ногавици и се иживува пали кафани и уништува фамили , ќе биде истото.

    Никој не вика дека ако вмро правеле треба и овие , не знам од кај ти е ова , тука се збори зашто луѓе глумат експерти во политика и се прават патриоти само кога лавот е отиден , а кога требало никаде ги немало.

    Да се разбереме нешто , јас не мислам дека народот е глуп , јас мислам дека дел од народот е глуп , туп ,прост , пасивен , кукавичен , до тој степен каде што веќе политичарите не ни мора да глумат или да кријат нешто баш поради тоа.

    И трето се надевам ова важи и за овие вмровците што праќаа на своите сограѓани ќосиња и ги навредуваа и ги нарекуваа предавници итн итн...


    Протестите малтене сите се случуваат кај мене пред влез , многу лесно ми е да излезам и истите фаци вмровски да ги гледам на секој можен протест , порано беше контра лапање сендвичи протести , сега се патриоти , утре ќе бидат нешто трето итн итн , да сигурно има од 100 души 10 што се таму стварно оти ја сакаат државата , ама све е тоа џабе и све тоа паѓа у вода кога знаеш дека партиски лепотани што се таму да го вратат вмро на власт а не да ја бранат државата , тие ја кршат целата слика , порано беа повеќе , сега се помалце оти повеќето избегаа кај Сдсм... и така. И да знам дека не превземале ништо , напротив , ја подржуваа и "гинеа" да го задржат Грујо на власт. Сигурен сум дека и ти ако си била на овие проести или сл си ги видела истите фаци што до вчера се крстеа во Грујо и праќаа ќосиња , и веќе знаеш за што се таму , тоа е тоа.

    Мора да напоменам една работа , јас не се согласувам со доста работи што прават Сдсм, особено со тоа што ја фокусираат надворешната политика наместо да направат сериозни реформи и да се фокусираат на внатрешна политка, доста од работите што ги направил се разочарувачки итн итн, не негирам воопшто јас.
    Е сега зашто не излегувам , едноставно затоа што знам дека таму се луѓе кои до вчера ме навредуваа , ми лепеа етикети , ми викаа ќе беселе , ќе праќале ќосиња , колнеле итн итн , ти ќе излезеш со такви луѓе на протест , сигурен сум дека нема , дури и да не се согласувам јас со такви луѓе не излегувам или да се обединувам , толку будала не сум.
    Да е за воздух , уништување зеленило , градење итн итн , да ќе дојдам и присуствувам бидејќи таму знам дека се луѓе кои стварно се таму оти им е преку глава од загаден воздух итн итн ...

    Јас колку што знам на вмро им беше дадено да прават влада , заебаа и не направија , па зајко си направи владичка и тоа е тоа , не гледам математики тука никакви нови , сдсм+дуи+ уште една беше > вмро. На крај испадна уште полошо , бидејќи сеа сите пратеници им избегаа , ете ти нова математика.
    Кога е мотивација што не е за свој газ партиски , да такви почитувам и ги слушам , а партиски пувала има да ги пцујам и ќењам додека сум жив или додека не ме банираат сеедно.
    Добро барем имало двојазичност и предходно , едно време ни тоа не се веруваше , требаше со слики и докази да се потврди дека имало , добро е има напредок.
    За сарказмов или што и да е , шта речи , не знам...

    Тоа што прашувам каде беше , е чисто само да дознаам за што човек се работи , обично се појавуваат многу експерти и пратриоти со нови/стари профили и чисто ги прашувам и според одговорот ќе можам да проценам дали се работи за некој што стварно нешто се замара или некој партиски ботец или пак некој што врска нема сите информации му се од курир портали , твое е да си одговориш , мое да си проценам ...

    Народот не е слабо информиран , него е пасивен и му е гајле за нешто освен ако не му се случува на него директно.
     
    Последна измена: 21 ноември 2018
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    А со слики ќе се правиме глупи со сила?

    А овие 20 души што блокираат секој ден сообраќај , тие за што се?

    [​IMG] [​IMG]
     
    На Mich, WildMk и referentka им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Сигурни сте дека сакате да го решат загадувањето?
    Ќе треба да забранат печки на тврди горива, нафта, мазут. Ќе забранат стари автомобили. Ќе затворат уште толку погони.

    Сигурно сте сигурни дека сакате така? :)

    Законот вика: 25 луѓе се доволно за да се блокира улица.
    Ако нешто е проблем.... тогаш законот е.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Таков режим, апсолутно заслужува да биде ставен под наводници. Сигурна сум дека ќе ти текне зошто. ;)

    Ох, Грујо давал само на неговите сопартијци. Тоа го заклучивме од бомбите, така? Значи треба и за Заев да имаме од истиве да ви се отворат очите и да не сонувате идеали кои не се случуваат. Ами напротив. Човеков е втора фаза на Вмро. Стварно не знам како не ви се гледа.
    1. Не знам зошто некого би го интересирало кој од какви побуди е мотивиран за да протестира. Та не е само патриотизам мотивација за истото. Протестираат сега, зашто сметаат дека сега има потреба. А тогаш кога си сметал ти дека имало потреба, си протестирал.
    И апсолутно не знаеме чија потреба од што детерминирана.
    Лавот е минато. Соочи се.

    2. Глупоста на народот не се мери со протест. Глупоста на народот е политичка не информираност. Да го имавме спротивното, народот ќе знаеше дека воздухот во моментов е приоритет за протест, оти чуму да го зачуваме името на државата, ако не преживееме во истата?

    И баш напротив. Не само што глумат и кријат, туку и маестрално дефокусираат.

    3. Не ти ја разбирам третата точка. Дали со истава ги оправдуваш навредите кон оние кои протестираат, само затоа што тие навредувале?! Да, продолжува втората фаза на првичната основа. :D Едните навредуваа, имаме право ние за истото. :muscle:
    Јас не сум била на ниту еден протест. Многу пати сум ги критикувала протестите, од причина што не може да се помине по улици, но никогаш не сум земала за право да оспорувам или исмевам нечие право поради тоа што некој глумел патриотизам или не. Не ме интересира кој од која причина протестира и дали глуми или не. Груевски е на маргините на политиката. И токму тој да е нивната причина за протест, (а не знаеме дали е, не сме им во главите) нема да успеат да го воскреснат. Тоа што ти секојдневно имаш прилика да гледаш кој народ протестира не го оспорува фактот дека не можеш да ја знаеш сечија побуда и мотивација.
    Така е. Они ти лепеле етикети. Ти кога си бил во шарената си лепел етикети и така магичниот круг продолжува да се шири. Не мораш да се навредуваш толку. Ниту ти. Ниту тие. Единственото што овој народ треба да го разбере, е дека треба да се напушти ова ерозирано лудило и да се насочи кон вистинските приоритети. Оние кои се надпартиски и надполитички. А тоа е загадувањето. Ама гледам нема заинтересираност ниту од едната, ниту од другата страна. Зашто?! Зашто едните го бранеле Грујо и биле лажни патриоти, а другиве кршеле и уништувале во шарената и ги нарекувале првиве сендвич популација и што уште не. :D

    Другите делови во цитатот, ти се убаво склопени и со истите се согласувам. :)
    Нема нови математики. Владата на Заев е амин од странците. Груевски не ја направи истата поради истиот тој амин од странците. Заев имаше 49 пратеници. А тука се држеа предавања дека има повеќе. Исто како што не просветлуваат за референдумот. Не учат одново да броиме. Има луѓе кои учеле право и знаат како се движат работите. Зошто пратениците заминаа од Вмро, само Мијалков може да одговори. Уште ли не ја гледате местенката?

    Ти мислам дека ги поддржуваше шарените оти не биле партиски мотивирани. Што мислиш за Павле и нему сличните на пример?!

    Двојазичност од минатото јас никогаш не сум негирала, ниту охридскиот договор во нашиот Устав од самото негово потпишување. Она што беше негирано, секогаш бил новиот закон за јазици.

    Ти работи детекторот за сарказам. Одлично. :D
    Ти имаш право да прашаш. Јас имам право да не ти одговорам. Оти мојата проценка од твоја страна на форумов, нема ништо да ти смени. Ниту ќе бидеш сигурен за каков човек се работи. Ако сакаш да анализираш, оди во соодветна тема и обиди се. :D

    Ох да. Народот е многу слабо информиран. Народот не е свесен дека целата политичка моќ е во него. Владите го знаат тоа и го злоупотребуваат.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.