Економијата е на дното моментално А ти знаеш дека тие 30 души на кои им се потсмеваш моментално,се залагаат И за твое добро? Да не бидеш утре деградиран како граѓанин на РМ,да не бидеш утре исмејуван од која држава потекнуваш,да не бидеш утре потценуван дека си од Мкд,да не те направат дека си бугар или грк,да не ти фалсификуваат историја,националност.. Свесен си ти за нив? И на пола патриоти страм да ни е што не сме со нив (јас 3 пати сум била досега),туку овде вергламе политики,и се докажуваме кој е во право,а кој не.
Кога беше протестот за загадениов воздух кој секојдневно зима данок од нашето здравје, данок од нашите дечиња, јас бев тотално разочарана, душата ме болеше од револтот кој ме гушеше.....бројката беше срамна за да ја спомнеш а камоли да ја пишеш....а протестанти и јаки на уста ги има илјадници само на тастатура за жал. Ти си потполно во право...се додека не излеземе сите на протест, сите улици, училишта, установи, продавници...значи сите да направиме СТОП, да се сплотиме за наше подобро здравје, за наш подобар живот а не да јадеме бурек само со куцкање и со покажување кој со каков богат вокабулар располага..ние ќе се гушиме, ќе умираме, ќе рушиме криминални влади со криминалци..и еден ден нема да не има.. Или сите на улица или сите пат под нозе и у туѓина!
Јаа бев на протестот кога протестираа за загадениов воздух (едвај децата дома ги оставив,но заминав макар само на пола час што бев).Имаше околу 100 души,може и помалку (според мене одприлика) Жива срамота беше,ама овде на форумов сите јаки и силни се.Ма неможеш на никој ништо да им објасниш,се ние глупи и тролови сме. Ниту партиите беа дојдени за поддржка,ниту имаше некои невладини,само мислам од Левица имаше 5-6 млади деца(околу 25-30 год одприлика) Уште и се подсмеваат тука. Срамота голема.
Дечки, 2 години на власт сдс, уште чекам: - да ми го вратат ДДвто кое е платено (у програмата вика цела плата плус ќе ни дале од повратот) - да сувенционираат 50% комуналиии за секоја куќа - обезбедување државна пензија за сите кои немаат остварено услови за пензија а живеат 20 години у Македонија
Ики, за наше добро би бил протест во кој би се собрале заедно луѓе и партиски неопределени, и определени од двете страни, од сите националности и без националистички знамиња и пароли - и без трошка партиска заднина да протестираме за најреалните и најсериозни проблеми, како што е во моментот загадувањето. Додека такво собирање ни е научна фантастика, не бива асален народ од нас. А луѓево што моментално протестираат не прават ништо, освен што го отежнуваат животот во главниот град и со возилата што дошле уште повеќе додаваат на загадувањето. Не е толку ни за исмевање, колку што дури и скроз аполитични личности гледам по фб - со право се нервираат што заради толку малку луѓе се блокира цело Скопје.
Абе ако уште чекате нешто власта да ви смени сама од себе,тогаш не сте извлекле поука оние 11 години дружба со ВМРО. Ве заболе за загадување, на форуми ќе се потепате да докажете дека сте у право а никаде ве нема во јавност. Разбудете се аман, додека не се дигнеме сите нема ништо да сменат.
Па, Дита ли е организатор бе Рефка? Ене имате event(и) на фејсбук, известени сме. Уште само да излеземе, и топ. Дај линк мори па ти @Afrodite¥ се мора да те моли човек.
Веќе сум на улица, немај гајле. А знаеш кога имаше протести колку луѓе излегоа? највеќе 50, и тоа не у Скопје. Затоа викам, се жалиме секој ден од воздухот, не можеме да дишеме ама кога доаѓа до тоа да се преземе нешто - никој. А за предлогот, предлог мерките се испраќани до надлежните повеќе пати ама како на ѕид да се збори.
Само на улица да се излегувало. Загадено е-точно е тоа, ама од секогаш било загадено. Или можеби откога ги поставија мерните инструменти стана наеднаш загадено Ајде дај конкретен предлог што да се стори за да се намали загаденоста.Да го продискутираме и да дадеме предлог мерка за намалување на загадување.Ако не ја прифатат, тогаш ќе излеземе. Затоа ти реков-дај предлог и одиме сите.
Не, не е така. Последниве години само затоа што е фокусот ставен на загаденоста не значи дека е помалку или повеќе загаден воздухот од порано. Впрочем за какви мерки зборуваш? Ова ме потсетува на изјавата на Коце пред неколку години, и лани на Шилегов кога бараа предлог мерки од граѓаните за превенција. За тоа држат места во Влада, да спречат, работат, смислуваат. Со какви предлози треба да излезе еден граѓанин аматер во областа на аеро загадувањето за да они речат ,,е точно, ова нас не ни текна"? Зошто пази, едно е да се има колективна свест и да не се палат отпадни материјали во грејна сезона, и да се настојува да се вози со бицикл, а сосем друго е да ние сега нешто посебно треба да сме ангажирани за стварите за кои треба тие да се залагаат.
Ама решение ли е излегувањето на улица? Ако веќе кажуваш дека нештото не треба така, треба да кажеш начин како да се излезе од кризата
Не е решение, но е двигател на решението. Најголем проблем би бил пасивноста во случајот. Околу предлог мерките, пишано е нешто наназад, околу специјални филтри, како и зеленилото на фасадните згради зададен како точка во нивната футуристичка програма. За десет години од сега треба да се почне со интензивно решавање на проблемот за да почувствуваме благи бенефити.
Не ме разбираш што сакам да кажам. Не излеегуваме само на улица за да не видат. Дадени се веќе КОНКРЕТНИ предлог мерки против загадувањето. И краткорочни и на долгорочен план. Пар-непар, бесплатен јавен превоз, поригорозни казни за загадување итд итд. Тие се мерките. Нема јас што да измислувам топла вода. Беа презентирани тие мерки пред новинарите и истите испратени до надлежните. Е сега работата е што никој не не слуша кога излегуваме 50 до 100 души на улица. Сигурно си мислат на другите им одговара воздухот кога не се бунат. Затоа зборам, ако ние не се ангажираме СЕГА, зимата пак ќе пројде, ќе се смири ситуацијата, а наредната година бујрум гушење и болести.
Така е, во право си. Ама што решава излегувањето на улица? Секој ден по некој излага, ги тормози жителите на градот и пак се е по старо. Место да се биде конструктивен, некако полесно е да се излезе со транспаренти.
Интересно како што се претпоставуваше... На Никола Груевски , екс премиерот му била нудена слобода во замена за глас за промена на уставот... Колку патетично дури и трагично од страна на Власта од сдс... жално за јадна Македонија http://javno.mk/baraneto-azil-vo-un...a-vo-zamena-za-glasane-za-promena-na-ustavot/
Јас колку што знам партијата на зелените-Лилјана Попоска се моментално на власт(2 или 3 пратеника). Тие би требало да се најактивни моментално,посебно околу загадувањето и да имаат конкретни мерки како да се намали загадувањето. Ама и нив ги нема никаде. Вака овде џабе пишуваме,само на улица неколку денови да се блокира се,па да видиш како наеднаш ќе најдат начин да се намали колку-толку загадувањето. Вака не ебаваат,не замајуваат, а ние ќе се потепаме помеѓу себе.
@referentka Дај не ме разочарувај со вакво мислење... Паметна и разумна жена си... Како мислиш што ќе се смени со излегување? А, ако сме пасивни што ќе се смени? Сите промени во светот се донесени од страна на граѓани кои се бунеле на улица за своите права. Никој не дошол да им рече „на“. "Silence never won any rights; they are not handed down by above, they are forced by pressures from below." Ако има голем притисок од страна на луѓето ќе мора да се помират со вистината и да ги спроведат решенијата. Не е дека не знаат како - не сакаат. А тоа што се пали отпад од странски држави кај нас во Дрисла за пари... криминал.
Значи да не се правеме наивни Градот има ингеренции и има должност да се грижи за градот и чистотата. Треба да послусшаат и некој предлог ако е адекватен и добар. Градот треба да направи и краткорочни и долготраjни мерки. Да се направи чистота по улиците и булеварите да не се лепи прашината, да се мијат, селекција на коли што се доста стари , да се стимулира со мерки јавниот превоз за да се избегнува со коли и гужви.И да се направи инсекпција кај Големите фирми кои исфрлаат материи во воздухот kолку се се адекбатни истите или да ставаат филтри за да се прочисти воздухот. Вакви мерки треба да се направат ако сакаме чист воздух и да ги спроведат зашто и затоа се плаќаат да бидат градоначалници.
Интересна теза. Значи Заев со својата фамилија, како и компанија што сега успеаја да станат највисоки функционери беа од неговите, т.е. од Грујовите?