Наместо да мериш туѓ памет и разум излези. И така секој ден по некој излага. Гледам ќар до гуши Биди конструктивен.Не само урлање надвор.Превземи граѓанска иницијатива. Не брани никој. Уште да знаат тие што излегуваат ЗОШТО узлегуваат
Пак не се разбираме. Тоа што ти го гледаш како уништување на фамилии, јас го гледам сосем обратно. На колку фамилии им се олесни со бесплатниот превоз (градски и меѓуградски), намалувањето на невработеноста, субвенционирањето, намалената партиципација за студирање, како и дисперзираните студии, зголемените плати и пензии... Фасадите и „барокот“ и воопшто проектот 2014 јас го гледам како позитивен. Бројот на туристи се зголеми енормно, што е позитивно за многу бизниси и генерално за економијата во државава. За скарувањето со соседите не знам што да ти кажам...ако ова сега го нарекуваш пријателство, тогаш немам коментар. Понижување и потчинетост во однос на сите други за мене е најмалку пријателство. За поделеноста на народот во државата се согласувам, ама тоа моментално е на најизразено можно ниво. Сите знаеме дека имало и има притисок од странски фактори, и дека кој и да е на власт се соочува со тој проблем. Но, според мене Груевски правеше баланс. Како велат, тегнеше да не се скине. Сега не се знае каде уште не е испокинато. Кога треба да бирам помеѓу две зла, обично го бирам помалото. За мене перење на пари не е раст на економијата во најголемата светска економска криза, а притоа пари да има за сите сектори, па и за враќање на долговите. Не ми треба мене да слушам нечии разговори за да видам дали нешто функционира или не. Вмро имаа реална предизборна кампања која беше (речиси) секогаш реализирана. Затоа мнозинството народ толку долго ги гласаше. За разлика од нив, Сдсм имаа една предизборна програма, а работат нешто сосем друго. Да не зборувам за нивото на интелектуална способност на повеќето (особено на двајцата клучни лидери Заев и Јанева), кои ми е срам да ги слушам, а камо ли да ги поддржам да ја водат државата.
Што со тоа дека се шушкаат информации дека ќе има амнестија за Диво Насеље и Смилковско езеро? Шпекулации или?
Уште тоа да дочекаме. Како може амнестија за Диво Насеље кога тогаш загинаа 15 и повеќе припадници на македонските безбедносни сили КАКО МОЖЕ??? За Монструм ги убија крвнички млади деца,ни виновни за нешто,ни криви.ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МК??? Абе дали се нормални??? Некој доброволец да се пријави да му го свирне на Заеф,и така ќе го амнестираат после.Барем ќе ја спаси Мкд од него. Ова мира да се спречи.КАТАСТРОФА НЕВИДЕНА
Нереален раст. Со кредити кои допрва ќе ги враќаме. Ќе биде интересно Леле ама си необјективна. А шарените коа протестираа не беше урлање? Секој има право на протест и никој не смее и не треба да мери и премерува зошто некој излегол или не. Во споротивно не си подобра од МВРО-вците претходно. Шо не излезете на контрапротести вие? За бланс
https://www.magazin.mk/затвор-порад...BVDQpYJc-A4cBwDBWfXy8KEmcBz6r4-ihBS5w4tHZE8OU На некои им е до смеење, на некои до спинување, на некои до фалби, возвишувања, подршки, а мене ми е до урлање па и плачење. Затоа што ние сме под диктатура.
Многу ми е мака вака Грујо кидна а неам време да читам по форумов што имаат да изјават подржувачите на сегашнава хунта. Им избега бе? ИМ ИЗБЕГА! Покрај 6 луге обезбедување ИМ ИЗБЕГА! Две години им беше на дофат. Две години место да го судат за парите што ги украл они се фатија таму за некој мерцедес што уште го возат, и тоа и за тој мерцедес не го судат за парична сума туку затоа што имал специјални желби. ПРЕ-СМЕШ-КИ Сега фино лепо и ке си ги тужи во Суд за човекови права, па уште овој напатен народ ќе му плати и оштета. Понеспособна влада немало во историјата на Република Македонија, не знам која будала би ги гласала пак. За ништо не ги бива.
Нови сте по темиве, го ругав Грујо уште 2014. Таков презир имав спрема неговата багра ама сепак му ги признавав некои добри политики и проекти. Сега Заев од Грујо направи херој. Сите бивши ВМРОвци што беа разочарани од Грујо денес му се восхитуваат. И ве молам, доста тралала муабети конкретно ШТО УКРАДЕ ГРУЈО? Јас и вие претпоставуваме што украде но де факто СЈО која спомнуваше милјарди сеуште го нема обвинето за ниту едно евро прекршок. Е до толку ни е глупа новата влада! Не вмровците, не народот, туку новата влада од Грујо место криминалец направи жртва. И да, уште грујо грујо грујо а нигде немаат проекти. Колку проекти имаше Грујо за два месеци они толку немаат за година дена. Лош или добар, единствен политичар што програмата на избори ја реализираше конкретно а не ко овој сега не знае каде што ветил, мислам дека си ја нема ни сам прочитано програмата за која го гласаа а не па да ја спроведува. Каков срам за СДСМ . Патем, има ли снимки/слики од апсењето на Мијалков? Или и тоа е само за да ги лажат у штабови на СДСМ дека нешто се работи ?
Им избега. Да. Ама фамилија остави овде . Како кажувате како за Робин Худ Гледам низ Унгарија на билборди шега се бијат со него
Општо зборев ја, не за тебе. По коментарите на постовите на грујо на фб се гледа колку затуцан народ сме мајку му. Иначе Грујо убиства организираше, ти па за пари си се фатила. И не, не викам дека Заев е подобар, ме заболе за двајцата по малце, иста багра се. А за снимката од апсењето, па не ти е ова Холивуд па сниматели на секој чекор. Не е снимано, а има извори дека е веќе у затвор, да не беше ќе се огласеше. Едит
@referentka Еве конкретно што можело да се направи на пример во врска со загадувањето од Охис: „Постојат повеќе решенија за справување со линданот Професорот Стафилов укажува на неколку решенија за третирање на канцерогениот отпад, особено што низ светот постојат различни технологии. Најскапото решение е околу 40-50 милиони долари – дислоцирање на целиот отпад и уништување во странство, каде што постои соодветна технологија. Од ваквите супстанции со согорување со специјални печки може да се прави метан, хлороводородна киселина или да се користат како гориво. Постојат такви фабрики со технологија низ Западна Европа. „Најсигурно и најскапо решение е отпадот од ОХИС внимателно да се спакува, да се транспортира до некоја од фабриките и да се уништи. Исто така, постојат и поевтини мерки, различни алтернативи. Во физибилити-студијата што е правена се опишува линданот, состојбите, каде е лоциран, како се шири според ветерот, која е опасноста, но и кои се мерките, со вметната финансиска конструкција за секое решение. Можно е разградување, со каталитичко разложување за количество од 4,5 милиони тони. Потоа, 8 милиони тони за поинакво третирање и горење, 2,5 термичко третирање во Цементарница, но има и алтернатива со суспензија од пластика за целосно покривање на депонијата на ОХИС, со цел да се заштити од ветерот и да не се разлетува прашината. Последново би чинело 100.000 евра. Значи, има алтернативи“, вели Стафилов.“. https://www.radiomof.mk/lindanot-od-ohis-svrzan-so-pm-10-e-ednakvo-na-masovno-truenje/ Ама ете на кој да му текне дека парите не треба да се расфрлаат за Александар и коњот, бикот и лавовите и барок во 21-ви век. И не, не е дека не знаат и тие самите решенија, само некако помило им е тие за нив да имаат пари за лечење од овие труења, а ние ќе си збориме вака по форуми дека немало фајде ако се излезе на улица да се протестира за она кое ти е основно право.
Ова ми е читано. И бидејќи се работи за Трајче Стафилов, еминентен стручњак во својата област-хемија и за многу ценет и попитуван професор на факултет, се слагам со него. Знаејќи кој ова го пишувал , и каков човек е, верувам од збор до збор. Камо повеќе вакви луѓе да постојат.
@Afrodite¥ каде организирал Грујо убиства? Нели се претерува малце со тоа што се правел Грујо? Организирал убиства бе! Не знам колку пратиш политика ама кампањата беше ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИ, ама неспособниве уште не можат да докажат дали и колку украл а не па да го судат. Или си ги поделија мегу себе на шала па ке ни прават тука на нас народот циркузи.
Епа токму затоа се зборува дека мора да постои и притисок од граѓаните преку улични протести за да се примени нешто од ова што е кажано. Има во државава се' уште луѓе кои си ја знаат работата и се обидуваат да придонесат за да тргнеме од мртва точка, ама кога власта не ги слуша џабе се и анализи и предлог-решенија и се'.
Зошто би ја одбрал некој Унгарија за политички азил? Зошто не Франција, Германија, Данска, Шведска? Па и тие земји се во ЕУ... плус се подобростоечки ако не се лажам.