Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Жалосно е затоа што се тепаат за фотељи, за власт, за позиција, за пари и за крадење, а не за доброто на народот.
    Проста маса и едните и другите.
    Станаа и се испотепаа браќа со браќа, сестри со сестри, стана Македончето против Македончето...срамота.
    Пу и за едните и другите... :puke:
    Каде беше Македончето после случајот со Смилковското езеро, тогаш нигде не` немаше...каде беа тогаш и едните и другите да излезат вака масовно како денеска ...срамота уште еднаш.

    Половина, ако не и сите не знаат и зошто излегле на протести, т.е. на контрапротести.
    Прашуваат една жена-зошто сте денес на протест?
    таа- за да падне Владата ете затоа сум тука, напред Грујо, да живее Грујо. |( кај се изгубила оваа :fubar: , греота, битно излегла.

    Се скандира Во борба македонски народе, против кого борба :fubar: :tmi: ...уа.
     
    На antonina, zhap4e, Magnolija и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    Ауууу, каква драма...

    Боже, какви пратеници имаме! На кого тоа ние сме дале доверба...

    Срамота, резил невиден :x
     
  3. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Можеби и власта и опозицијата се право до негде но не е убаво насилно да се исфрлаат пратениците од владата сепак и едните и другите ги избрал народот и и тие и тие треба заедницки да го донесат буџетот :)
    п.с баш преска се изнасмеав една жена на телевизија кога рече треба да се симне оваа влада и да дојде вмаро на влас. Таа ја викнале на протест но не сватила за што треба да протестира :D
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Одмаздата на ВМРО за ноктето на Дулиќ :^)

    Лолитка, ја викнале, ама не и кажале за што :)

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... c9AHM4ToUA

    Се изгуби народот, толку лесно да се потпаѓа под влијание. После се ова денес
    [​IMG]
     
    На Annath, JuLleE и Hipster им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.290
    Па има и платени штрајкувачи, оние организаторите.
    Дел се луѓе без работа со испиен мозок кои немаат поима ни за кој штрајкуваат, ни зашто.
    И третата група е онаа најголемата група која ако не отиде може да го изгуби работното место.

    Инаку им делеа сендвичи ги гледав, и вода ил сокови не знам што беа |(
    И знаете што беше во моментот на делење? Тепачкааааааааааа!

    Само ќе кажам дека денес се срамам што сум македонка и што оние луѓе собрани на скопските улици ми се сонародници. Дел од нив обични сонародници, а дел можеби и пријатели, роднини, шефови, наставници...
    Страшно е каков народ не окружува.
    Страшно е колку сме ние плитки во мозокот.
    Наместо сите заедно да протестираме за подобро утре, ние меѓу себе ќе се испоубиме. Најлошо е што без причина, не знаеме зошто.
    Гадната држава, сиромаштијата, верувањето во политичари и нивните измислени идеологии не убива, не убива како народ.

    Не сакам да живеам во ваква држава, несакам!

    Ал у сета оваа глупост бар се изнасмеав за видеово :)
    http://www.youtube.com/watch?v=wmQAcCbx2Ig
     
    На Extraordinary.girl, Peppermint, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Истиот начин на изразување ,, незадоволство ,, како и во случајот со А1. Здрави прави луѓе од добро седење започнаа да паѓаат во несвест и да пискаат како да ги коли некој, значи смешни се :D А да не го коментирам и настанот кој претходеше

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/96722-VIDEO-SDSM-se-zakanuva-i-divee-vo-Sobranieto
    каде е нивната култура, образование и демократија? Каде им е рејтингот и секоја ветена победа на секои можни избори. Ги нема, е ги нема и нека се помират еднаш со тој факт.

    Неможат да добијат власт милум и ајде сега народе на борба? Со кој ќе се бориме бе? Со самите себе ли, срамота !
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И јас се изнасмеав на истото :rofl: :rofl:
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.424
    Пол:
    Женски
    Најлошото е баш тоа како што кажавте, што не знаат ни што е буџет а па уште помаку зашто штрајкуваат.
    И тоа од народ чија главна парола е знаењето е моќ, знаењето е сила!?
    Срамота.
    Буу, и за полиција која тепа невин народ, и за едноклеточни амеби ко овие денес кој беа замешани во оваа фрка.
    Бу за сите, срам сте.
    И кога ќе штрајкуваат сиротие стечајци, кај бевте м, маме ви ваше?
    За нив нема ни буџет нема и скршен денар.
    Ова денес што се деси е криминал, и тоа тежок, срам,брука и индикатор на нашата свет и писменост.
    Како не се најде некој паметен да им фрли една бомба на сите собрани таму па заедно со нивните мили партијци да изгинат за МАКЕДОНИЈА, секако нели и живот даваат за неа |(
     
    На Extraordinary.girl, Annath, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Е за ова денес најмногу се смеев. Уклучи скај.мк Владата вака прави, Владата онака, уклучи курир.мк Бранко вака прави, Бранко онака прави. Најубаво секој со свој памет :!: Оти колку не лажат политичарите, не лажат и овие потплатени од сите страни медиуми. И тие да си ја превземат одговорноста за ова лудило и поделба меѓу народот! :evil:
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    И не сме саде ние, не сме саде малку ... цел свет врие и ќе врие.

    Само веќе правдина и интелект нема и не може да има. Диктаторите секогаш со сила завршуваат, силата само сила признава ... така и со модерниве диктатори ќе биде, народ нека се свести дека никој не мисли за него.
    Народе македонски каде и да си обедини се! :muscle:

    :^) :D

    Траги комедии овие денови ... :x
     
  11. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Трагично е што народот дојде до овај степен на разединетост. Од стално на слави и семејни собири се
    зборувало за политика, нели тоа е главна тема на разговор, меѓутоа сега тоа е дојдено до степен каде роднини од различни политички партии се караат на трпеза кој бил подобар и во кое време подобро се живеело! Срамота! Јас не знам како можат толку слепо да веруваат во некои идеали, не ми е јасно.

    Можеби сум млада, 19 години имам, и не знам ни како се живеело во времето на Бранко ни во времето на Љупчо и не ме интересира воопшто да ви кажам, бидејќи јас живеам сега и фала богу разумна сум за да ја сфатам ситуацијата во која се наоѓаат моите родители ( бидејќи јас како студент нели не се издржувам сама ). Знам каква борба е од месец до месец и како и јас и сестра ми на пати мора да го пазиме секој потрошен денар. Државата мене како студент не ми дала никаква бенефиција, напротив, не ме примија во студентски иако и татко ми и мајка ми се минималци,немам привилегија како пензионерите да се возам 3 пати во неделата со автобус иако реално мене тоа ми е повеќе потребно,немам никаков попуст при купување за разлика од моите колеги во странство. И зошто јас да останам овде? За кого да работам, за кого да творам? За да некои партиски војничиња кои на сумљив начин завршиле факултет ми го земат работното место или пак да сум принудена да се зачленам во партија за да добијам работа? Па да се чувствувам после како нивни роб, да излегувам на протести и да си ги срамам децата? Ама ќе морам нели, пошто работата ми зависи од тоа. Не си активен-нема работа.

    Сакам да кажам, дали со овие на власт, или со другите, државата скапува. Истото е. И кога ќе се сменат за неколку години пак ќе биде истото, не знам како народов сеуште не знае дека го манипулираат како сакаат, не знам како сеуште не ја сфатија шемата, па сеуште толку слепо им веруваат и излегуваат на протести и се брукаат пред цела држава. Страмота ќе речам, и за Бранко, и за Никола, и за Љупчо, што го донесоја народот на вакво дереџе, државата ќе ни ја разединат бре, никој нема да излезе на протест, сите како пи*ки ќе седат дома и ќе чекаат наредба од партија, па и тогаш ако излезат едните на протест другите ќе организираат контра-протест. Жално е што овај народ никогаш нема да биде сплотен за нешто, затоа и ќе ја изгубиме државава.
     
    На MiloMalo, vesni4kaaa, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Да де, за оваа зборев,....која тешка глупачка (се извинувам за францускиов)....ама која идиотска реченица ја кажа-владата да падне, да попеди ВМРО, сите министири се перфектни :headbang: :headbang: ...оваа појма нема од животот, а камо ли од политика и излегла надвор....сите се вакви за жал.
    Јасно ми е мене како се организираат контрапротести....баш онака како што кажа Росонерка.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    http://sky.mk/index.php/makedonija/5508 ... cite-video

    Ај бе нека им облечат флуросцентни елеци,да знам кои од која се!

    Ај бе говеда. Се поубедена сум дека овде нејќам да живеам. Што е најтрагично, од заведеното мнозинство на овци не можат младите да реагираат. Ако се собереме да реагираме,одма ќе не препишат на некоја партија. А реално, ако треба некој да прави пуч, тоа е обичниот граѓанин,а не црвенковци,а не грујовци.

    Простаци!
    Не,сериозно не сакам да се бори некој за моите права кога нема две чисти. Кога се едни обични медиокритети со храброст.
    Лесно е да се провлече една голема маса на народ и да се направи хаос. Ама што после хаосот?! Кој ќе го средува?!
     
    На Hipster, Annath, SunFlower94 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Ситуацијава не е за смеење, ама луѓе Амди Бајрам е моментот :x
    http://sky.mk/index.php/makedonija/5500 ... nite-video
    Еееее до кое дереџе се спушти македонецот кога мора да му се восхитува и клања на човек ко што е Амди Бајрам :x
    Жално навистина. Ноу комент
    Моменталната ситуација во државата - Зини земјо голтни ме и плукни ме што подалеку одовде и од овој неписмен народ!
     
    На zhap4e, Magnolija, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Ете.. политиката за некој мајка за некој маќеа..

    Што дознав од протестиве
    -Амди Бајрам потајно сака да биде фудбалер.
    -Цела Шутка е со ВМРОоООуу
    -Бранко е зоофил. Женичката на ТВ кажа дека знаела се за октоподот.
    -Кога ги прашале што сакаат да бидат кога ќе пораснат, пола СДСМ сакале да бидат глумци и глумици.
    -Народот е поироничен и од Итар Пејо со ВМРОвската камуфлажа во автобус.
    -Идол на Грујо е Аугусто Пиноче.
    -Омилено хоби на Ѕинго и цела негова банда е лижење газови за да не заврши како Велија.
    -Со причина е ставено зелено пазарче до собрание. Да си тркне народов кога сака да земи јајца и домати за да се прават фуд фајт.

    За крај, доколку сте исфрустринани од целава ситуација за 10 минути пуштете сител и оладете.
    Тензии имало, но инциденти не.
    Буџетот е изгласан, сега мирно можеме да спиеме со блокирани сметки и зголемени и задржани даноци.
    Зошто ако не се изгласаше буџетов,ќе настанеше општ хаос.
     
    На Hipster, zhap4e, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Јас пак знам дека прво,со храна не се игра. Што кајгани можеле да се направат со тие јајца.
    А второ е тоа што знам дека ништо не знам,како и секое човече у државава. Никој не знае зошто СДСМ точно беше против буџетот,а зошто ВМРО пак толку инсистираше... Овие ја утнале работата у делбата, мене така ми се чини работава.
    Освен патриотски и празни говори, Грујо како да не знае каде е. Зошто немаме татко на нацијата?! А знаете и зошто погрешивме?! Зошто до 30 години они више мислат дека се созреани политичари, зошто немаме постари и помудри глави кои ќе кажат нешто зрело... ете затоа. Не е вистина дека младите се знаат, во нив е само иднината,а во иднината се стари,не?! Ни требаат тројца стари мудри луѓе и послушни и неарогатни млади. У оваа држава каде сите се знаат и се експерти така си е.

    Се ми е една така убава измешана иронија, бунило и чудникавост,просто ... не можам да се начудам како воопшто дозволија толку да не возбудат сите.
     
    На Hipster, lolyta777, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Зошто...бидејќи пензиите ќе ги зголемат во март, пред избори. Зошто не ги зголемат почнувајќи од јануари или па во јуни? Уствари зошто пак да се зголемуваат? Пак ќе се мачкаат очи со тоа.
    Ја слушам изјавата на Ставрески и неговото оправдување за новото зголемување. Имено, поради високиот стандард на живеење и инфлацијата пензионерите немале доволно средства за пристоен живот. Па немаат, не ни можат да се навикнат на овај стандард кога во времето нивно трошеле пари за се и сешто (бидејќи нели се имало ) . Алоо, работоспособното население, кое моментално ја држи државата на нозе нема пари за никаков живот, луѓето не можат да си приуштат еден одмор. Ама нели нивното најмоќно гласачко тело е задоволно, се шета по бањи и ги врти сите пазари три пати неделно.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Иронија инаку...јасно ми е што е фрката. За 500 денари ќе им качат,а паралено со тоа ќе се качат цените на се друго. У превод,ловат у матно. А башка што ако забележите банките започнуваат да ги рекламираат интензивно депозитните продукти те штедењето,а знаеме кога се активира инструментот на штедење...
    У превод, на здравје дружино!
    А муабетот со делбата беше,тоа што у секој случај, секогаш обете страни имаат ќар, само тука у случајов не го гледам ќарот така животински да се однесуваат. Очигледно е дека не си го договориле сметките.
    Само фактот е дека мора некој да повлече,а народот не сака. Удобно му е да биде заебаван и да ведне глава. Ако мнозинството застане на една страна и ако сакаме да имаме силна држава (а тука нели подразбирам удобен стандард и економија,слобода) мора да се случи тоа,но одбивам тоа да го направи некоја партија во мое име...ама другите ете немаат храброст зошто немаме опции... На овие кои велат дека луѓето немаат избор,мораат у партија, не им е јасно дека ние сме мнозинството кое бира и мора прво да се образува која е постапката која мора да се изоди,ама условот е вистинските луѓе.
     
  19. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Ситуацијава во која се наоѓаме да не беше трагична ќе беше смешна. Јајца, домати, камења, удри по својот. Црешичката на шлагот- Амди Бајрам. Кај бевте патриоти кога палеа наши знамиња, што не се окуражи тогаш некој да запали шиптарско знаме? А сега силни сме на СДСМ знамето сме го запалиле. :^) Сума сумарум, сам себе убијал. Ма и крај краева, втори сме во Европа, четврти во свет :drunk:
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ова баш сакав да искоментирам. Народов нема пари за леб, ама за да фрла на митинзи и протести организирани од партијата може да си дозволи и табла јајца и три кила патлиџан.
    Најтрагично е што има до толку тапи од луѓе и испрани мозоци што навистина би жртвувале еден ручек за да ја поддржат партијата. Ко религиски фанатици ебате.