Колку и да не ми се допаѓа ова, за жал вистина е. Се ми личи дека оди натаму. Ох, сите тие само така изгледаат наивни, демек не ги интересира, ама факт е дека тие се најголеми националисти, работат како група и што се побројни посилни стануваат. Можеби некој нема да каже јавно што мисли ама секогаш ќе застане зад своите и нивниот идеал. Мене на работа ми дојдат и ми се обраќат на албански и им велам дека не разбирам, ми велат: МОРА да зборуваш, па тука сме повеќе од 80 %Албанци. И тоа со таков надмен став. Небитно што ова за мене сеуште е Македонија тие очигледно не мислат така. Небитно што мојот директор (Македонец) сметал дека тоа не ми е услов за работа, ќе дојдат тие и ќе одредуваат правила. Има и културни луѓе ама има и провокации и ќе има се повеќе. Ова е оддамна се продадено од сите наши власти, Грујо започна, Заев го доврши... жално, многу жално до каде го доведоја ова парче земја.
Јас ги знам нив од Гостивар сум по потекло,иако сега сум скоро 10 год.во Скопје.Има и такви-и такви не викам не.И јас на работа работам во мешан состав,и во глобала ОК се сите.Партиите намерно ги пумпаат работите да бидат тензични за да можат да си владеат како сакаат. https://www.facebook.com/1767946273500345/videos/777393539272933/ Искрено ваков моќен и сличен говор очекував од Мицкоски како опозиционен лидер.Иако пред некој месец прв пат слушнав за Христијанско Братство(појма немав дека постои такво здружение или што и да е)свака му част на човекот.
Баталете Албанци-Македонци . Ќе се спасиме само ако народот се обедини против партиите . Не само Македонци , не само Албанци . Срби , Роми , Власи , Турци , Македонци , Албанци .. Сите комплет . Бидете што сакате , атеисти , верници , авангарди , нормални , бизнисмени , работници .. Обединете се луѓе . Првобитно , бев за да се смени името , бев за Сдсм , да им се даде шанса и се тоа . Сега гледам дека овие се полоши од сите досегашни лидери на државава . Не само од Груевски , туку од сите од осамостојување па наваму . @iki26 Јас знам за Христијанско Братство одамна . Имам еден чичко член на ова здружение , иронично е тоа што истиов чичко беше вмровец , па јавно ја искина членската книшка и се префрли во партијата на Љубе . Кога Љубе беше уапсен , човеков беше под истрага и му беа откриени далавери со Сашко Кедев мислам ( постои доктор со вакво име или јас сум ги измешала брзините ) . На истиов чичко ЕБР му има упаднато дома , додека он избега и се криеше некое време . Ако беше прав ќе седеше дома кога ЕБР му упаднуваше . Ќе одеше достоинствено во станица . Ќе се докажеше дека е прав и ќе го пуштеа , нели ? Не знам кој е човекот на бината , секоја чест за неговиот говор , ама членовите на ова братство не се баш најсјајни . Барем не овој мој чичко . Ако сепак не сакаме во Нато ( за ЕУ не сум ни јас со оглед на тоа што Бугарија е во ЕУ па се гледа како живеат а исто и Хрватска , Британија ја напуштаат ЕУ .. очигледно не е розово ) треба да се обедини цел народ за да смениме нешто . Ајде да речеме дека сакаме во Нато , што ќе добиеме со тоа ? Повисоки плати - можеби , а што е со воените полигони ? Пред некое време имаше вест дека Криволак е радиоактивен . Ако влеземе во Нато , сите оружја што до сега се користеле , ќе бидат уништени токму таму . Ќе го претворат во Чернобил . Некој велеше Русија не чини ( не сега , поодамна беше ) , западов па ич не чини . Јас сум за да се оди напред , ама не вака . ЛГБТ ги финансираат дебело , а народот нема пари за корка леб . Изгледа дека new world order почнува да станува реалност . Бев неопределена за тоа дали да се влезе во ЕУ или не , сега сум за не . За Нато , сеуште не сум баш сигурна , ама штом се двоумам , значи ќе испадне не .
Пред 10 год и сега не е исто. А деф Ск од тука е различно. И точно е, ги пумпаат ама им и проаѓаа. Тие се борат за своето, се борат за повеќе, на овој или оној начин и добиваат. Многу нешта се променети и тоа итекако се чуствува во овој регион, тргнувајќи од јавните установи па до приватните сектори. Се они имаст предност, права и го деградираат малцинството, на генерално ниво. А факт е па дека всушност не можат без Македонци оти тие немаат стручност во ниедна сфера ( освен во угостителство) па пак трчаат кај Македонец кога им затреба. Секогаш се трудам да гледам објективно на нештата, дури и не сум родена Македонка, ама со ова памет сега овака гледам. Има една нова конзервативна партија Интегра, е јас сум за таа.
Која е Интегра?Прв пат слушам за неа.Може повеќе инфо,чисто информативно прашувам Инаку во право си за се.
Мислев името го знаеш. Немам баш нерви да слушам политички говори, никогаш сум немала Како и да е, за Мицковски коментирав уште пред најголем дел вмровци и да чујат дека постои, камоли дека ќе биде иден лидер на партијата. Неспособен е, нехаризматичен, фигура-марионета на Груевски кој ги одработува концесиите за 35 хидроцентрали и којзнае што уште не. Му е гајле него за партијата.
Искрено , го ѕирнав кадарот на оваа партија , сите учени луѓе , поголем дел вратени од странство . Но , дали може да им се верува ? Лично не ги познавам , ако има некој што ги познава луѓево или нивната стратегија како партија , би било добро да даде мислење .
Јас ако ти кажам дека неколкумина лично познавам (а ги познавам и сите се доблесни луѓе до еден), нема ништо да ти значи бидејќи ние не се познаваме. Имено, лидерот Љупчо Ристовски беше советник во владата на ВМРО пред неколку години и се повлече од местото уште додека овие беа на власт. Мислам дека едно време направи пауза и во политиката. Побарај го на фб (латинично писано) и ќе го следиш, споделува и емисии во кои гостува, прилично е транспарентен и повеќе ќе бидеш упатена ако те интересира.
Секој може да пријави. вклучувајќи те и тебе. За што да им се верува? Какви очекувања имаш од една партија?
Пола Франција ја рушија,се испокршија,запалија,дури и измет во собрание им фрлија. Нашиве за 100-200 души пола војска,полиција и опрема ја извадија надвор за протестот. КАКОВ ТЕРОР И ЗАПЛАШУВАЊЕ Се гледаме после пред собрание
Кога ќе ми текне како славеше СДС со концерти низ цела МК дека сме добиле покана за членство во НАТО Па и музички звезди од соседството се викаа Како не подјебава Заеф Каде е поканата за во НАТО и датумот за ЕУ?Може патува по пошта,или дедо мраз ќе ја донесе? Алоооооооооо!! А колку народни пари се потрошија???ЗА ШТО???ЗА ЛАГИ!!! А да испита некој околу ова?Некоја пријава за злоупотреба на парите(бидејќи очигледно е дека е лага).
институциите не се семоќни и сеприсутни. Може некој да има доказ за криминал, а други да не знаат. Тој што го има доказот, тој пријавува. Граѓанска должност ни е да пријавуваме криминал. После, полиција истражува, обвинителство тужи, судот суди и пресудува. А мислиш во Франција не ги буткаат со водени топови? Не пукаат со гумени куршуми? Не фрлаат солзавец? Во Париз, на битни места има полиција со целосна опрема и автоматско оружје.. Секој ден.. Па ти сега види..
Ги буткаат со водени топови,гледав клипови,ама тие рушија што најдоа.А нашиве каков неред направија за толкавото обезбедување?Пријавен протест,толку. Пола да го направат од тоа што правеа французите и сега полјаците фајде ќе има.Груески така да го чуваа немаше да им побегне. А не ми одговори околу лажната прослава. Дали сме глупи? Дали сме малоумни? Дали тоа не е ебе.е на здрав памет?А "ГДЕ СУ ПАРЕ?КАДЕ Е ПОКАНАТА И ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ?"
И сообрание така да го чуваа, немаше да влезат внатре... Која 'лажна прослава'? За што сакаш покана и датум за преговори? Договорот со Грција не е потпишан, внатрешни реформи не се чепнати. Ти изгледа многу цртани гледаш..
НЕ,за тие кои поверуваа првиот пат(вклучувајќи ме и мене) ДА,ДА за тие што сеуште му веруваат,и веруваат во неговата утопија.