Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Додека народот е слеп ќе си играат со него како што сакаат. Самите се доведовме до оваа ситуација послушно следејќи ги големите водачи, кои ќе не пуштат да паднеме во бездната, а тие ќе ни мафтаат за догледање. И Амди Бајрам, требаше веднаш со пиштол во глава и на лице место, бам! Овие уште со овации ќе го пречекуваат. Еј, докаде стигнавме, недоделкани, неписмени да ја водат државата и да бидат пречекувани со овации и ракоплескања.
     
    На phoenix4235 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.312
    Допаѓања:
    158.279
    Ама не,чекајте,мора да се согласуваме дека све овоа е ок,пошто некој за корка леб молел у партија од што морал,пошто тоа е начинот. Инаку ако го кажеме спротивното со сдсм сме...
    Ми се повраќа бе цел ден...најсериозно.
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Колку е тажно и болно се ова што се случува. Се изначитав секакви коментари, едни со други се плукаат, се колнат до последно колено. За што? Кога сите сме во истата манџа, некој подзамижан, некој со веќе отворени очи. Пробувам да бидам непристрасна, ама во некои моменти ми иде стварно да им врзам по некој шамар на одредени луѓе.
    Да прочитам дека некој стварно верува дека ако не се донесе на време буџетот ќе нема плати и субвенции и слично? Да, тоа укажува дека ВМРО се лажговци, ама укажува на уште пострашен проблем, дека народот е глупав, ама ај што е глупав, туку и слепо се фаќа за збор без да му текне прво да ја провери работата. Да се чудиме или не, кога децата денес учат од ретардирани учебници. Која е целта? Создавање на проста маса, глупави луѓе кои ете така, ќе останат вечни приврзаници на еден лидер кој ќе ги лаже. А тие што ќе сакаат да избегаат, нема кој да ги прими...зашто ќе се глупави, просто образовани.
    Ситуацијата во Македонија е далеку пострашна од ова што се случуваше вчера. Не е еден ден, на долг рок се работиве ужасни. После се ова што го видов и слушнав, искрено сум исплашена како ќе живееме понатака овде, меѓу партиски, национални, етнички конфликти. Убаво рече Анат, овде дете да растеш? :x
    И што му е целата финта на Бранко? Демек да го видиме дека он со народот ќе се тепа? Аман бре Бранко, прекини инает да му тераш на Грујо и оди си веќе еднаш. Меѓу двата најголеми инаети кои се тушкаат кој повеќе ќе издржи, народот страда.

    Ставревски, лажго еден, исплати го ддвто на фирмите за 2012, свесните луѓе кои не паднале од Марс како црвенокосана пред Собрание (изгледа толку и било убаво владеењето на Грујо, па мислела дека сеуште Бранко владее) знаат колку НЕ ги трошиш парите каде што треба. Освен нели, ако не си враќаш на своите...што верувам дека е многу блиску до вистинито.

    И не е само економска стабилност, пари, давачки, даноци, буџети. Колку е небезбедно (каубојци и индијанци ни шетаат по државава) што наскоро сите ќе живееме под клуч во ужас и страв. Тоа дури не ни ја превземат државава. Овие, командантите од 2001ва што денес удобно си седат во Собрание.
    Пу на народот најмногу ]:)
     
    На MiloMalo, Skyfall, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Убиството на децата кај Смилковско езеро, од страна на оние кои седат во фотељите на нашите министерства, не успеа да собере толку народ, како вчера рајата пред Собрание, која ја собра бц за да му се инати на нг и успеа да ги сврти едни против други да се маваат со камења и да се колнат.
    До кога бе бц ќе изиграваш будала, не можам да те гледам веќе по телевизииве, од што си толку неписмен и некултурен, крајно безобразен, срам ми е што сме имале таков државник некогаш, фати го макрадули под рака и прошетајте по кафичите, дека нели сте вие нашетани многу, и ти бе нг не форсирај, остави ја политиката да диши слободно.
    Го изгласаа Буџетот, не им ги уважија амандманите на сдсм, и што сега, на нив им ускратиле некои работи, не на народот, тој ниту знае зошто излегол вчера пред Собрание, мислеа дека ќе дојдат бц и нг да се тепаат во ринг.
    Камо среќа да бевме волку сложни да се обединевме за некои побитни работи, за убиството врз наши луѓе, па макар и бц и нг да не обединеа за тоа, ама не, тоа не им е приоритет, двајцата сакаат што повеќе да лапнат од Буџетот, затоа им беше целата кавга вчера, за која бц, како мало дете, протестира дека од денес ќе оддал непослушност спрема државата и го повикува народот да не почитува држава, каков сељак неписмен будала, ама крив е народот што му верува.
    И овде нема да биде безбедно за живеење, ќе бидеме како во Америка, нездрави психопати ќе убиваат по школи, само што со една разлика-овде се знае кој го има оружјето. Нека не чува само Господ.
     
    На LilBaby, Nymeria, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Ахх бре паметна младино ... Туку добар дел од светов оди напред во секој смисол, цел свет напредува во технолошки смисол ... добар дел и на цивилизациско ниво, само ние тука напредуваме во враќањето кон каменото доба (нели камењата се заштитен знак по улицине). Затоа постои одливот на мозоци од тука. И нека е, таму негде сигурно имаат по достоинствен и по цивилизиран живот.
     
    На SimplyElegant и Annath им се допаѓа ова.
  7. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Денеска на пензионерине во ЈСП главно тема им беше вчерашниот протест :lol: ... кој бил, кој не бил, кој на која страна бил итн итн итн

    Еееее, до каде стигнавме? Во цел свет опозицијата протестира против власта, а ние стигнавме и власта да протестира против опозицијата :rofl:
    Извинете за смајлињава, ама некако вчерашните дешаванки ми се премногу комични ... А ќе кажеш сите од парламент се со факултети, магистри, докторати, се бре интелектуалци ... Аха, да, важи, видовме тоа :^)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Превземено од официјалната страна на владата на РШ(Република Шитовина)
    Во заштита на македонските граѓани предвидено е зголемување на пензиите за 5 проценти, почнувајќи со мартовската пензија, што заедно со очекуваната индексација на пензиите од 2 проценти, значи седум процентно зголемување на пензиите што е значајно во вакви околноти. Втората најранлива катетегорија примателите на социјална помош со новиот буџет ќе добијат пет проценти зголемување, која ќе се реализира, исто така, со мартовската исплата.
    Добро бе драги министре Ставрески, од буџетот пари им делиш само на оние што најмалку допринесуваат за истиот.
    Ради твоите инвестиции за анално задоволување на поединечна група граѓани(затнати им се чмаровите да не можат да посерат нешто),минимум 60 000 фирми се со блокирани сметки,а сега верувам дека се многу повеќе. Со блокирани сметки, нема кој да го полни вашиот буџет што им го отстапувате само на пензионерите и социјалните случаи,а со тоа сами во себе се давите од вашите капитални инвестиции кои освен во споменици и автобуси, незнам во што друго е инвестирано.
     
  9. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Потполно те подржувам пошто и кај мене истото се случува..Абе кога ке видиш дека некој неписмен ти зема работно место ти е иди да се убиеш или моментот кога (како што кажа) со сестра ти пазите на секој потрошен денар.И кај мене истото се случува.И двете учиме во други градови а сме средно училиште..Стискаме,стискаме и пак одат парите а незнаеш каде.Државата е пропаст,само тоа ке кажам!Благодарение на некои личности(политичарите) сиот македонски народ страда,а допрва и ке страда.За срамота!
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Од FB де :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tipce22

    tipce22 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    branko i ke ja opravese a vaka sega ke si osanete zatvoreni vo ova parce zemja izolirani ke si slusate izjavi od lazni patrioti i taka ke si umiraat lugjeto od mozocni udari toa e od nervozi ,ke si skapuvate vo beda i siromastija amaaaaaaaaaaa imate spomenicii ubavo ukrasen grad hahahahha odete griznete si od spomenicite ne e problem hahaha mesto edna narodna kujna da imase sega za bezdomnici topli napitoci da ima vie na toa ne se raduvate na spomenici mu e majkata bo bo bo isprani mozoci od kujnata na latas
     
    На SunFlower94, Skyfall и julie77 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    12.973
    Многу лошо луѓе. Криви се и двата табори за она вчера, ама кога ги вработиле што да прават. Црно ни се пишува со еден куп долгови, со големи мавачки, високи цени, мали плати. Плус еден куп Шиптари, спас ни нема, ама кмога сме глупави ако ни е. Вака до сега не било, а како ке биде понатаму ќе видиме , само Господ знае. Крива е и власта, зошто носат симпатизери со автобуси, за да се тепа народот?И што анправиај со знамињатѕа, со Смиљковско езеро, ништо се ке се заборави. Закон и ќотек има само за Македонците, леб нема никако.
     
  13. tipce22

    tipce22 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    ама ние сме нај јаки кога има избори брат со брат се неке мислам тоа е факт , а вчера специјалци по кровови она оваа ејјј луѓе господ да ни е напомош
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ја видовме силата на собраниското обезбедување синоќа, како резултат на 1.400 амандмани за буџетот.
    Зошто истата таа сила не ја видовме кога албанските партии со 15.000 амандмани го блокираа донесувањето на Законот за бранители? Зошто Талат Џафери(мислам така се викаше) насилно не го исфрлија кога ја попречуваше работата на Собранието и комисиите?
    Видвме две групи на граѓани македонци, со различки политички убедувања, креваат рака едни на други, се маваат со камења и јајца... Штета што истите не ги видовме кога се протестираше за Мартин или за Смиљковското езеро...

    Политичарите се’ додека на македонскиот народ не му образложат зошто креваат РАКА на Македонец, а го вртат грбот кога Албанецот ќе покаже заби, не ни се пишува добро... Ако толку ги заболеаа 1.400 амандмани од Македонци, а ич не им чуе за 15.500 амандмани од Албанци, ич не не се пишува добро... Ако носат полицајци, ротвајлери и бричени глави за да им се спротивставите на Македонци, а со прст не мрднуваат кога треба да им се спротивстават на Албанци, не е на арно...
    http://www.youtube.com/watch?v=7bOAMLz5Qds
     
    На SunFlower94, AmericanWoman, Skyfall и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    СДСМ од денеска ќе ги блокира главните сообраќајници во градовите низ Македонија

    А зошто главните сообраќајници? За да не` казнат нас народот? Оти очигледно ќе им се стресе на другиве, преку Водно ќе си одат.
    И што оти ќе направат хаос во градовите? Не им го разбирам потегов навистина, против кого дејствуваат?!
     
    На SnowWhite91 и kravce им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    И јас не им го разбирам потегот , впрочем ништо не разбирам веќе што се случува тука, еден против друг шака народ сме , аххх оваа чудесна земја Македонија :D
    Ваква жестина да се покажеше за Смилковско езеро , кога цел град се вееше со албански знамиња , законот за бранители ...
     
  17. tipce22

    tipce22 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    nema da e uste mnogu veruvaj vaka ili ke ne bide ili i4 nema da ne bide
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Вчерашното сценарио го знааеја сите.
    Очигледно ВМРО ги испазари и ДУИ и ДПА. Ај што ги испазари ок, очи нека си вадат ама за кој Закон и за која сума на пари?!?! Освен за бранители, ќе видиме сега уште што ќе побараат ,,браќата,, и ќе добијат, нормално.
    Најжалното е што сите поверуваа дека навистина нема да се подели плата, пензија, социјално...ако не се донесе буџетот до 31,12,2012год. Не бре луѓе, плати , пензии, социјално НЕМА да се поделат за некој месец зашто е празна државната каса и мора да се земе нов кредит а и сега во Јануари да се продаде евро обврзницата. (Трезорот работи со 60 дена доцнење на реализација на налози.). Кредитот е со поволна каматна стапка тоа е = на сипување од шупло во празно, т.е од еден џеб во друг.
    Посмешна ,,радосна,, информација немав чуено деновиве дека невработеноста се намалила и сега е 30,4%. Па нормално е кога има партиски вработувања и делење на решенија во државна администрација, одење во пензија и сл. а индустриско производство е со пад. Па од кај се создава тој БДП?!? Е ова да им го објасни Ставре на граѓанинот да го разбере.
    Сето ова ај ќе го фрлам во вода затоа што не секој разбира економија и нормално се води за свој личен интерес и си го чува парчето леб. Ама кога дваица се караат, третиот користи. Албанците на ваков или онаков начин им го ,,спопикуваат,, на нашите алчни функционери а за тоа трпи народот. Епа наздравје!
     
    На SunFlower94, lolyta777, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Па 3та опција и да сакаш нема, 50-50 е работава :D

    А бе докажано е дека народот има многу краткотрајна меморија, затоа и постојат тие просветлувачки реклами со патувања во минатото, посебно во времето на Бранко-владетието, нели, „да не заборавиме кој не` уништи“ :D
    Едни почнаа, други ја продолжуваат традицијата. Не за џабе се апелира македонците од дијаспората да ја оддржуваат, да не случајно некој се „освести“.
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Вчера сите вработени во администрација каде директор/министер/градоначалник е од вмро имаа НАРЕДБА да бидат на протести пред Собрание. Што вика една другарка - што убаво ми дојде, ко слободен ден да ми дадоа, си бев низ ГТЦ по продавници, па се појавив на протест (на кратко, да ме види шефот), па пак во шопинг во Џамбо, што добро ми дојде слободниот ден и плус ќе добијам плата за ден што не бев на работа. И ај после не гласај за вмро-никаде го нема ова! :!: