Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    За бизнис климата има многу голема улога да биде безбедносно стабилна државата. Ама ние не гледам да имаме закани од некаде. Друго, верувам дека голем придонес за бизнис климата би било да имаме кадарни економисти и политичари кои ќе донесат закони и регулативи, односно некои реформи кои би ги привлекле компаниите, а не само да се краде и да се гледа за нивните фирми. Зошто би имало голема улога НАТО или ЕУ?
     
  2. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Одговорот си го даде сам само што за да го направиме ова ни требаат реформи и политичари кои ова ке го направат на дело.Дали ке биде способна владава ке видиме нека истераат цел мандат.
     
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Кои вредности и традиција,пратиш бугарите што прават со историјата? Се побугарофилија.
    Сакаат Кирил и Методи и Прличев бугари да бидат. Пратиш дека ја менуваат историјата момрнтално?Штом вака говориш сигурно ништо не знаеш.
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    За реформи и за политичари пак не ни требаат НАТО и ЕУ со некакви поставени услови. Тоа треба ние сами да си го средиме. Во поглед на безбедноста, пак ќе напоменам, ние не сме во војна со ниту една друга земја. Па така немаме потреба за поддршка од НАТО во тој поглед. И нато не не брани од внатрешни судири. А не гледам и да имаме внатрешни судири. Така што доаѓаме некако дека ние сами треба внатре да се организираме, и моментално не ни треба поддршка од ЕУ и НАТО со смешни услови во демократско време.
     
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Си има комисија од наша страна и од нивна страна Сигурно нема да спијат нашиве.. Не ми смета ако и они гос слават Илинден. Нивно прав, важно ние си го славиме како наше.
     
  6. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    За ова можам да кажам дека, си имаме и ние име, си имаат и грците, ама ние спиеме. А ќе спиеме и во поглед на договорот со бугарија. А кога ќе се разбудиме, ќе се запрашаме кај сме.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Точно треба сами да се организираме и треба да се зафатиме за работа.А тие реформи се темелот, како на куќата темелот, и со тоа влезот во тие сојузи и бенефитот од нив. Потребни ни се поште сме мала држава и финансиски не можеме сами.
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    25.662
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум . Ако вака продолжат да не крадат кој како стигне , не само што ќе питачиме , туку ќе станеме и канибали .
     
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Која комисија жити се (facepalm) Зар не гледаш дека се е подмитено и подплатено. Абе пратиш што се случува со историјата моментално? Што ќе побараат соседниве држави од нас,се им даваме.Заеф ова го направи,и тешко дека ќе се поправи нешто во иднина
    Не знам од каде да почнам.Абе историја не се мења,таа е создадена многу години пред нас, и не е до Илинден работата.
    Што се случува со вас бе луѓе?Искрено не ли гледате дека ја ништат државата од сите страни.
    Грците-име,нација...
    Бугарите-историја...
    Албанице ќе почнат со јазикот наскоро.
    Ова СДС го направи.Не е ниту ВМРО крив, ниту народот.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Кој не ја знае историјата, должен е да ја повторува. А ние ќе ја повторуваме очигледно дур не завршил некој со замисленото, а тогаш веќе ќе биде касно за назад.
     
    На zuto и iki26 им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Дури вие се бафтате со исправање криви дрини, ќе испоцркаме од воздухов. Е тогаш, нема да биде битно дали сме Северна, Јужна или Тунгузија.
     
    На Yowannty, jacqueline.s, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ете маски ни набавија :( Шибај ја маската и диши чист воздух (facepalm)
     
    На zuto и Abeja им се допаѓа ова.
  13. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Кој треба да го реши овој проблем? Сигурно не народот, туку народните пратеници и владата која е избрана од самиот народ. Особено се смеам на владините изјави дека најголем дел од загадувачите биле домаќинствата..хахахах..ајде те молам како така сме наивни и не е*ат во здрав мозок. Како немаме експерти и да направат комплетна анализа да видиме од каде доаѓа и како да се реши. Не. Ние треба да влегуваме во ЕУ, треба во НАТО, треба да менуваме имиња, и триста други небитни работи. Да почнеме од зградите на секој чекор што се градат, се градеа и во претходниот режим, и сеа се продолжува на големо. Еден здраво разумен човек, кога ќе се качи на Скопска Црна Гора, или на Водно, веднаш може да примети дека градските населби во Скопје се во дупка. Абе ние сме отидени веќе далеку, не знам дали има за нас назад, дали може да се вратиме на правиот пат..Барем сме меѓу првите 10 земји во свет :lol:
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Епа.. Оти се како нас. Народот ни е манипулативен, лажлив, криминоген, лесно коруптивен... Затоа и политичарите се такви. Оти се дел од народот. Македонци се и тие.

    Велиш, бетер од нас се? Ајде оди разгледај им го домашниот обрт, разгледај им го стандардот на живеење, висината на платите... Провери. Онлајн можеш да најдеш податоци за тоа како било пред, како потоа... Ама не на Курир, или на Инфомакс. Нема таму.

    Абе сите покажуваат со прст: Оној што направи? Државата што направи за мене?
    Се запрашал некој, што тој самиот направил за државата?
    Што прави во врска со загадувањето? Стави филтри на колите? Престана да се грее на дрва? Престана да фрла ѓубре наоколу? Се научи да рециклира?

    Не реков дека ти ја спомна Британија, затоа беше одделен тој дел со тире.

    Кај имаат Австралија и Арапските држави колонија?
    Знаеш ти што е колонија?
    Австралија е Колонија на Британија, иначе.. Под Кралицата е и Австралија.

    А тоа што им гарантира безбедност НАТО?
    Тоа што земаат пари од ЕУ и НАТО фондови, за да градат инфраструктура?
    Го знаеш тој автопатот што ни е низ Македонија Е75? Е еден е тој што функционира, и не е доизграден!
    Од Демир Капија натаму, сега го градат.. Почнува тој од Централна Европа, продолжува во Грција, само кај нас е 'сецнат', па мора сами да си платат Европјаните, за да 'не спојат' со континентот, и да можат и тие, полесно да се движат низ Европа.
    Онај другиот автопат за Охрид, што го згреши Грујо, за кој исто ќе биде тужен... го знаеш?
    Е и тој го плаќа Европа.
    Сите мостови низ Македонија, кои се на магистрални патишта.. Сите до еден ги плати Европа.
    Помини по болниците, амбулантите и клиниките низ земјава и види каде има плоча дека ЕУ финансирала реновирање и опрема?

    Сега е вака, а да сме полноправна членка, знаеш што значи?

    Грците, знаеш што им се случи со кризата? Колку пропаднаа оти беа недомаќини и хоштаплери ко нас?
    Знаеш кој ги 'изваде' од долгот? Еу, на чело со Германија!

    А што ако се покачат давачките?
    Ти мислиш, повеќе ќе плаќаме за чланарина, отколку што ќе добиваме?
    Ајде прочитај што му пишав на НајсБој..

    Ама ко нас се и тие. Грото Македонци се такви, тие политичарите се Македонци.
    Не паднаа од Марс.


    Што ако сме опкружени со НАТО членки?
    Си слушнал за земја-земја, воздух-земја, вода-земја, само навигациски ракети? теоретски.
    Русија не напаѓа на Балканот, Русија ровари од внатре, со шпиунажа.

    А зошто би имале Граѓанска или Меѓуетничка војна? И кога имавме Меѓуетничка во 2001, кој го запре крвопролевањето? Памтиш?

    ---------------------------------------


    Ај доста е цитирање.
    Читајте сега... и не само мене, да не испадне: Лаже оваа...
    Има на интернет информации, колку ви душа сака!
     
    На Mich му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Дали прочита јас што пишав? Австралија и повеќето арапски држави се Британски колонии, односно се под кралското семејство.
    Тоа што Грујо или некој си ставал пари в џеб и си сакал за него, е сосема друга работа. Да не го правел тоа ќе имало и за автопатот да се напраи и немало да има потреба да се задолжуваме во Европа уште, бидејќи колку повеќе се задолжуваме толку повеќе е штетно за нас. А инаку оној автопатот што го правеа кинезите, какви драми имаше околу него, и зошто се прекина знаеш? Истражи малку за патот на свилата, и на кого не му одговара тоа..
    Имам многу добро слушнато, и знам какви ракети постојат, со какви домети и за каква употреба. Ама со кого сме во војна ние?
    Браво. Кој го запре крвопролевањето? Знаеш дека во 2001 имаше терористички напад во твојата држава? Знаеш за терористички напад што се прави? Ако може да се фатат терористите се затвораат доживотно, ако не се оди на груба сила, и со војна! Е сеа, од прва рака информации ти кажувам. Авионите беа спремни да го срамнат Арачиново и да влезе наша војска. Оп. Еден повик. Доаѓаат автобуси, ајде деца, доста беше играње, кога не знаете да играте треба ние да ве спасуваме. И ни рекоа чао. И после толку години, тие дечиња што избегаа во автобусчиња ние ги имаме во нашата влада. Ај те молам, гледај ја големата слика и што се случува. Ние сме народ за смеење!
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Каков пат на свилата, какви црни камења!
    Зедоа провизија и ја згрешија изведбата!
    Проста е причината ко граФ!
    Пари има за автопат, ама не се наши пари, од ЕУ се.

    Епа.. баш тоа.. Кој го спречи крвопролевањето? Баш за тоа ти зборувам.
     
  17. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Затоа имавме во куманово пак 8 мртви припадници. Тогаш требаше да се постави Македонија како држава. Со тоа што не се поставивме како што треба докажавме дека сме слабаци. Или ако постапевме грубо, ќе добиевме некоја ракетка од НАТО можеби? Така што крвопролевањето, не го запраа, туку само го пролонгираа некои во нивна корист, бидејќи ако се завршеше тогаш ќе беше многу поинаку. И зошто сеа тие луѓе ни се во владава? А беа и во претходната. Имаме ние некој посебен проблем. Тебе дома да ти влезе некој во стан со намера да те утепа што ќе напраиш? Нормално ќе се браниш. И ќе биде или-или. И сеа ти доаѓа сопственикот на зградата. Ти вика дека не е тоа во ред,и дека треба да му дадеш една соба да може и он да живее со тебе инаку ќе ти го одземе станот. Така е и после 2001, со договори триста чуда ние ништо не добивме, ниту пак сеа добиваме со договориве. Ама ај.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не го пролонгираа, го запреа.
    Го потпишаа Рамковниот, и сега треба да се спроведи.
    п.с. не беа терористи, 'борци за права беа' :)
     
  19. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Добро некои ставови ни се судираат. Така што на ова околу 2001 нема да дискутирам повеќе. Ќе заглавиме во круг, не за друго. Треба да гледаме каква ќе ни биде иднината, ама да не го заборавиме и минатото. Верувам дека има паметни и мудри луѓе, а и спремни во својата област и се надевам дека полека ќе почнеме да се оправаме. Бидејќи до сеа не гледам да има такво нешто.
     
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Кој сака,и е во можност нека се потпише на петицијата од страна на Проф. Др.Игор Јанев,во врска со решавање на проблемот со името на РМ во Обединетите Нации. Уште малку потписи се потребни.
    https://www.change.org/p/united-nat...roblem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.