Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    На oblace1, referentka, HardSex и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @WildMk
    Само апсаана за вакви ‘болиди‘...Ама,голем минус има СДСМ што дозволи Пајо Паторот да се прошета до Будимпешта...Исто и со апашине што избегаа во Грција...Миле(Паника)Јанакиески ги става куќата и станот како гаранција,само да не биде во притвор...Poor Mile.:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Изборот на Џафери за председател на собрание (facepalm).Вака ние на времето надвор игравме и избиравме.
    И во училиште кога се избира председател на клас по легитимен е начинот од овој :x
    Истиве луѓе креваат 2 прсат и ЗА, и ПРОТИВ,и ВОЗДРЖАНИ
     
    На zuto, H.VAGA и A.27 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Ако беше нелегитимно, немаше сами да се снимаат со мобилните |(
     
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Им се брзаше.Ако ти овој начин на избор на претседател на собрание ти е легитимен,законски и иставен,шта речи друго?
     
    На H.VAGA и A.27 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Не е битно мене и тебе дали ни се легитимни, битно е да се по закон направени.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464

    А по закон е изборен?Нема ни записници од изборот,ни стенографи кој како се изјаснил за време на изборот,ни потписник за записниците,ништо.
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    И да нема, може да се направат по снимките.
     
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Кај пишува во законот дека може да се избира председател на таков начин? Дај да се соберат пратениците тогаш и да бираат ново собрание.По снимки ќе се гледа кој-како гласа.
     
    На H.VAGA и A.27 им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    А што требаше да прават? Да одлагаат дури не одлучат другиве да не се дерат, да седнат на место и да си ја завршат работата за која се платени, односно, да гласаат за предлогот?

    Кочничари на сите страни.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Па да се смири ситуацијата и да продолжи собранието со работа.Имало и претходни вакви случки каде со метли и ѕвонци ечеше собранието,па по некој период продолжија да работат.
    Овие на ваков начин со сила само го протуркаа Талат да биде председател,и затоа ваков избор е неуставен и незаконски.
    Најде каде пишува по закон е дозволено вакво гласање? Постои вакво нешто?
    Патем според тебе законски е изборот што го браниш?
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Да.
    Ако мислиш дека не е, докажи.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Докажи ти дека е по законски пат избран?
    Нема никаков документ од изборот на Џафери.Јасно ли е или сеуште не? Записникот кај е?
     
    На J@cqueline и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.597
    Пол:
    Женски
    Тврдоглава си или инает тераш душичко??
    Па и они самите знаат(мислам на сдсовците) дека ништо кај нив законско нема, регуларно нема..такви зборови за нив се непознатица!
     
    На J@cqueline, sjdgo, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.517
    Допаѓања:
    91.411
    Пол:
    Женски
    A дојде работава до Џафери како е избран.
    Па кај нас од почеток е се наопаку,секој избор на претседател е наместен.Иванов да не беше регуларно избран?!
     
    На Yowannty и galapce им се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Што не е во ред со изборот на Иванов?
    Screenshot_2018-12-05-15-54-03.png
     
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Интересни искази се слушаа од судењата за 27ми април последниве неколку дена, на крај испадна не било за Македонија него убк и остали све си организирале (не дека не се знаеше али убаво вака што пејат птичките). Убаво организирано да си ги ликвидираат , прогласат воена состојба и да си прават партали....

    Ќе си одвојам неколку што ми фатија око искази , еве и со линк од порталиве ќе ги ставам во спојлер да има за читање , убаво да си се види со какви психопати сме си имале работа.

    https://fokus.mk/simovski-pishtoli-...56iTvVl4ifZ8WEnz9ZsphddNBJiCJAe9__pHtVxR6oKds


    Дента на 27 април лани отидов во 14.30 часот во рестоанот ‘Дион’. Дејан Давидовски-Дешо кој е во бегство, ми кажа да го земам ‘и тоа, таквото’, што беше шифриран збор за оружјето. Отидов носејќи го ‘таквото’. По 18.40 со маските на главата се упативме кон Собранието. Правевме притисок на вратата, но не се отвораше. Одеднаш, вратите одвнатре се отворија. Го видов Владо Јовановски, ја смируваше толпата. Се упативме нагоре кон салата Длаборез. Полицијата не реагираше, нè пушти горе. Внатре во прес салата, кога членот на обезбедувањето на Спасовски истрела еден куршум, Игор Југ го репетираше пиштолот”, сведочеше обвинетиот Симовски.


    На прашање на обвинителката Вилма Русковска кој носел оружје при нападот на Собранието, Симовски рече: „Јас, Игор Југ и Јане Ченто“.

    „По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.


    https://24.mk/details/obvinetite-za...rRgYf4h9I1KiiRvJmrwYUXyV9zAJhlDQKy6N9ZtQEAcXQ

    По сценарио поддржано од УБК и тогашниот директор на институцијата Владимир Атанасов но и Александар Василевски Нинџа се одвивале настаните од Крвавиот четврток сведочеше денеска обвинетиот Стефан Младеновски во случајот 27 Април. Според неговото објаснување - протестите логистичка поддршка имале и од сите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ а возилото што ги предводело било во сопственост на општинскиот комитет на партијата во Кисела вода. Планот подолго време се организирал - според излагањата на сведокот - потсетувајќи се дека:

    „Во февруари биле викнати во „Аристократ“ каде Никола Бошковски им рекол дека државата мора да се одбрани и дека ја имаат поддршката од УБК, а дека сите насоки потоа ги добивале од Нинџа.“

    Понатаму Младеновски во судницата раскажуваше:

    -Кољо му се јави на мојот брат на 27 април околу 13 часот и не викна да одиме во „Дион“. Таму Нинџа беше присутен заедно со неговата екипа и не извести дека денес е денот. Подоцна го слушав како му вели на Кољо дека треба да земат маски му даде пари по што се упативме до продавницата. Некаде околу 18 и 40 часот Кољо ни кажа дека Нинџа рекол да тргнеме кон Собранието и тргнавме со група од околу 50 луѓе. Некаде кај Жена парк Кољо ни рече дека се влага во Собрание и да ставиме маски, при што ставија само некои од нас. Кога ги видов пратениците од СДСМ во прес центарот ми беше јасно дека сме наместени.“

    Одбраната на Младеновски пак денеска посочи дека тој се бранел со вистината и дека неговите искази се поклопуваат и со неговите првични излагања.

    „Дел од неговиот исказ што го даде се совпадна со воведните говори од почетокот на судењето.“ - вели Сашко Христовски Липски, адвокат на Стефан Младеновски.

    Младеновски покрај овие имиња ги посочи и Дејан Димковски Боксер кој рече дека ги скршил собраниските камери за надзор но и ги информирал оти од кабинетот на претседателот добил информација дека се планира да се прогласи и вонредна состојба.

    „Боксер ни кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работело кај претседателот.“

    Сведочењето на Младеновски во врска со овој случај по подолго време направи пресврт по однос на настаните од Крвавиот четврток.Обвинетиот Илиевски пак денеска не даде одбрана а Претходно, обвинетите Иван Цветановски и Борис Дамовски рекоа дека нема да изнесуваат одбрана. Одбрана и докази не понуди ниту обвинетиот оперски пејач Игор Дурловски.

    За случувањата во собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.



    https://a1on.mk/archives/983960?fbclid=IwAR2Kov_AHGD3cDSPRMv0TYo5tyJQtDTZaiEQaHrmB7P73xMw-5wuSN0rHGI

    Не може да се копира текстот од линкот така да ако сакате да прочитате цела изјава идите на линкот


    https://www.dw.com/mk/упад-во-собра...XCDP5D_96US8Xa26EdJK6ZR7rTWgT7eCa1zrFJbsZuB7w

    Три сведочења на обвинети за организацијата на насилствата од 27-ми април 2017 може да донесат нов пресврт во судскиот процес. Прстот го вперија во поранешкиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, чии налози преку обвинетиот Александар Василевски - Нинџа биле пренесувани кај дел од обвинетите учесници во „крвавиот четврток“. На товар му се ставаат наредби за палење на домовите на Шекеринска и Шилегов, на возилото на Фрчкоски, следење и дискредитација на политички опоненти, напади на новинари, делење на оружје на учесници во протестот донесено со возило на УБК... Подготовките за тој чин почнале во февруари, паралено со протестите. Уште тогаш се знаело дека на денот кога ќе се направи обид да се избере претседател на Собранието ќе треба да се влезе во законодавниот дом. Овие активности имале „претходница“ уште по изборите во декември 2016 година, кога молотови коктели требало да бидат фрлени во ДИК, доколку биле одбиени изборните жалби на ВМРО-ДПМНЕ. Во сведоштвата беше посочен и советникот на претседателот на државата, Синиша Алексовски, од каде што доаѓале информации дека Иванов на 27-ми април вечерта ќе прогласи воена состојба, дека воена полиција врши блокади и дека ќе биде уапсено раководството на СДСМ.



    Ова особено претпорачувам да се прочита , убаво си објаснил човекот како работат и ги тераат да идат на протести и остало.

    https://fokus.mk/eobvinet-za-27-apr...dat-izbrishani-a-vnatre-ke-ne-shtitat-od-dbk/

    Влатко Трајковски, еден од обвинетите за „27 април“, давајќи ја својата одбрана пред судот во детали раскажа како се подготвувал упадот во Собранието.

    Појасни дека по изборите во 2016 година биле повикани на партиски состанок за протестите кои требало да се оддржат пред ДИК.


    -Ни беше кажано дека сме ги изгубиле изборите бидејќи нашите не предале. Беше наредено, буквално секој да излезе на протестот пред ДИК. Им велеа доколку не излезат комуњарите ќе дошле на власт и ќе ги бркале од работа. Психички им го переа мозокот, појасни Трајковски.

    По состанокот му рекле тој да остане, бидејќи имало насоки што да се прави.

    -Планот беше да се обезбедат спремни луѓе кои во даден момент ќе треба да дејствуваат по одредени насоки. Тогаш прашав, „да не зарати пак?“, по што ми одговори „на тоа оди!”, рече Трајковски, кој самиот истакна дека прекар му е Луди.

    Тој појасни дека на 11 декември 2016 година им рекле да се мобилизираат за да одат пред ДИК. Го посоветувале да си обезбеди пет лица кои ќе му го чуваат грбот и кои ќе молчат како риби.

    -Буквално бев на секој протест. Не си одев дома, туку спиев во автомобил на паркинг. Само татко ми знаеше кај сум, рече Трајковски.

    По тие протести дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој имаше излагање дека сега е времето да се покаже која е силата на ВМРО.

    Потоа следувале и протестите против „Тиранската платформа“, организирани од „Заедничка Македонија“.

    -Имаше партиска наредба на протестите да одат сите членови. Единствено оправдување можеше да биде болст или смрт. Тие што ќе дојдеа на протест се потпишуваа на список лично, и мораше да се остане до крај. И јас одев бидејќи бев патриот и член на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку се правеше слика дека партијата не стои зад протестите, појасни обвинетиот.

    Тој ја изгубил работата поради протестите, а потоа кога нашол нова работа велеше дека не одел толку редовно.

    -На протестите го гледав обезбедувањето на Мијалков, но и многу началници и инспектори од МВР.

    Потоа обвинетиот премина на ноќта пред 27 април. Како што раскажа бил повикан на средба во кафеана за да разговорот не остави некаква трага. Таму го чекале тројца познаници кои му рекле дека утредента може да се влегува во Собранието.

    -Тогаш прашав, кого треба да утепувам?, рече Трајковски.

    Му одговориле дека тој нема никој да „утепува“ туку ќе биде задолжен да се грижи за пратениците и за Трајко Вељаноски. Откако реагирал дека е кривично дело да се упаѓа во таква институција, го смириле дека вратите ќе бидат отворени, снимките во Собранието ќе бидат избришани, а внатре ќе ги штителе луѓе од УБК.

    Иако не планирал како што рече, сепак критичната вечер, отишол на протестот. Со некои познаници најпрвин отишол во кафулето Дион.

    -Ми кажаа дека во Собрание се пее албанската химна. Тогаш ми текна дека се поклопува сценариото, односно однапред смислен план да се влезе внатре. Еден чичко со знаме во рацете ми рече дека оди во Собрание, со зборовите „ти седи тука со скрстени раце, а кучињата ја пеат албанската химна”. Тогаш и познаникот ми кажа дека ќе се влегува во Собрание, рече обвинетиот.

    Тогаш Трајковски се упатил кон Собранието. Иако му дале фантомка, сепак ја ставил во џеб, и како што рече влегол со десна нога и се прекрстил.

    -Меѓу народот го видов и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Внатре беше многу жешко, немаше воздух, рече Трајковски.

    И така , убаво си објасниле како стоеле работите , штета ја нема Ветрушка сега да биде тука , да види чисто бидејќи тогаш трескаше глупости дека све било од срце и за Македонија се влегло.... ај барем се надевам од втор профил читаш.
     
    На Yowannty, galapce, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ти објаснат и овие другиве тука дека се било од срце и за Македонија се влегло. Биди така... :D
     
    На Yowannty, galapce, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.