Што е штета што знаеш или не знаеш? Иако и да сме најдобри пак ќе не има во нечии статистики ама во друга рубрика Некој секогаш мора да води нечија статистика си работи по служба статистичар и поштено си работи и зема плата за сработеното што има штетно во тоа?
Тоа и јас го викав. Дека секој кој има доказ, треба да пријавува и треба да се процесира праведно.. Како? Имаш предлог?
Исто и јас велев тој што кажува има криминал има па има и има докази и знае се и молчи одма да пријави. Како? Па телофонски или пешки може и до најбиската полициска станица. Се усвојува предлогот или да го ставиме на разгледување па на јавно гласање?
Ама една ластовичка не чини пролет. Треба сите да се свесни и да пријавуваат и пред се да знаат што пријавуваат. Ама свесност изискува имање мозок и знаење како правилно да го користиш мозокот а рајава пука од благослов, благословот на незнаењето. Затоа се молчи или се кодоши тенденциозно кога треба да се уништи некој.
Значи дека си застранило од божјиот пат чедо божје. Кога ќе се вратиш по патот се ќе ти се открие и разјасни со сите од одма ќе се разбираш
А на агностиците им се простува и знаењето и не знаењето ама залудно и неразумно користење на божјиот збор НЕ!
Ич да не жалиш, штом си агностик се си можеш и ништо не важи за тебе и да пријавиш и да те пријават и тоа не се важи. Штом не си близу до Бога не се важи
Како не се важи тоа дали ќе пријавиш или ќе те пријават? Секој кој крши закон, треба да биде пријавен, истражен, обвинет.. ако има докази и суден и осуден.
А штом си агностик не си Божји човек не ги почитуваш Божјите заповеди-не кради, не лажи, не изневерувај, не убивај итн. и поневеродостоен е суд на агностик во однос на верник. Но ако се има докази се прави исклучок
Почитувам земни закони, не Божји. Не кради, не убивај, не мора религија да ти каже дека не треба да го правиш. Среден примерок на еволуиран човек, си го знае тоа сам.