Па што не реагирале? Не е од денес ова. Од секогаш е така,само сега сака Заеф да го официјализира и озакони.
Па да не го изучуваат албанскиот јазик ако не се сложуваат. Не е според закон.Не го пуштам едноставно детето да учи албански,друг светски јазик (германски) нека учи. Со сила не може да ве натераат на тоа
Ова се изборни предмети,албанскиот не е изборен предмет. Изборни предмети во VI одделение на деветгодишно основно образование Запознавање со религиите Класичната култура во европската цивилизација Етика во религиите Јазик и култура на Бошњаците (VI одделение) Јазик и култура на Ромите (VI одделение) Јазик и култура на Власите (VI одделение) Изборни предмети во деветгодишно основно образование (VII - IX одделение) Програмирање Истражување на родниот крај / Hulumtimi i vendlindjes Изборен спорт / Sporti fakultativ Нашата татковина / Atdheu ynë Проекти од информатика - нова програма 2013/2014 / Projekte nga informatika Проекти од ликовната уметност / Projekte nga artet figurative Проекти од музичката уметност / Projekte nga arti muzikor Танци и народни ора / Kërcime dhe valle popullore Техничко образование / Arsimimi teknik Унапредување на здравјето / Përparimi i shëndetit Вештини за живеење / Aftësi për jetesë Воспитание за околината / Edukatë për ambientin
Како бе не е по закон? Двојазичноста постои и е по Рамковен договор, но на локално ниво. Сега ќе се официјализира на регионално. До утре не признавајте вие. Тоа не ги негира фактите како такви. Конкретно за Гостивар, можам да ги проверам информацииве дали воопшто се изучува албанскиот. Ама ако убаво се сеќавам, внук ми го има како предмет.
Тоа може да варира од школо до школо, и од смена до смена. А новиов Закон за јазици и таму ќе ја влоши ситуацијата, и ќе ги загрози позициите на нас кои не бевме засегнати досега, повеќе од јасно е.
Не е. Не прочитав се. Се надоврзав на наставната програма по албански. Апсолутно. Измените во законот се застрашувачки.
Те молам за Гостивар провери,иако те уверувам дека Македонците НЕ учат албански јазик во ниту едно училиште. Па не знам дали читавте 10-20 страни наназад што пишував(и се убедував со одредени личности) дека двојазичноста и рамковниот договор не се вметнати во устав. Заеф го тргна АСНОМ,го вметна Рамковниот и со тоа ги озаконува барањата на шипците.Само се имплементирани НЕКАДЕ,не секаде. Да беа законски,досега сиѕе ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе учеа албански ј.
Ики, не морам да го читам форумов за да знам дека Охридскиот договор е имплементиран во Уставот. Не велам дека и сега не се случува истото, ама не негирајте факти кои постојат од времето кога "борците за слобода" се симнаа од планина и ни влегоа во собрание. И нигде не реков дека изучувањето на албанскиот е секаде, напротив потенцирав разлика меѓу локално и регионално ниво. Второво, допрва следува.
Учат и во Гостивар како изборен. Спојлер: албански во Гостивар ООУ Гоце Делчев Гостивар сподели објава. 14 ноември 2017 · Nansen Dialogue Center SkopjeМи се допаѓа 10 ноември 2017 · Со големо задоволство го претставуваме двонасочниот Македонско-албански и Албанско-македонски Речник изработен по иницијатива на Нансен Дијалог Центар Скопје и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ. Овој Речник, кој содржи избран број лексеми, е грижливо направен првично да им послужи на најмладите, односно на учениците од основните училишта во Република Македонија, во кои се изведува настава по македонски јазик (во основните училишта со албански наставен јазик) и настава по албански јазик, како изборен предмет (во основните училишта со македонски наставен јазик). За повеќе, посетете ја веб-страницата на речникот.
Nansen е мултиетнички невладин проект. Еднаш неделно имаат заедничка(помеѓу албански и македонски одделенија) работилница. Нема врска со изучување на предмети. Неколку наставници(албнски и македонски пред 1 недела беа во Шведска мислам на обука )
Знам за нансен проектот,читај за кого е намената,настава по албански јазик, како изборен предмет (во основните училишта со македонски наставен јазик).
Не може да се вметне во настава.Не е предмет.Во работилницата изработуваат декорации,украси, прават проекти на двата јазика. Во Гоце Делчев не се учи албански ј.Другарка ми е наставник таму и со сигурност знам.
sjdgo и cosmi ќе одморат од темава на три дена. Ве замолувам да не ја терате темата во сосема погрешен правец со лични преписки и навреди, внимавајте малку како се изразувате и обраќате.
Линкот што го постирав е официјален, директно до Биро за развој на образованието, од наставниот план може да се види дека постои факултативна опција да се изучува јазикот. Јас не знам каде и колку се изучува, на ниво на Гази Баба на пример со сигурност не се изучува. Од мојата пракса како наставник во основно училиште, обично за изборни предмети се наложуваат предмети за кои веќе постои наставен кадар во одредено училиште.
Епа кога ќе викам јас дека народот не чини.. Гледаш.. никој-ништо не работи и се' е со врски. Иако знам дека е така, пријавувам.. упорно. И нема да престанам.. Евр.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1956947281026214&id=104014492986178 Јеееееее се разбудија КОМИТИТЕЕ
Французите имаат жолти елеци,а ние жолти гаќи од подмочување.Затоа некои земји се држави со традиција,а други географски поими.