Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. tipce22

    tipce22 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    16
    hahaha begajte od ovaa drzava leb nema tuka ke rabotite samo kako vol za slamata :D
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Вчера се докажа дека ниедна националност не ни им е непријател на Македонците - ние сме непријатели сами на себе. Деструктивното делување на два лика во погубна комбинација доведе до состојба на страв и напнатост која вчера секој ја почувствува.

    Вчерашните сцени и исценирани моменти се доказ дека секој може да ја раскажува приказната на свој начин. Вчера победија сите кои не предизвикаа немири, кои не потклекнаа на провокации, најголеми победници беа претставниците на МВР кои нај најпрофесионално си ја сработија работата. Вчера немаше губитници, зашто немаше сериозно повредени лица, зашто немаше загинати, немаше неред по улиците, немаше напад врз институциите. Вчерашниот ден треба да биде лекција за сите дека народов не е веќе тесто кое може да го манипулираш како сакаш.

    Типче 22, има многу луѓе на кои им е убаво во државава и за ниедна цена не би ја напуштиле!!! Твој избор е дали ќе си одиш или ќе останеш, ама не е тое право да убедуваш. Твој избор е дали во друга земја ќе бидеш граѓанин од втор ред по цена на исполнување на мал дел од планови и чалам.


    Ноут: Ова е мое мислење, не очекувам да се согласите...
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека и најголемиот патриот би се засрамил што живее овде.
     
    На SimplyElegant и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Лично никако неможам да одгатнам што значат протестите против опозицијата (подобро било каква опозиција одколку никаква), треба ли да ги суспендираме сите оние луѓе кои не гласале воопшто или оние кои не гласале за опцијата што е на власт. ?????
    Народ, Пратеници, Парламент, Влада
    Владата одговара пред Парламент, односно пред Пратениците избрани од Народот, Пратениците одговараат пред народот кој што ги избрал...
    И Парламентот и Владата одговараат и се одговорни за целиот народ, за целата нација едноставно ја немаат можноста на селективност...

    Затоа едноставно Воодушевена сум од операционализацијата на нештата во оваа наша Македонија.
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Eте се изгласа и буџетот.Ај на здравје нека ни е.
    И баш си викам како ќе известуваат странските новинари за вчерашната пародија па утринава останав да ги догледам вестите на HRT.И ете не нас македончињата,со снимката во собрание како опозицијата го заобиколила Претседателот на Собранието, и тоа ни помалку ни повеќе во секторот на занимливости :| .Ех си викам станавме и светски занимливости,малку беа снимките од кинезите и украинците па уште ние фалевме.Двајца се тепаат,ама кој добива,е кој де?
    И гледајки ги вака подетално овие снимки,заклучив:And the Oskar goes to Mr.Jani!!!!!!!!!!!Congratulations!

    Ама јас си ја сакам оваа земја,а кој сака бујрум нека проба на друго место,како што кажа AWL.Никаде медот не паѓа од небо.

    Барем одморивме од оние лекарите малку.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Ние одморивме, тие протнаа нешто ;)
     
    На kravce, Hipster, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Да но светот виде како се тепаат жени во парламент....Се влечат како кучиња...И мило ми е..Конечно да се види каков Диктатор владее уште во Европа...Затоа и рачиштата му се тресеа дур читаше...
    А парите од буџетот потрошени за рекламите за модерната адмоинистрација сите видовме колку успешно се потрошени...Како ДПМНЕ модерната администрација место на своите работни места, пред собрание му аплаудира на Амди Бајрам..браво...
    Затоа што целта си ја постигнаа...Да ги раскараат македонците до коска...Омраза да се створи...За да можат што сакаат да прават...Да докрајчат се што се може и да не продадат...Не за џабе потрошија пари за споменик на СИМЕОН РАДЕВ...ЗА ОНОЈ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ...се им е тактички...

    Модератор:
    Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Бог да чува од вакви како нас.Ај политичарите,ќе ги голтнам некако,од нив какво време дојде можеш се да очекуваш.Ами народот? Се фатиле в гуша како дивјаци,брат наспроти брат застанале,се надвикуваат,се пцујат.За што? Пола не ни знаеја како патот ги довел тука. Не ми е јасно што мислеа оние што протестираа против буџетот,не земаат ли тие плата,пензија,стипендија од буџетот? Зошто сакаа да го блокираат тоа?
    Другите не сакам ни да ги коментирам,нивниот антипротест е премногу за мене. :D

    И нека не не’ критикуваат странците,во Украина и Јапонија мајката си ја плачат редовно,па никој од нив не го доби она шејм он ју што ние го добивме.
     
    На Gordana10 и nadja.d им се допаѓа ова.
  10. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Јас мислам дека светот ,виде и нешто друго,ама ајде.Сегде ја дадоа ударно снимката како опозицијата го нападна спикерот и го сардиса од сите страни,а тој смирено со помош на обезбедувањето успеа да си замине.За смиреноста алал да му е,додуша мислам и малку поисплашен беше.
    Како и да е напад врз Претседател на собрание е, не е мала работа.Втор човек на државата е,ужива висок имунитет.Јас искрено не можев да поверувам кога гледав.Не бива таа работа,како мајмуни ке скокаме преку мебелот,има други начини мислам.
    А имаше ли негде снимки како се влечат некои како кучиња,има на ју туб или негде?
    Некако ова сето сумљиво ми делува ,ала А1 сценарио,или ми се причинува.
    Ја забележав баш една госпоѓа како смирено си стои малку настрана,дури насмеана,а малку потоа ја дадоа како плаче и куца во прегратките на Макрадули,ама искрено не ми се причини,многу лоша глума беше,барем тоа ептен се приметуваше.
     
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    буџетот почнува од јануари 2013.се уште платите и пензиите во јануари се исплаќаат од 2012...Фала богу субвенциите не им ги платија за 2012, па сега ќе ги лажат за 2013 демек..И многу други државни расходи не се исплатени изминативе години... Се протестираше за разумен буџет, а не за ваков каков што го донесоа..за разумни ставки, а не фонтани и споменици...
    За пензии и плати можно е да нема од буџетот во 2013 година....Па тогаш да ги видиме административците кои си се фалат каде биле вчера, наместо на своите работни места...

    Ми го избришале линкот затоа што е вознемирувачки...Има...Радмила Шекеринска ја влечеше собраниското обезбедување....Оди и на CNN снимката...Ке ја видиш ја има на youtube...И нема да ти се допадне тоа верувај....ни најмалку не е како A1...
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... fMKIhzVvpk

    погледни само, ова е срам за сите нас...
     
  12. Alissa

    Alissa Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Тоа што вчера се случуваше во Македонија, е чиста диктатура. И овој пат цврсто стојат позади цела опозиција. Законадавниот дом е срцето на една демократија, тоа што се случуше таму вчера е за најголема осуда.Низ снимките јасно се гледа кој тепа и кој е тепан.Тоа се пратеници избрани од народот, секој нивно малтретирање го доживувам како наше малтретирање. Искрено на почетокот многу му верував на Груевски кога дојде на власт, сега само гледам и слушам дека е умоболен човек со сите тие околу него.
     
    На Li0ness, Hipster, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Затоа и ги избркаа новинарите..за да можат да ги тепаат пратениците подржани од 370 000 македонски граѓани...И на алфа дадоа ова...Среќа што некој внатре снимал, за да ја видиме вистината на оваа диктаторска власт....
     
    На Li0ness и Filiposka им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    Ние појаки сме...Таму жени не се влечеа како кучиња...
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Имаше и малку глума да не се лажеме и двете страни пумпаат . Но во секој случај целиот настан е за осуда , во собранието и пред него , најжално е што еден против друг рипнавме ете тоа боли :puke:
     
  17. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Платите,пензиите и стипендиите ќе бидат исплатени и ако не се донесеше буџетот,така го лажат само овој наш прост и напатен народ.........а ако не се донесеше буџетот тогаш Груевски ќе немаше од каде да ги купи локалните избори...........е па затоа тие си ги избркаат пратениците,новинарите и на раат си гласааа и на крај и без страм и перде си аплаудираа за тоа што на СТРАМЕН начин го направија...........и нормално сега си ја створија самите шансата пак да си победат на локалните избори,но ако така ни треба на нас македонците кога не знаеме сами да си ја земиме во наши раце судбината и малку ќе ни биди ова што го прават..........исто како што ни порача амбди(не случајно е со мали букви) ни го спопикаа на нас сите и уште од другата страна и му аплаудираа.........е до каде дојде народот македонски заради инструкциите што ги собиле во партија да му се радуваат на кока-колата :(
     
    На SunFlower94, kravce, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Ова ли е обезбедување??! :x Пуууу јазк! Срамота!
     
    На danielka0507, Li0ness и BoaVista им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.675
    Допаѓања:
    253.110
    Не сум економист, ама имам некои основни познавања, колку да знам, сепак имав и некои предмети на факултет, па да не испаднам будала во вакви случаи. Значи постојат закони кои ја регулираат исплатата на пензиите, платите... Ова, значи и лаик како мене, го знае и треба да го знае. Буџетот, е битен, да, ама во случај да не се донесеше, администрацијата пак ќе си земаше плата. Ама со оглед кој се работи и како се вработуваат, не ме чуди што паѓаат на вакви лаги. Вистината не треба да ги вреѓа.

    Туку, јас на некој начин ја оправдувам опозицијата што го бојкотираше буџетот, од причина што е неприфатлив и скроен според потребите на Вмро. Но за начинот на кој го сторија тоа, не. Не им доликува. Е сега, протесот е во ред, протестираат, имаат причина, ај и дебата ќе помине, без оние пцовки, навреди и слични ствари, ама јацата бре? |( И камењата :shake: .
    Значи и опозицијата се надмина, од Вмро веќе ништо не ме изненадува, по случајот со детето на плоштад, па со петкратното убиство, па со амнестирањето на Хашките случаеви, и ред други работи. Така да воопшто не изненадија, туку напротив секој разумен човек би го очекувал оваа од нив.
    Вчера ни докажаа дека во државава владее диктатура. Влечењето на пратеници и новинари од Собрание, и по секоја цена изгласување на Буџетот сигнализира дека ова веќе не е во ред. Остај опозицијата, ами самата Влада си ги тепа народот.

    Владата на Вмро оддамна го подели народот, но вчера го доведе до степен да се маваат едни со други. Епа ова драги мои го немаше во времето на Бранко. И немаше партиски вработувања до тој степен, ја немаше таа омраза заради партија. Точно Бранко ја опљачка пола држава, ама Груевски ја подели, го скара народот и го доведе до просјачки стап. Далеку од тоа дека го подржувам Бранко, ама ова денес што се случува го засени во целост. Лошо е. Не сме ни самите свесни колку. Се живее мизерно, се нема пари за основни егзестинцијални потреби, се штеди на прехранбени продукти и греење.

    Не знам дали е подобро ваќање на опозицијата на власт, ама знам дека е лошо доколку Вмро останат на позиција. Се повеќе размислувам дека на следните избори ќе немам и за кого да гласам. Ми се гнаси, до тој степен што ми се иде да се иселам од државата. Не заради тоа што надвор ме очекува милиони, туку барем ќе знам дека Латас и сличните на него нема да ме прават будала и да ми ги трујат децата.
     
    На danielka0507, MiloMalo, Li0ness и 11 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Секаде зборат дека нападнат бил Вељановски, а на ниедна снимка го нема тоа :^)
    Опозицијата, не преку народот, сама лично да иде и да се пресмета. Барав јас тепачка во Собрание, едни против други, а не горили против жена едвај со 50кг на неа. Некој се крие кукавички.
    И едните и другите го најавија. Самиот Ставревски изјави пред некој ден дека буџетот секако ќе биде донесен до крајот на годинава. Спремено однапред сценарио?
    Она што ме плаши и што го сфатив од последнава снимка е, кога нив, пратеници, јавни личности, интелектуалци да речеме, така лесно може некој да ги влечка, турка, понижува и гази...тогаш што ли ќе биде со нас, обичниот народ :|
     
    На Li0ness, Annath, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.