Слушнете го говорот од 7 мин.на госпоѓата.Можам да речам дека е 100% во право за се (според мене). Едно големо БРАВО за неа. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2438128102896571&id=100000982154518
Трет и последен пат кој сака и сеуште ја нема потпишано петицијата од Проф.Др.Игор Јанев до ООН за продолжување на членството на Р.Македонија под уставното име. Недостасуваат уште 1200 потписи! https://www.change.org/p/united-nat...roblem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un
Тешко на сите во оваа држава,какво време дочекавме Села да е единствен во право за амнестијата и на правилната страна.Че не уништат нашите партии не патиме од други.
Па ете се гледа дека сме примени,ама под референцата ФИРОМ,сега ако се успее под РМ(што не знам дали ќе успее)
А како може под Р.М кога сме ФИРОМ во ООН ради Грција, без разлика колку не имаат признаено другите држави. Како може сеа Р.М???? Гледај и други страни барем на гугл све имаш, не само Каракамишева и овој со петицијава
Еве неколку,многу се долги објаснувањата. Може да згрешам при screenshot Има преку 100 објаснувања што и како законски и уставно би можеле да успееме. Ако сакаш ќе ти постирам уште.
Тебе ако не ти е гајле како ќе се викаш, има луѓе на кои им е гајле и имаат право на тоа. Името е идентитет на целата нација и како што имаме лично име и презиме и не ни е сеедно кои сме, истото важи и за државата. Јас ако немам свој идентитет, ако сум продадена што ми вреди тој леб да го јадам ? Ама луѓето станаа себични, сите само за устата своја, за џебот свој, не одат подалеку од едно животинско живеење, јаде, пиј, спиј, размножувај се. За политичарите и тоа како треба да не занимаваат, зошто ние ги гласаме и еден куп нелуѓе кои не се за метачи на улица да ги ставиш седат во парламент и ја кројат нашата судбина преку разни даноци, закони, задолжувања, итн. (ова без да ги навредам метачите на улица - зошто тие се многу подостојни луѓе). За гастрабајтерите, да не се тие нашава екомомија ќе е во пропаст, кој малку се разбира во економија, знае колку нивните пари кои ги испраќаат овде ја одржуваат нашата економија, ама и голем дел луѓе живеат еден човечки живот благодарение на нивната помош. Не е лесно да не си дома, да си туѓинец во странска земја и да рмбаш како робот, имаш пари, немаш дом и пријатели како тука. Срамота е да се плука по наши браќа и сестри кои ете не ја нашле среќата тука, па ја побарале надвор. Тие сите имаат свои огништа овде, доаѓаат, некои се враќаат и крај краева иста крв сме, наши луѓе сме си. Така жено доста само плукање по своето и гледање само за својот газ. Тоа такво живеење од мнозинството еве до каде не догура.
А што плукам? А за кој треба да гледам? Од бистрење политики преку тастатура сме на ова ниво. Ако сакаш промена прво тргни од себе. Јас со свои раце и ум сум створила капитал во Мк, без ничија помош. И јас можев да заминам странство. Ама јас се одлучив дека сакам овде да ми растат децата.
Зини земјо голтни ме!!!! Ова се потребните реформи стоки ни едни?? http://expres.mk/pratenicite-da-gi-cheka-sigurna-rabota-po-istek-na-mandatot/ Како не се најде некој од мајка роден бе!!!