Јас вчера не ги ни изгледав сите видеа, ама денес пошто го преплавија фејсбукот ги изгледав сите до едно, а и на Алфа вестите фатив нешто и само ќе кажам дека сум згрозена од однесувањето нa власта и владините претеници како можеа мирно да си седат и да се потсмеваат додека нивните колеги беа влечени ко да се најголеми криминалци и исфрлани од Собранието ко партали. Станавме полициска држава, за жал. И синоќешната ситуација нималку не може да се спореди со онаа со А1(иако и таму беа кршени права), ова синоќа луѓе беше преседан и убиство на демократијата. Според Уставот Собранието треба да ја контролира работата на Владата, а не да се стави во нејзина функција. Пратениците што се таму ги избрал народот. Тие пратеници што синоќа беа влечени тежат 370.000 гласови. Пола гласачко тело во државава гласало за нив. Епа власта синоќа со сите тие 370.000 гласачи си го избриша подот. И како сето тоа да беше малку, насилно ги истераа и новинарите Според Уставот, седниците во Собранието се јавни за новинарите. Јавноста може да биде исклучена од оправдани причини ако за тоа гласале 2/3 од пратениците. Нит видовме гласање, нит ништо, ко партали и низ врата, него што И пратениците пак молчат. Значи се согласуваат, значи се соучесници. СРАМОТА. Одамна пишував дека власта незнае веќе кај тера, ама дека ќе се симнат до ова дереџе најискрено неверував.
Не, Никоува e господин човек сега, префинет, демократ не познава грубост, сила ... не паѓа толку ниско зашто е низок нели ... во секоја смисла. Нешто како Пиноче или Хитлер ... тие ниски беа нели? :geek:
Стварно? Е можда баш за тоа татко ми чекаше да се вработи цели 48 години! А во меѓувреме се обидуваше да заработи парче леб за двете деца и сопругата, а Господата Комунисти од времето кога Бранко уживаше звање премиер се парталеа како тоа татко ми е мал и ситен, зошто не прибра плаво знаменце Дај ви се молам, овие фрази ви се излишни, не сметајте го само Скопје, има Македонија и други градови и села, на времето се бореа за воопшто било каква плата, гледаа в небо дал град ќе мава или слана на први Октомври, па не затресе никој влакно дали се има или не! Ги боли повеќето што го нема Центропромет па да се наполнат кесите и ајт на жими мајка, туку треба во Тинекс и слични да се опрчат кеш. Ги боли што Господинот Макрадули веќе не е најдечко и најшизик по Скопје, туку има и други шизици што плаќаат кафе на женски. Ги боли што некој селанец дошол во Скопје и успеал да изгради куќа и да заработува во иста фирма ко нив. Е тоа го немаше во времето на Бранко! Еднаквост! На социјална основа, на финасиска, на општествена. Театар за сите, безпари Груевски свесно навлече на ова. Сега ќе се чука в гради . Му изнуди на Големиот Бранко кој по трилионити пат не си стои на зборот, брука која ни најголемиот глупак на светот не ја доживеал. Туку, остај Бранко, дали Киро Глигоров(лесна му земја) како достоен СДСМовец го видовте или чувте некогаш да се избламира на било каков начин ругајќи ја власта само затоа што е опозиција? Од него пример да земете, а не од вашиот Бранко. Зошто кога човечки ќе застанете и ќе кажете оти ова е вака и вака, ние имаме предлог и сакаме расправа, ќе подразмислам дека сте во право. А дотогаш, ќе си останам на своето мислење дека упорно се бара забава за милиони, битно е да бидат главни по Тв, макар и со животинско понашање. Иначе, конкретно, Груевски квалитетно изигра херој, на нешто што самиот го предизвика. Али мене баш ме боли левиов долен дел од газот се додека татко ми зема плата, баба ми пензија, даваат Евро за килограм тутун, пошто верувајте се намачив дур го собрав :geek: Исто како што ни вас не ви беше гајле што луѓе молеа да останат фабриките во работа, што 20 години се тапка во место. Груевски не го подели народот, народот самиот се подели зашто е глупав и ирационален, зашто е подол и безобразен. И немојте да ми зборувате дека Бранко има став и харизма, зашто на Претседател после завршување на неговиот мандат му доликува да седи во удобна фотелја и да пишува мемоари, а не да се тепа по улици и да упатува група граѓани кон друга група зашто тој бил во право. Кога ќе се жртвува и самозапали сред плоштад еден од овие елитниве ни политичари, е дури тогаш ќе поверувам дека и мислат добро на државава! А дотогаш, ќе размислувам секои наредни избори за кој да гласам, и ќе се смеам на вакви неартикулисани дерења по Собрание. Жал ми е за ѕидовине, и тие имаат душа бе
За сите заинтересирани граѓани, буџетот ќе го има после 1 Јануари, на право.орг симнете го видете каде ги трошат нашите пари. За оваа година поголеми биле расходите него приходите, 12 000 000 денари. Знаете како се пополнува празнина? Со кредити и заеми. Бериќетен нека ни е и овој буџет, секоја година се позадолжени сме. Одвај чекам да го видам новиот буџет за 2013, т.е колку ќе бидеме у долгови оваа година. Викам јас треба на сите граѓани да им се одржат воведни лекции по вовед у право, да знаат основни поими, ама не им одговара на некои изгледа тоа Ааааа, да Обама уште го нема донесено буџетот, т.е Америка, не видов луѓево да одат у паника пред белата куѓа Абре и од американците сме поглупи, свака ни част го достигнаме дното http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=6
А бре што му се секирате. Ќе тонеме ние секако ... бетер од Грчка ќе сме, ама македонче во генот има специјален код на преживување. Си нема гајле.
Kate21, Грујо е херој што по негова наредба се влечеа пратеници и новинари ? Што донесе буџет кој му оди во прилог само на нему, затоа што идат избори? Ти е гајле за народот затоа што сега татко ти зима плата, а баба ти пензија. По таа логика што бараш некому друг да му е гајле што пред некое време татко ти молел за работа. Впрочем сега ти исто размислуваш и си на исти став како и Бранко. Си гледаш само за споствениот џеб. Затоа и немаш право на критика. А и зошто би и критикувала, нели, кога тоа би се однесувало и на тебе. Јасни ми се твоите ставови, не е прв пат да се судруваме на темата, секогаш истото, вртање во место. Се додека сте задоволни со тоа што на вам ви се полни џебовите и ве боли за другите, нема ништо да се смени. И Бранко да е на власт, ако останете на ваквите ставови, тешко нас. Ама ако, сега ви е убаво, ама дечки кредитите тек ќе дојдат на наплата. Ама тогаш, Грујо ќе си се лади под некоја сенка на некој приватен остров, а ние ќе исправаме криви Дрини за тоа кој повеќе украл, Грујо или Бранко. Сеедно, у секој случај ние сме за*бани.
Убаво ме потсети сакав да споделам еден коментар на кој случајно наидов ,,Еве во САД на пример, Обама бара од републиканците да седнат и да се договорат, да постигнат компромис за Буџетот. Будала. Наместо да земе да ги размава, да ги расшутира тоа опозиционерите, да земе да ги исфрли од Конгресот и нив и тоа новинарите...што тој да разговара со нив за Буџет?!? Си има тој легитимитет од народот добиен на избори. Ако сака може и да ги испозатвори бре! Народот стои позади него!!! Ама што знае Обама што е демократија. Треба да дојде овде на забрзана обука кај нашите владетели, да му покажат како се постапува со клетата опозиција ем душманските новинари.,, И денес има еден куп луѓе што седат без работа и неможат крај со крај да сврзат. И денес има едн куп Катиња чии што татко е невработен и немаат за живот. Ќе повторам, никој не ја оправдува приватизацијата, уште помалку па Бранко, ама ни денес не е ништо поарно за жал. Исто е, може и бетер е што се однесува на страв, партиски вработувања и отпуштања, газење на демократија итн итн. И уште нешто во контекст на случувањата Kога Нацистите дојдоа по комунистите, молчев - бидејќи не бев комунист Кога ги затворија социал-демократите, молчев -бидејќи не бев социјал-демократ. Кога дојдоа по синдикалците, молчев - бидејќи не бев синдикалец. Кога дојдоа по Евреите, молчев - не бев Евреј. Кога дојдоа по мене, немаше никој останато да каже нешто. -Мартин Нимолер
ни едните ни другите немаат памет не се цвеќиња за мирисање, ја направија државава циркус.. бруки невидени не им доликува тоа однесување срамота
Богами јас би се плашела од Обама, I sаw what he did to the fly Туку имаа уште цели 5 дена ЦЕЛИ. Башка не слушнале излеа луѓево за резевен буџет,кој се користи во вакви намени. И за крај, слушам мислења од експерти и на онаа Каракамишева да и се скине дипломата под хитно. Срам за правниците е. Се било во нормален ред и демократија. Од било кој тоа да беше речено немаше трагично да ми беше, ама професор по уставно право на Јустинијан? Алал да и е, секоја чест. http://kurir.mk/makedonija/vesti/97094- ... ovornicata
Кмкм, не бе Јуле, Грујо е херој на самиот себе зашто свесно го доведе целото собрание во хаос, и затоа што повеќето се попалија ко селанка на мафијаш. Читајте малце меѓу редови, кај спомнав дека „еј супер, сега Грујо заслужува стрип во негово име, браво за него“? И не, не барам по таа логика од никого ништо, само да ви спомнам да не се потресувате за настани кои отсекогаш ги имало, само затоа што едната страна е на власт, а вие за жал или за среќа сте од другата Ти само кажа дека тоа го немаше во Бранково време, јас ти укажувам дека го имаше, зашто бев сведок на тешки времиња, ама очигледно на некого тогаш не му било гајле. Па и мене не ми е бе, сакам нормален живот, имам став, размислувам, се согласувам или не, во случајов се грозам од помислата на ваков како дотичниов да е недајБоже следен премиер, и се надевам дека некој поасолен ќе се најде да му се спротивтсваи на другиов кој веќе е. Толку ли е тешко да се сфати дека политиката е двојна игра, некому му носи среќа, некому не, ама во двата случаи народот се гази помеѓу себе затоа што не мисли на сопствениот живот, туку на тоа кој е на власт А, а, и да, мојов џеб не е полн, макотрпно го залажувам со ситно, и се лутам што и сега познавам луѓе кои очајно им треба денар, ама и гледам дека повеќето од вас не сфаќаат дека ова не зависи ни од мене ни од друг, туку од целата малограѓанштина која не се обидува подлабоко да продре во проблемот-целосно искоренување на досегашниве политичари. Колку се време тие во Собрание, а, има некој појма? Јас ќе ги сменам? Не! А нема ни вие, зашто се залажуваме со „ако не едните, тогаш другите“. Од двете зла за секој од нас едното е помало!
Целосно се согласувам, само се обидувам да го извлечам најдоброто од она што ни е понудено-работам. И секако не одам од штаб до штаб за да се помолам за работа, туку станувам во 4 наутро и наместо да кукам како тоа е тешко да се живее, јас рмбам! И да не сфатите пак наопаку, не алудирам на вас, си имам почитување, само споредуваме мислења!
Кате....... Груевски ги искористува таквите како татко ти што се вработиле на 48год.50 па и 56год. тие му се гласачка машинерија.....нормално дека Вие сите сега ќе гласате за него затоа што човекот конечно се вработил...........но реалноста е друга. Не знам ти од каде си ама еве ќе ти казжам јас за мојот град дека вчера немаше живо пиле да мрдни од страна на (луѓе што наплаќаат паркинг,луѓе што ги метат улиците) и сите тие што се задолжени на некој начин кон партијате па мора да се појават на местото каде таа ќе им одреди во случајов на контрапротест Татко ти не го вработуваат оти многу им е гајле за него или за другите како него.........го вработуваат за глас и за да потполни место во автобусите кога треба да се оди некаде и да се протестира.......на таков начин легално се купуваат гласови. А тие што не можат да ги купат со работно место тука им се парите од буџетот што го носат и што на глава на тил брзаат да го донесат и не заради тоа дека ќе немало пари за палти и панзиии како што тие си кажуваат туку ако не се донесеше ќе немаше пари за КУПЕНИ ИЗБОРИ. Бранко никој не вика дека е сјајен ама кога би бирале од ДВЕ ЗЛА јас би го одбрала ПОМАЛОТО ЗЛО
Не, татко ми не се вработи ниту ради ВМРО ниту ради Груевски. И не, нема да биде гласачка машинерија заради тоа. Зашто и не излегува на парламенатрни избори. Туку она што јас го сметам како придобивка од политиката на Груевски се парите кои ние ги добиваме за она што мачно го работиме. Она што вие по градовите не можете да го сфатите А она што ми смета, не би да набројувам, ќе ми одземе доста време И да, и јас од двее зла го бирам помалото!
Е овде не си во право.Ова што се случи по себе повлекува и други работи.Закаснети одлуки,нетрпеливо се чекаат потписи и на крајот пак штета има.Заради ова што се случи платите и пензиите покасно ќе се исплатат и заради тоа поштенските службеници ќе работат за Божик.Ке работеа и за Бадник,ама во недела се паѓа. Лани исто имаше некој проблем,па мораше да работат и на ваков празник.Греота е мислам за нив,за семејствата.
Аууу луѓе ве молам, од двете зла Бранко дефинитивно НЕ е помалото. Мислам, да подбуцнеш пола народ да дојде на протест против владата за проблем кој реално не беше толку драстичен, да урлаш во собрание? Туку ајде, се очекуваше од него. Ама Грујо со таа долна постапка на исфрлање од собрание и контрапротести, многу долно од негова страна, не дека не се очекуваше, ама ако едниве се глупи и тупи не мораа овие бетер од нив да излезат. Не знам како, после сето ова што виде народов, после сите овие тепачки и бруки, како пак ќе им верува на оние во собрание (и тие моментално надвор од него)? Туку, човекот на човека му е волк, ама што ни е гајле нас ние сме лавови.
Сите на форумов ги сметаат протестите за комичен настан, па мене ме интересира кој мисли дека е во ред она што го прават а секој човек што искажал мислење смета дека ова е претеризам и за срамота?
Не можам и не можам да ги сфатам луѓето кои сеуште се нечии овци! ВМРО-овци СДСМ-овци...сеедно... Каде ви се очите и паметот? Дали гледате што се случува? Па ова е циркуз, не држава Дали сеуште некој верува дека Бранко и Никола прават нешто за доброто на државава? Дали вреди да се излезе на избори да се гласа?! Се гаѓаат со јајца, се тепаат во собрание, се влечат, нокти си кршат, се пцујат, го подбуцнуваат народот едни против други, што е тоа новинарска етика и независно и критички настроено новинарство???!!! Им се пере мозокот на луѓето од најрана возраст, се протестира, а не се знае за што се протестира! Без партиска книшка нема работа... И да имаш партиска книшка ќе чмаеш во локалниот штаб на партијата за без пари дури не ти најдат работа, ќе одиш на протести, кога сите укаат ќе укаш, кога сите аплаудиираат и ти ќе аплаудираш, бидејќи некој ти ветил работа или пак ти се заканил дека ќе ја изгубиш истата ако не се изрезилиш до максимум и на тв ако не се видиш.Не се секирај на Сител сигурно нема да те има, таму мед и млеко тече На Амди Бајрам за кој се прашувам дали има основно образование и е со речник НУЛА му се поклонуваат и му аплаудираат! И што е најтрагично и да се протестира реално, неполитички мотивирано, одма се клаваат во еден или друг табор и се деградиираат. Власта (која и да е) секогаш ќе вели хахах кои протести? нив опозицијата ги има организирано со нив нема што да се разговара Треба да се размислува реално и трезвено! Иначе ни Црвенковски ни Груевски не се нешто подолу еден од друг или помало или поголемо зло... SAME SHIT!!!
Нормално е партијата на власт да го скрои буџетот.Опозицијата си е опозиција и народот ја ставил на тоа место,не заборавајте.Кога си била таа на власт си донела свој буџет,ама не помнам вакви тепачки тогаш. Кате,во право си за субвенциите,навистина помагаат во голем дел финансиски,нема смисла да го оспорам тоа.Ама тој што не работел,не знае,нели?Ај ке им организираме една тура екскурзија во 4 наутро,многу е забавно Како и да ,посегање по насилство не чини,не знам што би добиле искрено.Е вака кога си размислувам не ми е јасно нешто.Први по насилство посегнаа опозицијата,тоа е веќе јасно.Ама зошто не ми баш јасно.Велат за опструкција на буџетот,ама очигледно е дека не е баш така.Некако ептен смислено ова цело сценарио ми стои.Значи и ако сите други од владата седат мирно,како што гледав,никој ниту се кара,ниту се тепа,сценариото мора да течи.А бе се испокршија бре луѓе и тоа кога никој не ги чепна.Партал направија по собранието и инвантар и се отиде јабана.И блиску ми е по професија,ама стварно личеше на државен пуч. И нека не ве фарбаат дека ова било за буџет или не знам што.Не знам дали половина од нив го прочитале или разбрале предлогот за буџет,па и американскиот ке го споредувате,тие имаат сосема друг систем. Јас лично сметав дека во опозицијата има пообразовани,така пофини кадри и ептен ме изненадија да ви кажам.Е сега не ми викајте дека биле испровицирани или не знам што,нема смисла,ептен дивјачки,како само грабаа со рацете како десет дена не јадени по леб. И да, не е во ред насилно изнесување на обезбедувањето,не знам како инаку би завршила оваа сиуација,но јас сум за мирно решавање на се. А Бранко,не знам дали е свесен што се случи реално.Човекот излегува,неговите му плускаат,боже како нешто феноменално да се случи вчера и во неговиот скопски фраерски стил повикува на граѓанска непослушност и вели:Шо сакаме ке прајме!!!Е како така! И на крај нека штрајкуваат мирно,тоа лично не ми смета,ама одете пред општинските ВМРО или пред општина,но не ми блокирајте цели улици.50 луќе блокираа 200 коли,си изгубив и време и бензин непотребно.
^ Наводно опозицијата сака да се намали буџетот, да се штеди, да не се задолжуваме, да се скрати на реклами, деловни патувања и дневници... Не можат да се договорат бе кој колку да лапни пари тоа е сета работа
Мене многу ми е чудно тоа што после такви драми вчера, вклучувајќи го како капак донесувањето на буџетот, денес е релативно мирен ден. Очекував дека денес ќе има уште поголеми драми, ама надвор од парламент. Ништо не разбирам... Туку лекарите не штрајкуваат веќе. Се договориле. Плаќање по учинок сепак ќе има, само што ќе се мери квартално. Многу љубам компромиси