која економија и процеси жити се? тоа така демек нешто се кажува.. конкретно кажано е европски реформи во администрација? тоа ли се промени? тие што не работаат т.е. воопшто не идат на работа и земаат плата никаде нема таква работа во светот и што има тука да се промени? за секој што ќе дојде на работа во администрација поклон ФБ, Твитер, Истаграм профил за да има што да работа? или уште толку да вработат и тоа без конкурс...онака по раковна и партиска линија директно!
Дали Вицето ќе ги врати евриќите м? Дај жити све кажи кои процеси ќе се водат? Просветли ме и мене и овие другиве што прашуваат.
Првиoт прoцес е зaвршен, сите услoви се испoлнети зa бинaциoнaлнa држaвa, сегa нa ред е влез вo нaтo и пoсле следувa кaлaкурницaтa нaреченa федерaлизaцијa. Вo 3 чекoри.
Tука семисли и реформи на администрацијата, луње што мислите ние играчки ли ке си играме?, Некои реформи треба да продолжат по нормален терк акосакаме преговори 2019 се фатиле на орото више. Процеси во смисла да го имплементираме во вистинска смисла на зборов, европското законадавство тука кај нас во законот има 35 поглавја секое посебно се отвара и гледаат што си спровел и што не и за колку време според капацитетот на државата.
Читајќи ти ги мислењата, со месеци поназад пишуваш само овде и за референдумот, и се си мислам или си заев или негова пратеничка. Мајке ми! Ќе го потпишеме, ќе ги прифатиме, ќе ги имплементираме, ќе ги поддржиме... И само околу реформи и бизнис клима го вртиш муабетот...
А кои тоа реформи во економијата?? Освен зголемената стапка на персонален данок за население како “реформа“ не баш поволна на нас друго и нема. By the way за зголемена стапка на данок во Грција се палеше по улици со месеци,а кај нас дури премногу молкум помина.Чудно,или имаме многу пари у џеб или сме нешто многу исплашени. Чекам одговор искрено кои економски реформи?
Според твојава логика Никиликс,Муртинецот,Бетка Салфетка.. не треба да мрднат од МК Само сиромаштијата и рајата сакаат во ЕУ??
Ние не се викавме никаде Фиромци,и никој освен одредени земје кои не немаат признаено во официјалните документи пишуваше Фиром. Прво,Фиром не пишуваше во ниту еден валиден документ(пасош,лична карта,возачка,извод...) Второ, немаше двојазичност на ниво на цела држава(кои си го добија албанците со стискање на зеленото копче во парламент) Да набројувам уште?? Нема врска оваа промена со референцата Фиром
Глигоров не запиша Фиром во ООН, после тоа ниту еден политичар ама НИ еден не преговараше да бидеме Република Македонија. Сите до еден преговараа за додавки во името. Ако си објективна ко шо се преставуваш тогаш изгуглај кој и кога започна на албанците да им се даваат права поголеми
Види во личната карта,пасошот,возачката.. што ти пишува?МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНКА,МАКЕДОНСКО!Така? Има некаде Фиром? Си слушнала нешто-не си дослушала,си прочитала нешто-не си сватила.... А сега што ќе ти пишува на документите? Ајде просветли ме.
Глигоров не знаеше кај тера, според него уште ќе бевме со Србија како Црна Гора што остана до пред неколку години па видоа колку е саат со Србија и аривидерчи и направија. СДСМ што има правено од 1991ва на власт со искорумпирани политичари еден паметен, дали од ВМРО или било кој, независен кандидат не може да поправи. А додека македонче со македонче очи си вади користи албанчето, третата страна. Ете од тој момент почнаа албанците да земаат замав, не мора да се гугла кој прв почнал мме...
Што се однесува до пасошот и л.к пак ќе ти кажам дек ќе сум Македонка, без разлика што ќе пишува Република Северна Македонија, а не Северџан ко шо милуваш да не нареквиш.
Абе ние можеме да се чувствуваме и самовикаме и марсовци,кажи ми ти како ќе гласиш на папир? Како ќе те вика светов? Патем,почнаа веќе меѓуетничките кошкања и препирки,посебно околу ракометарите. Албанциве почнуваат да се силат,наравно имаат и зошто, мурто им даде се. Идат "бољи дани" не се секирајте