Не живеам за светов, живеам за мене и најблиските. Си го гледам своето. Живеам и работам за подобро утре. Ракометарите имаат задача да играат а не да бистрат политики. Стојанче секоја чест што гине на терен ама да ме става во кош дека сум умноболна??? Тој истиот Стојанче што чутеше 11 години кога беа ВМРО на власт? Стојанче што претепа навивач и случајот што се заташка под команда на Горде...
Секој си има право на политичка определба, и оправдано е, се додека не почне таа определба да му пречи во кариерата, како Стоилов на пример.Биди си ти комуњар колку сакаш, ама дома. Додека играш под знамето на Македонија, играш за СИТЕ кои живеат во Државата.
Се страмам што читам Нејсе,живеј си во заблуда твое право! Кога рекој Столе умноболни?? За кого рекол?Ма што ви се случува бе дечки,не е здраво ова Столе е само играч што си ја сака државата Македонија од срце.Никогаш-никого не извреѓал или навредил.Исто важи за сите спортисти,посебно ракометарите. Не е на арно работава,мајке ми! А што да кажеме за боксерите мислам беа,сите албанци што ја бојкотираа македонската химна,што летаа орли А?? Ама ако си ја сакаш сопствената држава националист си, вмровец си. Ауууууу сега знам како подобро да ги воспитувам децата, т.е. во кој правец
Се надевам за економски прогрес со самото тоа што ке имаме стабилност во регионот и кај нас исто, и ке се отвараат повеке работни места согласно тоа ке се подобруваат реформите, послободен пазар, извов увоз на продукти ке биде поолиснително за царина и сл ке имаме раздвижување.
Прочитај што има пишано Столе, да имавме федерација саглам ќе беше санкциониран, исто важи и за боксерите и Дрита атлетичарката. Јас мн убаво живеам, дај Боже сите убаво да живеат. Да одморат прсти од тастстурите и да се насочат на себе си и да живеат и работат за себе.
Прати ми линк да прочитам. Никаде ништо не најдов каде тој некого вреѓа. Уффф да видиш како ги одмарам прстите.. има да позавидиш
И додека работиш на пластичарска работиш и плаќаш данок на државата и издаваш фискални и плаќаш струја за СИТЕ во Државата....чекај која држава бе? Кој прави вака на пластичарска? Политичка определба што пречи во кариера?!? Еве јас во државен сектор не познавам некој што направил кариера(читај го ставиле некое шефче, раководителче што и да е) а да не бил политички подобен. Ама ај ќе се правиме на Тошо и ќе пишеме тука пу пу не важи ова.
Си гледала ли ти досега Евровизија, спортски првенства и останати европски и светски настани? Секаде сме настапувале како FYR of Macedonia. За светот стануваме од ФИРОМ - Северна Македонија. Не гледам зошто едното би требало да боли повеќе од другото, и од патриотска гледна точка гледано. А за Стоилов - не го оправдувам воопшто ниту него, ниту албанските спортисти на спорната церемонија, ниту потегот на МТВ2. Спортот и спортските настани едноставно не треба да се валкаат со политика.
Те жалам,навистина.хахахахахаха Ме насмеа. Срце,ова го кажува на сатиричен начин бидејќи ден претходно заменикот на владата или сегашен пратеник Рубин или како се викаше кажа за него дека е ментално нестабилен..Хахаха Која мизерија човече. А кого уствари навреди ракометаров? Ауу,ауу
Ок,ќе менуваме име за Евровизија Ај провери за 5 мин како пишува на екранот сега на натпреварот на Мкд-Хрватска. Некаде пишуваат бидејќинучесник е Грција.Мораат ради нив,дека силно лобираат.
Мене ич не требит да ме жалиш, прекрасно ми е во Република Северна Македонија. Ако тоа го кажал за Рубин Земон, нека го тагнит него, не да стават множина. Мизерно е што не сфакаш многу работи, и скокаш ко петел.
Се навредив, и ти кажав погоре дека да беа саглам федерациите дали е ракомет, бокс, атлетика итн ќе беа санкционирани. Како што беа швајцарските фудбалери санкционирани.