1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Не се плашам јас....та сме отишле во Европа та не, исто ми е.
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Шо има да знајт, си се качит в ејроплејно и ги однесит в чаршија да си купат гумени опинци, па летнат назад пак во Острелија.
     
    На candy.cane, Yowannty и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Е ти не познаваш, ама еве јас познавам.
    Што има врска ракометот со актуелната политичка ситуација?
    Тој зема плата од државата за да игра ракомет и гради кариера на таа база.Да, талентиран е, ама и не незаменлив;)
    Политика дома нека си брка:)
    Не не интересира неговото мислење, туку неговата игра:)

    Ики, многу жолчно се бориш овде нешто да покажеш и докажеш.Целта не ти ја знам, од 20 членки кои дискутираат овде, само ти знаеш најдобро како треба.
    Умереност фали:)
    Со вакви ,,кампањи,, се постигнува само контра-ефект:)
     
    На candy.cane, Feminka22, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.988
    Допаѓања:
    166.674
    Пол:
    Женски
    Дали Законот за јазици помина на Уставен? Или допрва треба да оди таму?
     
  5. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Нз, поднесе некој иницијатива?
     
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    А за кого контра-ефект?
    Кого бранам јас? Еве јас не знам,што сакам да постигнам? Јасно си кажав и кажувам дека сум против промена на името,и на "сите" ни е јасно како дојде до таа "демократска и независна" промена на името. И најчесто околу таа тема дискутирам.
    Е сега ако некои го сметаат Столе или други слични како него за " државен непријател" одговарам на коментарите.
    Како што некои пишуваат,т.е. ја "цитираат изборната кампања"на Сдс, така и јас пишувам што мислам во врска со ова.
    Е сега вистината боли,па затоа не сакаат некои да пишувам овде.
     
    На rolulika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Ама Ики...кажа веќе 1000 пати дека си против промена на името.
    И слеп да беше некој ќе сфатеше дека си против.
    И не е тоа воопшто спорно ниту е за замерка, секој има право да си каже свое мислење.
    Ама...да си постојано над сите (т.е. да мислиш дека ако на секого ми реплицираш дека не е во право:tmi:), кажува нешто сосема друго.Не да си кажеш свое мислење и видување, туку сакаш да убедиш народ дека е така како тшо кажуваш, а тоа се вика КАМПАЊА:)

    Вистината секој си ја знае од своја страна, затоа не се обидувај ти да ја ,,кажуваш во очи,,:)

    Столе...да не реагираше како што изреагира никој немаше да осети што прокламира тој.
    Зарем другите ракометари не дадоа изјави.
    Ама ете...се најде некој да паметува.
    А спортист е, не е политичар да ни држи политички час:)
     
    На candy.cane, Feminka22, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Па??? А другите што верглаат,тие не се досадни?Горе-доле иста тема од сите се врти.Ама тие се провладино настроени,па им се може така? Другиве досадни сме?
    А тие што пишуваат за влезот во НАТО и ЕУ и не убедуваат дека мед и млеко ќе имаме....за нив ова не важи??
     
    На LoneWolfGuy, rolulika и carangigia им се допаѓа ова.
  9. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Ајде кажи друга тема ќе вергламе не е проблем. На секое наше мислење одма ние сме со испрани мозоци. Мене нема кој да ми перит мозок, не зависам од никој!
     
    На candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Маж ми на сите натпревари досега на светските купови ја претставувал Македонија и само Македонија. Без Фироми или било какви други додавки. Единствен е од Македонија во неговата дисциплина, до пред неколку години беше единствен и од Балканот, сега се тројца Балканци.

    Еднаш во Франција ставиле Фиром кога го претставувале и изреагирал, па морале да преправат и да се извинат јавно на разглас. Никогаш повеќе не се повторило тоа.

    Можеби сум офф топик, само сакав да се надоврзам на муабетот од погоре за спортистите. Се мислев и дали воопшто да пишувам оти знам, за вас се е глумење патриотизам. Спортистите се пред се луѓе, кои ја претставуваат својата земја, независно дали земаат пари од државата или сами се финансираат. И имаат право да си го изразат своето национално чувство.
     
    На Harper, LoneWolfGuy, orevokrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Гледам дека пак си тераш на твоја воденица, па повеќе нема да ти возвраќам.
    Јас сум ЗА Европа и ја поддржувам моменталната власт, ама не сум против опозицијата и никогаш никого не сум нарекла ,,црпнат,,...,,муртинец,, или слични навредливи зборови.

    Ако мислиш дека си во право-терај си и понатака со уште по жестоко темпо а богами и навреди:)

    П.С. А да признаеше дека Стоилов и пред последната изјава повикуваше на бојкот на референдум...не нарече сите ментално нестабилни... па ја напушти Спортист на годината и тоа демонстративно...

    Ако веќе се бориш за политика, биди и критична, ама и самокритична.
     
    На candy.cane, oblace1, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Стоилов го направи тоа што треба секој прав македонец да го направи. Ништо спорно нема.
    Ви сопствена земја треба да се оспорува патриотизмот? Тоа е националистичко? Да не го навредиме малцинството( > 20%),ако тие не еб.т цело време на националистичка база.
    Јас викам јасно "муртинец,црпнат,копитар.." а тебе воопшто не те навредувам за тоа.
    Ниту некој од форумов со тие зборови. И ќе продолжам да го викам,не се однесува на никого што е тука,слобода на говор е.
     
    На LoneWolfGuy, Orchidea, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    15 години бев репрезентативка на Мк во веслање. Ни еднаш ама ниту еднаш јавно не измешав политика. Мое беше да тренирам и да се натпреварувам, а не политика да бистрам. Тоа што не ми чинело, седнував со челниците и решавав.
    Спортот требит да е над политиката.
    Ајде вака ако имаме некое дете албанче кое е невиден талент во ракомет, зарем не смее да игра во репрезентација?? Пошо тоа му смета на националистите Столе и Борко?
     
    На candy.cane, pravnicka_2604, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.988
    Допаѓања:
    166.674
    Пол:
    Женски
    Па не знам каков е процесот, затоа прашав.
     
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Па ги чекам огромните и џиноски инвестиции и компании од Заеб,па да продискутираме и за нив :D
    Вака нема друго за што да се дискутира, освен за ова.Еве повели кажи тема за што на тема политика да дискутираме нема проблем за мене.
     
    На rolulika и zuto им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Само да Ви постирам нешто со кое се сложувам.
    Се работи за ТВИТ кој го копирав од тиме.мк

    Значи: Патриоти во Македонија не постојат. Патриотизам е да ја сакаш државата и да придонесуваш да има подобро утре, а не да се бориш по секоја цена да вратиш криминална политичка партија со националистички идеи на власт, ниту пак повеќе да сакаш соседни земји од матичната (1/2)

    Патриотизам-ДА, национализам -НЕ.
     
    На candy.cane, An-na, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Маци еве друга тема за дискутирање. Како по упатена од мене кажи ми за што ќе се наменат парите-11,4 милиони (евра-не денари).
    Еве јас не знам.Кога го прочитав ова веднаш ми текна на тебе,да си дискутираме на друга тема.
    Очекувам одговор!

    https://skopje1.mk/archives/21103
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Имаш одговор на линкот кој си го ставила

    Следно прашање?
     
    На oblace1 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    - Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.
    Се цели кон умерена фискална консолидација или намалување на буџетскиот дефицит на 2,5 проценти од проектираниот БДП за 2019 од 2,7 отсто во 2018. Ова е во согласност со Фискалната стратегија, како и препораките на сите меѓународни организации. Умереното намалување на дефицитот влијае директно на помали потреби за задолжување, а со тоа и среднорочно стабилизирање на државниот и јавниот долг. -

    Не ти е јасно ништо од наведеново ? Јасно дека не, тогаш воздржи се од коментирање за вакви ствари, бафтај си се со штабските муабети.
     
    На Yowannty и DAngel им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Остави ти ЌЕ-ЌЕ-ЌЕ и ПЛАНИРА,ПЛАНИРА,ПЛАНИРА
    3 години скоро го слушам истиот муабет.И претходните задолжувања исто беа ЌЕ-ЌЕ-ЌЕ
    Ги имав и постирано.
    Сакаш пак да ги постирам?
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.