Одговорот ми го даде во болдираниот дел. Останатото секако дека сме доволно паметни да го разбереме, нели кој како милува да го разбере Пишуваш дека не ти се јасни амандманите, а тие се предвидени во Уставот и се полно право на парламентарците. А дали Надја ти беа појасни тропањата во тенџериња и тањири за истава работа, за буџетот, само со сменети улоги м?
Многу е замрзена работата, тешко дека ке се оправиме ама барем да не трпаме долгови. Кога било вака?Секој втор месец кредит?Па ние дома секој 2 месец не земаме пари на заем. Не чекаат лоши времиња. Вчера еден човек кажуваше колку е беден народот во Романиоја, им купиле чоколадо на жени и викаат “абе десет пати ќе те баци заз чоколадото“. Такви ќе бидеме и ние. Не знам колку е точно тоа што ни го кажа човекот, ама доста било бедно.
Убаво рече,кој како милува да го разбере,човечкиот ум е интересна работа. Инаку јас не реков дека не ми се јасни амандманите,сум ги учела јас нив пред десетина година многу убаво,знам какви треба да бидат и што да содржат,ама убаво реков десетинаа вредни и држечи,а не како оние на дуи,точката и запирката,и да не се повторувм пак.
Nadja, само едно блиц прашање. Дали изборните кампањи на владејачката партија се финансираат од буџетот? Значи општо која и да било партија на власт.
kikikikirika еве јас ќе ти одговорам бидејќи бараш одговор иако мислам дека сама треба да донесуваш заклучоци. заев бил наместен а оваа власт многу пати досега им правеше местенки на многу неистомисленици. и немој да се плашиш од луѓе кои во афект се закануваат туку од луѓе кои ладнокрвно тепаат, исфрлуваат пратеници / луѓе избрани од народот и потоа изјавуваат се што направивме направивме за доброто на народот. сител и курир и ним слични не се медиуми туку партиски мегафони. и постои израз spin i spin мајстори верувам знаеш кое е значењето на изразот и работата на таквите мајстори . поздрав
Аууу Без коментар! http://mkd-news.com/uapsen-vozachot-na- ... lep-video/ http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 5T3EOuNUzw
И после другиве биле насилни?! Цццц, еве се гледа кој демонстрира сила!Најголемиот олош е собран во вмро
Ашлинг,како прво мислам дека нема потреба да ми поставуваш блиц прашања(иако знам на што алудираш). Како второ,искрено јас ниту сум член на владејачката партија,ниту симпатизер,ниту у живот не сум стапнала у било кој штаб(за разлика гледам од некои други овде што коментираат),ниту навредувам тука некој со погрдни зборови. Коментирај си ,објаснувај свои гледишта,но не ми поставувај вакви загонетни блиц прашања. Јас искрено во моментот не го оправдувам однесувањето на опозицијата,барем во некои делови.Имало периоди кога нешто ми се допаѓало,и тогаш инаку би реагирала.Сега сето ова ми личи на вештачко создадено сценарио,уствари ако малку читаш меѓу редови,одамничка се гледаше ова.И верувај ми не до буџетот.Ние упорно го коментираме буџетот па буџетот.Сепак мислам дека за ова се криви одредени личности,ама ајде да не ги потенцираме. Тоа е мое лично мислење во моментот.
Аххх, колку е очигледна партиската оиентираност во сите претходни а се надевам и идни постови овде. И после, кога ќе кулминираат расправиите, сите ќе се вадат, не бе јас не сум од ниедна партија, неутрален сум, хахаха да да жими стојко. Неутрален сум ама сакам овој и оној да бидат претседатели, премиери. Абе што се замарате, вршете си ваши работи не се расправајте по форуми кој што како, збогатете си го продуктивно денот и расположението. Ниту бц ниту нг ги заболе за вас. Впрочем, тоа му е и намерата на бц, раздели па владеј, неговата стара поговорка, ама не е свесен дека и да раздели нема да може да владее, после овој циркус што го направи (во најмала рака лиглето заев ќе му го земе местото). Тоа и сакаше да го лажира, да се направи жртва, тоа само му преостана. Од него не се очекува некој паметен потег. Секое чудо за три дена-па така и оваа "граѓанска непослушност", предизвикана од парти брејкерот бц. Греота е пред вакви големи празници ние да се замараме со фрустрациите на бц и неговата желба за власт (болни од желба за одмазда, ко што би рекла песната ). Живејте турбо деновиве, ако годинава ви била под очекуваниот просек и ако ви била разочарувачка во некои погледи, направете го барем крајот спектакуларен, изживејте ја во овие неколку дена, далеку од безвредните бц и нг.
А бе така е стварно шо се замараме?Ама гледам и ти се замараш.Зошто не советуваш да не се расправаме по форуми,кога и ти го правиш истото.А за неутралнотста гледам и ти си завзела страна.Затоа не попувајте кој и што барал на форумот кога и ти го правиш истото.И да,жими стојко(ке извините на изразов само цитирам) не сум од ниедна партија. А времето е стварно убаво за шеткање.
Чекај, а ти од кај кои беше? И што се лутиш толку, кога не те ни именував тебе (ама кој си ја има мувата на капата....). Баш дека не сакам да се расправам и да се однесувам одма дрско како тебе и да напаѓам, не навлегувам во овие теми и не се карам и именувам, кога знам дека мене никој ништо не ми дал, ниту работни место, ниту безбедност, да не набројувам. Не сум за власта, зашто ништо не ми дала а ветувала, ама уште помалку сум за опозиција. Затоа ич не се замарам и не контрирам со членови на форум, зашто ништо не добивам ако се расправам со некого, сите би се правеле паметни и ептен политичари а никој ништо не кажуваме или докажуваме. Затоа реков уживајте, па и ако сте за едните или другите, ваше си е и не мора да се расправаме и лутиме, мразиме едни со други. Ако јас попувам, ти што правиш? Ај виш ју а "МОРИ КРИЗМА" енд хепии њу јиааар прв ден граѓанска непослушност
На многу постови политичката определеност се гледа и тоа како , не дека е нешто грешно да си политички определен , поштувам тие кои не се кријат зад неутралност , си кажуваат си стојат во свои ставови а највеќе кога се политички определени а гледаат реално а не да се бута глава во песок . И како слеп за стап да се брани нешто ... нема да именувам . Спремајте се за празници да се одмориме , после да се фатиме на политика , освен ако не излезе уште некој инцидент како затишје пред бура ми личи .
Новинари: „Уаа“ за Вељановски и пратениците од власта http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... aokLW5u1hk
Ајде бре, едно ве прашува човек, све ќе кажите освен тоа за што е наменето прашањето со два можни одговори. И кога мислев под владејачка партија, со тоа не те етикетирав зошто веќе во наредната реченица нагласив независно која партија е на власт. Накратко ете сама прашав,сама да си одговорам на прашањето штом одби да ја доловиш мојата поента- Се брзаше со буџетот заради предизборните кампањи што допрва треба да се изготват и секој ден да ги гледаш на Сител, Мтв и Канал5.Реклами, плаќања за протести и плаќањето по учинок(еден глас-незнам колку денари) се финансирани од буџетот. Амадманите беа на место, фрката беше зошто се од СДСМ,а веќе ВМРО имаше изготвено нивни план за буџетот. Како еден политичар, министер си дозволува пред камери кога го гледа цела држава да си игра на телефонот и само кога ќе заврши рандом пратеник зо предлог-амадман тој ни главата да ја исправи да речи отсечно "Не се прифаќа" ? Ниту еден амадман јас додека ги следев не прифати,а уште помалку образложи зошто. Тоа не е начин на кој би се водела една држава. Јас свесна сум дека преувеличено е од СДСМ и тоа многу повеќе,ама јас сум уште повеќе фрустрирана од ВМРО за нивните неконтролирани давачки што секојдневно ни ги наметнува. На фирма во која не се употребува ни телевизор задржуваат само 8000 денари за радиодифузна такса од сметка. Пример. Зошто? За домаќинства е океј добро ќе плаќаме, користиме јавна,државна услуга, ама фирми? Фрустрирана сум поаѓајќи од тоа што година и пол сум без здравствено осигурување и немам начин како да го покријам истото. За што? За спомениците кои блескаат во кичерај (Освен Аце, пак ќе речам) Плус како вели народната "Со деца маштеница не се срка",а народните поговорки не се далеку од вистината.
http://a1on.mk/wordpress/archives/78443 Почна полнењето...фалеле во општина центар уште 5 споменици..епа феминки, ако волку плаќаме за 1 час паркинг, што ќе биде понатака во 2013 година...Тој буџет мора да се наполни...Ќе остане ли за сув леб...
Од 01.01.2013 јас и моите колеги ќе си одиме од работа па сега ќе си седнам во прекрасниот парк и ќе се дивам на споменикот пред мене убавини ама стомакот ќе ми свири ... туку да му речам на син ми - Мамичке немој повеќе да мочкаш во памперс мама нема пари да ти купи други! Како не и е срам на владава ми се повраќа од нив ама овие не гледа ништо пред нив само газат газат, а ако народов е прост па нека се тепа меѓусебе. Никогаш повеќе нема да гласам сето ѓубре до ѓубре.
Зошто толку пак се споменуваат спомениците? Мене ми е многу поубаво со нив. Почнаа отстрана повеќе луѓе да доаѓаат заради нив, да се сликаат, има што да се види, градот е поисполнет, атмосферата е поубава. Е сега, за тоа какви се конкретно спомениците е прашање на вкус. Затоа се избрани луѓе, кои имаат разбирање за тоа и нив им е доделена задачата. Не ќе ми дадат мене да го цртам Александар и да го вајам! Потоа, си има определена сума пари од Буџетот која оди во Министерството за култура. И нивна одлука е каде ќе ги потрошат тие пари. Па, нема од Министерство за култура да дојдат леб да ни купат. Парите од буџетот се тие, мора да се распределат. Така функционираат работите. Спојлер И јас сум била без работа, и сум немала пари за кафе, сум се лутела и уште се лутам на Владава за многу работи, ама лично спомениците не ми сметаат. Се радувам на нив. Конечно нешто убаво, што ќе остане... За, конкретнава ситуациај. Ние сме ја избрале оваа Власт сега. И нивна задача е да го донесат буџетот (според Закон, секако). Ама повеќе од очигледно е како Опозицијата сака со сила да направи неред, хаос, лоша слика за нас како народ, по нејзино да е донесувањето Буџет. Зошто? Зошто знае дека не може да победи, па сака да ја оцрни Владата. И кое право да прави таков хаос и да не понижува нас како народ пред цел свет? Зошто сите ни се смеат.
^ Македонија е мала земја, во развој, неекономски стабилна...да не редам, знаеме веќе. При ваква состојба парите кои се прибрани треба да се вложат во објекти кои ќе овозможат нови вработувања, враќање на потрошените пари, дополнителни приходи на граѓаните и на државата. Ако еден споменик е конструиран, нацртан, измислен од еден уметник, на нему му се даваат милионски суми. Како тој уметник, еден, ќе допринесе за цела држава, затоа што нему дадените пари се пари од цел народ. Дополнително би било во ред, да речеме, доколку тој споменик се изработува во Македонија (а не Италија), па ете...наместо 10тина, 20, 50 италијанци колку што се ангажирале да го изработат, можеле толку македонци да бидат. За развој на туризам...да, ок. Ама колку споменици му требаат на овој град за да се развие туризмот? Милион? Едноставна сликата, ако погледнете на овој начин. И државата е како фирма да речеме. Директорот ги собира приходите од продадените услуги и со тие средства треба да ги исплати вработените и набавените материјали. Со остатокот се вложува. Ако директорот вложи во нова машина, ќе може да вработи нови луѓе кои ќе работат на таа машина, дополнителни производи кои ќе ги произведува и продава итн. Да не должам, мислам се разбираме. А може и да купи споменик и да го стави среде објектот. И се е тоа во ред, нели може и во Мајами да си оди на патување доколку тоа го прави со вишокот средства, односно профитот. Ако нема остаток (профит) па наместо да им ги исплати платите на вработените, директорот си го купи споменикот со цел да привлече нови купувачи (кои не се знае дали ќе купат), а на вработените платите им доцнат (како што нам ни доцни повратот на ддв од државата), тогаш веќе иде во загуба. Оти потрошил пари за едно, а нема пари за тековните обврски. И сега, директорот може да земе кредит и да им си ги исплати обврските, меѓутоа средствата што ги вложил во споменикот, нема да му се вратат како што би му се вратиле ако вложил во машина и веќе финансиски заглавува. Не знам што све испишав. Финтата ми е, кога наместо со парите собрани од народот да им ги исплати нив средствата што им ги должи, па после нека зема кредити да купува споменици, Владата приоритетот го става на нив, а со позајмени пари враќа на народот. И пак ќе кажам, Ставревски доста лажеш. Што би рекол гледачот што се јави во К-15 Спојлер да не јаде мн г**на и да не сере