1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Прво маче можам да бидам за некој со кого сум многу блиска...|(
    Кои се тие моите?
    Ако мислиш на Вмро-Дпмне.Партијата е десничарска во современа смисла.Во сите партии од тој вид се негуваат демохристијански вредности.Така што партија не е = на држава.
    Во Уставот на РМ стои дека сме секуларна држава,понатаму не ме интересира.
    Дали е нешто нехристијански или немуслимански,има соодветни теми.Има и црква и џамија.Нека си дискутираат таму што е во спротивност со нивните вредности.И слободно нека си ги негуваат,немам ништо против.Ама верски закони се носат во Иран,на пример.Можат таму да си ги консолидираат законите со религија.Недопуштливо е во една секуларна држава да се дискутира за ова.Настрана од ова,мнозинството овде е христијанско населние,па не се крена на бунт кога спречуваа поставување на крст.Ама кога нив не им одговара,тогаш тие се жртви.Абе до кога така? Не може веќе,добро е позната оваа тактика.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    А каква е таа надворешна сила?Има и внатрешна сила?Не е валиден сфаќаш?Не е уставен и законски.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    25.989
    Пол:
    Машки
    Пошо гледам многу си увреѓена шо ДУИ не гласале за измени на законот за дискриминација:
    ДУИ се предомисли: Ќе гласа за Законот за антидискриминација
    туку, твојов Влатко Ѓорчев ќе се предомисли да го стави на дневен ред или пак нема да е до него, до ДУИ ќе е ?
     
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Па супер што се предомислиле :D Иако мислам дека тоа не е по желба,туку политичка игра.А Влатко Ѓорчев не е мој.Уствари,ничиј е,свој си е.Не му го програмирам јас ставов.И ако прочита јасно во статијава,Вмро-Дпмне не поддржува дискриминиција,туку укажува на некои пропусти во Законот.А јас овде сум само против дискриминација,не навлегувам во Законската процедура,оти тоа е сложена работа,и не би ја коментирала овде.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Старо, ама секогаш ќе биде релевантно.
    IMG_20190125_175821.jpg IMG_20190125_175838.jpg IMG_20190125_175855.jpg
     
    На Rama, Sandrin4, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    @SeaMermaid
    Мрмејдке, ДУИ и ВМРО се исти во своите закоравени погледи и противењето на секуларноста. ВМРО не е современа партија, баш напротив – познати се по својата (кхм... (авто))хомофобија.
    Нивниот кандидат за претседател (ако не се лажам) се истакнал со кочењето на законот, што не е мал „придонес“.

    За ДУИ, политичка игра е воопшто тоа што мора да се во секоја влада, па и сега како ваков националистички и ретрограден фактор се во коалиција со *социјалдемократска* партија на власт.

    Јас сум против сечиј конзервативизам и антисекуларност. Дискриминација си е дискриминација, кога доаѓа поттикната без разлика од која религија или националност, било малцинска или мнозинска. Исто како што е подеднакво лоша индоктринација со христијанство или со ислам во училиштата. Двојни аршини и релативизација не поддржувам.
     
    На Rama, SeaMermaid, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    53.186
    Пол:
    Машки
    Не кажувам ништо, сликава кажува сè :bow:
    20190125_184438.jpg
     
    На Peaceful Warior, christinnn, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    На makedon81, Rama и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Груевски со дечко му живее во Романија.
    Ој вие демохристијани!
     
    На lovestoneddd, kolovoz и LollySky им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Да наивно така е, ама реално ставаат чекор повеќе, ќе треба организација да регистрирам за да пријавам ако некој ми бара мито.
    Плус тоа тие малку организации што ќе бидат постоечки, ќе ги држи власта за мадиња и ќе одлучуваат што и како ќе пријават, а што не.
    Го отежнуваат процесот, се со цел да има што е можно помалку пријавена корупција.
    Со тоа и фиктивно ќе ја намалат статистиката за регистрирана корупција.

    Чисто да ги разгледаме работите објективно, од сите страни.
    И така спомна свиркачи... Сноуден не чекаше комитет да му ја одобри жалбата... Одлучи и си тури главата в торба.
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На nadja.d и iki26 им се допаѓа ова.
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    ПРЕВЗЕМЕНО:

    СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ 81 ПРАТЕНИЦИ И 26 ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА ПОРАДИ ДЕЛА ПРОТИВ НАРОДОТ И ДРЖАВАТА!

    Кривичната пријава е поднесена за единаесет кривични дела: повреда на угледот на Република Македонија по членот 178, излагање на подбив на Македонскиот народ и припадници на заедниците по членот 179, велепредавство по членот 305, загрозување на независноста по членот 308, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по членот 313, саботажа по членот 315, здружување заради непријателска дејност по членот 324, злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353, организирање на отпор по членот 387, самовластие по членот 392 и злосторство против човештвото по членот 403-а од Кривичниот законик на Македонија, затоа што спротивно на домашното и меѓународното право 81 пратеници и 26 членови на Владата на 11 јануари 2019 година го променија името на државата и идентитетот на нацијата со измена на Уставот заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, која не е ратификувана во согласност со Уставот и не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата!

    Светскиот Македонски Конгрес и
    Македонското меѓународно движење за човекови права очекуваат јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, 25 министри и 81 пратеници и да побара најстрога казна доживотен затвор, конфискација на имотот што во значителна вредност ги надминува нивните законски приходи за кои немаат декларација на потекло и судска мерка забрана на вршење на должности во државната власт поради кривичните дела кои ги сториле против државата и народот!

    Се е точно ,законски,прописно напишано. Иако се знае дека обвинителството нема да ги прифати обвиненијата,идат други времиња(наскоро,или за 2 години) каде што нема да смеат да се игнорираат и отфрлат овие обвиненија.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Шо убавко ќе беше Ципрас до крај да се "отвореше" што се ни направила Грција во минатото,и да се извинеше ко што Германија им се извини на Евреите:inlove:
    Тој само кажа дека на многу протерани македонски семејства во 1983 не им било дозволено да се вратат назад,и за стрелањето на Мирка Гинова...а реално,мал милион работи ни имаат направено,ама нејсе ;)

    Искрено не очекував договорот да помине во грчки парламент,знаејќи ги кои националисти се,мислев ќе го дигнат парламентот во воздух,се бунеа ете,ги испотепа полицијата и ги испозатвори,е нема лабаво,не беше за џабе Меркелка претходно:P

    И така,нас ни останува само борење на интернет,овај чкрапање на тастатура де:makeup:
    Ама ако се подразмисли малку човек,ова Северна малку моќно звучи,штета што никогаш нема #целадае,освен во нашите срца и песни,ако не ни ги забранат и нив,јер све за љубав и атер на наши православни браќа|(
     
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Знаете што ќе биде најјакичко :) ?
    Летово во Грција кога ќе даваат коли изгребани, обоени, кога ќе цимолат нашите граѓани дека колите повторно им ги оштетуваат :)
    Одвај чекам ]:)
     
    На Li-Li и Јаневски им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    53.186
    Пол:
    Машки
    Па тоа нема врска со договоров,ние и тунгузија да се викаме пак ќе има такви случаи:talk:
     
    На lovestoneddd, DAngel и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    @DAngel @veteruska @lovestoneddd и сите други еве во соодветна тема да дискутираме освен за името.
    Еве ви ги актуелните теми:
    Ако има други слободни пишете.
    П.С да ја актуализираме оваа со фотељиве од телешка кожа,брејјјј
    Screenshot_2019-01-28-10-22-40-1.png
    Screenshot_2019-01-28-10-22-56-1.png
    Screenshot_2019-01-28-10-23-04-1.png
    Screenshot_2019-01-28-10-24-21-1.png
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    FB_IMG_1548675120079.jpg
    @LizniMazni на ова е горд Заеб? Ова е неговиот успех? Ова срање каде што ни се смее цел свет?
     
    На Tanjamm, carangigia и Јаневски им се допаѓа ова.
  17. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    https://sitel.com.mk/univerzitetski...sedatelska-kandidatura-na-gordana-siljanovska
    Познавајќи ја лично,си земам за право да кажам дека е најсоодветен кандидат за оваа позиција.Знаењето кое го поседува,умешноста,едноставно е на едно повеќе од високо ниво.Одмана ја достигнала емоционалната зрелост за да се носи со ваква функција.Искуството кое го поседува е одлично.Голем плус и е тоа што е професорка по Уставно право,и ја знае уставната материја можеби и најдобро во државава,а и во регионот.Тоа значи стабилен претседател,кој точно и прецизно знае што е во негова надлежност.Сигурна сум дека ќе се издигне над партиските барања,како што е издигната над етничките,верските и останатите разлики.Силен поборник за правда,некој кој нема да дозволи да опстои овој статус кво.Знам дека ќе биде силен претседател односно претседателка.Во вакви услови,инокосен орган како претседателот,е многу важно да биде личност која ќе го понесе овој систем поблиску до претседателкиот,бидејќи вака како што оди кон парламентарен,само тонеме во катастрофа.Имам верба дека ќе го воспостави процесот на владеење на правото.И знам дека ќе направи се за да ја докаже небулозата со Преспанскиот договор,и ќе стави акцент на кршење на правото на самоопределување.Ако власта остане иста,во услови на кохабитација,ќе има жесток ривал кој нема да им дозволи простор за грешки.А и сметам дека,конечно,на Македонија и треба жена претседател.
    Како личност,е многу мила и внимателна,секогаш желна да помогне.Се работи за еден одличен карактер кој би бил одличен шеф на држава.
     
    На x.Daisy.x и iki26 им се допаѓа ова.
  18. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Не ја познавам доволно, само од тв настапи, остава впечаток на елоквентна и паметна жена која би била солиден претседател.

    Го прочитав во целост писмото за поддршка, во едниот пасус велат дека станува збор за независна и непартиска личност, а веќе во следниот пасус викаат дека треба да настапи како кандидат на опозицијата. Независните непартиски кандидати настапуваат како што кажува придавката, независно, така да случајно или намерно, веќе ја обележуваат како опозициски партиски кандидат.

    Во секој случај, силен потенцијален кандидат. Ќе видиме дали ќе влезе во финалната листа на кандидати.
     
    На Tanjamm, Someonespecial, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  20. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Се е отидено каде што не треба. Па може само така ќе стигнеме таму каде што треба.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.