Убедена сум дека и за НАТО беше целата претстава со договорот. Заради нивните стратешки цели, и да го запрат руското влијание. Во рекордно време ќе го ратификуваат секаде протоколот, ќе биде тоа некоја нова процедура. Жалосно е, не е за радување. Тие си тераат геополитика, а нас ни продаваат евтини приказни (на кои обичниот народ се пали). *** Се прашувам сега дали за ЕУ ќе им биде вака? Не исполнуваат ни 5% од условите. Патем истата таа ЕУ, ни наметна десетици неоправдани услови за да формално не признае Меѓународната заедница во 1992 година. А први исполнувавме услови, последни не признаа. Од експертите тоа е коментирано како состојба на Реалполитик. Политичко признавање кое било на граница на апсурдот, наспроти фактите и правото на самоопределување. Треба да кажувам повеќе? Зошто денес би имале поразличен третман од истите актери?
Види вака за денеска тоа што го потпишавме за НАТО е голем успех и за нас, факт е дека и за Големите сили ова и беше битно дасе реши за стабилност на регионот, а за нас исто нуди непроменливост на граници, долготрајна стабилност и безбедност, модернизација на војска има предност да не се лажеме. Во однос на Еу важно е исто да ги почнеме преговорите да почнат ред по ред да се отварараат поглавјата да профунционираат институциите, Сега мора и во Склоп со Нато да почнат реформите во безбедносниот сектор да се стават кадри да почне со работа ОТА на Мвр. Ова е многу битно и значајно за нас како и во другите. Овие работи почнуваат и сега со Нато све е поврзано.
Toа денес што се потпиша е обичен протокол, официјално ќе биде тек после ратификување од страна на сите 29 земји членки, денес е само протоколот, т.е.Македонија ставање на чекање на влезната врата. Без 29 Ратификување нема Официјално членство!!! Ратификувањето може да трае 1-3 години. Така да без еуфории. Само никаде не прочитав под кое име го потпишаа протоколот? Под ФУРОМ или Скопје? Патем ништо од членството во ЕУ во скоро време А? Џабе Северна и двојазичност? https://www.magazin.mk/димитров-и-покрај-промената-на-името-т/
И пази што вика Димитров во обраќањето кога збори за критериумите за прием во ЕУ, дека ќе нема влез за "блеферски држави кои се преправаат дека спроведуваат реформи" ? За кого ли се однесува ова? Се кладам дека Јункер му го напишал текстов за после да си тера мајтапи со пајташите кога ќе пијат во кафана.
Не кажувате дека Грујче ја издал книгата на ФБ? И Македонец со мала буква го напишал, ама премиер со голема. Нормално, на Бог рамен си се сметаше тој.
Новиот клинички центар ќе чини до 480 милиони евра -Физибилити студијата покажува дека ќе бидат потребни од 450 до 480 милиони евра – вели министерот. Инаку, Владата донесе одлука новиот Клинични центар да се гради во општина Ѓорче Петров.
Што е со оградата на Владата ? Мора ли да се вади ? Ај што е прескапо за да се извади таа ограда ( како што беше и прескапо за да се постави ) , толку луѓе имаме во државава на раб на егзистенција , овие огради вадат , па уште столчиња и масички ќе правеле од неа . Зошто некој би сакал да седи на железни столчиња ? Не гледаат да ги инвестираат парите во нешто покорисно , на пример мерачи на ПМ10 честички , или пак ете има лекови што се прескапи за голем дел од граѓаните а одат приватно , може државава да направи нешто околу тоа , барем половина цена да плаќаат луѓето .. Ама не , ќе вадиме барокни фасади и огради од ковано железо . Друго , ми се допаѓа емисијата на Канал 5 " Сподели проблем " . Гледам дека многу луѓе се јавуваат , и некаде веќе се решени некои проблеми . Мислам дека требаат повеќе вакви емисии , бидејќи со една не се постигнува а проблеми сме до гуша . Денес баш имаше една тема , еден човек вели во ПИОМ го направиле починат , иако човекот си е здрав и жив . Бог да чува , во каква држава живееме .
Не знам сега што е сменето, мене лично ништо не ми се промени со вадењето на оградата. Од наши пари ја ставија, од наши пари ја вадат, а како што кажа некој погоре, тие пари можат да се инвестираат во нешто корисно за народот.
Овој народ заедно со се политичари е да го земеш со камшик и удри мавај. Сто пати удри еднаш број, може после тоа ќе му дојди паметот
Велат рибата смрди од главата, политичарите се главата народот е телото . Народот воопшто не е лош колку што е неук и разочаран. Почни со политичарите 100 пати удри еднаш број, направи еднакви закони за сите и народот ќе се среди. Кога живееш во санаториум тешко да останеш нормален.
---- Извор: https://makfax.com.mk/makedonija/по-5-500-денари-за-секој-ден-поминат-во-затв/ ---- По 5.500 денари за секој ден поминат во затвор ќе добијат осудените во „Сопот“ Објавено пред 8 часа - 8 февруари, 2019 Од Макфакс Владата вчера на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор. „Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата. Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Два месеца подоцна осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО. Тие беа осудени за тероризам во март 2010 година на вкупно 150 години затвор. Во меѓувреме едниот од осудените почина. ----
Власта и народот и онака се двојат . Додека народот слободно се движи по улиците , политичарите " шишаат " со 200 на час и по 5 полициски автомобили за обезбедување . Оградата на Владата не менува ништо според мене . Тие пари можеа да се пренаменат за подобро утре , ама не и кај нас .
Абе колку пари треба да извадиш метална ограда? Сечење е само. Од нешто мора да се почни. Сериозно не ја сфати симболиката? И на клавање и на вадење на оградата? А како да одат? На Киро што му се случи? И оти никој не искоментира за новиот клинички што ќе го градат, туку за оградата се фативте?