Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не ми е до играчки бе Вајлд. Озбилно уште тоа остана да се среди во државата? Оти ќе идеш низ смрдливово надвор пред влада да седнеш...
     
    На candy.cane, ocicka2014, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Еве јас да кажам за Клинички :D
    Локацијата е тапа. Наместо да се прави на источниот влез на градот, од каде доаѓаат патниците од скоро цела Македонија, Штип, Велес, Куманово, Струмица, Прилеп, Битола, Гевгелија, итн), ќе го напикаат во Ѓорче. Е зошто де?
     
    На candy.cane, ocicka2014 и oblace1 им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    Ова ЌЕ со години го слушаме, ништо ново. Да почекаме да видиме дали ќе почнат да градат и колкукратно ќе го зголемат буџетот во меѓувреме. И мене локацијава не ми е најидеална, подобра би била кај клучката кај Хиподром, првенствено заради полесниот пристап со градски автобус, овде не знам како ќе го реализираат тоа. Ако линијата оди низ центар, тешко нас. Јас од Аеродром ако треба да отидам до новиот Клинички ќе треба од вечер да тргнам ;) Во секој случај било која локација е подобра од сегашнава.
     
    На galapce, DAngel, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Факт е дека на политичарите им треба обезбедување, тоа е потреба за нив иим треба персонал за тоа.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Искрено, не се разбирам многу од тоа колку е добра местоположбата, или не.
    Имате право да се буните.
    Пред влада..
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    А и безбедносно дасе избегнат несакани последици.

    Важно нека почне да се гради па кај ке биде нее толку важно. Битно да стартува.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.005
    Допаѓања:
    37.248
    Пол:
    Женски
    Ама важно е, како не е важно. Ваков сериозен проект не се прави плукни-залепи. Нека се вклучат сите релевантни фактори и експерти за да се донесе најоптималното решение. Не најефтиното :!: оти на крајот дупло ќе платиме. Ѓорче е одбран првенствено бидејќи земјиштето е во државна сопственост, а тоа е погрешно.
     
    На galapce, ocicka2014 и iki26 им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.495
    Допаѓања:
    91.277
    Пол:
    Женски
    Добро,локацијата на новиот клинички, не е лоша.Сепак не се работи за градска болница.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.625
    Пол:
    Женски
    Па бетонските стубови се копани длабоко под земја . За оградата пред 2 дена велеа дека е под знак прашалник дали ќе се вади или не , а по 2 дена е веќе извадена . Така ќе биде и за стубовите .
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.247
    За програмата на Министерството за култура фрчат критики. Катастрофа.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    А ќе ја рушат скроз?
    Може и само стубовите да ги иссечат, и да остане мало ѕидче.
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    25.625
    Пол:
    Женски
    Е тоа јас не знам . Кога се вадеше оградата не знам кој беше од владава даде изјава дека " стубовите ќе останат сега за сега , бидејќи се копани многу длабоко , па нивното отстранување чини премногу " . Колку јас што се сеќавам , истото беше кажано и за кованото железо , за по 2-3 дена да биде отстрането .
     
  13. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Државава има голем ќар од рушењево на она што се направило...Ужас од народ и држава сме.А бре остај го нешто што се направило, и за што се фрлило пари не го уривај , и не фрлај дополнителни пари за рушење.Наместо тоа направи нешто...
    Се се среди уште оградата остана.
     
    Последна измена: 10 февруари 2019
    На zuto, iki26, afrodita94 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    532
    Ми се повраќа од државава. На тв или на социјалниве мрежи, постојано само лоши вести, политика, проблеми, донации за луѓе кои се беспомошни, жалења.. Една убава вест немам чуено.
     
    На iki26 и makedon81 им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    7.582
    Пол:
    Женски
    За Косоварите:x
     
    На Јаневски и makedon81 им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Да, парцелата на Водно вреди пари, заинтересирани купци има, ќе ја раскрчмат некако, има што да се лапне тука, да се најде за децата нивни, а клинички може да има и во Свирипичино. Плус кражбата ќе помине под претекстот „реконструкција“. Па барем да беше буквално во Свирипичино, може почисто ќе беше за болните, иако никој болен немаше да може да стигне до таму...

    Сите идеи им се или кафанска пијана заебанција или кражба.
    Ама социјализам, нели... Власта работи за народот... Седи бе!

    Погадна власт Македонија немала, но ќе има и уште погадна.
    Зло, поголемо зло и најголемо зло.
    Канцер на општеството.
    Ќе видите што следува.

    Секогаш се пари во прашање, а ако не се пари тогаш се многу пари.
    Верувај ти дека работат за тебе.

    ----
    Автор: Сања Трајковска Ставров
    Извор: https://alfa.mk/со-продажба-на-стариот-ќе-се-финасира-и/
    ----
    Со продажба на стариот ќе се финасира изградбата на новиот Клинички центар?

    09.02.2019

    Ќе никнат ли нови станбени згради на местото на кое во моментов се наоѓаат државните клиники?

    Со продажба на дел од парцелата која се простира на 200 илјади квадратни метри во најатрактивниот дел од метрополата, можно е да се враќа кредитот што власта ќе го земе за да изгради нов Клинички Центар. Пазарната вредност на парцелата на која сега се наоѓа комплексот „Мајка Тереза“ може да надмине и 100 милиони евра.

    Министерот Филипче, вели дека сепак некоја болничка дејност ќе остане.Т

    Властите бараат начин како да го изградат новиот Клиники центар за 4 години. Филипче вели дека се советувале со странски фирми, од Австрија, Германија, па дури и од Американци за опцијата „готов пакет“ со клуч на рака. Државата да плати изработка на проект и изградба на болницата во едно. Сегашниот закон не го дозволува ова.

    Наместо сумата од околу 120 милиони евра, колку што за изградба на нов клинички предвиде мината власт, парите потребни за реализација на проектот на крај ќе чини и до четири пати повеќе или 480 милиони евра. Властите допрва размислуваат од каде ќе земат кредит за да го изградат.
    ----
     
    На corto.maltese, iki26 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  17. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Се побуни Ирена Р(ас)истиќ ја стрпаа у Бардовци, и намонтираа дијагноза, обележана е доживотно.
    Се побуни Ивор Мицковски, од Телма заврши во евиденција на невработени во АВРМ.
    Кога своите кои нозе скршија да ги донесат на власт, секојдневно ги множат со нула, сметаш дека хунтава ќе се осврне на обичен граѓански протест за локација на болница?
    А ако добро разбрав, не само клинички туку и цел медицински образовен кампус ќе се сели на новата локација. Средното медицинско, факултетите, институтите, поблиску до западна Северна Македонија и Косово. Си знае ДУИ кај тера.
     
    На zuto, Јаневски, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Докторов е во право.

    ----
    Извор: https://www.24.mk/details/zgasna-tret-detski-zhivot-poradi-morbilite
    ----
    ЗГАСНА ТРЕТ ДЕТСКИ ЖИВОТ ПОРАДИ МОРБИЛИТЕ

    Ивана Стојкова пон, 11.02.2019 | 5:25 pm 0 Коментари

    Тринаесет месечно бебе од тетовскиот регион синоќа почина на клиниката за детски болести, поради компликации од мали сипаници. Според надлежните детето немало претходни хронични заболувања и не било вакцинирано. За три дена ова е трет смртен случај од морбили. Излегува ли епидемијата надвор од контрола? Здравствените власти апелираат родителите најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината. Епидемилозите се категорични дека нема друг начин на заштита од морбили освен вакцинација. На родителите им порачаа да не веруваат во се што ќе прочитаат на социјалните мрежи.

    Денеска заседаваше и Комисијата за заразни болести. Надлежните ќе ги повикуват децата со наполнети 6 месеци кои живеат на територија на град Скопје да се вкцинирааат во вакциналните пунктови со МРП вакцина. Од министерството апелираат доколку родителите се посемневаат на симптоми на морбили, децата прво да ги однесат на матичен лекар или во педијатриските пуктови во поликлиниките Јане Сандански, Ѓорче Петров и Бит пазар.

    Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за здравство. Обвинија дека Владата и министерството не се способни да го средат хаосот во здравството. Лидерот на опозицијата Мицкоски и порача на владата ако не знае како да се справи со состојбите да ги праша ВМРО ДПМНЕ.

    „Колку животи треба да се изгубат за да овие луѓепреземат одговорност.“ - изјави Христијан Мицкоски – Лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во текот на вчерашниот ден седум нови случаи на морбили се регистрирани. Една 32годишна жена од Сарај и две деца на возраст од година ипол од Кисела Вода се задржани во болница. Сите биле невакицнирани. На инфективната клиника во моментов има вкупно 26 пациенти со морбили од кои 4 се возрасни, 22 се деца, а најголем дел до нив се на едногодишна возраст. Како резултат на компликации од морбили претходно починаа 13 месечно бебе од Свети Николе и шест месечно бебе од кумановско.


    ----
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Тој што зборува во видеото.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.