Затоа што не им е ништо не беше дозволено никој да ги види. Така? Едноставно е, ако не им беше ништо требаше тогаш и веднаш да ги види целата македонска јавност и да се прекинеше со "шпекулации".Изгледа за многу многу глупаво и недоветно си го смета власта своето граѓанство, а можеби и не е далеку од вистината И воопшто не е параноја? По што заклучи? Хаха
Има еден момент во сево ова, колку и да се тренирани, чаламот е да се пофалиш на ФБ со цело име и презиме,и да ја превземеш заслугата. Сопругата јавно на медиум кажа што е работата: „Потресена сум, ми се јави адвокатот и ми пренесе дека Миле го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље. На помош за да го одбрани му пришол и Спиро Ристески но и тој е нападнат. Моментално се наоѓа во „ГОБ 8септември“ и според информациите има повреди на главата. Не знам зошто ова се случува, кога ги почитувавме сите мерки за домашен притвор. На кого да се верува сега? Нека излезат дотичните на ТВ,нека кажат дали имало нешто или не, и крај со шпекулации. ЕДИТ: Во прилог дека "НЕМАЛО" инцидент @WildMk не е до паранојата така? Позз го директорот на болницата. https://infomax.mk/wp/котевски-го-прифати-барањето-за-остав/
Имало претепување, секако е нарачано. Барањево за оставка од директорот на „Шутка“ следи откога делегацијава на Еу осудува за настанов и бара одговорност. Ако останеше на совеста и волјата на ЗЗ, тој ќе тврдеше дека тепачиве мускулести Миле и Спирчо, одвај чекале да влезат во Шутка и на сите осуденици да им ја скршат кичмата. Зошто така им наредиле Груевски и Мицкоски. И по некој ден ќе читавме дека имало и давење во чаша вода, самоубиства со бесење на лептир - машна и сл. https://plusinfo.mk/делегацијата-на-еу-со-остра-осуда-за-ин/ Бонус: Заев има дилема дали да му стегне кривична на Мицко за преголема возбуда, или и во оваа ситуација да остане „нормален“, како што и секогаш бил.
Не знам бабе, ако денес те нападнат, утре истите тие ќе ти ја скршат главата. Посебно кога имаат одврзани раце од некого. Што мислиш, зошто им го укинаа домашниот притвор? Типичен фашистички начин да се пресметаат со политичките противници и да ја догазат секоја можна идна опозициска битка. Глава не можат да кренат од овие хајки, буквално треба да се борат да преживеат. За да има со што да се занимаваат, и да не им текне да се однесуваат како опозиција. И секако праќаат порака и до народот. Стравот чуда прави! Се е смислено, и ништо не е случајно.
Во ''хашки ќелии'' се сега нема да игра сапунчето таму А и нов директор ќе им стават има да ги среди сите
Реакција за респект и во склад со Божјата заповед „Не убивај!„. Да видиме дали етиката ќе биде ставена пред парите: Вработени во Мајкрософт побараа да се откаже соработката со армијата на САД „Вработените во писмото нагласуваат дека „Мајкрософт” треба да престане да учествува во активности кои ја зајакнуваат способноста на американската Армија да предизвика штета и насилство. -Ние не сме се договарале да произведуваме оружје и сакаме точно да знаеме за што ќе се користат резултатите од нашата работа. - се наведува во писмото.„
Од соседството: Во Србија се подготвува нов предлог - закон за редефинирање на родителството. Секако со европски инструкции и насоки. Нема веќе мајка - татко, туку родител 1 и родител 2. Ова истото го фаворизира и Макрон во Франција, или веќе е стапено на сила, не сум сигурна. https://infomax.mk/wp/во-србија-нас...jUyz0Fznzo0opcpKR2K-0fVhgZHqFMpa1thpQ-UvLg_K0 Деновиве прочитав дека премиер(от)ката Брнабиќ добила принова. Меѓу честитките и ова:
Со ситуацијава во државава, ќе испадне народот да ги моли партииве и политичарите да смират живци, да се смират едни со други, да си опростат едни на други (пошто тоа што му правеле и прават на народот е небитно, битно е шо едни на други си прават) и да почнат да работат на реформите место да туркаат кон вонредни избори и константа политичка криза и блокада на Собрание. Дај бре опрајте се.
Не ги жалете овие двајца, очигледно е дека нападот е исцениран за да ги пуштат во домашен притвор (ако ги пуштат) они не смеат да се во иста ќелија, и не смеат да бидат пуштени на шетање заедно со некој што има ризик да ги нападне, а пази и тоа на првиот ден...да си кај нас во притвор е казна божја, кога слушнав што се дешава таму т.е какви услови имаат ми се згрози животов и постоењето....
Е де, дури сега слушнаа повеќето, откако политичари завршија таму... Дека 'битни' луѓе де... А и пред тоа беше исто, со години се зборува за лошите услови во затворите. И слики, и снимки по интернетот вртеа од идризово. Ама тогаш беа 'некои криминалци', небитно беше за нив дека живеат како животни. Овие со сина крв, не е 'хумано' да завршат во исти услови, како и обичните смртници... Битно споменици имаме. И цркви.. И крстови. Затвори, болници, училишта... пф...
Политички сум неутрален и ќе останам како таков многу долго време. Има некои индивидуи што живеат за партијата, наместо да си го живеат својот живот.