Убаво си напиша Кравче. Изгледа малку се помешани поимовите дека од криза се вади со нови вложувања. Нови вложувања ДА, па и по цена на кредит ама на индустрија која ќе ти отвори работни места и зголеми БДП па ќе можеш и кредит да вратиш и ако остане вишок реди колку сакаш споменици и остали тракатанци, па и кради бе, ставај во џеб и така и овака никој не ти брани . Ама ние сме многу паметни па од криза ќе се вадиме со дирекни странски инвестиции и ќе вложуваме во ,,мртов капитал,, кој не е доходовен.
А оваа влада е влада на Скопје или на Република Македонија? Министерството за култура е министерство на Скопје или на Република Македонија? Јас разбирам дека е главен град, дека доаѓаат дипломати од сите места (барем си викам дека доаѓаат ако има некој сеуште заинтересиран да иди ) Поентата ми е, дека и во другите градови треба да се вложува, инвестира итн итн... Макар што јас би била многу посреќна во околинава да изградат 2-3 фабрики и да се вработат луѓето. Ова ви е домино ефект и кога се ќе ни се сруши врз глава нема да знаеме кој крај да го фаќаме. Владата гради споменици, не фабрики, со тоа луѓето нема кај да се вработуваат, а бидејќи младите нема кај да се вработуваат сите на факултет се запишуваат. Владата во тоа гледа привремено решавање на невработеноста, па затоа критериумите за запишување на факултет се НУЛА. Полесно и е во септември да се запишат 90 и кусур проценти од средношколците на факултет отколку во јуни да го бара крајот на огромен број нови невработени. А кога се множи невработениот кадар со високо образование тогаш веќе имаме сериозен проблем!
Во врска со спомениците сакав да кажам колку сака нека има и какви сака нека се кога сум без работа не можам да уживам во убавините на истите. И да ќе најдам друга работа само жално е што по наредба на проклетава влада е затворена нашата фирма која беше во пол ек. Немаше да ми биди криво ако немаше работа па морав да си одам е ова богами боли. Не дај боже бладава да ти фрли пик има да те гази додека не те срамни со земја.
Од сликите што ќе ги направат со нивниот ултрапрофесионален Никон не опстанува државава. Македонија, уствари во случајов само за Скопје ќе зборувам зошто во внатрешноста сме мизерија невидена, не опстанува од воздишките на залутани Кинези со спидо влечки, најк чорапи и цела покуќнина крената на еден ранец. И не е прашање на вкус, туку ова е веќе невкус. Те на една страна гледаш ултрамодерна архитектура(зграта од ЕВН, не толку ултра,ама модерна да), веднаш позади неа се навраќаш на минатото кое си го немал (триумфална капија), поставена без никаква основа, никакви ѕидини не постојат,само капија како таква постои, зошто ако не беше капијата немаше да можиме да влезиме на плоштад. И незнам дали си известена за тој настанот со врбите во Вардар, како на ТВ кажуваа како се ангажирани експерти за да го изведат тоа да посадат врби на сред Вардар,а всушност тоа беше една девојка во дваесетите години која се консултираше со цел форум за тоа што да им прави на врбите. Toлку од парите потрошени за ангажирање експерти. И СДСМ не го понижи народот. Сите партиски приврзаници се понижија меѓусебно. За едни протести и контрапротести се кренаа сите партиски војници на нозе, фалангата на Грујо против онаа на Бранко,а за масакарот пред нецела година кај се истите толкави протестанти и патриоти да се кренат?
Од истата фирма сме или од сестринска, сум ти ги читала постовите. Штета, не дека нема да најдеме работа туку мачење е да останеш на улица, со етикета башка и да те уценуваат, а си професионалец со искуство.
Добро бре луѓе амн сте запнале со тоа владата ја избравме таа треба да го донесе буџетот,ама знаете ли вие уопште кој треба и како се носи и гласа буџет? Уопште знаете ли што е буџет??? Јас колку што знам собранието има 120 пратеници а не 62. Сите имаат право на глас, не само привилегирани. Колку гласаа, т.е имаа можност да го гласаат? Демократски ли е некој со сила да те исфрла од работното место? Буџет не е играчка, и не се носи за 2-3 дена, без никакви претходна дискусија и компромис. Прво научете како се носи буџет кој го предлага, што е комисија за формирање на буџет па после мрсите м*да тука. Тоа ме иритира зашто и покрај сите пропагнади за образование, пола и поише народов е неписмен и не само тоа, најтрагичното е што одбива да научи нешто, како што треба да е направено, а не како некој тоа прикажува дека треба да се прави. Прогуглајте малку има на интеренет доволно податоци за постапка за носење а буџет, па после пишувајте коментари дали е законски донесен буџетот. Јас протестирам и изречно велам дека е сосема спротивно на правилникот и на законите носењето на нашиов буџет, на сила, со бркање на пратеници од било која партија, без расправа. Америка касни со буџетот,зашто имаат проблеми како да ги распределат парите,што би се рекло народски за што попрво, ние паметни и најсредените дури 5 дена порано од последниот рок Да немаше да има пензии и плати, ако не се донесеше, како да не ве молам, толку сте глупи, или одбирате да се правите? И амнте со тие споменици, аманте, не се живее со споменици, деца нема да се школкуваат од споменици, луѓе нема да се лекуваат од споменици. Ситуацијава мене ми личи само ан ова,нема дома кров на глава му тече, битно купил мерцедес за да се возика наокулу. Или госпожа се прави бунда носи, а дома секој ден леб и сол јаде, има ли логика, економија кажете ми тоа. Дали домашните буџети така ги формирате вие дома, ајде кажете ми, искрено? Како што дома се води буџет, така и државата треба да работи со него, домаќински. Кравче гледам со фирма ја поистовестила државата, јас ја поистоветувам со домаќинство, со дом. Ама кои домаќини станаа денес, не ме чуди што не знаеме што е домаќинство и домаќинско работење со парите.
Џабе објаснувате, на темава уште цртеж фали, ама партиски испран мозок не е способен да разбере ниту пак има желба да види подалеку од партијата, и тоа е жалосно. Жалосно е што на форум, каде никој не може ниту да те види ниту да дознае кој си, пак се брани нешто што очигледно е погрешно. Разбирам ако во приватен живот си ја браните партијата што ве вработила, но тука барем имате можност да бидете малку реални и искрени. Ама реалноста е таа, што нема кој да размислува во Македонија, еден гениј нема да преживее помеѓу 10 идиоти бидејќи кога тогаш ќе го потопат и него.
Abeja драга ако навистина имас 30години колку што си навела на својот профил тогаш навистина не ти соодветствува на годините вакба изјава. Aко се последни денови од 2012та дали тоа значи дека после тоа потоп ќе има па ние не треба да размилсуваме во врска со толку сериозни работи како што е општествено-политичкиот систем во кој живееме, овие настани не засегаат сите. во основа сите ние со самото тоа што сме луѓе сме и политички суштества( сустества заинтересирани за насоките во кои оди општеството ). Nе е страшно да се биде политички определен, страшно е да не се сака да се размислува со своја глава, да се биде објективен.
Мислам дека народов мисли дека буџетот што го донесоа е корпа полна пари, па ќе се распределува..А тие пари господ ни ги прати..Не се свесни дека сите ние го полниме буџетот од персоналниот данок, од ддв-то, ...Затоа и цените се секој ден повисоки и повисоки..Гледајте што ќе се случува сега во 2013 година со цените на основните производи за храна,за струја, парното, а да не зборам за луксузот... Па од нашите усти ќе се крати, да се исплатат сите предвидени ставки... Па сите вие кој се тепате тука да го оправдате носењето на буџетот, утре ќе бидете на улица против овие арамии...Се колнам во тоа дека ќе биде така... Да не ги заборавам казните на нашите инспекции...Во 2013 година, тоа ке биде секојдневие на сите физички и правни лица...Никој нема да помине без да плати казна...
Ми текна една смешна работа кога беа протестите и имаше еден клип го прашуваат: - "вие за што протестирате? " и овој се мисли , нешто а ..а аа ааа .. и тука гледаш од страна другар му го буцка и му шепка гласно : -"за буџетот протестираме" и овој одма како пушка -"За, за буџетот протестираме" Интересен беше тој ден , од една страна си седиш дома и ги гледаш како се маваат со јајца од друга страна гледаш како пола и повеќе од пола страници на фацебук зборат , Бранко крив, СДСМ насилници ова она , па тук тамо ќе видиш некој статус од некој или некоја со истата содржина , како Бранко така и Грујо демек нешто пишат како биле изреволтирани што бранко е против буџетот или како можеле овие да се соберат или било што и како може некој да гласа за Бранко и бла бла бла, како кучињата кога ќе им наредиш да ја донесат топчето , така и на овие , ама тоа е за пари све се прави све глупи луѓе , ми се собрале да ми зборат за политика а све што знаат е Бранко е крив и сл. Неможат 2 причини асални да ти набројат
^Mравки не мравки, муабетот ми беше, те прочитавме одамна А пошто е демократија како што велиш, зашто некој да лаже дека е непоределен? Да не има потереба да се плаши од некој или нешто? Неопределност само кај нас е чудна работа, секаде у свет е сосема нормална појава.
Неопределеноста и незаинтересираност за полтичките опции е баш демократија...Граѓаните одат и гласаат за таа или таа опција...Ке победи подобриот...Камо среќа кај нас да биде така...Сите да ги уживаме подеднакво правата и да ги исполнуваме обврските согласно Уставот и да не се замараме со глупости... Членовите на политичките партии да бидат личности кои имаат цел да работат за идеата на своите политички опции во секој аспект на животот...И основна цел да им биде остварувањето на тие политички цели... А не политиката и припадноста кон политичка партија да биде само за вработување...Тоа е жално...Стануваме партиски војници за остварување на алчноста на 10 челни луѓе на една партија.. Далеку е сонцето, и никогаш нема да го стигнеме...Не само кај нас, скоро секаде....Го губиме своето јас, тонејќи си во бедното секојдневие... ^Mравки не мравки, муабетот ми беше, те прочитавме одамна А пошто е демократија како што велиш, зашто некој да лаже дека е непоределен? Да не има потереба да се плаши од некој или нешто? Неопределност само кај нас е чудна работа, секаде у свет е сосема нормална појава. Хипстер, некаде по постовиве те прочитав што сакаш понатака.Ти треба упорност и истрајност во тоа што сакаш да го оствариш.Тргнав по тој пат, но за жал ме сопреа xxxx работи...Или не бев доволно храбра...Не се каам воопшто, ама ете ми остана неостварена желба....Во Македонија е тешко тоа да се оствари, но немој да дозволиш да застанеш..Продолжи понатака...Тоа е најубавата и најчистата работа во правото...(мислам дека беше тоа ти, ако грешам извини)
^ Само што ние во демократијава реално гледано си имаме дел и од монархијата. Колку што знам, граѓани се оние што имаат слободна волја, а поданици оние што на мирен или агресивен начин мора да се приврзат на оној што е ставен на пиадестал.. Понекогаш се прашувам какво општество сме? Луѓето што се неопределени се таргет на поданиците на политичариве, што веруваат во ветувањата и до нивното (не)исполнување лепат плакати.. Едните на врата доаѓаат, само што си помислил дека си куртулил ајде уште некој преставник од другите.. Со насилства ќе ги решаваат овие проблеми? Луѓе што се сметаат за врвни интелектуалци се спречкаа како да се во првите години во основно? Па во школо е поцивилизирано, не зашто се плашиме од некој, туку зашто си ги знаеме границите и последиците. Побогу што избира народот? Кој се наоѓа во највисокиот круг на државава? Главна преокупација во нашава државичка што полека (но сигурно) се распаѓа е политиката и ништо друго. Малку посеверно од нас луѓето скоро и не знаат кој е на власт, со што проблеми се соочува државата, не се работи за незаинтересираност туку ете, луѓето знаат да си гледаат пред себе и го живеат животот за себе. Само алчноста го прави ова, не излегувале на избори и што? На тој начин ќе добијат власт? Пасивни се во донесување на некои одлуки, па ќе префрлат вина на владеачката. Закана дека ќе имало пукање..? (втф?) Кој е крив што се водат толку простоумни, едноставни, манипулаторски политики? Па малце шминка треба, и за тоа треба да се има вештина.. Не е никој сјаен, туку што ни ја уништуваат златнава Македонија ја уништуваат, ќе го прават тоа се додека си ќутиме, а ние Македончиња 500 години сме си ќутеле па зашто да не ќутиме и сега.. Едит: Хипстер прочитав нешто за образованието, што фајде за прашината околу тоа? Незнам што годиште си, јас сум последна во средно, ни го направија средното задолжително, демек со пообразована држава ќе одиме напред.. Незнам дали ги имаш отворено книгите од кои учиме, оние со просечна интелегенција не сведоа на ниво - со врсниците кои се со пониска интелегенција. А што е со оние со повисока? Дали има посебно наменети училишта за нив како што има скоро секаде низ светов? Затоа сакаат оние со пониска интелегенција да учат во нормални школи, а не во оние наменети токму за нив (со изговор дека не треба да се отфрлаат, дека треба да се социјализираат). Книгите се преполни со погрешни информации, прекратки лекции, оценките со врски.. Оние ученици што треба да бидат истакнати, што се полни со капацитет за уште и уште како за инат ги потиснуваат доле.. Еве пример земам, една лекција по историја е четвртина страна (историја, што треба што е можно повеќе да знаеме). Една страна е пола со слики (кои незнам како би ни го олесниле учењето) а скоро пола е со текст. Прашања: Што е расизам и сегрегација? И многу други такви смотани, што од општа култура треба да се знаат (а таа општа култура секако, никаде ја нема, зашто некој треба сепак да ни ја наметне..). Мое мислење е дека помалку се потребни образовани лица, би оделе контра нечии желби и потреби.. А таа фама што се дигна е чисто ради матење очи. Ова е мое мислење, можеби сум грешка, јас тоа така си го објаснив и таков е мојот став..
Ова демек сите што се декларираме ко неопределени сме СДСМ-овци. Во партија стигна да се зачлени и слепо и сакато, онака, сите ќе бидат дипломати. Епа да ви кажам, со вакви, извинете на изразот, сељаци, држава не се гради. Не знам кој комплекс го имаат овие од ВМРО, секој што не е на нивна страна е автоматски против нив, алијас од СДСМ, мислам до сега не ги приметив плавиве да се жалат на такво нешто а не дека и тие се невини души. Дали треба некој да застане од страна и на глас да ви ги прочита мислењава и на едните и на другите, па да видите колку налудничаво звучите, или некоја друга интервенција треба да се изврши врз вас не знам, знам дека ова ќе си го сфатите ко навреда ама па ич не ми е гајле, итака се лажеме дека живееме во демократија, ама за обоен ум нема лек, и тоа е најлошо нешто што може да се најде во близина на неопределен. Дечки, апел до вас, застанете за момент, размислете со своја глава, ослободете се од стегите на партијата и напнете ги нервните клетки, ако воопшто ги имате, и размислете со своја глава, не со главата на Грујо или на Бранко, за момент барем просветлете се, нека проструи памет низ вас и отворете очи да видите што се случува. Поклоните од партија како работно место, како што ви се дадени така може и да ви се одземат. Да не спомнувам воопшто колку лесно може да се смени власта па да останете и едните и другите без работа. Ама не знам и јас што се напнувам, за мрзи што чекаат работа од партија, најверојатно не се ни вредни да сами постигнат нешто. Ова беше крајно од мене, немам намера да бидам навредувана со тоа што некој ќе ме етикетира како овца, без разлика дали од вмро или сдсм, и дефинитивно јас си одам кај Битерсвит да живеам каде што политиката нема една ебана врска со обичниот народ, и каде што всушност луѓето веруваат дека си неопределен, бидејќи го имаш тој избор.
Колумна на Саше Иваноски кој имаше емисија на Наша тв, за него немав мислење некое дури и си викав што бара овој пред камера ... ама после ова, сфатив има сепак сиви мозочни ќелии кои не се за подценување. Има еден момент што сите го забораваме во целава приказна за мак политичката сцена. Сите го шамараме СДСМ за нивниот слаб рејтинг. Мислам дека сме пресурови и дека забораваме некои други моменти. Имено, слабиот рејтинг на опозицијата се должи и на тоталната неспособност и мрзеливост на новинарите приврзаници на опозицијата. Додека Латас пишува колумни се појавува на туѓи емисии и се појавува „3 пута“ на ден на вести, 4 пати во неделата а останатите денови палката ја има младата партизанка, додека Јанко води 5 пати емисија неделно со по 2 саата програма во живо, Миленко освен својата емисија буквално трола на фб и се појавува во сите други емисии, Мирка се појавува во сите емисии, кај не може да стигне физички се јавува преку телефон и плус пишува фермани од по 10 страни у Нова Македонија, истото се однесува и на Жоро и останатите…Плус тука треба да се додаде и off.net i on.net кои прикриено дуваат во едрата на пиратите…Курир е една невидена тајфун машина што гази се пред себе. Тука треба да се додадат и фб троловите, платените јавувачи по контактни емисии, порталите како безпардон и слични други слаби медиуми но собрани заедно на куп пак имаат одредена тежина и ефект…Плус тука да се додаде она бедно створење од Капитал и новиот весник на Момировски, тој навидум безопасен добродушен шарлатан но во основа подло мало Латасче… Многу интересни во целата приказна се Еднооки. Тие на прв впечаток ги исмеваат и двете страни. Но исмевањето на луѓето од ДПМНЕ е на физичка основа додека исмевањето на поставата на СДСМ е физичка, карактерна, идеолошка и морална. Редовно, потсвесно, Еднооки во умот на луѓето пласира слика за СДСМ како одвратни непријатели платеници шарлатани, во умот на нацијата Еднооки извршуваат редовен успешен геноцид на се што не се согласува со преродбата… Од друга страна кој е одговорот? Сте го виделе некаде Борјан? Оливера и Ефтов мислат дека со една емисија неделно можат да одговорат на блицкригот…Тоа е како со воден пиштол да се обидуваш да сопреш тенк…Тоа е бре патетично… Падобранецот у Алфа ТВ и Санта се толку меки и нечујни што се како тивок пувеж у гаќи…Чомовски го снема…Пецко го снема… Роберт Поповски е нокаутиран исто така…Се останува на плеќите на дечките од Фокус, Плусинфо и Либертас кои се борат како заборавена чета у Вуковар…Мала помош стига и од колумните на Горан Михајловски и некои колумнисти во Утрински особено Ризаов. Новиот магазин Граѓански дава се повеќе помош, но концептот не ветува некои огромни тиражи, стилот им е премногу софистициран у уметнички. Многу ветуваат бриф.мк и а1он.мк. Соросоидите како ГЕМ и останатите НГО поврзани, се со многу мал ефект во креирањето на јавното мислење бидејќи немаат никакво познавање од медиуми и пропаганда, тие се робови на некои нивни самопоставени стандарди на финоќа и семинарчиња и предавања кои ги гледаат и пратат што директно што индиректно едвај 1000 луѓе. Тие се многу заслужни за речиси сите интернет сајтови и за тоа ЗАСЛУЖУВААТ многу честитки и благодарност, но тоа не е воопшто доволно и е едноставно премалку… Да се додаде радио Канал 77 и Телма кои се далеку од ефективни и моќни и убедливи во пристапот… Потребна е акција, потребна е будност и растрчаност но ефективна и умна а не безглаво трчање по трибини низ Македонија кои ги виделе едвај 100 души, потребно е создавање на медиум каков таков, било да е на интернет било да е терестријален каде ќе се зрачат дебати и расправи секој ден и тоа во секој дел од денот… 24 Вести се буди полека, Боби Христов не ветува многу, но кога све друго е мртво и он ни изгледа како Волтер Кронкајт… Да заклучиме. Да бидеме реални, Груевски тепа и се одржува жив поради фанатичноста и агилноста и работливоста на Латас, Ивона, Мирка, Миленко, Јанко, Жоро, Горан, бандата од Курир…Колку и ние да велиме дека таа банда е компромитирана и прочитана, сепак „ебе упоран дечко“ а они се проклето упорни, а народот сепак има лимитирани капацитети да укапира спин, како и секој друг народ на ваква млада држава… СДСМ е сеуште слаб и не успева да профитира на огромните грешки на власта. СДСМ е сеуште слаб и поради неагилноста и мрзеливоста или пак неефективноста и неубедливоста на Борјан, Оливера, Ефтов, Зоран, Санта , цел Сорос, Чом… СДСМ е сеуште жив поради жилавоста на цела постава на дневен и неделен Фокус, плусинфо, либертас, бриф, а1он, неколку колумнисти и одвреме на време клукање по некое зрно на телма и алфа. Доколку недај боже рокне Николче Младенов со своите весници, доколку се изврши, а ќе се изврши комплетна смена на уредувачката политика на Алфа ТВ иако она и до сега не беше опасна освен вестите кои можеа да бидат далеку поопасни и позначајни, доколку секнат парите од Сорос за порталите, нас драги мои не чека едно црно црнило, така гадно сме го наебале како држава, не ни гине тогаш Белорусија и ќе го следиме стареењето на Груевски на тронот како што го следеа истото Кубанците со Кастро. Тогаш не само што ќе може глатко да им помине кршење на устав и деловник и потоа насилно исфрлање на опозиција и новинари, туку и уставот ЌЕ ГО УКИНАТ! МАМАТА ЌЕ НИ ЈА РАСПЛАКААТ, има да ја претворат Македонија во Албанија во времето на Енвер Хоџа! Ќе градиме бункери по цела држава и ќе го славиме Свети Никола како штафетите на Тито…Тоа ќе биде 100 000 пати погрозно и позаебано од она што е сега…Веќе неколку пати го видов островот на змиите од Преспанско Езеро постиран на неколку фб ѕидови на портокалови талибанци како срамежливо реинкарнирање на озлогласениот Голи Оток… Затоа, драги мои, чукнете ја малце главата, ставете прст на чело, дај да се прегрупираме, инаку ЦРНО НИ СЕ ПИШУВА!
И сега се замислив, разликата голема меѓу Бранко и Гвујо, Бранко не покажуваше сила на македонците, тепаше каде беше потребно кај опозитот, не истакнувам каде си знаете, а овој Хитлеров демонстрира сила и диктатура врз сопствениот род. Пу!