Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    А кај прочита дека е за Франција? Ако ова ти е Франција,шта речи.:D
    Не ви се верува А? Хахахха ;)


    Screenshot_2019-02-28-18-50-08.png
     

    Прикачени фајлови:

  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    https://www.telegraph.co.uk/news/20...place-mother-father-parent-1-2-controversial/
    Имаме прочитано ние што следиме малку повеќе вести и од светот. Точно е, ова е актуелна контроверзија која се однесува токму на Франција конкретно.
    Царовска нема спомнато никаде вакво нешто.
    Информирај се малку пред да споделуваш вест тука.
     
    На Amellie13, oblace1, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Франција почна со ова пред неколку дена, го наметна истото во Србија, а сега и кај нас.
    Ц ц ц ц каков идиотизам господе.
     
  4. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Во право е @LollySky . Првично ова беше предложено во Франција и мислам дека е стапено во сила лај нив. Следна беше Србија пред некој ден, а сега еве и ние, за жал.

    Ова е начин да видите кој е еден од диригентите во Македонија и Србија и кој ни ги дроби државите.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Вмро беше во минатото. Денес дпне нема никаква допирна точна со вмро.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Фино што си читкаш, ;) но еве и кај нас дојде "француската и српската мода"
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Јас не спорев нешто,туку прашав дали се сложувате со ваквите измени и кај нас. Ама стандард мора на се контра да се оди.
     
    На zuto, orevokrsacka и Ма.нев им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Епа Ики, не сите знаат да читаат меѓу редови. Или не сакаат да си признаат дека ова е чекор 1 пред да ни го натурат чекор 2. Важно пак се е "во главите на вмровците" Дежа ву ситуации. А после коментарот ќе им биде : Па што ако! Пошто мама и тато се затуцани средновековни термини. Сега ќе биде во мода: Родителу 1, кажи му на родителот 2 да оди денес на родителска средба. И да нагласи на класната дали е кец или двојка родител. Од причина што и кецот и двојката носат штикли, па ќе има збунки големи.
     
    На zuto, Abeja, Outlook и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Целата работа е во тоа што предлог законот воопшто и не се однесува на редефинирање на родителството како родител 1 и родител 2, или за менување учебници, па тука веднаш спомнати децата како најосетлива точка, туку на редефинирање на брак, така да ако веќе се дискутира, би требало да се дискутира за тоа.
    Јас лично? Не ми пречи ништо во случајов, не се крати ниту едно мое право за сметка на тоа некој друг да добие еднакви права. Не мора баш сите во Македонија да делат исти конзервативни вредности.
     
    На Amellie13, oblace1, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    @iki26, @orevokrsacka
    Дајте една официјална изјава на некој надлежен (јас ниедна не видов) дека законов се планира и за овде, па да ве сфатиме сериозно и да дискутираме. Според Инфомакс и сличните, во нивниот паралелен универзум можда и Bill C-16 од Канада веќе функционира и кај нас. Важно веќе и вицови си составивте... ама ако, нема со што да се занимавате освен со екстремно либерални „сатански“ проблеми, разбирам.
     
    На Amellie13, lovestoneddd, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Ако се носи законов кај нас, мислам дека повеќето сфативте со која цел се носи и зошто.
    Мислам дека нема потреба да разјаснувам. Кој сфатил-сфатил.
     
    На zuto, iki26 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Со самото редефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена се отвора врата за стапување во брак меѓу истополови личности. Тие секако дека не можат да добијат свое заедничко биолошко дете, па ќе одат на тоа да посвојат или едниот од нив да биде биолошки родител, со позајмен биолошки материјал од некој трет. И нормално е дека тогаш., овие луѓе ќе бараат да бидат заведени со друг термин, а не со терминот мајка и татко. И за атер на нив, ќе биде редефинира о и родителството, за истиве да не бидат "дискриминирани" И да, ќе се занимаваме со што сакаме без барање дозвола од либерални умови.
     
    На zuto, Abeja, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Се што кажа @orevokrsacka ,еве ви читајте,не туку мудрувајте.
    Само многу вешто го заташкаа ова,а на вести спомнаа само дел за законот за дискриминација,го скокнаа главниот дел за истополови бракови и можноста да посвојуваат деца.
    Инсталациите на евроатлантистите насекаде се исти.
    Цел Балкан е покриен со евроатлански човечки отпад
    Најдоа глувци за експериментација,и лудаци за се тоа да можат да го дозволат.


    image-0-02-05-38b50405e4e8fab77952b7fcdda4cc2f192601eddecbfbab2f6bdfb55b72367f-V.jpg
    https://republika.mk/vesti/makedoni...remena-smena-na-komisijata-za-diskriminacija/
     
    Последна измена: 28 февруари 2019
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против правно регулирање на истополовте заедници. Десничарски сум ориентирана, ама кога се во прашање личните права и слободи, целосно сум либерална. Ако знаеме дека биолошки фактор ги детерминира хомосексуалците и дека постоеле, постојат, и ќе постојат, не гледам причина зошто да се однесуваме како да ги нема. Тоа родител 1 и родител 2 е решение во Франција, и таму предизвика големи контроверзи, а не пак овде каде општеството е поконзервативно. Сепак, начинот на кој сакаат да регулираат е многу лош. Прво, затоашто не се пристапува директно кон одобрување на истополови бракови. Треба да се изедначат со вонбрачната заедница, да се регулираат односите меѓу нив. Па потоа постепено да се оди кон легализација на истополови бракови. Во Франција тој период одел 10 години. Не треба кај нас преку ноќ. Колку е етички да посвојуваат деца, или да ги имаат со вештачко оплодување или преку сурогат мајка, не знам. Никој не докажал како тоа влијае на психолошкиот развој на детето, од причина што ова е релативно нова појава, и малку е времето за истражување. Ама како и да е, лоша имплементација што ќе предизвика бурни рекации во општеството. И да, ова е радикално менување на семејните вредности. Дали нашето општество е подготвено за ова? Не го поддржувам Законот. Доколку би одело постепено, тогаш немам против.
     
    На candy.cane, DAngel, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Додека сме на тема еднаквост и дискриминација на одредени групации, еве што е најново во Шведска:
    1cecilia-johnsson.jpg
    Цурево е претседател на шведскиот огранок на либералната младина. Покренала иницијатива за законски измени со кои ќе бидат озаконети инцестот меѓу брат и сестра постари од 15 години и некрофилијата. :devil:
    Смета дека „ е лудост да се воздржуваш од одредени сексуални нагони само зошто предизвикуваат одвратност кај околината“. За среќа нејзините постари политички сопартијци не го делат нејзиното мислење и ја осудиле, ама важно е дека некои мрачни умови успеале да го тргнат капакот на Пандорината кутија, па кај ќе се најде плодна почва ќе се посее и семево. Само треба псохопатијата да ја преоблечат во нео-либерална одежда, и расчовечувањето нема да има граница.
    https://matrixworldhr.com/2019/02/2...fSpa_FdzeSYH2aY_d_j59BPmU_V7kcxHXiz-WuJN2D6lo
     
    На Outlook, zuto, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Психопати ќе ова секогаш и во едните и во другите.
    Целта на законскиот сексуален однос е да не повредува никого и на никој начин и да има целосна согласност и од двете страни.
    Мртов човек никогаш нема да даде согласност, во однос брат/сестра на потенцијален ризик паѓа нивното поколение, така да, можат да си поднесуваат законски измени за што било, а за другото...

    Патем, за она другото, "за традиционалното ви семејство". Еве, јас како самец имам поднесено документи за посвојување, со примања надминувам многу фамилии. Ќе посвојам дете и ќе си го гледаме со девојка ми како свое. И сега? Ќе ни чуе што вие мислите?
     
    На candy.cane, Amellie13, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Нашите 'традиционални вредности' се:
    -крадење
    -лажење
    -врски
    -немање доктори
    -ученици со најмалку знаење од сите во напредниот свет
    -сиромаштија
    -корупција
    -непотизам
    -распаднати болници, школи и др институции
    -споменици
    -итн

    Вака ми стои, ко и да не се за величање тие 'традиционални вредности'...
    Не знам вие шо мислите?
     
    На galapce, candy.cane, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Секако дека нема да ви чуе.
    Не е тоа поентата. Си размислила ли еве, на пример како ќе ќе постапиш кога утре детето расплакано ќе дојде од школо, од игралиште и ќе плаче дека е предмет на потсмев, го прашуваат која ти е мајка а кој ти е татко, го нарекуваат него или вас со погрдни зборови итн. Ќе ти чуе ли тогаш како да го заштитиш од психичко малтретирање и да му овозможиш растење без да има трајни лузни, етикети и фрустрации. Што ќе правиш, ќе одиш да се расправаш и тепаш со деца и нивни родители, да се тешиш дека други се виновни што има невоспитани, прости и сурови луѓе на светов? Дали не се плашиш дека детето утре ќе те осуди што си го израснала свесно во такви услови, знаејќи дека во најмала рака ќе биде жртва на таков вид на дискриминација и понижувања? Дали воопшто ако мислиш на доброто на детето би постапила така, или тоа ќе биде хир на твојата суета дека можеш да правиш што сакаш и се ти е дозволено?
     
    На Outlook, SeaMermaid, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Треба многу работа,проекти и подигање на свест пред да се донесе еден ваков закон.
    Првин тоа, после добра имплементација и на здравје. :)
     
    На candy.cane, Someonespecial, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Кај нас, ваков закон... не верувам за брзо.