Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Предлог- законот што сакаат да го протнат неолибараливе, да не речам соросоидите, родител А, Б, и бракот кој не бил заедница на маж и жена, спакувано во ‘Закон за спречување и заштита од дискриминација‘ нема да им помине ни кај народот. Напротив, несклони кон зборовни промени, и традиционални, и во поглед на природните законитости, може само да ја зголеми народната традиционална употреба на пцовки, па уште повеќе да им тиииит......и татко и мајка и шајка.....
     
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Ќе бојкотираш пак ? :rofl:
     
    На Yowannty, candy.cane, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Слободно барај си истополов партнер :rofl:
     
    На zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Зошто толку ти пречи?
    Навистина...
    Ти пак ќе си бидеш во истиот брак, со истите деца... нека ти се здрави и живи.

    Можеш да ми објасниш.. навистина... зошто толкава одбивност?
     
    На candy.cane, Someonespecial и LollySky им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Би постапила, оти јас на тоа дете можам да му овозможам подобар живот од многу хетеросексуални парови. И доволно љубов и доволно внимание.
    И мене ме исмевале заради косата со која се гордеам сега.
    Ме исмевале заради телото со кое се гордеам.
    Ми беше срам на другарки да кажам дека сум добила затоа што додека јас седев помеѓу нив со влошката меѓу нозе тие исмеваа девојки затоа што добиле
    Ме исмевале заради знаењето што ме довело до кај што сум сега
    Ама секогаш ќе се гордеам со моите родители што ни еднаш не ми рекоа "срамота е да имаш добиено, не кажувај никому", напрптив, кога јас се налутив на мајка ми дека кажала јавно дека сум добила само ми рече "тоа не е нешто од кое што треба да се срамиш".
    Кога ми се потсмеваа на книгите што ги читам ни еднаш не ми рекоа "не читај"
    Кога ми се потсмеваа што бев во врска со постар дечко над година дена и тврдев дека сум невина, не се затрчав да му дадам за да не ми се потсмеваат.
    Кога се прибирав дома на време и ми се потсмеваа и за тоа, никогаш не подлегнав на притисокот од друштвото па да се "бунтувам" дома.
    Ме израснаа во силна личност и за тоа сум им бескрајно благодарна, а јас од една страна ќе дадам сѐ од себе да израснам исти такви силни личности што нема да потпаѓаат на притисоците од општеството, а од друга активно ќе се борам против општество со предрасуди, кои на еден или друг основ секогаш ќе постојат.
    Дали треба да останеш во брак со насилник и силувач само за да не му се потсмеваат на твоето дете? Дали така ќе израснеш здрава личност?
    Дали треба еден ден да бидеш православен, еден католик, еден муслиман и еден атеист за да не ти се потсмеваат на твоето дете?
    Некој секогаш ќе најде причина да се потсмева, промената треба да започне од тие што напаѓаат, а не од тие што се нападнати.
     
    На galapce, Yowannty, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Абе се средија во државава па до "законов за дискриминација" стасавме...
    Прво укинуваат надоместок за трето дете, после купуваат вазелин и кондоми, па сега законов.(facepalm)
    Ова е кога се ти е средено во државава па ај нешто ќе работиме да не седиме така, а ние сме многу далеку од таа ситуација.

    А да почнеа на пример со доделување на 5ваучери за инвитро наместо 3, доделување на ваучери и на луѓе кои со резултатите сега немаат право на тоа(барем два обида), продолжување на породилно 12 месеци, подобрување на условите во болниците и сл?
     
    На zuto, Abeja, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Мислев амин првин од тебе да побарам :wasntme:
     
    На galapce, Yowannty, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Абе да се чудиш за тие кондомите и лубрикантите (не беше вазелин).
    еден кондом, едно паковање лубрикант од 5мл. Промотивен материјал.
    Не купија за два милиони народа залиха од кондоми и лубриканти за една година.

    Плус, ваков закон нема да се носи кај нас.
    Не туку ширете лажни вести
     
    На galapce, Someonespecial и LollySky им се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Воведување на родов идентитет како дел од законот за заштита од дискриминација? Знаете што сето ова во иднина значи и какви опасности крие? Прво да кажеме дека од аспект на Православната Црква тоа е тотално безаконие.
    Тоа ќе значи и еднаквост помеѓу машкиот и женскиот род. Не, не сум шовинист, само според учењето на нашата Црква и Библијата Бог машко и женско ги создаде, машката природа си има свои квалитети, а женската свои. Мажот ја надополнува жената и жената мажот. Она што го нема жената го има мажот, и обратно во физичка, духовна и психичка смисла. Никој не е понижен се работи за различни дарови, а како плод на единството нивно се раѓаат деца. И сега што? Најкрупните импликации од ова се, тоа што во иднина нема да има мајка и татко, но родител А и родител Б. Тие се само родители, според новата философија, и законско решение, нема различност меѓу нив тие се исти. Ова води пак кон нарушување на семејната заедница, оти родителите не мора да бидат машко и женско како што е благословено, но можат да си бидат и двајца мажи или пак две жени. Бидејќи двајца мажи и две жени не можат да зачнат ќе биде употребено посвојувањето или оплодувањето со сперма на донатор. Какви ли ќе бидат децата растени во такви заедници? Какви ќе бидат и нашите деца соочени со оваа абнормалност? Најлошото после ова е тоталитаризмот на мислата кој е на ред. Ако само после овие законски решенија кажеме дека хомосексуалниот блуд е грев, или ваквите парови не се подобни за посвојување деца, може да си завршите со прекршочна или не дај Боже кривична пријава.... Разбирате какави страшни работи ни се случуваат....Крајната цел е разнебитување на се христијанско и сатанизација.
    Дали сум јасна сега?
     
    На zuto, ocicka2014, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Секуларна држава сме, православната црква може само да се слика, ама под услов да платат за сликање во дворот прво :!:
    И да, шовенист си. Еднаквост, страшна работа...
    Пу, пу, зачувај Боже, еднаквост меѓу маж и жена...:o

    Од твоја уста во Божји уши.


    Патем, веќе кажав, законски како самец јас пак можам да посвојам дете и да го гледам со друга жена. Значи законот тебе не ти менува ништо, ама баш ништо. Единствено што ќе заштити луѓе од дискриминација. Со тоа што ти се буниш за тоа, значи дека си обичен дискриминатор.
     
    Последна измена: 1 март 2019
    На Yowannty, candy.cane, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Оди речи им на поповите дека не е во ред да се чепкаат мали момчиња, па после занимавај се за прашања по однос на возрасните, кои со взаемна согласност стапуваат во еден таков однос.
     
    На candy.cane, Tan4ence, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со истото мислење како моето со повеќето од тука, дека ова ништо добро нема да донесе, туку спротивното.
    Лошо би било и за општеството.
    Сепак тоа е мое мислење.

    Примерот горе со Шведскиот претседател на некоја си партија таму, најдобро ги одсликува ваквите потези и во што тие ќе се трансформираат понатаму.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Сериозна си за ова?
    Државни закони не се преават по религиски догми.
    Секуларна држава сме.

    Држави во кои се едно религиските и државните закони, се онакви како Саудиска Арабија.
    Би живеела во Саудиска Арабија?

    Ти пак може да си верник и со ваков и со секаков закон. Тоа тие право кое ти е 'доделено' во самиот устав.

    Иначе законов (кој не се планира кај нас сеуште), нема да биде биолошки закон.. во смисла дека двата пола се исто градени анатомски, туку правен.
    Еднаквоста ќе биде во правна смисла. Нема да ни порансат пениси, или на мажите да им пораснат вагини.. А уште помалку, таков закон ќе тврди, дека сите имаме и пениси и вагини.
    Само пред институциите, секој би имал еднакви права, кога се во прашање имотни, облигациони, родителски/старателски односи.

    Хомосексуалноста не е 'сатанска' доктрина, туку сексуална ориентација. Нема везе со Сатана. Ако си верник, ќе знаеш дека Бог е онај кој не створил. Значи створил и хомосексуалци.
    Нема што да ја доведуваш во прашање мудроста на твојот творител.
     
    На Yowannty, candy.cane, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Како и секогаш на темава,поддржувачите на Црпко и компанија СПРЕМНИ се во одбрана на се и сешто, што лудиве од влада ќе кажат,изгласаат,одобрат...
    Јас кажав што мислам околу предлог-законов.
    Лично би се залагала за зачувување на семејните традиционални вредности.
    Ако некој мисли, или е преориентиран поинаку- слободно нека си го тера избраниот пат по кој ќе оди.
     
    На Outlook и zuto им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ама ти пак можеш да си живееш живот според твоите 'традиционални вредности'.
    Нема да те спречи ваков закон (да повторам, кај нас нема да се носи).

    Иначе, ставовите ги изградив, многу време пред да дознаам дека постоел Црпко :)
     
    На candy.cane, BoaVista, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    И да се донесе законот - и да не се донесе, јас и девојка ми ќе си гледаме дете, а ти не можеш да направиш ништо за тоа? И сега? Кои традиционални вредности си зачувала?

    Црпко е аргумент за сѐ што не им се допаѓа. Друго не знаат. Или си со нив или за Црпко.
     
    На Yowannty, candy.cane, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  17. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Така де, ако имаш поинакво размислување или си соросоид, или црпнат, или сатанист. Нема простор за почитување на различностите, само етикети. По принцип-ако не знаеш што да кажеш прејди на напад на лично ниво и дискредитација.
    А знаеш што е најинтересно @iki26? Дека ние црпнатите сатанистички соросоиди не ви лепнавме етикети. Не дека нема простор.
     
    Последна измена: 1 март 2019
    На galapce, Yowannty, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Икице , нели ма не беше од " вемеро"? Ил ти од она старото на грујо или љупчо си, мицко не чиниТ8)јас вемеро употребив како парадигма за аздисаност, а не дека мислам дека другите смрдшм ил како ги викаат се бољи. Ти напаѓаш ад хоминем и очигледно си имаш фаворити...ај да погодам...ве вработиле тебе ил мужич:D гуд џоб:hai:
     
    На Yowannty, WildMk, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Слободно терај си го твојот пат со девојка ти. Твоја ствар.
    Само биди спремна во иднина како ќе се борите против природата, кога прв збор на секое дете е " мама " без никој да го учи . Кој родител ќе го учи детето да го вика родител 1 или 2 ?

    А јас кои традиционални вредности сум зачувала?
    Брачната заедница (помеѓу маж и жена), и оддржувањето на семејството, како темел на кој се гради целиот живот.
    Духивните/религиозните вредности.
    Моралните вредности,и многи други.
     
    На carangigia, orevokrsacka, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.