Да, пошо еве ти одма дома твоите "Родител 1" и "родител 2" ќе ги викаш. Од кај ги вадите аргументите, стварно не ми е јасно. Замјатин може вода да ви носи.
Еве ви и официјален демант. Ќе признаете некогаш што шунд новинари следите? https://novatv.mk/tsarovska-terminite-majka-i-tatko-nema-da-se-zamenat-so-roditel-1-i-roditel-2/
Ааа, тука ли се правело муабет за родител 1 и родител 2? Ја па од прееска копам низ форумов, очекував веќе нова тема да има за ова. Ај, нека ги префрлат мислењата, па да дискутираме на раат.
А да си прашам... Кој ќе биде родител А- 1 или родител Б- 2? По што кај некој родител 1- еден е таткото, а кај некој родител 1- еден е мајката па какo ќе се распознаваат
Уф, ќути ми олесна. Добро е што министриве и премиерот се луѓе од збор, и законите траат и се почитуваат „док мајстор не оде“.
Таман додека лажат тие вие Грујче ќе си го вратите, па и инквизиција ќе воведете и јавни бесења на плоштад за блудници. Не е проблем.
Ептен имавме шанса да ни зафали, ни од странство не знае да заќути. И темата на форумот за него на мира не ја оставате. Еве, пред да го напишам мислењето имаше нов коментар. Тоа "што го спомнувате Грујо" никаков аргумент не е, додека самиот се меша во секоја чорба (или секој гулаш, како и да е).
Може и од спротивен аспект да се погледне на ова. Дека толку е сѐ средено во државава што вие чуварите на моралните вредности се занимавате со хипотези, лажни вести и ствари кои всушност се однесуваат на Франција. А кој е виновен за тоа исмевање и дискриминација, геј паровите посвојувачи или ти и сличните како тебе? Што е хир - да му пружиш човечки услови наместо домски живот на едно дете без разлика од кој пол сте со партнерот, или да си правиш забава исмевајќи се со тие луѓе што го преземаат тој чекор оти не можеш да ги разбереш, и да воспитуваш и нови генерации да ги исмеваат тие посвоени деца? Како што кажа Ејнџел, на секоја страна постојат забегани умови. Е, додека цурава и слични екстремисти сопартијците (значи исто либерали) ги сечат во корен и се оградуваат од нивните фикс идеи кои јавно ги изложуваат - црквата во „одежда“ на чувари на морални вредности, ја носи на душа психата на куп злоставувани деца, таквите случаи и се кријат и виновниците се штитат меѓу нив. Дали ти и твоите истомисленици Оревокршачка, сте така згрозени и од црквата како институција, и зошто не? Инаку @SeaMermaid се согласувам со твоето објаснување, објективно и коректно од правен аспект како и секогаш.
Значи или наопачки разбираш или намерно ги извитоперуваш моите зборови. Секоја дискусија со тебе би била јалова.
Овој закон е погрешно протолкуван од страна на некои групи и сл. Според мое толкување на законот се однесува на тоа мајката и таткото да останат во рамки на тоа што е и сега важечко, само што би се сменил во однос на истополовите парови каде би важело ридител 1и родител 2. Да не ги мешаме работите, и мислам дека понатака со отворање на поглавјата би било и да ги признаеме таквите бракови.е сега дали ке ги признаает е прашање на власта и др фактори.
Еве една квалитетна анализа на тоа како десничарската постава живее и се храни со фејк њуз: Од „кампови за мигранти“ до „родител 1 и 2“ – кратка историја на масовни хистерии Спојлер Во целосниот текст на линкот се спомнати и шпекулациите за камповите за мигранти (кои никогаш не се исполнија) и наводните киднапирања за трговија со органи. Медиумска писменост, луѓе. Лош избор ви е да живеете во паники или неоснован општествен бес.
Вмро станало експерт за ширење лажни вести, паники и слично. Работата е до таму што, од самото читање на насловот можеш да заклучиш дека е вмровска измишљотина. За греота се овие што веруваат уште. Пендаровски кандидат за претседател, добар избор направиле ке го гласаме .