Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Сопруг и сопруга е едно,а маж(не е само сопруг) и жена( не е само сопруга) имаат повеќе значења.
    Секој нека си се преориентира спрема својот порив и желба, јас лично сум против тие "модерни" начини на живот. Ако се донесе сметам дека ќе биде многу злоупотребуван,но секој со сво мислење и коментар. Јас сум за зачувување и негување на традиционалните семејни вредности.
     
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Да ама сигурно кога збориш со сопругот твој не викаш сопругу или Денес сопругот тоа и тоа го кажа/направи.
     
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Јас не,ама ако се донесе законот за истополовите бракови,ќе мора некако да се викаат родителите(мајка и татко) , а при тоа да не се дескриминираат во однос на другите. Затоа реков дека ќе се злоупотреби во многу дадени случаеви и моменти.
     
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Ама зошто би биле деца на хомоселсуалци дискриминирани затоа што јас имам мајка и татко? Да не треба и пред сирачиња да ги нарекувам поинаку?
     
    На Nausicaa, Yowannty, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Затоа што во ова поднебје(јас,ти,нашите родители,нашите баби дедовци..) векови наназад децата се растеле, подигале и учеле според традиционалните и духовните вредности. Сега овој закон се коси со овие сваќања,и затоа наидува на голем отпор. За повеќето не е прифатливо двајца мажи/жени да посвојат деца, зошто сликата е друга,и поразлична,за разлика од традиционалните семејства (маж и жена)
    Затоа што на повеќето им е too much да гледаат како двајца мажи споделуваат нежности(бакнежи,прегратки...) пред очите на децата(што не е спорно во традиционалните нели),и многу други.
    Не сме ние толку "модерни" и "отворени" кон овие нови вредности.
     
    Последна измена: 2 март 2019
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.773
    Пол:
    Женски
    @iki26, како тоа мислиш - детето онака природно секогаш прво изговара „мама“? Детето на таа возраст, без никој воопшто да го учи како што велиш ти, не би изговорило буквално ништо. Човекот има предиспозиција за говор во мозокот, но ако не е изложен на никаков јазик - ќе за(о)стане во фазата на плачење/гугање. Ова е природата и вака всушност функционира. Сè е општествено наметнато (секако, во објективна смисла го кажувам ова, само по исклучок некои работи се негативни).

    Не знам што точно подразбира законот во Франција, не навлегувам толку во светска политика, но не верувам ни таму дека ќе се вмеша во воспитувањето во самиот дом, до таму каде што го носите со први зборови и сл. Па ни геј паровите сигурно не би учеле посвоено бебе да ги вика родител 1 и 2, едноставно непрактично е, комплицирано и налага дистанца, само во вицови може да функционира вака. Претпоставувам се однесува на превенција на дискриминација во смисла во јавните документи, и во училиштата во учебници по општествените науки како граѓанско, социологија... за кои да не ни почнувам колку кај нас и сега се полни со awkward и нереални ствари.

    Мислам толку е доволно за закон што официјално потврдено е далеку од нас и се протна како лажна вест, и ова би го пишала во некоја од посоодветните теми, но знам дека повеќето што рипнавте од тука ве интересира од аспект на З.З., СДСМ, плукање по соросоиди и сл., ништо повеќе.
     
    На Lianna Anna, Nausicaa, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да де, и традиционално семејство е да влезеш во брак невина, да миеш нозе на маж, свекор и свекрва. Да се капеш само во сабота, за да бидеш чиста во недела оти недела е Божји ден. Да не работиш ништо во недела. Да не почнувам за почит кон кумот, на пример, и како мора да биде како што кумот ќе каже за име на детето.
    Традиционално е и ти се дома да работиш, а мажот да си го дрви. Традиционално е и секогаш кога побара секс да мораш да му дадеш, затоа што тоа ви е должност еден спрема друг. И ако те силува, традицијата вика дека силување во брак не постои, сексот е должност.
    Да, традицијата е гадна. И вие што се борите за традиционално семејство сте или гадни или лицемери, па бирате што од традиционалното семејство во се допаѓа, а што не.
     
    На Miss666, Lianna Anna, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Чекај.. а кај нас ги легализираа истополовите бракови?
    Почнаа да присвојуваат деца?

    То прво.

    Второ: Ти не сакаш, јас сакам. Онај онде, трето сака.
    Ти ќе си прајш како шо знајш, јас како шо знам, тој како шо знај.
    Нема шо да ти кажваме ни ние тебе во каква заедница смееш да живееш, и како ги воспитуваш децата (се' додека не е на штета некому), ниту ти на други имаш право да им кажуваш во каква заедница да живеат, и како да ги воспитуваат своите деца.

    иначе, на ќерка ми прв збор и' беше 'баба'.
    И традицијата не 'погина' поради тоа.. Пак јас и' сум мајка, баба и' баба, а татко и' татко.
     
    На candy.cane, LollySky, ninja35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Па кој рече дека се донесени законите? Дискутираме за предлог закон кој може ќе биде, а може и нема да биде донесен.
    Зошто секогаш ги извртувате зборовите? Секогаш барате закачка?
    Да, сите треба да не прашаат за вакви закони. Треба детална сеопфатна анализа,разни дебати на стручни лица за про и конс аргументи на овие закони,црквата да се праша,и ред други процедури.
    А не протни ги набрзина во некоја завиена затскриена форма, сеуште недоработени, нецелосни, па после "леле-леле што направивме"
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Во секуларна држава црквата нема што да се прашува.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    ау.. како не го видов ова..
    слепец
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    42.439
    Црквата боље да се праша подетално за градежните бизниси кои ги врти а нели ослободени од даноци . А за поп Спиро шо мислел за семејството, па нив ако ги прашавме, ни вештачко оплодување немаше да им е по воља. Ќе забранеа ин витро.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.336
    Кога црквата ќе плаќа данок, то ест како институција која заработува ќе си ја врши таквата должност кон државата, тогаш и нека се меша во законите.
    Инаку не треба да ги интересира. Всушност не ни треба воопшто.
     
    На candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Епа и вие кога ќе плаќате задолжителен црковен данок како во Германија на пример, тогаш ќе имате право да барате отчет за работата на Црквата. А сега колку што ја посетувате и ја помагате, толку имате и право да дрндате за неа.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.336
    Гледам тие за леб патат без тој црковен данок. Најалчни за пари се тие. Тек па и тој данок...ќе пливаат во пари.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Црковен данок во Германија не плаќа секој граѓанин :) само оној што припаѓа на некоја црква.
     
    На WildMk, Lianna Anna, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    42.439
    Каков задолжителен? За кого задолжителен? За атеистите? За муслиманите или евреите? Првпат слушам.
     
    На Lianna Anna, candy.cane, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    За римокатолици, протестанти и Евреи. А атеистите си ќутат и немаат право да ги преброваат или критикуваат верските заедници. Барем оние што имаат минимум воспитување.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да, и црквата пак не се меша во државата. :D
    А вие повикувате да се прашала црквата за закони.
     
    На WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Да, и безверниците пак немаат што да кажат за верскиот живот. Парадокси бе.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.