Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па за верскион живот никој и не кажува тука.
    За верскиот живот може да се префрлиме во религија, да кажам на пример како црквата не признава постоење на силување во брак, затоа што сексот и онака е обврска на мажот и жената и не постои таа ситуација во која едниот партнер би сакал секс, а другиот да смее да го одбие.
    Или како црквата не познава силување ни во врска, оти ако нема физички докази (да се испотепале) или сведок, не можеш да кажеш дека те силувал. Може не ти бил убав сексот па си одлучила да го пријавиш за силување. Згора на се, сама си си крива затоа што вонбрачен секс е грев.
    Или пак, ако те силувал некој со кој немаш никаква врска, пак мора да имаш или сведок или физички докази, оти срамота да му го уништиш угледот на мажот за нешто што не можеш да го докажеш, а тоа што тој тебе психата ти ја уништил не е битно.
    Ако сакаш за МПЦ да збориме, да се префрлиме во соодветна тема па да разговараме како си дел од религија за која жената е само подметач за бришење на нозете пред да влезеш во куќата.
    Поздрав :hai:
     
    На WildMk, sweet-star, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Јас пак мислев дека ако не дај Боже некој те силува треба да пријавиш првин во полиција. Црквата нема ингеренции ни да докажува кривично дело, ни да гони по службена должност, ни да санкционира со затвор.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да, затоа што за наша среќа не ги прави законите црквата.
    Да ги прави, како што вие барате, ова ќе беше реално сценарио кое ќе требаше на сите да ни е на ум.
    Гејм, сет и меч за мене ;)
     
    Последна измена: 2 март 2019
    На WildMk, candy.cane, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Ако зборуваш за Римокатоличката црква, ќе мора да се обратиш кај бискупот Киро да ти даде отчет.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Геј нека биде! Остани со здравје!
     
  6. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Среќа пак за нас што сеуште сме традиционални луѓе, со јасни изразени силни семејни вредности, и не ги гледаме по црквите и манастирите новиве ликови со "западни" и "либерализирани" сваќања.
    Останало уште надеж за човештвово
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Те прашав дали си традиционална или лицемерна? Не одговори. Да претпоставам дека си лицемерна?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Дојди ми на кафе,ако толку те интересира мојот интимен живот,па ќе ти кажам ;) да не ги кажувам јавно тука моите интимности. Терај си по патот кој си го зацртала,само да знаеш дека е тежок и непредвидлив. Треба доста енергија и разбирање да се даде,а конечниот резултат....?
    Останува да видиме што ќе донесе иднината.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Значи твојот интимен живот не смее да не интересира, ама тебе е ок да те интересираат туѓи интимни животи?
    Ики, ики, слабо логиката некако...
     
    На Dentina и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Кои туѓи животи? Никого јас не го прашувам за својот интимен живот. Дискутираме за законот за еднополови бракови,и можноста да посвојуваат деца.
    А,ако некој сам претходно се изјаснил,тоа е лично негов исказ,без претходно да биде запрашан.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    А ако не се изјаснил, што тогаш? Ти дома матична евиденција имаш на кој е геј, кој е разведен, кој е посвоил и кој не?
    Значи исто како што не е моја работа дали се бањаш само со сабота, не треба да е ни твоја работа со кој го делам јас креветот и дали ќе имам деца со таа личност. Оти да беше туѓа работа, би се поставило прашањето и дали твоите деца заслужуваат мајка што зема боловање за да оди по протести.
     
    На WildMk, Feminka22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ти претходно сама си кажа дека планираш со девојка ти да посвоите дете. Никој не те осуди лично тебе. Сите дискутиравме општо за предлог-законот. Јас кажав дека сум против законот, а тебе ниту те навредив,ниту те посочував за нешто. Секој сам си одлучува што и како понатаму во животот.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Измислен закон што не постои и не е во план да се донесе?
    Законот за заштита од дискриминација не вклучува редефинирање на семејството, ама ти фино си кажа дека ти е страв дека ако се донесе законот можеш да заработиш казна, или не дај Боже, кривична ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Не осудуваш истополови бракови, ама си против законот за истополови бракови. Или, не е врат, шија е.
     
    На WildMk, Feminka22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ххааххаа баш ме брига мене кој е геј,а кој хетеро. Секој со своите "демони и ангели" нека чекори во иднината.
    Кривична??:D
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Твои зборови, не се мои :D или заборави?
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Па? Кај се пронајде ти :D?
    Секој нека си тера по патот што го избрал,имаме на уште многу други полиња да се докажуваме.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не се пронајдов, ти одговорив на прашањето за од каде сум извадила "кривична".
    Па само пред две мислења праша ики. Што се случува со твојата меморија?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Да, против законот сум,затоа што воопшто ништо не е прецезирано,разработено и средено како што треба.
    Но, ако личноста има таква определба јас што можам да правам? Секој е доволно зрел да одговара за своите постапки и определби.
     
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Нејсе,си се искажавме ние 8)