Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Штом се меша во Држава и Закони тогаш и данок треба да плаќа:)
    Ама кога УЈП им побара фискализација, нарипаа сите да напаѓаат:)
     
    На candy.cane, LejlaD, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    А јас не чув дека воопшто и поканиле доктор. Обично се канат луѓето на вакви трибини, ама немало потреба кај нас, „Стручњациве“ на чело со Уранија се семоќни и сезнајни за се`.
    Ти мене ме зезаш. Кај ти се чу поп? Иако пак ќе речам, во нормални демократски општества секој релевантен општествен фактор, вклучувајќи ги и верските заедници е прашање на морал барам да го чујат нивниот став за работи кои ги засегнуваат и етичките моменти на истите.
    Значи, обраќањето е од доктор, не од поп. А жената има право на избор за себеси, а има право ли да одлучува за друго тело и друг живот? Ова сакам да го чујам.
    Не видов никаде дека Црквата некој нешто ја праша, а не пак да одлучува за државни закони. Човек да ве слуша од страна ќе помисли дека до вчера Инквизицијата не владеела и наметнувала закони, па еве сега демек немој да се враќаме на истото. Е ако станат даночни обврзници, тогаш и тоа како и се дава за право да биде прашана за некои работи.
     
    На Abeja и iki26 им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Нека викнат силувана жена да им раскаже за морал и етички моменти. Докторот е стручен во својата област, не во носење закони. Да било така, ќе бил пратеник во собрание.


    Зошто ја промаши поентата? Докторот од видеото зборува за абортус кој не се употребува со години. Му треба едукација.

    Жената го носи бебето, не докторот, не попот, не пратениците. Што значи, жената одлучува, не тие. И никој нема право да бара од неа оправдување зашто и како. Доволно е самата таа да ја знае позадината за истото, која, често е болна.
     
    На LollySky, WildMk, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Истово ќе го напишев.
    И што ако бил доктор? Стручен совет на темава може да даде едино,ништо повеќе.
     
    На WildMk, LollySky, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Плодот во утобата на жената не е парче облека или шминка за кое жената ќе одлучи дали да ги носи вечер на излегување, тоа е нов живот а секој живот е неприкосновен и жената ниту било кој друг нема право да одземе друг живот.
    Да, таа ќе го носи 9 месеци, но таа истата свесно влегла во сексуални односи и била или морало да биде свесна за последиците. А не додека се еб*ше убаво и беше ама после кога доаѓаат последиците, ама ја не можам, ја ова, ја она, ја имам права итн...
    Имаш права ама имаш и избор (апстинирај од секс).
    Како што ти имаш право на живот и да си играш курташак кога сакаш се еб*ш и абортираш, така и сеуште нероденото дете има право на живот и која си ти да го убиеш, дали твојот живот е повреден од животот на сеуште нероденото дете. Дали неговиот живот е безначаен, туку само мајката како ќе се осеќа е битно.
    Себично и крајно неодговорно.
     
    На sjdgo, orevokrsacka и iki26 им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Викнаа ли било кого кој не е од редовите на пратениците и граѓанско здружение? Епа вака ли се носат закони, каде е дебатата, каде се мислењата од докторската фела ако не за друго да предупредат барем за ризиците и опасностите по здравјето на жената ако прекинува бременост во второ тромесечие на пример, каде е тука мислењето за психолошкиот момент на жената при овие дејствија и сл? Мислиш дека сите жени се едуцирани? Па еден заб ќе извадиш па може да ти се искомплицира здравствената состојба, а не пак од ваков инвазивен чин. Секоја жена првенствено треба да и се укаже на евентуалните физички и психички дисфункционалности после ваков чин.
    И да,останувам на став дека СИТЕ релевантни фактори треба да си го кажат мислењето, а дали ќе им биде уважено или не при носењето на законите, е друга работа. Вакви мижи-бутај закони нема ни во Северна Кореја. Без оглед за каков закон станува збор: медицински, економски, политички, градежен и сл. мислењето на граѓаните треба да се слушне бидејќи на крајот од краиштата, за нив се однесува.
     
    На sjdgo, iki26 и Abeja им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    А мажот некогаш свесен ќе биде за последиците, или за него нема обврски после забременување?
     
    На WildMk, anaja1 и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па кој треба да викнат освен пратеници и граѓански здруженија?
     
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Некој гинеколог и психолог да речеме? Некој кој има повеќегодишно работно искуство со жени над кои е извршен абортус. Па да кажат некоја статистика, некои бројки за компликации од било кој вид како резултат на абортус.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    А дали ги викнаа жените да ги прашаат? Дали некој нас не праша за милење? Значи сите имаат право на истото, попови, цркви, доктори, пратеници, само ние немаме. Уште полошо, жени им даваат право да одлучуваат за жени. Во кој век живееме?

    Еве, за промена, едуцирајте се дека не се оди туку така на абортус. Се поминува процес. Се разговара со повеќе доктори. Ако не грешам, мислам дека се оди и во социјално. Од 12- та недела натака се оди на комисија. Не е ова плукни залепи. Секако дека се проценуваат ризиците.

    А дали ти го знаеш ризикот од пораѓај и дали истото би те спречило да раѓаш?
     
    На oblace1, Yowannty, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Како и секогаш, нападот е најдобрата одбрана.

    Никаде не реков дека мажот не треба да ги сноси последиците, еве ако можат и тоа да го регулираат во законот и тоа да биде најстрого санкционирано за двајцата.

    Бидејќи секаде се зборува правото на жената, никаде не го спомнавте правото на мажот, освен сега во ситуација кога треба нешто да одите контра некого. Значи цело време е ок, си пишувате и пишувате и некој кога ќе напише нешто и да немате друга карта во ракав ајде се префрламе на мажот сега.

    Главниот муабет се врти околу жената и право да прави што сака со нејзиното тело. Нека прави пластични операции, липосукции, нека ја крати косата, нека биде на диета, нека се направи 200 кг, нејзино право. Но, нема право да уништи нечиј живот. И треба да и биде судено како за убиство со умисла со најстрога казна.

    Затоа треба да се позанимаваат со поголема сексуална едукација и на машките и на женските, дека впуштањето во сексуални односи со себе повлекува одговорности кои треба да бидат подготвени да ги превземат.
    Законската регулатива треба да оди пошироко и да ја опфати одговорноста на двајцата родители (мајка и татко).
    На што личи тоа забременила додека е во врска ама ќе го абортира зашто треба да го дозаврши факултетот или забременила во брак и ај ќе го абортирам, немам пари да го чувам. Не е тоа предмет за да одлучиш дали ќе го купиш или не, тоа е живот!
     
    На sjdgo, Bitter-Sweet и iki26 им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Е ова веќе не важи. Сега е покачена границата мислам до 22 г. недела без комисија.
     
    На sjdgo и iki26 им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Нема да ви се допадне тоа што ќе кажат. Оти ќе зборат и за последици од нелегални абортуси, и како кога се забрани абортусот енормно расте бројот на нелегалните.
    Ќе зборат за психолошки последици над жените кога родиш дете кое си сакала да го абортираш, а не ти дале.
    А од друга страна, информации за било која интервенција и процедура добива секој пред да му биде извршена. Има време да размисли, да се предомисли.
    Не е плукни и не си трудна веќе.
    Вие не мислите за општото добро на жената, никој кој помислил нема да биде против закон за абортус.
     
    На LollySky, Rebecca_R, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Било која недела е со комисија. Не знам кои се промените, а и не ми менуваат ништо.

    Ниту еден доктор нема да се нафати на абортус ако процени дека постои ризик. Жена што одлучила да абортира, ќе абортира со или без закон. Ако е забрането, ќе ги касапат како парче месо и нив и бебињата. Па тогаш пуштај го докторот од видеото и зборувај ми за етика.
     
    На LollySky, WildMk, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Апсолутно, единствен начин да се намали бројот на абортуси е подобра сексуална едукација, ама црквата и од тоа се плаши.
    Страшно е да учиш жена кои и се полови органи, или уште пострашно, како настанува оргазам.
     
    На WildMk, Tan4ence, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Бебињата ги касапат и при легален абортус. Или битно мајката неискасапена да биде, детето кој го е*е. Погледни видеа како се вршат абортуси па потоа зборувај ми за етика.
    Да го влечат, касапат и фрлат во ѓубре нероденото дете, затоа што на мајката така и одговара.
    Нехумано, неодговорно, казниво и срамно.
    Кога не трепнуваме при касапење во бебе уште во утробата на мајката, не заслужуваме да се нарекуваме луѓе.
     
    На sjdgo и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Абеја, вакви реплики на други пишувај им. Мене не. Јас ги знам процедурите, колку толку.

    Никој не влече бебе, ниту употребува процедура како во видеото, оти таа е поголем ризик и за мајката. Таква процедура, се употребувала во минатато.

    Се употребува провокација. Претходно се умртвува бебето. А потоа има чин на раѓање мртов плод. И двете знаеме која е болката за време на истиот. А и двете ги знаеме ризиците од раѓање или анестезиите што се употребуваат за време на истиот.
     
    На WildMk, Rebecca_R и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Да бевме толку емпатични сите за ембриони како што сакаш да ни доловиш колку треба да сме, ќе правевме погреби за секој спонтан абортус, црнила ќе носевме, 40 дена од погреб, година дена...ти го правиш тоа за блиски што имале спонтан? Толкава емпатичност ќе се одрази и на цело општество, ќе цутевме сите од добрина, хуманитарност и соживот. Црквата најмногу оти нели прва е по емпатија па не гледам да гради прифатилишта, кујни бесплатни, згрижување на оние што имаат потреба...Нема да заврши "емпатијата" во моментот кога ќе ја убедиш жената дека треба да роди туку ќе се гледа на секој чекор во текот на целиот живот наш и на тие околу нас. Ама не сме до толку. И нема потреба да глумиме дека сме кога не се гледа на дело никаде.
     
    На LollySky, WildMk, CrazyGirl15 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Имаш право, колку безболно убиство, со мерак да го изведе доктор :( Се оди како подмачкано. Само што побргу да се исфрли "товарот" од себе. Да не беше трагично, ќе беше смешно.
    Мислам дека ниту двете ја знаеме болката од абортус и никогаш да не ја дознаеме.
    Себично, ќе ја болел абортусот. А детето не го боли? Или набрзинка ќе умре од инекцијата |(
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Ги мешаш поимите. Спонтан абортус е несакан настан. Абортусот е сакан и свесен чин. А ова со погребите и описот на поворката ти е ту мач.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.