Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Не ти поминуваат емоции. Не затоа што темата не е болна, туку затоа што она што го пишувате, не е вистина. Никој не рече дека некого нешто не боли. Ниту зборував за болка од абортус. Зборував за раѓање. Ама кој да разбере?

    Погоре Бриџа, ти кажала се. Сметај го како мој одговор. ;)
     
    На WildMk, Someonespecial, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Не мешам поими, трагични настани се. Оној што е свесно направен по твое треба да се казни, тогаш несреќниот случај треба да се испочитува како што налага редот.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Да де, за раѓање ама на претходно намерно умртвен плод. Така напиша. Или со други зборови модерен абортус, а не како што се правел во минатото.

    А за што праиме муабет, за "правото" на жената на абортус или за погреби?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Јас за погреби, ти за убиство со умисла и затворски казни, на кој до што му дошло.
     
    На WildMk, Lianna Anna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш и модерен наречи го. Процедурата е таа. А не кршење коски и влечење со клешти. Тоа било пред 272626827 години, а се обидувате да го протнете сега. Па уште и емоции измеѓу. Божем на жениве што одат на абортус супер им е и ич не им е тешко. Од убавини носат такви одлуки.
     
    На candy.cane, KateKane, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Точно е дека е право на избор на самата жена, но сепак не требало да бидат затворени вратите за Ивз и Мпц затоа што т тие како духовни лица има право да се слушне и нивното мислење бидејки тие го кажуваат од еден друг поинаков длабински аргументирани ставови кои што можеби ке бидат од духовна полза кое ке помогне таквото мислење да се гледа на еден друг аспект. Сепак мислам дека треба да бидат вклучени во важни дискусии каде се работи за духовна полза на лицата на кои им е потребно и нивното мислења.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Абе не е државата духовна творевина.
    Духовни ставови во црква и во џамија нека си кажуваат.
     
    На candy.cane, Feminka22, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Попот не лупа глупости, јас сум малце навлезена во нивната суштина и во ниеден таков начин не тропаат, пошто од нив може да се применат и слушнат нивно мислењекое би било во полза са секој човек бидејки сите ние лјуњето имаме наши слабост и мани и некои погрешни можам да кажам уверувања.Зашто можат и да помогнат со тоа.
     
    Последна измена: 5 март 2019
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Точно не е духовна творевина, но важно да се слушнат и нивни ставови за вакви и други работи кои што се духовно важни за секој од нас како поединец.
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    А поповите ги знаат нашите слабости и можат да не изведат на правиот пат, оти ние имаме погрешни уверувања, па тие ќе ни кажат правите?

    Попот дома да си го викнеш, нека ти дели мислења, консултирај се со него за што сакаш. За тебе нека одлучува. За мене одлучувам самата јас и никој друг.

    Државата е секуларна. Не се потребни ничии мислења од наводни духовни ризници на неколку луѓе облечени во црно.
     
    На KateKane, LollySky, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Нивниот став околу силувањето во брак ми е посебно мил.
    И оној во врска де.
    И општо, скоро се што меша жени...
     
    На candy.cane, Feminka22, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Ако е секуларна држава што има да се мешаат во закони? Ставот може да си искажат било каде, на тв, во црква, приватно, не на маса каде се донесуваат закони.
     
    На candy.cane, KateKane, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Поповите и оџите не се ни психолози, ни здравствени лица, ни социјални работници, ни правници - па да бидат релевантни за закони за семејство и абортус. Да не ни спомнуваме дека ниеден меѓу нив нема матка.
    Кој ги гледа како (замена за) нешто од горенаведеното, слободно нека се обраќа лично во црква или џамија за свашта во сопствениот живот и со среќа нека му е - ама на државно ниво не се добредојдени, ни од многу од верниците, не пак од атеисти. Никаква длабочина и аргументи нема кај нив, туку се водат по апстрактни правила во книги кои прилегаат на начинот на живот пред бројни векови.
     
    На candy.cane, WildMk, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    На тој што му треба мислење од поп,нека изволи и нека си го послуша,и нека му помогне.
    Што е до мене ,доволно сум ок и можам да одлучам сама и донесам одлуки,не ми треба поп. Ако ми треба некоја помош ќе си побарам психолог или психијатар.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Поп може да зборува и да де меша во закон за одлука за абортус исто колку што јас како биолог можам да зборам за подобрување на пазарна економија, то ест нешто од кое врска си немам.
    Нема некој нив што да ги прашува. А и каква врска имаат тие со тоа?
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Да можат да не извадатна некој прав пат и да ни укажат нешто што ке биде за нас,а од нас понатака зависи дали ке го прифатиме тоа или не.Но ако не си навлезена подобро во таа тематика неможам подобро да го доловам , тоа ке го разбере некој што е повеќе навлезен во тоа.
    И без разлика што е државата секуларна они имаат право да го кажат нивното пошто се работи за деликатен и комплексен закон.

    Никаква длабочена и никакви аргументи нема кај нив?
    И те како не си во право и они имаат право баш дека се духовни лица да го искажат својот став, и нема врска тоа дали се психолози или слично. И нивното има и те каква тежина за тој што тоа може да го разбере што сакал да каже.
    А и зашто да бидат маргинализирани како поединци кога баш се дебатира за таков закон?

    И никој тебе не ти вика дали ке одиш кај психолог тоа е твое право но стојам на ставот и дека поповите и те како треба да бидат дел од такви значајни дебати.
     
    Последна измена од модератор: 5 март 2019
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Закон како закон, не може да биде идеален и совршен, ниту пак да им угоди на сите засегнати (и незасегнати) страни и да ги исполни сите нивни очекувања - особено кога се работи за сензитивна работа како абортус.

    Сепак, нешто најблиску до идеално во реалниот свет е закон кој и' дава на жената право на избор дали ќе сака да роди или не. И точка.

    Секоја понатамошна запирка и фуснота, секој обид за поставување дополнителни ограничувања, навлегување во детали за причината, носење одлуки за секој случај поединечно и сл. ја отвара пандорината кутија и носи можности за интерпретација, различно толкување и злоупотреба на овој закон.

    И сето тоа повторно би било само и едниствено на штета на оние најзасегнатите од овој закон - жените.
     
    На candy.cane, LollySky, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Ох. Бајките не се во оваа тема.
    Без разлика што државата е секуларна? Ти знаеш што значи секуларна демократска, наспроти теократска држава?

    Деликатни и комплексни закони носат лица избрани од народот. Се викаат пратеници.
     
    На candy.cane, KateKane, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски

    Кратко, јасно и потполно точно. Точка

    Како и секое твое мислење, умно...(што дете беше бре паметно, блазе си и на таа жена што ќе те земе):bow:
     
    На Animali и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Велиш изборот е право на жената. Хипотетички, ако твојата девојка остане бремена и сака да абортира, а ти сакаш твоето дете да биде родено, ја убедуваш, разубедуваш, спремен си сам да го одгледаш детето, ама безуспешно. Каде е тука твојот избор, твоето право како татко, па детето колку е нејзино толку е и твое. Што ќе сториш тогаш, како ќе се бориш за му го овозможиш на твоето неродено дете правото на живот?