Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Во право си се согласувам, но мене друго ме чуди. Кој ли гласа за партијата на Ѕинго :^) Јас не ни знам како се вика таа партија, сериозно... Не е да речеш некоја партија што собира многу гласови па да се пика онаму каде што на пример зависи. Чист пример сега ќе дадам, ОМ ќе соберат доста гласови, исто и Вмро Народна Партија, они можат да коалицираат да речеме со било која од големиве партии и фактички од нив да зависи идната власт. Ама што одлучуваат гласовите на Ѕинго не ми е јасно... Јас мислам дека многу малку гласови собира, освен ако не ги притиска Кратовчани да гласаат за него :?:
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    ^Цело Кратово гласа за него инаку како би бил на власт и нормално нели под притисок,нема глас за некој друг само за Ѕинго,си знаат веќе тие ако не гласаат за него ќе летаат од работа,ако не гласаат младиве ќе им лета родителот и така си владее среќно и безгрижно веќе 20години.На сите најважни позиции се неговите најблиски само тие живеат живот во Кратово,Ѕинго ти е пали гаси во Кратово.
    Мене ме интересира само со што ли ги држи тие што се на власт па не превземаат ништо во врска со неговото диктаторство,им дава процент,тајни некои има којзнае што е работата :?:
    Греота за народов со вакви водачи,тиранти :swear:

    Социјалистичка партија се вика на Ѕинго партијата,може не одлучуваат толку многу гласовите колку што одлучува неговата финансиска моќност.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Е ова ти е тоа што го прави Ѕинго ко Амди Бајрам... кока кола за власта.
    Не до толку гласовите, а парите. Што за кампањава се наоѓа што во текот на цело владеење. Перењето пари на власта или на било кој оди преку приватни фирми, преку нечии бизниси. Згора на тоа, добиваш еден медиум на свое конто да те велича. Не е малку тоа да си имаш своја телевизија за интервјуа и перење мозоци во една насока.
    Истото што го зборуваат сега за коалицирањето А1 и СДСМ, овие од Сител го имаа отворено и официјално секои избори :)
    Убаво кажа Битерсвит. Не се од сега, со сите влади се. Со СДСМ кога беа, беа највеликите комуњари, дојде Љубчо, Латас стана ексклузивец на Љубчо. Почна и џип тогаш ми се чини да вози за прв пат. Почна и пари на конто да му стигаат, информации директно. Не знам по колку години имате сега не ми се проверува, но во периодот кога за прв пат се интервенираше во Гостивар со албанците, Латас беше новинар број еден, како оние што во прва борбена линија беа со брат Љубе, кога пукаше :lol: овој беше единствениот со запечатена дозвола да сними се што на терен сретне, да го обезбедат дур си трчка околу, пошто и со информации ексклузивни го ранеа.
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Прво да разјаснам дека јас не го памтам периодот кога се преминувало во приватизација на големо, сум била многу мала тогаш, но од она што имам читано за тоа извлеков доста заклучоци и сфаќам зошто нашите мајки и татковци, баби и дедовци се толку против приватизацијата и до денешни дни, а јас пак сирота ја величев приватната сопственост и се залагав да им објаснам зошто е подобра од државната.
    Да потенцирам, јас сеуште сметам дека така и треба да биде, приватната сопственост е одлика на секое едно развиено стопанство, на развиена економија. Но, како таа се одвивала кај нас, просто немам зборови :x .

    Од една страна, сме биле потиснати од великите сили(ЕУ и САД) дека тој процес мора што поскоро да се направи. Остај што земјата тогаш се давела во незамислива инфлација, т.е. хиперинфлација, годишната стапка била некаде околу 1600% :o . Значи, приватизацијата започнала со истовремено огромна фискална и монетарна пресија за намалување на инфлацијата. Ајде, и за ова не ја обвинувам тогашната власт, сепак биле притиснати да ги средат и двете работи, иако сите знаеме дека овие две работи ама никако не треба да одат заедно, бидејќи за успешна приватизација потребно е поволна стимулација од страна на државата, даночни олеснувања, финансиска и консултантска помош за создавање на претприемнички амбиент, што во услови на инфлација би било погубно(стапката на инфлација би пораснала уште повеќе)

    Она што најмногу придонело приватизацијата да се гледа како најголемо зло за народот, е тоа што, сите фирми кои се приватизирале поминале во рацете на бившите комунистички директори на истите и тоа преку јаки манипулации и корупција. Ѕинго е чист пример за тоа.

    И до ден денешен се продолжува со истите политики. Ма колку сака нека се менуваат влади, не верувам нешто да се измени. Желбата за пари е поголема од желбата да се изгради здрава држава. Точно е дека сами треба да си ја градиме нашата иднина и дека не треба да се чека од државата да го направи тоа, но за да си изградиш сам своја иднина, пред се, потребно е економски здрава и развиена држава, без корупција, манипулации, без сложени бирократски процедури итн. итн.

    Човек кај нас и да има одлична идеа, неможе да ја реализира поради недостигот на финансии. Која банка би одобрила кредит доволен да се започне здрав бизнис, на некој што има само идеа, а нема никаква финансиска моќ, ниту пак имот доволно вреден за да го стави под хипотека па да добие пари.
    А во развиените земји, си постојат алтернативни извори на финансирање за почетните фази, бизнис ангелите, на пример. А нив кај нас ги нема, бидејќи државата ни е слабо развиена, а претприемничкиот амбиент ни е на нула. Најмногу се нервирам кога ќе слушнам млади луѓе, мои врсници, кои како работа од соништата ја гледаат работата во државна администрација :^) Но тоа е, така се научени од дома, дека треба да се правиш мутав, да бидеш партиско загорче, да ги потиснеш твоите таленти и желби за кариера, бидејќи кај нас нели, таквите страдаат, за нив кај нас нема иднина.

    Значи, можам да констатирам дека и самиот народ е крив за тоа што ни се случува, наместо да се борат нешто да се измени, тие си ги прифаќаат работите како што се, па уште и мудруваат. АЈ да речиш желба им е тоа да го работат, па затоа го констатираат тоа, но не, не е заради желбата, туку заради сигурноста. А друга работа е што нема никаква шанса за напредок. Тоа е што е, во 20 години може ќе добиеш некое унапредување или покачување на платата за некои мизерни 2, 3, 4000 денари.

    Може мислењето не е баш за во „Актуелни политички настани“, но гледам се развила слична дискусија.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право за делот со напредување во администрација. Бидејќи е минимален. И можеш да го постигнеш само во период на владеење на една партија. Кога ќе дојде другата на власт веќе одиш надолу. Посебно сега со новиот закон, можеш и по брза постапка надвор да завршиш, а не како порано, кога луѓето ја туежеа владава па си го добиваа случајот и им се исплаќаше до денар разликата во платата, ако биле ставени две скалила подолу на пример или им се исплаќаше платата, ако без основ ги избркале од работа. Е сега тоа.. ќе е малку тенко.
    А, за напредувањето дури и во време на твојата власт. Јас пример знам најмногу за Секретаријатот. Бидејќи нај се имам со него занимавано. Луѓето таму стоеја со години на помлади соработници и зимаа бедна плата, а всушност работеа работа за советници, т.е се водеа како вд. советници, што со тој закон не беше дозволено, нема опција вд. државен служвеник. И таа функција вд е само ветар во магла, бидејќи во агенцијата за државни службеници се воедеа како помлади службеници и демек таква плата земаа, што јас тука малку се прашувам колку и тоа е вистина, да не случајно и таму се прави она што и во приватниот сектор пола на сметка пола на рака, пошто како што го гледам случајов на сите места така, :) штом се толерира тоа некој од горе мора исто да го прави, но се си е рекла казала за ова, освен делот со напредувањето што го пишав. Тоа е озбилно така, беше така. А, сега ќе видиме со новиов закон што се ќе се случува и посебно по изборите. И да штета што сите летаат за во администрација, макар и немале капацитет за таа работа. И ружното е што секаде само малку се луѓето способни за работа во секој од секторите и на нив паѓа цел товар буквално, бидејќи освен својата имаат и туѓите работи нагрбени на нив.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па има во администрација и одговорни луѓе кои чесно си работат, замислете како ќе функционираше администрација да не беа тие колку малку и да се, и какви ли притисоци, понижувања и стравувања за работните места поднесуваат?
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Еве најдов кратка историја за СП, партијата на Ѕинго.

    По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапи самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието на Република Македонија. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапи во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена „Трет пат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005, СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание се избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ е застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, кој е министер за земјоделство.

    Навистина била од каде дува ветерот од таму г*зот. Не сум се заинтересирала досега, па ете, дури сега исчепкав малку и дознав.
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Да ги има и прилично способни луѓе се. Барем јас такви познавам, работев со такви, додека волонтирав во некои од инститтуциите. Ги има и од двете партии се, не се само ВМРО, ДУИ, а и СДСМ и од останатите, бидејќи биле државни службеници уште од времето на претходните влади. Не е администрацијата чисто од една партија.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Имате за интернет кампања на партиите сега емисија на Сител - Ние.
    Интересна тема е за дискусија, али штета сега ја фатив ццц.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Во општина Ѓорче Петров на предминатите избори имало помалку гласови за СП на Ѕинго одколку што имало членови од оваа општина во таа партија :)
    - извор - член на СП од Ѓорче
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    ^^^цццц абе телевизија се со партија. Не се партија со телевизија :P
    Медиум! Кој ќе победи во пропагандната војна ќе победи и на терен, макар биле на терен изманипулирани резултатите ццц сепак и пропагандната војна е чиста манипулација со јавното мнение.
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Некоја чудна логика за пресметка имаат провладините медиуми. Имено, кога беше митингот на СДСМ пред влада, по некоја пресметка на Латас и компанија на улицата пред влада никако не можело да се соберат повеќе од 12.000 луѓе, ама затоа сега кога ВМРО има митинг, еееееее сега истата таа улица собира повеќе десетици илјади граѓани. Која логика еј, ама од ограничени умови, ништо подобро и не можеш да очекуваш :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^

    Значи каков митинг има вмровците вечерва во Скопје... :o Цел град трештеше од огномет... |( Се прашувам само со чии пари го платија овој спектакл? |( И се прашувам, што слават? Огномет се користи за прослави, ако не се лажам... :?: Можеби слават што ја опустошија државната каса за време на нивниот мандат, на кој му се ближи крајот..??? Можеби слават за илјадници неписмени токмаци што ги наместија во државна администрација да работат, да вегетираат по канцелариите и да земаат дебела плата??? Можеби слават за милионските суми испрани пари преку наместени тендери, проекти и фиктивни фактури??? Можеби слават што им го загорчија животот на илјадници граѓани кои немаат да си ги прехранат децата? Или пак можеби за огромните суми на девизи префрлени на сметки во странски банки, како на пример во банки во Чешка...??? Што и да е, нема да им трае долго...Крајот се ближи...Ќе видиме на 5-ти јуни, кој ќе слави со огномет на преполн стадион во Скопје??? :)
    И погледнете ја сликава и све ќе ви стане јасно, какви имбецили владеат...???
    [​IMG] :tmi:
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ХАХАХАХАХАХ
    Гледајте на Сител, на истата улица на која СДСМ не можеле теоретски да соберат повеќе од 12.000 луѓе, ВМРО собрале повеќе од 120.000 луѓе. Еј луѓе па ова е веќе смешно, ама стварно смешно :lol:
     
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Хахахаааа...Траги-комедија...Дури и да собрале 120.000 луѓе, најголем дел се од другите градови и рурални места, кои со раскантани автобуси ги влечат по митинзи, а при тоа имаат гратис сендвич со плескавица... :D Ако одржуваат митинг во Скопје, да видиме Скопјани колку ќе им излезат, реална бројка да видиме на посетеност...Ххахахаа...Вмровска работа... :D
     
  17. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Едвај чекам да завршат овие избори,па што биде биде,жалосно е ова што се случува во Македонијава ни наша,нема ни Д од демократија,Не сум партиски определена ама ова е срамота.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Абе не е поентата кој колку собрал, напишав јас и кога беше митингот на СДСМ, ама ме интересира како може да пресметуваат дека на митингот на СДСМ на истото место, теоретски неможело да собере повеќе од 12.000 луѓе, демек на тој простор дури и најзбиено да биле распоредени луѓето никакви шанси немало да има повеќе од 12.000. Е сега ја сменија математиката :lol: Сега одеднаш на истиот тој простор може да собере не 12.000, туку 120.000 луѓе :D Барем да го направеа на друго место, на друга улица, па нека не лажат, вака смешни испаѓаат. Ама тоа е, Сител и се е можно :lol:
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вриеше луѓе на митингов, јас бев и цело Скопје поплавено беше. Многу убаво беше организирано се наполнив со енергија :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    леле народдддддддддддддддд :o :o :o :o Hа сител гледам.....!
    божеее колку се :|