Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко од вакви.Дали го личи да напише дека народов е ограничен и не може да укапира што се случува? Ова е брука.Читав,читав,климав со глава и оп-ја оплеска работата в крај.И кое прегрупирање бара?Зошто би се прегрупирал народот? Што тие ќе му понудат на народот? Оваа постава на СДСМ е веќе видена,остарена,нека си оди.Нека им даде место на младите членови да создадат здрава опозиција,нека понудат нешто што е конкурентно,па тогаш ќе размисли народот за прегрупација.
    ВМРО ако забележувате ги нема на сцена старите,истрошени ликови.Се’ тоа се млади ликови,нови на политичката сцена.Народот ги нема видено порано,нема видено каква политика водат,па им дава шанса.
    Кој при здрав памет му дава уште една незнам која по ред шанса на Бранко? Тој не дава никакво логично образложение зошто сака да се смени власта.Зошто? Затоа што тој едноставно сака да е на власт и точка. Нема друга причина.

    За новинарите кој е крив? Народот? Не. Самите СДСМ си се криви.Направи внатрепартиски реформи,па потоа работи на имиџот и понуди конкретни одговори.Нека се створи здрава политичка конкуренција,па јас радо ќе размислам за кој да гласам на избори.Вака нема за што да се думам многу.
     
    На kikikikirika, SnowWhite91 и nadja.d им се допаѓа ова.
  2. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    НОВИНАРИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВЕЧНА ОПОЗИЦИЈА!!!!! ТРЕБА ДА БИДАТ КРИТИЧКИ НАСТРОЕНИ, А НЕ ПОЛИТИЧКИ ВОЈНИЦИ! НЕ ТРЕБА ДА ИМ ГИ МАЧКААТ ОЧИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ! ПРЕД НЕКОЈ ДЕН НА АЛФА НА ЗБОР ПО ЗБОР ЕМИСИЈАТА ТЕМАТА БЕШЕ ШТО САКАТЕ ДЕДО МРАЗ ДА ВИ ДОНЕСЕ ВО 2013? ЈАС САКАМ ДА ДОНЕСЕ НОВИ, МЛАДИ, АМБИЦИОЗНИ ЛУЃЕ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА, ПОЛНИ СО ЕЛАН, ВОЛЈА ЗА РАБОТА, ДОБРО ПОТКОВАНИ СО МОРАЛ И ЧЕСНОСТ, РЕАЛИСТИ И НАСТРОЕНИ ДА РАБОТАТ ЗА ОПШТО ДОБРО БИДЕЈЌИ КОГА СЕ КАНДИДИРАШ ЗА ОПРЕДЕЛЕНА ПОЗИЦИЈА ТИ ЈА ПРЕТСТАВУВАШ ИДЕОЛОГИЈАТА НА ТВОЈАТА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, НО (ОВА Е ЕДНО ОГРОМНО НО) КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ НА ВЛАСТ ТИ ВЛАДЕЕШ ЗА СИТЕ, ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ И ЗА ОНИЕ КОИ ГЛАСАЛЕ И ЗА ОНИЕ КОИ НЕ ГЛАСАЛЕ ЗА ТЕБЕ! ШТО САКАМ ДЕДО МРАЗ ДА СИ ЗЕМЕ ДАЛЕКУ НА СЕВЕРНИОТ ПОЛ? И ГРУЕВСКИ И ЦРВЕНКОВСКИ СО ЦЕЛА НИВНА ЕКИПА ПА НЕКА ИМ ГО ПЕРАТ ТАМУ МОЗОКОТ НА ИРВАСИТЕ!


    П.С ВО КОНТЕКСТ НА ПРЕТХОДНИОТ КОМЕНТАР: БЛАГОРОДНА ДУЛИЌ ЕПТЕН МЛАД КАДАР НА ВМРО Е. СРАМ НЕВИДЕН. ПЕНЗИОНЕРКА РОДЕНА ЗА ВРЕМЕ НА ВТОРА СВЕТСКА ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ! А МЛАДИТЕ ЌЕ ГУВЕАТ НЕВРАБОТЕНИ.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    За тебе ич не се сомневав, туку другиве ми се на мисла како ли ќе заспијам вечер. :rofl:
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А аа нема вечер спиење :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    За политиката- Ако си определен си овца, ако не си определен пак си овца

    Јас лично мислам дека неопределените баш најмалку придонесуваат за демократијата во Македонија. Зошто?

    Си победил Груевски на избори и тој е должен да даде отчет како пред сите Македонци така и пред членовите на неговата партија. Ако тој прави грешки ке биде сменет од самата партија, нема да го гласа никој слаб рејтинг. Затоа тој е приморан да работи. Од друга страна имаш луѓе што ја подржуваат опозицијата. Е ако не се овие луге, власта ке прави што сака, нема кој да ја спречи. За мене нејдемократска држава е онаа во која разликата мегу власта и опозицијата е минимална. Тогаш имаш трка, секој се трудо да биде што подобар. Иако сум поддржувач на власта искрено сакам СДСМ да си го крене рејтингот малку повеке и да се доближи до ВМРО така ке биде најдобро за сите. Ке има страв во владата и ке се трудат уште подобро да работат. Вака знаат дека се во поголема предност и немаат страв.

    А за тоа кој како се претставува овде... Прво никој не е должен да кажува дали е определен и како ама сите се кажуваат неопределени како демек пореално гледаат на работите. Ги почитувам оние кои се определени но кои знаат да ги согледат и недостатоците на својата страна.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    ^ Определениве гледам до сега колку придонесоа за демократијата во Македонија, затоа ни д од демократија немаме, ќе се изедеа живи пред собрание. Мора да бидеш или Грујо или Бранко, да лижеш газови за да видиш делче од таа „демократија“, па којзнае и тогаш. Каква е оваа демократија достапна само за одредени личности извини?
    Реално гледа на работите тој што реално гледа, без разлика дали е од партија или неопределен, реално гледање не е јас сум за ВМРО, ама ги поддржувам и СДСМ а овие неопределениве врска немаат. Реално гледање не е денеска сум за едниве, ама ако дојдат другиве на власт ќе бидам за нив бидејќи сакам работно место во оваа демократска држава. Демократска жими газов, да не ти се важи дипломата, да се вреднува повеќе партиската книшка отколку способноста, тоа не е демократија. Во демократија сите имаат еднакво право. Шиптариве моментално си живеат во демократија, бидејќи меѓусебно си имаат еднакви права тука, а генерално поголеми од нашите.

    Јас лично сакам да има сосема нова постава во собрание, и власт и опозиција, постава што ќе знае како да си ја врши должноста која народот и ја доверил, што нема да гледа повеќе да пикне во џеб наместо да направи всушност нешто добро за државава. Споменици и такви глупости не ми се мене напредок, можеби се убави, можеби ќе беа уште поубави да беа помалку и поефтини пред се, такви проекти што не придонесуваат за никаков напредок или пораст на приходите во Македонија, туку само го трошат буџетот не се доказ за добрата работа на една влада. Со тие пари можеа да се отворат барем 2 фабрики па воедно и да се намали невработеноста, а не да намалуваат процент на невработеност со намалување на критериуми за факултет. Опозиција не значи да одиш се контра на владата, за што и да било макар и да се доведе народот во опасност, и владата и опозицијата треба прво да гледаат што е добро за народот, а после да се јадат меѓусебно во собрание.
     
    На phoenix4235, Hipster и Annath им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    ЕЕеее сите посакуваме нова политичка гарнитура, ама реално и да се појави никој нема да ја подржи. Прво самите ВМРО и СДСМ нема да им дозволат на некои трети да пркнат.

    А баш тоа што го кажуваш за Албанците, не излегувајте вие неопределените на избори и после да не се чудите зошто албанците не се ни 20 % во Македонија а имаат толку многу пратеници. И баш тоа е најголемата причина зошто повеке почитувам некој од спротивната страна отколку неопределен. Ако не гласаме ние ке гласаат браќата и ооп ете ти повеке нивни пратеници.
     
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Да бе, до нас неопределениве е, заради нас имаат толку права.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    За жал не е тоа тоа, ама и тоа има некој удел.

    А дали ке имавме било каква демократија (или држава воопшто) ако сите беа неопределени?

    Инаку определен не значи да лижеш газови по штабови и слично. Убаво си кажала тие што лижат газови се баш и најголемите сончогледи кој и да дојде на власт накај него се вртат. И јас сум против партиските книшки и партиските активности. Но ете не мора за ВМРО И СДСМ, неопределените нека се определат за некоја трета опција бидејки мислам дека само тие можат да ја доведат таа трета опција на сцена.

    Поентата ми е, дека најголема демократија може да се постигне ако има повеке политички опции кои имаат приближно ист рејтинг. Тогаш ке има натпревар на политичката сцена а не како сега.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Накрај, наместо Бранко е крив, ќе викаат овие неопределениве се криви.
    Shame on us, ама стварно сме за камења фрлање, што не гласаме.
    Јас не гласам више години уназад, џабе и кога наполнив 18 имаше одма избори после кратко, отидов шркнав и неважечко беше.
    Само за градоначалник за Центар гласав и зашто знаев дека Тодорович ќе напраи за моето мало нешто поише од Доларова, зашто тука е роден, уште да не направеше ќе го кркаше сигурно.
    А за Скопје, после Пенов не видовме градоначаник асален.
    Коце е марионета, неписмен подлизурко, а Трифун беше кукла, уште тоа му фалеше во резиме да пише дека бил и градоначалик, за ништо не го биваше.
    Скопје после Пенов не е тоа што беше и никад нема да биде.
    Циркус ни е градов, па уште кога ќе ми се паѓа на гз од неговата убавина и автентинчно?
    Леле одма белешка на офталмолог, се се ама автентично Скопје сега да го кажеш дека е?
    Страшно.

    П.С
    Кирика, тамн работа ако декомкратија се прави со партиска припадност.
    Абре у западниве земји пола не знаат кој им е премиер што се вика, па тек лидер на партија, или па знаат кој лепи плакати и за што.
    Муабетот ми беше, гласаат за оној кој поише ќе им понуди и исполни.
    Што нема да им ги качи даноците до плафон и ќе им направи АСАЛНА инфраструктура.
    Ама ако киксне одма гласаат за друг следните избори.
    НЕма тука определеност има само државна коритс, кој е покорисен за народот од другите.
    Абре ми иде да си летнам кај битерсвит и да не се вратам тука жими се.

    П.П.С
    Првото дето во 2013 машко, ОСМО дете :tmi:
    Машала нека и е на мајката.
    60 000 Грујо треба до крај на живот да и дава само да можат да преживеат 10 души дома.
     
    На Annath и Nymeria им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не не, ако има достоен кандидат со задоволство би гласала за него и би била определена.
    А определен моментално многу добро знам што значи, ете ти може не лижеш газ ама си приморана на сите избори да излезеш да гласаш, ако не гласаш оди на твоја штета, каде е тука слободата, како е ова демократски?
    И каква е таа власт на која и е потребна мотивација од опозицијата за добро раководство?
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Па и јас на последниве избори гласав за трета помала партија, ме изнервираа оние од штаб што по 1000 пати звонат.

    Е баш за западните земји и зборев. Види во Америка колку беа блиски резултатите за изборите. И кај нас ако се блиски резултатите ке има подобрување. Тоа е мое мислење, и мислам дека САМО така може да дојдеме до каква таква демократија.

    Во Западните земји е баш така, лугето не се замараат. Работи во огромна фирма, газдата вика ние сме подржувачи на таа и таа партија заради тоа што ке овозможи тоа и тоа. Не ги тера на сила да гласаат, ами им кажува конкретно кои се придобивките од тој избор. Лугето излегуваат на гласање и не се замараат. Многу грешка сте ја сватиле определеноста, тоа не е лижење газови, не ечукање во гради, не е да очекуваш партијата да те вработи, тоа е твое право на глас, ако не гласаш друг одлучува за тебе.

    Нашите политички партии не чинат ама немој да мислите дека ако не гласа никој ке се постигне нешто. Ке биде уште полошо тогаш.

    На почетокот реков "И ако си определен си овца и ако не си определен пак си овца ". Така било и ке биде.

    Нумерија ако имаме слаба опозиција тогаш зошто ни е парламент. Нека има монархија. Мора опозицијата да биде силна. И јас и ти ако сме на власт а немаме конкуренција сигурно дека ке правиме што сакаме :)

    И да ако не гласам не ми оди на штета. Никој не ме уценува, нема ни со што. А за тој што ке ме уценува последно ке гласам.

    Што предлагате вие? На каков начин може да стигнеме до поголема демократија?
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кај ја најде Америка за пример, тие бетер од нас се во однос на демократијата :D

    Ама јас зборувам за определеноста во Македонија, што значи да бидеш определен во Македонија, а тука за жал не се сфаќа како на запад, тука значи баш тоа што си напишала, лупање во гради и лижење газ за работно место, потпаѓање под туѓо влијание.


    Кога си на таква деликатна позиција како премиер или градоначалник еве, каде што милиони луѓе зависат од твоите одлуки, не знам колку ќе правиш како што сакаш, односно знам, нема да правиш како што сакаш. Не може власта да прави како што сака бидејќи не е самостојно тело, милиони луѓе зависат од неа. Без разлика дали има или нема опозиција, не може еден владетел да прави што сака бидејќи има кој да го спречи-народот. Е сега тука што се пее друга песна тоа друго е.

    Ај баш не гласај на наредниве избори да видиме колку нема да ти оди на штета ;)

    Не е мое да предложувам, си се искажав јас, или овие моменталниве да одат на брз курс да научат што е совест и одговорност, или да се искорени и замени се, што е практично невозможно.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Да ги пратиме на хаваите сите политичари, пошто не у мода голи оток(јас таму би ги пратила)уан веј тикет,
    И да се собере накој малку разумен барем, малку може и странец да земеме да мисли малку поише за народ отколку за себе.
    Да се образува малку народ, ама виситнски да со образова, да знае што е бело што е црно.
    Само со тоа.
    Искрено не се шалам, смена на власт, ама под тоа не подразбирам опозиција, барем не Бранко на чело ни на грбм ни у сенка, и да се опемисмени народов.
    Јас сум досадна знам,ама многу сме прости и неуки и тупави затоа не лаже кој ќе стигне.
    Што не ги лажат Словенците бре? Ама нема тоа е свесен народ, кој знае што сака и како треба да биде, а е како другите ми кажуваат дека треба.
     
    На Hipica и Nymeria им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Па посебно деновиве сите сакаме да ги испратиме политичариве наши некаде далеку, ама за жал тоа не е решение. Не треба да критикуваме само, треба да размислиме каде е спасот и така да дејствуваме. А само образован човек може да согледа каде е решението а не само да критикува или само да фали. Баш добар пример со Словенците. Е тоа тие што го прават се протести а не овие нашиве.

    А нумериа тоа примерот со градоначалникот треба да е така да, ама ако живееме во некој розов свет, Искрено не постои човек што е во медот а не сака да проба барем малку од него. Затоа мислам дека само преку блиски резултати од избори може да се просперира.

    Не знам баш за демократијата во Америка ама сигурно подобро живеат од нас. Гледај вести денес, цел свет се плаши од банкрот види тие кој паметен закон го донесоа.

    А за мене не се секирај. И да не гласам нико ништо не ми може. Баш скоро одбив државна работа а прифатив приватна. И баш за тоа, за да бидам горда што работам со дипломата а не некој цел живот да ми кажува оти партија ме вработила.

    Благодарам на дебатата
    Имајте пријатна вечер
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Кикиритка, изивни вака, ама ако беше некоја солидна дебата, свака част.
    Ова не беше ни д од дебата, али ај нека биде така.
    И само ќе додадам дека никој не мисли дека решението е критика, ама немоќни сме да смениме нешто.
    Граѓански сектор кај нас нема, тоа само благокамуфлиран партиски израсток, средсто за лажење народ како дете со дедо мраз.
    Решение нема, ако ние се тешиме дека нешто ќе се смени, песимист сум ептен во оваа тематика.
    Туку дајте нешто да расчистиме, зашто станувате членови на партии кога ни верувате во тој идеал на пaртијaта, нит го знете статутот, целите, визијата на партијата?
    Сум прашала многумина и никој не ми одговорил.
    Кога некој ќе ме убиди дека е во партија чисто од идеал, тогаш ќе му пружам рака и ќе ми кажа, друже свака ти част.
    Али таа категорија е ко диносауруси, distinct!
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас еве на пример не сум член на партија едноставно не можам да се поврзам нити па ме интересира толку , член на партија се бива знаеме сите зошто :D но се сметам за политички определена , гласот како право сакам да си го искористам .Од две зла го земам помалото :devil:
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    E Хипи учењето на идеологијата на партијата и не е некоја голема работа. Еве на сите партиски роденденски состаноци ги собираат членовите на УМС во партиите и им трубат за историјата, идеологијата дрн дрн дрн...

    Бај д веј, не сум член на партија нема ни да бидам, ја знам идеологијата на двете водечки партии, а симпатизер сум на артијата чија програма најмногу ми се допаѓа во моментот. Не дека таа партија е идеална, далеку од тоа, ама мислам дека е за степен подобра од другите.
     
  19. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Тие што ја блокираат работата на парламентот ке зимаат една третина од платата, баш ме интерсира како ке реагираат!!
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Дали има некој што знае подетални информации околу вработувањето на мед.сестри по јавниве установи, слушам дека наместо волонтерите што работат со години, биле вработувани луѓе од надвор (партиски). Ова не е за во барање работа, туку баш за тука, бидејќи е политичка работа.