Затоа и реков - нешто најблиску до идеалното во реалниот свет, затоа што не постои закон или решение кое ќе ги задоволи буквално сите луѓе на светов и сите можни хипотетички ситуации. Впрочем, тоа е главниот проблем со оние против абортусот - се фаќаат за сламки и екстремни хипотетички сценарија, обидувајќи се да оправдаат нешто што, едноставно, не може да се оправда. Мене ми е многу тешко да се замислам себе во таква хипотетичка ситуација и всушност, не сум ни чул некој маж да се нашол во слични околности. Дури и навистина да постојат такви ситуации како во твојов пример, нивниот број е екстремно мал. Од друга страна, знаеш за што сум чул? И за што нема никаква потреба да правиме хипотетичка ментална гимнастика за да си го претставиме? За милионите уништени животи на жени поради тоа што им било ускратено правото на избор или извршен притисок да родат по секоја цена, за небројано многу деца со трајни емоционални последици, лузни и трауми затоа што биле непосакувани во семејството, а сепак донесени на овој свет, за илјадници жени кои починале за време на абортуси „на црно“, затоа што во нивната земја или средина истото претставува табу или е забрането со закон. И сега, кажи ми ти на мене - кога ќе ги ставиш на кантар милионите жени кои страдаат низ светов затоа што им е ускратено правото на избор и носење на одлуки за сопственото тело и хипотетичкиот маж чие „право“ да има дете со жена која не сака да му го роди е повредено - која страна натежнува повеќе?
Јас, за разлика од тебе не се осмелувам да ставам на кантар работи каде се одлучува дали нероденото дете ќе живее или ќе биде убиено. Совеста не ми дава.
Тоа дали оплодена јајце-клетка, ембрион или фетус може да се поистовети со дете (т.е. човек) или не, е сосема друг аспект на дискусијата за абортусот, аспект за кој нема никаква поента да се дебатира со луѓе кои религијата за земаат за некаков меродавен аргумент во дискусијава. Затоа воопшто не го ни спомнував. А не го спомна ни ти. Твојот хипотетички пример беше за наводната повреда на моите права во случајот кога јас сакам девојка да ми роди дете, а таа нејќе. А кога е во прашање правото на избор на жената (или неговото отсуство), бројот на потенцијално повредени и обесправени мажи и бројот на реално повредени и обесправени жени и тоа како може да се стави на кантар - и многу е очигледно која страна натежнува и на која страна би требало да бидеме сите. Ама еве, пошто сакаш да хипотетизираш, да се надоврзам на твојата хипотетичка ситуација. Ддевојка останува трудна, дечкото сака таа да го роди детето, таа нејќе. Дечкото инсистира, настојува, ветува дека тој сам ќе си го гледа. Девојката некако се согласува на тоа. Нормално, во хипотетичково сценарио, тие веќе не се заедно, затоа што некој да те присили на бременост е deal-breaker за секоја врска. Девојката ја тера бременоста, со све што оди пропратно со тоа, носејќи дете што не го посакувала од човек што не го сака. Можеби има патолошка бременост, па е принудена да лежи по цел ден во кревет, максимално посветена на целта да го износи детето што некој ја принудил да го роди. Животот и’ е сведен на тоа да биде човечки инкубатор. У меѓувреме, дечкото е лабав, си шета, си кулира, и си наоѓа нова девојка. Некаде у 8-ми месец, му светнува, „Еј, а бе знаеш што? Сепак и ја нејќам дете сеа у моментов, на почеток сум на тазе врска, а башка и уште сум млад, може ќе си имам дете со сопругата. Извини, се премислив. Позз и со лесно нека ти е породувањето.“ Што правиме со оваа хипотетичка ситуација?
А треба да прекине? Па нормално дека ќе си тера натаму со животецот. Нели затоа го прави абортусот, за да си го тера животецот.
И оваа ситуација е можна. Една опција е Домот за деца без родители, а како што има голем број на семејства кои чекаат да посвојат детенце со години, тоа ќе биде веднаш некаде згрижено. Втора опција е мајката да се предомисли и да сака да го задржи детето. Има многу вакви исходи.
Веднаш, да, затоа што ептен лесно е да посвоиш дете во државата. Кај ги вадите глупостите не знам. Да се предомисли... Па обично тоа и е целта на такви мажи што "као случајно" си ги оставаат женските трудни, па после не им даваат да абортираат. Се надеваат дека ќе ја врзат за нив и ќе им седи дома деца да гледа додека тие лутаат по кафанчиња со "бацињата".
Веднаш згрижено. Абе во која држава живеете? Што не одиш во 11 Октомври да им ги видиш условите? Не знам зошто е толку тешко да се разбере дека забраната за абортус не ги спречува абортусите, туку ги прави нелагални. Жени изложени на нелегални интервенции, загрозувајќи си го животот, затоа што некој друг се дрзнал да одлучува во нивно име.
Супер. Значи девојката која не сакала да биде мајка ќе биде присилена да стане мајка, ќе мора да претрпи 9 месеци бременост и ќе мора да се носи со доживотни емоционални трауми. А дечкото кој сакал да биде татко, ама на крај, ете, се испишманил, ќе мора да претрпи... ништо. Ќе си излезе од целото искуство без апсолутно никакви физички и психички последици. Што да кажам, звучи фер. Сега ми е појасно зашто викаш дека и таткото и мајката треба да имаат подеднаков удел во одлуката за раѓање - очигледно е дека и одговорностите и последиците се подеднакво поделени меѓу нив.
Епа и самиот рече дека нема идеално решение во овие ситуации. Според мене (но не и според тебе и други) ова е решение. И што е најважно, и нероденото ќе има право на живот.
Не знам какви се условите во Домот, ама знам дека луѓе се окозуваат од чекање да добијат дете. Сигурни институциите не ги држат намерно таму децата ако немаат добри услови. Проблем е што нема деца, погоди зошто?
Не знаеш, затоа те советувам да одиш. Оти јас знам. Па да видиш и ти нема да е лошо. Со години се чека за посвојување. Ќе остариш и обелиш. А тоа дете ќе остане во домот во несоодветни услови, кои тебе не ти се познати. А, ако толку ти е грижа, можеш и ти да почнеш процедураза посвојување, да помогнеш. Не само да одлучуваш за други и тоа на форум. Како не знам зошто нема деца? Па оти намерно абортираме. Од збеснати што сме, од убавини. Знаеш ли колку жени умираат од непрофесионален абортус? Ниту една жена не смее да биде принудена да роди.
Izvinete na latinica. @Abeja prashanje licno za tebe. Dali ako nosish dete so Down sindrom, potvrden so amniocenteza, bi go abortirala? Dali ako tvoja bliska i sakana osoba , nosi dete so Down, pritoa e rastroena od taga, bi ja poddrzala vo odluka za abortus? Dali imash razmisleno od ovoj agol?
Мој заклучок од ситуацијата со абортусот - да им се всади на несовесните мажи матка со се јајници и остали органи потребни за забременување, да ги оплодиме и да ги натераме да родат иако тие не сакаат . Да видиме дали ќе бидат несовесни пак. Јас имам изразено став на оваа тема, сум за абортус, во случај на болест, силување , опасност од смрт на мајката, и секако ако е премногу млада за да биде родител. Ако некогаш ( далеку било ) , ќерка ми се најде во ситуација да забремени , прво што би направила јас како нејзин родител ќе ја прашам дали сака да роди и дали е воопшто спремна да биде мајка . Ако одговорот е не , секако ќе ја поддржам да изврши абортус, но по легален пат. Никогаш нема да дозволам да оди кај чудни фаци кои вршат абортус во бараки , или по дома. Се знае каде и кој треба да го изврши тој чин.
Ние може до утре тука на форум да си правиме муабет дали е етички или не, дали треба или не. Реалноста е дека абортуси имало, има и ќе има. Не можете да го спречите тоа, не може да се искорени несакана бременост. Може да се врши едукација, учење на населението за да се намалат процентуално, меѓутоа не и да ги снема. Во таков случај има 2 опции: Да иде во професионална клиника или да иде кај луѓе кои работат на црно, без документации, без правилна опрема и со суспектни инструменти. Жена која решила да абортира ќе абортира. Не ја спречувате па вие до утре правете си муабет. Прашањето е дали државата ќе и обезбеди побезбедно абортирање или ќе ги стисне во ќош да си го "бараат сами решението". Е сега ако сте толку загрижени секако ќе посакате жените, мајките, носачите на живот на планетава да се заштитени. Затоа што за да израсне здраво дете мора да има здрава мајка. И сфатете дека ниедна жена не го сака абортусот. Кој би советувал жена да оди да абортира од мерак? Н и е д н а. Почитувајте туѓ живот и право на избор. А за тоа дали е етички или не, тоа е друга тема, да отвориме па да тераме филозофии до утре ако сакате.
Лажењето-начин за градење на "кариера" или болест! Ти убаво викаш дека мора на референдум да одлучат само граѓаните, и никој друг нема легимитет да одлучи наместо нив. Граѓаните одлучија,само вие расипани профитери,зинати за пари ништо уставно и законски не направивте. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=318442425538486&id=232412217474841
Добар ви ден сограѓани мои со забетониран идентитет. Денов ни донесе нови лекции за зајакнување и утврдување на идентитетските прашања. За домашно имате да ги напишете во тетратка по сто пати новите имиња на сите установи. За полесна апсорпција. Само Сузе Национале ќе си остане со старото име. https://republika.mk/vesti/makedoni...vmro-desetici-institiucii-dobija-novi-iminja/