Женска има видео на линкот, слушни го па збори. Никакви зборови не се вадени од контекст Скокни-па речи ОП ! А холокаустот е цивилизациска трагедија,а не традиција . А „традиција“ и „трагедија“ не се баш блиски зборови за правење лапсус.
Се случува да згрешиме.Мислам човечки е.Извини ако си безгрешна, дај да ставам икона од тебе дома да се молам за твоето здравје и твојот превсетол ум. Амин.
Сечено видео и монтирано де. Една реченица врти цело време, недоречена. Ставете ја целата мисла, не вака у сред реченица да вадите заклучоци и да спинувате со истото. Кажи им во штабот дека ни за спинување не ги бидува. Бар у едно нешто да се покажавте способни ту
За неписменоста не комнетирам Таков човек не води... Туку ова денес ми го наполни срцето https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-vo-nashe-ime-gospodine-dimitrov/ Мојата најсакана професорка, секогаш со одмерени мислења
Ваљда трагедија требало да каже наместо традиција, се гледа дека се здтка. Многу неумесно испаднало, а и не му е првпат да тресне гаф. За вакви гафови и ужасен англиски Заев не заостанува зад Хорхе и останатите од ВМРО, да се разбереме, не вреди за оправдувања. Инаку мило ми е за усвојувањето на Законот за заштита од дискриминација. Мила Царовска и ствариве што се случуваат во прогресивен правец се единствена предност на оваа влада...
И да речеме дека е лапсус, не знам од кој збор и во кој контекст би бил лапсусот. Доколку сакал да каже „Холокаустот е еврејска трагедија“ повторно му е лош контекстот, бидејќи холокаустот е цивилизациска трагедија. И ај што нема капацитет да свати што чита,него какви ликови им работат во 'ministry of propaganda' за да напишат таков гаф?!?
Јазикот што денес го зборуваме може има некои сличности со тој на грчките Македонци, но има и со турскиот па не сме во иста јазична група со Турците. Факт е дека македонскиот е словенски јазик.
Леле, немој вака, кои се тие грчки Македонци? Не зборуваме за Македонија како географски поим туку за Македонци кои по Балканските војни останале од таа страна на границата, ист народ како нас, нормално различен е малку јазикот затоа што тоа се јужните, беломорски дијалекти, но еве и беровскиот, струмичкиот или гевгелискиот говор е многу различен од скопскиот, па никој не би рекол дека тоа не е македонски јазик.
Еве го, погодив... Брука во секој случај, не треба личност на таа позиција да си дозволи вакви глупости.
Димитров... губам веќе културни зборови за да го опишам човечуљчето. У страшно филмче е влезен и буквално ми се гади кога го слушам за како е он фокусиран на мојата иднина, као. Уште Пендаровски или Силјановска ко претседател ни фалат и колективно да се самоотепаме.
Грчки македонци не постојат, постојат македонци во Грција... Покојната баба моја 1953 год со нејзините сестри избегале од егејска Македонија оставајки све зад себе дури и двајцата браќа кои се бореле таму и загинале.... За јазикот таа зборуваше течно грчки но не зборуваше слично на македонскиот јазик туку зборуваше македонски... Прво запознај некој постар човек од егејска Македонија да ти раскажи малку а не да гледаш на ТВ или на нет грци кои викаат дека се македонци
Не мора да запознае човек, доволно е да послуша малку изворна македонска музика. Еве една, се надевам има доволно сличности со "нашиов македонски" за да се разбере текстот.
Не мора но пожелно очи во очи да моабет да падни, да не трошет мн време на нет и сами да ги забележет сличностите во јазикот па можи ќе научет и историја малку
Едно прашај е до сите овде кои ги подржуваат циркузантиве кои ве мачкаат како маргаринче на лебче така со подебел слој... Дали го знаете народниот збор за тој што се продава за пари? Застаните пред огледало гледајте се сами со себе и дајте си одговор!!
И јас сум фрапирана девојко од твоето незнаење. Оди сега преслушај ги песните "Твојте очи Лено мори" и "Мори чупи костурчанки" и кажи на кој јазик се испеани. И најди некој постар човек што се родил во егејскиот дел на Македонија да ти разјасни некои работи.