Да ве прашам нешто. Кај пукнала цевка во чиј подрум и водата направила хаварија, се поплавиле некои документи Што ќе беше ова несреќа
се држиме до традицијата. Холокаустот или денеска Етноцидот за жал стана и наша Македонска "традиција" но со една битна разлика, го извршија наши СеверЏгани
Не туку глуми, спинер еден. Ако не те плаќа никој за спинувањето, треба да почни. Ја одработуваш работата, скроз професионално.
Се јавија "Заевистиве",и се што не ви одговара е спин . Монтирано беше видеото така? И извинувањето негово потоа беше спин нели? Кога мислиш дека IQ33 го допрел дното, за 24ч те демантира!
Глуп е шо се извинва, ама вие сте му наметнале проблем со спинот. Сте му ги извртеле зборовите, па мора да се објаснува. Само сопки да се клавало. Ако навистина рекол така, прва ќе скокнев, ама не рече дека Е традиција, туку дека НЕ Е. Нема врска со заевисти -незаевисти, има врска со здрав разум. Ич неќам некој на очи да ме прај слепа, на уши-глува. А ти, точно то го прајш.
@LivingGlam @orevokrsacka Јас се извинувам, поспана бев и цело време мислев дека се зборува за антички Македонци, не Македонци што живеат во Грција. Моја грешка.
И јас така те сфатив искрено... И не ни знам на кој јазик зборувале Античките Македонци. Знам дека бил Македонски, посебен, и дека после го прифатиле грчкиот, и јазик и писмо.. пошто тие биле неписмени...
Водата во Северџанија е интелигентна, точно знае каде да влезе и што да поплави. https://alfa.mk/и-со-4-милиони-годишно-пукаат-цевки-поп/
Да де, освен традиција е и нешто друго. А традиционално, секоја година се одржува холокаустот? Не ми се верува дека лапсузи на Заев браните, човекот е цел подвижен лапсуз.
Не е спин овојпат, Вајлдке. Можда и мене Ики обично ми е напорна за читање, ама овде е во право. Голем кикс е на многу осетлива тема, што не смее да му се случи. Гафови, брукање со странски јазици и елементарно незнаење (како што киксираше со математика во една прилика) на политичар што нѐ претставува на највисоко ниво, се нешто што треба да се искритикува и исмее, па кој и да е тој политичар.
Браво така е не треба да се брани човек кој самиот како појава е лапсуз, и секој него кажан збор исто така
Македонскиот е словенски јазик, ама и тој на Македонците во Егејска Македонија е истиот тој јазик како и нашиот. Не може да каже дека е друг јазик.
Проблемот на WildMk е што македонскиот не и е мајчин јазик а упорно се обидува тоа да не се примети па очевидни јазични конструкции кои на нас ни се нелогични нејзе и се логични или па обратно. Реченицата за холокауст како еврејска традиција нема никаков смисол во нашиот јазик ама тоа на WildMk не и е јасно (сега ќе и стане). Исто беше со „консензуалниот референдум“ каде не и беше јасно дека „консензуален“ и „консултативен“ се два сосема различни збора. Воошто не е проблем да згрешиш но треба кога ќе ти се укаже на грешката да ја прифатиш. Грчки Македонци нема, таму се доселени Понти, православни Турци, Ромејско население од Мала Азија, Ерменци, сите топтан донесени од Мала Азија во Егејот во 1923 по малоазиската катастрофа. Денес нивните потомци се горди „Грчки Македонци“ иако немаат никаква врска со Македонија пред преселбата од 1923 година. Се разбира најголем дел се населени на имоти на протерани наши луѓе. Но како викаат „сила бога не моли“ па со нашава сервилна политика на виткање кичма им се може!
Шо се објаснувате. Заев самиот (т.е. ПР-от) се извини за лапсузот. Не си трошете енергија на безвезе дебати.
Ах, тоа да. Сега е "условен" жителите на Егејска Македонија да ги вика Грчки Македонци. Сите до еден. Без разлика од каде им е потеклото. Се откажавме од Егејците.
Допрва ќе гледаме од што се' сме се откажале. Комисиите ќе ни ги донесат најинтересните моменти. Би-би-си излегува со статија за Македонското малцинство во Грција, грчкиот амбасадор ургира да се корегира текстот, Би-би-си не дозволува, нашиот министер излегува со изјава дека ние не се мешаме во внатрешните работи на Грција. Малцинствата во Грција се грчка внатрешна работа и така сме обврзани со договорот.
Да бидам искрена тоа воопшто не ме загрижува. И реално не е моја работа. Ниту имам Егејско потекло, ниту знам каква е ситуацијата таму. Само можам да се кладам дека и децата родени од егејските фамилии таму ни едно не зборат веќе македонски, затоа што и ним ич не им е гајле. Останува старите да се борат за тоа. Знам многу ќе се најдат навредени од оваа моја изјава, ама искрено. Дали ќе биле Македонци или Грци, лично мене, ич, ама ич ништо не ми менува.