На 65 години да нема ден стаж? Во времето на СФРЈ се наоѓало работа веднаш по средно школо, со стаж, пријавени, храна, превоз, се. На што личи ова? Работни места нема, само оној кој работи на грб ќе носи куп неработници? Лошо, нефер, штетна мерка. Се стимулира неработење, по се исплати да не работиш. Наведов 8.500 денари со 15 години стаж, а без ден стаж 6.000 плус 1.000 за греење, тоа се 7.000. За 1.500 денари разлика ќе рмба некој, ќе остава здравје по фирми, ќе мрзне на студ, ќе се пече на сонце? За што? За Заев да се расфрла со народни пари?
Со врски, префрлање имот на деца, разводи меѓу брачни партнери, ќе се изигра законот, за добивање на пензија без мака.
Срам да ви е бре, како од ваша плата да кратат за да дадат некому пензија Од кај знаете, дури бил некој млад и имал сила, растоварал камиони, одел аргат на ниви, собирал пластика и стара хартија... И сега што на старост, нека цркне затоа што на времето се снаоѓал за леб... Јаките пари, 100 евра кои нема ни за храна, сметки и лекови да стасаат
Не ми е срам. Без ден стаж, без денар даден во државна каса, пензии. Алооо? Кој ќе даде пари за нив, јас, ти, некој трет? Па дај никој да не работиме, нека дадат пензии. Мој близок со 40 години ќе земе 11.000 денари, а некој без ден стаж ќе зема 6.000 плус 1.000 за грееење. Ало? Кој е туак оштетен. Па тој што работел, секако, полнел државна каса за да штеди на старост, иако скапал од работа. Државата требала да гони и сега да гони работа на црно, сите да бидат пријавени, а не вака. Народни пари се тоа, не се на Заев.
А ако немаат денар скршен, и живеат од помош од роднини и пријатели. Со што ќе докупат? А тие што им фали многу?
А што правеле тие до 62,односно 64 години? Зошто конфекциски,градежни...работници кои работат над 10 часа дневно во никакви услови, и притоа имаат мизерни примања од некои си 200 евра(или мање),да земаат пензија од едвај 9000 ден,а другиве без денар даден на државата,без денар даден во буџетот, да се прчат со 6000 ден? (плус 1000 ден за греење пари) Овие работници знаеш колку време поминуваат со семејствата? Знаеш како врзуваат крај со крај? На овие работници знаеш како им е пред се здравјето? Треба да се изедначат овие луѓе,со тие што цел живот немаат ден стаж (значи имале добри 40 години, да соберат барем 15 години стаж)? Се знае, кој има над 15 години стаж може да зема пензија. Дај и мене,тебе и многу други...нека не изедначат со пензиите на судиите,инспекторите,министрите. Мислиш ќе сакаат?
Па не ни даваат да докупат и за тие што имаат. Еве мој близок со 40 години стаж ќе земе 11.000 денари. Велите 6.000 е малку, но 11.000 денари за 40 години мачна работа што се? Против сум народни пари да се фрлаат за се и сешто, и против оваа мерка. Се стимулира неработење. Исто како и онаа мерка за опростување на сметки за струја. Зошто ние да плаќаме, будали сме, или зошто да работиме, ако некаде се нуди пензија гратис? Ти ќе бидеш среќна да се скапеш цел век од работа, а некој да го гледаш седи, си живее од социјално, од помош од роднини, блиски, и на крај да земаш 1000 денари повеќе од него? Вработените се ставаат во подредена положба.
Сигурно така ти одговориле тие луѓе што немаат ден стаж,и во оваа мерка се крстат (а пола од нив не знаат дека дали 5000 граѓани ги исполнуваат овие услови)
Ова е тотална неправда за мене, и никој не може да ме убеди во спротивното. Тие што денес имаат 65 години, ако во времето на СФРЈ не направиле ден стаж, што да кажам за нив. Тотални мрзи, неодговорни кон самите себе. Ми се смачи од оваа држава, ќе рмбаме за нечие трето дете, за социјалци што не сакаат да работат, за гнани политичари и нивните патни трошоци. Замисли како и е на некоја текстилна работничка сега, знаеш дете ако се разболи на жените им се закнуваат со отказ, ако излезе, а норма ја чека,а ваму имало пари за гратис пензии и за отпис на долгови. Мој глас веќе не.
А чии се тие пари, случајно владата од нивните џебови да не ги даваат? И да мене утре ќе ми скратат, ако работам од 22години утре прашање е дали ќе има пензија за мене или најтрагично дали ќе дочекам.
На место се кажано. "Будалите" нека работат 30-40 годни за 9000-10 000 ден.пензија,а "паметните" за тоа време ќе "уживаат". Популизам дефинитивно. Не постои државна стратегија. Секоја наредна власт носи свои други популистички мерки, а старите не важат..Затоа може малку да верувате само на мерки за најмогу година да се остварат. Да си прашам: А што стана со социјалната помош од 12000 ден? Нели заборавија што ветија срањево.
И јас ова се плашам. Татко ми со скоро 40 години ќе земе мала пензија, ама ако зголемат граница на 67 години, нема ни да дочека. Рмбаше како коњ за мала плата, едвај стигаше од први до први, се задолжуваше да не школува, и на крај со празни раце. Нас ќе ни скратат секако, секое непланско трошење на народни пари носи штети за идните генерации. во Србија пример, имаа големи долгови, и пред некоја година министер за финансии им поднесе оставка, сите пред телевизор, загрижени им ги скратија пензиите. Така ќе бидеме и ние, ќе лупаме пари на глупости, младите и тие што се пријавени едвај на минималец, утре буџет празен, ПИОМ празен, придонеси краделе и никому ништо. Во пропаст оди ова. А тие што велат ваши ли се парите, да НАШИ се, НАРОДНИ ПАРИ, СОБРАНИ ОД ДАНОЦИ.
Тие што работеле во бивша Југославија веќе се во пензија...јас знам подобро од тебе. Второ..мрско ми е да ти одговорам, оти твоето мислење е далеку од реално и човечно...страшно..се буниш за шест илјади денари што треба да ги добијат инвалиди кои по некоја случајност останале или така се родени со некој инвалидитет!??? Ма воопшто неможам да пишувам, каде ти е човечкото во тебе!???
Не се бунам за инвалиди, за луѓе без ден стаж. Знаеш да читаш? Еве јас не сум хумана, дај ти од твојата плата штом си солидарна дели ја со некој човек од улица. Тоа е исто, ти да работиш, а некому да му се дадат пари. Кажаа од влада на инвалиди ќе даваат???Не. Без ден стаж, а инвалидите по тој основ си земаат надомест ако не си знаела, слепи лица, глуви, има за нив и за нив никој не се буни, скраја да е.
Јас зборам за тие што не работеле во СФРЈ и сега се без ден стаж, а тие што работеле секако дека имаат години и години. Мојот родител има 40 години стаж и ќе земе мочани 11.000. Читај убаво, мочани 11.000 и крваво заработени, а толку е сметка за струја во зима. За легачите ќе има гратис и за струја.
Греота е да плукате по мерка против сиромаштијата, за минимална пензија на стари луѓе без никакви примања. Сфаќам за сè да најдете маани само поради партијата која е на власт, но и за вакви социјални мерки... навистина треба да ставите прст на чело и да размислите каде ви е човечноста.
Не ми е јасно како можете да опонирате на мерки за намалување на сиромаштијата. Што е тоа што не ви се допаѓа? Се фрлале пари?! Незнам дали да набројувам колку лавови,непотребни градежни зданија, фонтани, фасади на згради...се наоравија и се фрлија пари. Со чии пари се расфрлаа тогаш? Вака и да се "фрлаат" барем на народот се фрлаат.