Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    ОК е да се даде на сиромашни луѓе, кои се без леб, во некое село, без деца, болни, но сега ќе почне оваа мерка да се искористува. Знаеме како е кај нас, социјалци вистински се без леб, па дури и без документи, а земаат луѓе кои на црно си земаат по 400 евра. Па види сега кај е тука хуманоста. Друга работа, за греота се тие што цел век двојат за државата, за ПИОМ, тоа е лошо. Да се откажат од патни трошоци, дневници, хонорари, од покачување на плати на министри, ок, да помогнат некому ок, ама со народни пари не се помага вака. Ова ќе биде злоупотребено дебело. Се е така и социјални станови и се.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Пензија за луѓе кои не им достигаат години за да исполнат услови за пензија.
    Тука претежно се стечајци, избркани од работа со неплатени придонеси, инвалиди кои неможат да успеат да земат туѓа нега и мобилност, луѓе кои се запослиле по стари години(во нашава држава има млади на кои прво запослување успеале да им биде на триесет и кусур години и тоа со дебели врски)...иди.
     
    На candy.cane, LejlaD, Emma2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Не гласавме за да биде исто, да има популизам како во времето на ВМРО, работата беше да има правда, работа, економија, а нема ништо.

    Ок е за тие што им дали, но без ден стаж е неприфатливо. Еден комшија за неколку месеци му фалеше стаж, не му дадоа да си докупи, тој ги одработил годините, но не му било се регулирано, и почина така, го чуваа децата, среќа имаа пари. Не сум против стечајки, тие фала богу се сетија им дадоа нешто, тие рмбале да се гради оваа држава, за тие со ич стаж не треба да има.

    https://mia.mk/2019/03/slepiot-mase...pKTyiiKug7akFUtCYjwj3q50r-ggwCOAnG3TkfpK-sAp8

    Читај што прави еден иналид, па кажи ми дали е ок некој на 65 години да нема ден стаж, а да живеел во СФРЈ. Биди искрена и реална.
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Јас гласав за да се даде на сите:)
    И еве полека се дава.
    Емпатијата према својот народ ми се допаѓа:)
     
    На oblace1 и boomsleng им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Чудни ви се размислувањата - се понашате ко тие што работеле денар да не земале цел живот, туку 40 години да работеле само за пензија.

    Ако ги видовте убаво условите погоре, личноста треба да нема никакви други примања, брачен другар со примања или имот - колку вакви луѓе постојат како бројка и зарем вие ќе бидете толку многу оштетени ако им се дадат минимални приходи, недоволни за нормален живот? Државата се утепа од фрлање народни пари за споменици и други глупости, ама не, шесте илјади на некој што мизерува се проблем.

    Конечно, ако мислите дека ова е прекрасно и легачко решение, дајте отказ, живејте сами без брачен другар, немајте ништо на ваше име и, после 62/64 и вие ќе може да уживате во овој благодет и да живеете на туѓ грб.
     
    На Mishela, oblace1, candy.cane и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ама зошто за секоја мерка прво размислувате како ќе се злоупотреби? И за закони за дискриминација и насилство, и за домови и згрижени деца, и за социјална помош и пензија... Мислете малку на тие што навистина им треба и ќе ја употребат, за промена. :)
    Секоја новост во врска со човекови права и достоинствен живот е позитивна и чекор напред, за такви нешта ги гласавме.
     
    На oblace1, candy.cane, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Ги решија овие редовните пензии,и дупката во ПИОМ од 500 милиони евра, па сега ќе делат пензии на оние без стаж (facepalm)
    Економијата ни зајакна? Најде владава злато,ураниум,нафта нешто? А?
    Македонија едвај со субвенции од државата (од буџетот или скапи кредити) се задолжува и ги дели и овие.
    Затоа за кратко време ќе почнат да трубат за зголемување на старосната пензија од 64 на 67,во држава во која еден животен век е едвај 70 години.
    Се е моментален популизам!
     
    На zuto, orevokrsacka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    1.103
    Пол:
    Машки
    Веќе напиша се што сакав и јас да кажам. Тоа како дае некое македонско проклетство да завидуваш на друг во овој случај на луѓе кои буквално немаат ништо и државата ќе им даде по 6000 денари. Наместо да се борат тие да добијат повеќе , тие ќе биле задоволни ако на ''мрзите '' не им се даде ништо.
    Не не бива само поради овој наш карактер , и не е само во врска со темава тоа го има секојдневно и на работа каде луѓето не се борат тие повеќе да добијат ами другиот да не земе повеќе.
     
    На candy.cane, boomsleng, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.239
    Пол:
    Женски
    Ццццццц, примитивни размислувања :^)
    И тоа малку социјална заштита што ја имаме да ја уништиме, а недај боже да ја подобриме. Никако! Е затоа ќе тонеме се подлабоко. Оти сме/сте глупави и краткогледи! Овие социјални мерки се ништожни во споредба со тоа што треба да имаме како држава за да живееме достоинствено. Јас ич не би се противела и 50% од примањата да ги давам ако тие се распределуваат за добробит на сите а не за глупави популистички мерки и градби. Така што, поздрав за меркава ако се спроведе правилно со надеж дека социјалната заштита ќе оди во нагорна линија и нема со неа да бидат покриени само тие кои се безнадежни туку и сите останати кои од било кои причини би биле принудени да ја користат истата. Убаво е чувството да знаеш дека ако се случи да останеш без ништо, државата ќе се погрижи за тебе, како и во сите нормални држави впрочем.
    А вие и понатаму бунете се, што да ви кажам :?:
     
    На Mishela, oblace1, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски

    Аман бе дете, што си се фатила за таа сфрј кога везе немаш...тоа време сите слепи лица работеа масери или на телефонска централа.. За да се запослиш требаше исто врски или пак кога ќе одеше родителот во пензија, ти да одиш на негово место...имаше такви опции.

    Во заводот за вработување имаше многу невработени...единствена добра акција им беше кога ги поделија сите невработени во три групи, по години на чекање во бирото и сите ги запослија
    Јас незнам кој е тој човек без ден работен стаж, освен само болен и работно неспособен.
    Ти познаваш ли такви луѓе кои немаат ни еден ден како што велиш работено!?
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Крадеа пари ДУИ од ПИОМ? Крадеа и никому ништо. И сега како да верувам дека нема да се злоупотреби? Сите мерки биле злоупотребени, еве ти кажувам имам во фамилија човек кој заработува на црно 26.000 денари и зема социјално. За сметка на тоа некој сирот сам човек во планина таму, не слегол во град, а не пак да среди документи и да му се одобри социјално. Дали се разбираме сега? Не сум против да се даде на луѓе кои имаат стаж, но им фали, тоа е праведно, но на луѓе без ден стар, па тоа е страшна неправда.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Знам здрави и прави кои не работеле, а се стари денес, цел век на социјално и на грб на мама, тате. Знам и сега луѓе на 40, 42 години кои немаат абер да бараат работам само викаат дека неа работа, а на едно интервју не отишле. Но, ти ги навреди инвалидите, знам повеќе лица кои се со оштетен вид, пречки во говор, оштетен слух, па работат во една општествено одговорна компанија и земаат плата. Носат летоци, рекламни флаери, бела техника. Дали е во ред утре тој човек со оштетен вид и слух да го рамниш со некој кој свесно не сакал да работи?
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Гласав за првда, не се апашлук. Не за социјално од 12.000 и минималец од 12.000. Власта да имаше емпатија, немаше да паднеме на ова дереџе.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Еве ти кажувам татко ми земаше секогаш мала плата, скоро 40 години, колку да се прехраниме во градежништво, немало вишок ништо, само стажот го држеше да остане во фирмата. Сега гледам стажот е глупост, пу пу не се важи. Фрлен живот во ветер.
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Критикуваш закон за подршка на социјалните случаи, а тврдиш друг имал отсуство на емпатија?
    Што све нема да прочитам.(facepalm)
     
    На oblace1, candy.cane, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Социјално рамно на минималец. За некого државата мајка, за друг маќеа, и тоа е емпатија?
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Претходната влада да работеше за зголемување на стандардот на народот наместо со зголемување на бројката на споменици, фасади, мостови, цркви, крстови и курци палци, немаше да бидеме на ова дереџе.
     
    На Tanjamm, LollySky, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    @Tanjamm премногу се трудиш да оцрниш нешто кое е помош за луѓето без приходи.
    Апашлук било.
    Си знаела овакви и онакви луѓе|(
    Не станува збор за поеднинци туку за колектив:)
    Поединците ќе ќарат можеби во толпата која ќе биде задоволна,ама не се тие битни зашто такви поединци од секогаш постоеле:).
    Незнам на кое дереџе сме паднати, зашто со вакви паушални изјави не можеш ни сама себе да се убедиш во нечиј апашлак.
     
    На oblace1, boomsleng и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Знам. Лоши мерки имаа многу, но и ова е лошо. Ние не сме една Германија, за да ова го издржиме, или ќе се злоупотребува или ќе го излажат народот, а после ќе ги одбиваат со некој изговор и толку. Реално нема ништо да се смени. Сфатете не сум против да се даде на инвалиди, тие и онака земаат надомест зависно за каков инвалидитет се работи, но да култивираш и поддржуваш неработење, а тоа да го платиш со народни пари, штета е.
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.240
    Моето е факт, твоето е паушал. Податоците се проверени. 15 години стаж, 8.500 денари. Не се буниш дека е малку и дека треба да се качат пензиите или за нив ќе нема пари, ПИОМ празен?