Да те поправам, не твојот народ, сега најмногу од ова ќе профитираат Роми и Албанци кои веќе си користеле социјално, читај те молзеле како мнозинска заедница, да плаќаш данок, а тие да ескивираат. Јасно е кој ќе профитира од ова, мојот народ не. Што мислиш Стево кој ќе им го бира?Ние и онака не сме доволни, а ниту сме важни.
Не навлегувам во тоа колкава плата земал татко ти или некој друг - поентата ми беше дека никој не работел 40 години беспари, земал некаква (каква-таква, голема или мала плата) за тоа. Ете, татко ти го обезбедувал вашето семејство, те изгледале и израснале тебе, итн. Се согласувам со тебе дека треба да се обрне внимание оваа мерка да не се злоупотреби - исто како и социјалната помош. Но апсолутно не можам да се бунам за тоа што некој кој навистина нема ништо после 64 години ќе земе пензија од 6000 денари. Пак ќе ти речам, ако ова ти изгледа како толку прекрасна опција, дај си отказ, не се мажи (или омажи се за некој што исто така ќе нема примања цел живот), немај ни стан, ни куќа, и почекај 30-40 години за да ја исполниш старосната граница и да „дојде животот“ со 6000 денари месечно, плус иљадарче за греење у зима. Мф, мф, мф, мераци. Очекувам кога ќе се усвои меркава да имаме давање откази со епидемиски размери и навалица од луѓе што ќе седат дома и стрпливо ќе чекаат да стигнат до законската старосна граница за пензија и да дојдат до шест иљадарчиња со легачење.
Ние едвај преживувавме, и ова не да се исмеваш. Мојата некогашна незавидна ситуација не е за смеење. Нема да лежам, ќе гледам да барам излез надвор од земјата, оти вака на 67 години ни одработена пензија нема да земам. Ќе бегам некаде каде има ред и поредок, а законот е светост, а не двојни аршини да важат. Прашање за тебе, што правел некој човек од 18 до 65 години за да нема ниту ден стаж? Дали тоа ти е репер и дали е тоа репер за здраво општество? Никаде не пишува дека некој не треба да се мажи или жени, може да се развел, или е вдовец, или може и наменски за пензија да се разведе, зошто да не? Никаде не пишува дека тој не треба да има деца. Си толкувате површно.
Смешно е се убедувате за 6000 ден дури се помоча човек ке се потрошете, иначе во цела европска унија имаат ваков закон и овде не од сакаат туку од што мораат носат таков закон... Прочитав погоре "мрзливи" на има мн што работе а стаж не им течи... Во Германија минимална плата е 1200 евра а социјална помош 900 евра ајде со 12000 ден нека преживее 3-4 члено семејство... Нешто прочитав Сфрј, нешто груевски а логиката е уште кај нас па и во балканот на власт се луѓе кои живееле во Сфрј и научени на кражби задолжувања итн.... Просто е некои луѓе имаат и по 40 год стаж некои помалку а некои и немаат стаж а реалноста е во просек пензионер пензијата ја корист 5-10 год.... Смешки
Не може цел живот да не ти тече стаж, така? Земјоделци сами се пријавуваат, не знам дали си во тек, и си плаќаат.
Цел живот е многу време, јас планирам кога не ме пријавија на местото каде сега работам, бев подготвена да се спогодам да ми намалат плата, за придонеси да имам. Не може цел живот ден стаж да се нема, а за истото да се даваат пари е неприфатливо. Една земја од СССР дава надомест за невработеност, но одредено време и после мораш да најдеш работа или те тераат да работиш општо корисна работа. Така се учат луѓе на работни навики.
Еве ги условите за добивање на социјална пензија. И во контекст на твојот одговор, погоди кој највеќе ќе добие со оваа популистичка "стратегија" баш пред избори? 90% од ромите,90% од албанките кои се над 65 години (никогаш работа не пофатиле во својот живот,сега се еманципираа и почнаа да работат), и некои залутани "утепани" сиромашни македонски семејства. Знае Црпе од каде доаѓаат гласовите.
Воопшто не се исмевам, напротив, сакам да ти посочам дека татко ти не фрлил 40 години во ветер, туку направил нешто со платата што ја земал и изгледал семејство. Веќе ти реков дека и ја сум против злоупотреби - разведување ради пензија, други манипулации и слично - ама ако гледаш така, секој закон може да се злоупотреби (доколку тоа се дозволи) и кое е решението - да не носиме никакви закони, пошто има потенцијал за злоупотреба? Како и да е, смешно е да се убедуваме за 6000 ден. месечно, ако се работи за некој кој реално нема други извори на приход - без разлика како се нашол во таа ситуација. Те поздравувам!
Јас реков има со мн години стаж со помалку и некои немаат, тие што немаат се најмал %, факт е тие што се во државна администрација и во поголемите приватни компании и фабрики кои години работат таму набиваат стаж,, најголемиот дел е во средни и мали претпријатија каде сакале или не сакале за да заработете некој денар да донесет дома нешто мн пати за стаж не се зборува ТАКВИ СЕ УСЛОВИТЕ
Грешиш, не направи ништо. Ниту куќа, ниту мебел смени за 40 години. Факс се школував со стипендија, па немаа ни за ужинка да ми дадат. Бидете хумани, имајте и вие емпатија дека сега ќе се скрати од парите на тие мравки кои цел век го фрлиле во ветер, со надеж ај ќе биде подобро, ај новата власт ќе ја помогне работничката класа, и ништо, Сега кога ова го слуша, се чуди самиот, тешко му паѓа. За лекови дава куп пари, изгуби здравје по градилишта, а сега ако дочека ќе зема 11.000, нема за сметка струја во зима. Другите кои немаат ниту еден ден стаж, а знам такви, сега ќе бидат пресреќни со 6.000 кои ги добиваат како подарок, и ќе му се смеат во фаца дека ете не постигна ништо, што ако работел. Не сте свесни дека има жени во челварски фабрики, земаат 9.000, другото до 12.000 враќаат на газдите. Велат „што мислиш, ние имаме ќар, не, туку да не сме дома“. Со години облека не знаатб што значи да се купи, се носи додека не се искине, жална Македонија, а во таа жална Македонија со празен ПИОМ имало пари за многу други работи.
Тоа баш зборевме со мајка ми денеска. Тие жени со по неколку деца, никогаш не работеле. Нив ќе им следува. Исто беше и со трето дете, се знае каде отидоа парите. Џабе се буниме јас и ти овде, очигледно се розово, хуманисти, со емпатија, спремни се да работат за туѓи бели дворови, и вечно така. Затоа сме граѓани од трети ред, и на питачки стап. Оти малку се 6.000 па не ни е важно кај идат. Нам ништо не ни е важно, затоа држава немаме.
И јас сум за тоа да се помогне на социјално ранливите групи и немам против. Некој од Најразлични ситуации стигнал до таква состојба, не треба да завидуваме како народ малце тоа ние и менталитетски со години вградено и треба да усвојуваме навики кои се за добродит на средината. Па во цела Западна Европа, имаат добри социјални помоши и некои од тоа живеат. Па што сега требало да ги укинат?. Државата помага таму во секој сегмемт и за за некој што зима помала плата, па му помагаат за стан за да го плаќа, тоа е државна помош од самата држава за секој, на работникот ако е отпуштен му следуваат според рок минимум ‚6 мес плата, разни социјални пакети. Треба да постојат и кај нас некакви пакети кои би помогнале на неко му а се надевам дека и ке има други понатака кои ке бидат од бенефит за социјалн ранливите.
Поздрав за Законот за прекинување на бременоста! Иако во друга тема веќе на големо се дискутира за абортусот како чин, законот конечно е на страна на жената и нејзиното право на избор! http://www.femina.mk/здравје/интимн...о-појасни-кога-и-како-жената-може-да-абортира Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да ѝ го одземе!
Паричниот додаток за 3 дете нема врска со оваа мерка. Да,беше популистичка метода,но имаше цел: Да се зголеми наталитетот во МК,и беше лесно достапна за сите. Трето дете можеше да земе секој родител во Мк,без исклучок, кој ќе има 3 деца. Не се делеше на сиромашни и богати. Немаше неостварливи услови,не ти бараа никаков стаж,и двајцата родители да работат пак ти следува за 3 дете. Ако имаш желба, можеш да гледаш, растеш, 3 деца имаш соодветна парична помош. И таа мерка е за времетраење од 10 години,не цел живот. За сите важеше ова.
Западна Европа е развиена, таму невработеноста е многу ситен процент, таму не работат само оние кои од некои причини се спречени, друго таму владее право, правда, закон, таму платите се над 2.000 евра просек. Таму тоа не се прави за купување на гласови пред избори, таму се е регулирано. Таму не верувам дека некој злоупотребува право на таква помош, затоа што ќе одговара. Жолтите елеци протестираат за некоја минимална разлика во пари која ќе им смени нешто во нивните животи. Да е како овде, 6.000 без ден стаж, а 8.500 денари за стаж 15 години, па се ќе запалат. Ама тоа е Европа, ние сме дно, не гребеме под површината. Не знам дали се сеќаваш, лани кажаа на вести во тетовските села 2 години за 30 починати лица, а неодјавени земале социјално, и со тоа направиле штета на државата од 30.000 евра, па со тие пари можело да се реновира едно школо ако не друго. Само се спомна, и толку, никого не затворија за тој случај. Тоа е тоа. Двојни аршини, нема закон овде. Кој што сака си прави.
Срам ми е да читам. Зборувате за луѓе кои немаат приходи, бездомници, хронично болни, мајки кои морале да останат дома со тешко болни деца, луѓе кои поради разни несреќни причини не можеле да го исполнат работниот однос. Срам да ви е! За мизерни 6000 денари. Абе срам да ви е! Нека не ви биде криво, не уживале во животот. Само тие си знаат како се бореле за парче леб. Зошто вака жестоко не реагирате на патните трошоци на високи функционери, кои патем, се енормно повисоко од 6000? Зошто тоа вака не ве боли? Милионски суми се крадат, вие за 6000 на ранлива категорија луѓе се закачивте. Браво! Секоја чест на емпатијата!
Проблемот ќе биде што многу малку ќе ги исполнуваат условите и за тие мизерни 6.000 денари, односно ќе заглават во бирократија. Така било отсекогаш кај нас, нема да ги земе тој што треба туку тој пак ќе биде со врски. Ама ќе има за увезените од Косово. Како што не земаа сите надоместок за трето дете, ги условуваат го мотаа па на крај еве и го укинаа. Смешна е сумата, ако немаат ништо од никаде што ќе направат со тие 6.000, нема да можат само сметки за струја, вода, греење да платат а кај е јадење и нешто да облечеш. Наместо да се потрудат да зголемат вработеност, да им помогнат на тие луѓе да остварат пензија тие им фрлаат трошки. Наместо да се превземе нешто да не бегаат младите, да им се најде работа, да им се овозможи да стигнат до пензија а не вака да бидат доведени во ситуација цел живот да не работат и да чекаат на ебани шест илјадарки милост од државата. Ама избори па мора да се купуваат гласови.