И вегета посакува Македонија цела да е и терористот од Нов Зеланд тагува за Пиринска и Егејска . Не сакам да сум ви во кожа патриоти, стварно не ви е лесно. Толку исперен памет на млади луѓе, жалосно. А во врска со пресудата за крвавиот четврток сосема коректно и на место. Нека служи како потсетник на друг кога ке му текне да влетува во собрание. Си го заслужија сите до еден.
Откога пола и кусур во истиов случај ги амнестираа, откога го изменија Кривичниот законик за да се спасат од обвиненијата од СЈО, откога ги пуштаа од притвор да гласаат уставни измени по наредба на Заеб и бандата, откога на последно рочиште му го преквалификуваа делото на Заеб во случајот "Поткуп“ за да не може да се користат снимките кај што бара евро за Вице како доказ, и го ослободија, значи откога сево ова се направи на тие што останаа, односно што не требаше да гласат промена на Устав и име, им треснаа драконски казни. И тоа било правда? Правда ќе имаше со сите корисни индивидуални и општествени последици од неа ако постапките беа кристално чисти според сите правни принципи, и без сите горенаведени селектирани "демократски" судиски одлуки. Оваа циркузијада е само доказ дека во Македонија не владее правото, туку се е политички притисоци,сценарија и одлуки. Црпе кажува што е право, што не. Црпе кажува кој и кога ќе оди во притвор, а кој и кога ќе биде ослободен. Него закон(засега) не го фаќа. И сето тоа пред очите на "демократска" ЕУ и САД кои убаво знаат дека според либералниот речник, кој они го користат, невладеење на правото е само друг збор за диктатура. Само вие чекајте НАТО да ве брани, а ЕУ да ве рани. Ниту ќе се најадете, ниту ќе бидете одбранети.
Бре што луѓе двоглавиот орел не им смета, овај симбол им сметал, треба среден прст да покажуваат ќе се правдаат дека од мистер Бин го копирале
Еве оставете го знакот настрана, не е толку важен сам по себе, туку национализмот како поголема слика, како штетна идеологија од која секој нормален човек треба да се огради. И ве молам задржете си ги релативизациите за себе, изгледа воопшто и не ги (до)чит(ув)ате вашите неистомисленици ако уште мислите дека некој тука не го осудува и албанскиот, грчкиот, бугарскиот или било чиј национализам. Секој е одговорен првенствено за својот мајндсет. Одговорни сме во 21 век сѐ повеќе да отсуствува национализмот, расизмот, верскиот фанатизам (што не мора да значи строго секогаш префрлање на атеизам) и сѐ друго ретроградно и опасно. Бидете вие промената која сакате да ја видите... ако воопшто и сакате, нели.
Владата да им овозможи услови на луњето од Антикорпциска да им обезбедат сала за чување на документи и други работи што им се потребни за да работат. И они се клучни за целукупниот капацитет за борба против корупцијата и во евроинтегративните процеси. Така да се битна и важна алка во системот кој што треба и мора да водат сметка и за фунционери од сегашна власт а и претходна.
Ми го избришале мислењето кај што реков дека може да се очекува деновиве напади како "крвна одмазда" за Нов Зеланд. Еве, пукање во Утрехт. Ај да видиме кој е напаѓачот.
Слушам прееска дека Стевчо Јакiмовски и негови соработници Бесправно легализирале земјиште и со тоа го оштетиле Буџетот на општина Карпош Околу1 милион евра. ? Луње па тоа се пари бе, тоа не се 200, 500 , па и 1000 ЕВРА. ТОА НЕ СЕ МАЛЦЕ ПАРИ, И ОДМА ДА ИМ СЕ ОДРЕДИ ПРИТВОР И ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ да ги вратат парите. И на следен кој вакво нешто ке направи да биде санкциониран со насјстога казна. Никој неможе да биде над законот.
очекуван и скроз нормален/практичен потег пошто, ќе трпеше економската размена. Веќе имаше камиони кои имаа проблем низ границиве ради новото име. Чиста бирократија. Нешто ко со дечото кој видов дека коментирал како му ги вратиле дипломите во Германија пошто држава Репубика МК не постои. Е сега, дечкото ко и другиве го користат да зборуваат како ова е доказ дека идентитетот сме го изгубиле али нема врска. Чиста бирократија е која треба да се реши што поскоро за сите ко дечково, кои се во слична ситуација.. да не им се случат вакви работи кога аплицираат и ќе за било што со стари документи. Али го разбирам смеењето на сметка на вмро и Бачев, особено)
Вистински европски демократи. Колку казни платија за ова,и кој е осуден? https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=529380354128818&id=346999905700198
https://vecer.press/еу-предупредува-против-потенцијален/ Штом странскиве политичари пак се мешаат, и викаат дека овие избори се од голема важност,тоа значи само едно,Бојкот! Првиот обид да покажат дека масовно народот стои позади оваа црпната влада беше на референдумот 30.09.2018. Гледавме колку "политички елити" дојдоа да не убедуваат дека референдумот треба да биде успешен?! Дури и Тереза Меј и Меркел дојдоа да ни "дадат поддршка"! Да не зборуваме за Столтенберг и други Дип Стејт претставници. Но сето беше залудно! На сите им беше јасно дека референдумот ќе им пропадне па затоа пред да се одржи го променија во консултативен од обврзувачки. Истото е и сега! Зошто ВМРО ДПМНЕ излезе со свој кандидат цел месец пред СДС/ДУИ и тоа со кандидат кој воопшто ниту имал ниту ќе има некаква врска со партијата и го викаат надпартиски (што и да им значи тоа)? Промоцијата на Сиљановска цел месец има за цел да ја убеди јавноста да излезе на гласање, и да им даде цензус а преку тоа административно прикажување ПОДДРШКА на Црпко и компанија во промената на името! Сите се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ. Знаат според анкетите кои намерно не ги објавуваат дека Бојкотирам е мнозинството на Македонски народ но тие по секоја цена мора да го забетонираат северџанистан! Црпко е на раскрсница моментално! Од една страна апси, сее страв и трепет но без успех, а од друга страна знае дека претседателските ќе му пропаднат без полнење кутии а мора да прикаже "фер и демократски избори" и затоа топката е префрлена на нас Македонскиот народ да одлучиме дали ќе бетонираме северџанистан или нема да им дадеме административен легитимитет!
Епа затоа баш не треба да себојкотира, после консултативниот референдум, односно го оставија за у собрание и таму после одлучија, затоа сега сите треба да се свестат и да не се прави бојкот бидејки од тоа е важно за иднината на државата и тука во овој сегмент даваат оценка исто да бидат фер, но да се излесе и да се гласа, опција секој има за кој клас и ова ке го гледаат ако сакаме да имаме позитивна оцена за да добиме преговори. Ништо не се добива со бојкот, пак ако нема излезеност ке го гласаат во собрание и ке биде Талат додека не се изгласа нов.
Неисполнет цензус е немање политичка моќ, и авторитет, сите заедно (партиите) да изберат претседател. ПИ не се консултативен референдум за да ги толкуваат резултатите како сакаат. Нема шанса пржински, мржински трикови после тоа. Ако некој не го испочитувал неуспешниот референдум, зашто јас да ги почитувам претседателските избори? Одговорот е БОЈКОТОТ! После двата неуспешни обиди(бојкотирани) за референдум и ПИ, меѓунатодната ќе мора да седне наспроти Македонскиот народ, да види што раѓа Македонија, контра нивните антимакедонски ставови расфрлани низ државава меѓу нас. Едноставно не им фаќа МАЈАТА веќе кај Македонецот. Едит:Да те прашам(ако не е тајна)?Гласаше на референдумот или не?
Да, в.д. претседател, со точно определени по закон должности и ингеренции,кој нема веќе што да потпишува(веќе се потпиша,и објави во службен весник). Фобијата и заплашувањата со Таљо се веќе смешни и прочитани.