Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    А пак за вработувањата по етничка основа со рамковниот договор |( |( Ако целта е да се постигне еднаквост и недискриминирање сосема е утната :D Тоа како прво е голема дискриминација , да се отвараат работни места и морало да се вработат 20 посто ами ако нема способни 20 посто бутај џган и племе само да се попуни , па нели е дискриминаторски да се вработува некој на етничка основа или пак квотите на факултет , кој парадокс бе :^)
    Да нека се вработуваат способни луѓе ама според мене треба да се гледа адекватноста на човекот за работното место не неговата етничка припадност. Најголема дискриминација е ова ама со закон воведена :D
     
    На Hipica и AngieVi им се допаѓа ова.
  2. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Денеска патиската книшка вреди повеќе од дипломата... :|
     
  3. Lenni

    Lenni Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    50
    Среќна сyм што сyм дел од MkDееyаsроrаh па нема да го трпам лyдилото во предизборие. А џабе и да дојдам да гласам, гласачката кyтија ќе биде пренаполнета... Со гласачки ливчиња на стогодишниЦи...! Крајот на Светот се' yште не дошол, ќе дојде во март, и миленко така кажа. (а четирите коњи на јавачите на Апокалипсата ќе ги крстиме Грyјо, Бранко, Љyбчо и Л а т а с)
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.832
    [СДК] Сакам да кажам...

    Не ми се верува, па пак верувам.

    Зградата на Главна Пошта се вивна во пламен. Ок, само куполата и дел од катот, лично бев таму и навистина беше тажно и грозно. Имам во близина на зградите другарка, веднаш и јавив и ми рече дека цајкани им рекле веднаш да излезат надвор поради страв од експлозии и покрај тоа што е локализиран. Со оган = играње нема!

    Она што ме боли е што Скопјани што се јачаат во гради дека се’ би направиле за градот, го тролаат и се потсмеваат на пожар, еј! На ПОЖАР! Ниеден не се запраша дали воопшто има жртви, дали е евакуирана зградата, дали вработените се на безбедно, колкава штета ќе биде направена ако работата е во застој и колку луѓе нема да одат на работа утре поради таа непогода? :devil:

    Колку прост народ сме, значи, оган да не изгори дури не е ни соодветно. Не дека ќе одам јас да прскам со пожарна или да редам штици, ама имам почит кон она што е мој град, и што ме боли, а тоа се луѓето што глумат дека го сакаат Скопје!

    Гадови еј... Црн хумор уште ми продаваат. А да им гореа лап топите и компјутерите на кои удобно си седат и јадат буреци, ќе ги прашам што мислат.
    Народе мој, затруен во негативност и самоомраза, ништо не те спасува! Срамно и бедно.
     
    На anabel-a, femina90, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    [СДК] Сакам да кажам...

    Бидејќи бев во близина и ја имав таа чест да ја видам нашата стара Македонска пошта како гори. Мора да признам имаше мала возбуда , никогаш не сум видел важна зграда да гори , па уште и во центарот на градот.
    Тука од страна сите слики за на фацебук собираат, кој викаат другари , ја го викнав мојот да си фаќаме сеир , донеле 50 противпожарни возила , само зафаќаат место и ништо не прават .... дојдоа сите новинарски екипи , Коце дојде да даде изјава како врмо се секогаш тука први да дадат подршка и како Бранко е крив за пожарот и така беше забавна ноќ :rofl:

    И најчудното од све , кога стигнав дома се запали телевизорот на баба ми ....

    Каква случајност .... или сепак не :^)
     
  6. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    [СДК] Сакам да кажам...

    Бранко е крив и за телевизорот на баба ти! :!: хахаха шала :)
     
  7. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
     
  8. selma...selma

    selma...selma Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    22
    На секаков се вели Шиптари, дури и самите вие си се ословувате така.
    Никаде не спомнав дека имате влијание на демократијата односно нејзиниот недостаток, туку дека меѓусебно, на ваше етничко ниво живеете по демократски и ајде да речам похармонично, за разлика од Македонците.
    А тоа дека државата се дели по етничка припадност е ваша вина во целост, како прво вие се декларирате како Албанци наместо како Македонци, половина и повеќето сте родени и израснати и живеете тука, а сеуште се декларирате како Албанци, се лупате во гради за Албанија. Сами се делите, никој тука не ве дели. Покажувате крајна непочит кон нашата држава со барање на ненормални права што не ги ужива никој нормален граѓанин, а да не почнам и за тоа што зборувате на Албански јазик наместо на матичниот јазик на Македонија-македонски....за веење на туѓи знамиња и пуштање на туѓи химни потребно е да зборувам?[/quote]

    Мојот коментар не беше како ние Шќиптарите се нарекуваме меѓусебно, туку како е на Македонски јазик, по нели тука се зборува Македонски јазик...јас дури би сакала ти да ме корегираш, доколку јас некаде згрешам, па користам туѓи зборови, а не Македонски јазик...

    Нема врска, сепак секој го има правото на мислење и на говор (низ форуми, но не и јавно дека Големиот брат слуша :x )...Зборот ми беше дека во РМ моментално не владее демократијја не само за Македонсиот народ, туку за целата Македонска нација, што би значело за сите народи, кои се државјани на РМ...
    За другие коментари не би навлегла на дискусија дека доволно имаме секојдневни заеднички проблеми, кои сите не тангираат, за кои се надевам дека не не обвинувате нас Албанците. И не изигрувам космополит, можеби повеќе ќе бидам заинтересирана за многу прашања кои го засегаат македонскиот народ (значи ме инересираат прашањата кои ги засегаат сите граѓани, односно македонската нација), во тој момент кога НЕМА ДА ИМА ГАСНИ КОМОРИ ЗА ШИПТАРИ и НЕМА ДА ИМА ИЗЈАВИ ОД СТИЛОТ ДОБАР ШИПТАР Е САМО МРТОВ ШИПТАР...
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Очекував да избегнеш дискуција за другите наведени точки, нели со најдобри мисли за нас и за форумот.
    Шќиптар на Македонски е шиптар, или еве на некој си сленг нека биде не мора литературно.
    Верувам дека сите би нашле заедничко решение кога ќе нема и македонско девојче курва шарена, Тоше педер, смрт за каури ;)
    Воедно и кога сите ќе излезете од подрумите, ќе престанете да се правите на Тошо и лажно да се подлижувате, да се правите вечно невини и со добри намери кон македонскиот народ. И спиј си мирно вечер бидејќи не, не сте за се вие виновни, за голем дел имате вина, но не за се што се случува моментално во државава.
     
    На ljubam и Abeja им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Аххх нејкев да коментирам ама не можам :D
    Види вака да те сретнам онака нема да ме занима која националност , само да си ок човек .Албанци што размислуваат како тебе се за жал 10 % може и помалку . :?:
    Ама немој со правење жртви ( не е форумов Америчка влада па да играте на таа карта ) , демек Албанците сиротките а како бубрег во лој се :D да не дигам тензии знаеме сите што се случува последниве месеци ...
     
    На Hipica и nadja.d им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    И да и не, највеќе е во врските па затоа создавајте пријатели а не правете непријатели затоа што никогаш не знаете кој и за што ќе ви затреба во животот.
    Денес е во игра ,,интерес,, и ,,бизнис,,. Суров капитализам...
     
    На Tanjamm, Mikako, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Точно, и јас сакав да и го кажам истото. Партиската книшка може да послужи само како тоалет папир. Се лажат тие што мислат-ај ќе се зачленам ќе лепам плакати и одма ќе ме вработат. Ако немаш врски и во партија и надвор од партија, ништо не правиш.
    ГТЦ се запали, Пошта се запали, телевизорот на баба ти се запалил (барем ќе има оправдање да не плаќа радиодифузна такса :lol: , се шалам), јас се запалив....сите се запаливме!

    Туку, ај на страна тоа што не ми се допаѓаше поштата и мислам дека беше еден од повеќето без врска објекти, кога ќе влезеш како на фудбалско игралиште да влегуваш, а само три тетки без воља за работа и живот внатре. Но, кога ќе земеме во предвид кој е директор, хммм, одма други варијанти се појавуваат. Ќе се земе оштета, можеби ќе се направи помало поштиче, а покрај него може и да никне некоја џамија. Па нели се бунеа сакаа џамија на плоштад. Многу се блиску до замислата.
    Ах, убаво напраи Цацко скеч-"збогум Македонијо", имал право човекот.
     
    На Annath, slavica999 и Lenni им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Или со фин. помош од Владата, нова пошта во барок стил :?:
     
    На Annath, Hipica, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Кравче мор, јас тоа вчера помислив :D, како не им изгледа неубаво се во еден ист стил да им бидат објективе, ај шо е еден, па и тој неадекватен за наше поднебје, има нешто тука, реков јас реков :!: :geek: :D или некоја беља се камуфлира :D :geek: па ко божем случаен бил пожарот :D
    Па и уште нормално се останало и ништо не било оштетено, функционира, како воопшто да не бил пожарот |(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Апстинирам од политичките теми, ама ова денес дека ги премина сите граници, па морам да искоментирам.
    Денес нашето парламентарно мнозинство го избра за министер на одбрана Талат Џафери оној истиот Командант Форина што 2001 година се бореше против македонскиот народ, оној истиот што беше член на УЧК и убиваше македонци, оној истиот што успешно го блокираше Законот за бранители :@

    [​IMG]
    Нека им служи на чест на оние кои денеска гласаа за него.
    [​IMG]
     
    На kate21, karenin, Phyramide и 14 други им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Статусот над сликата - УЧК на врвот на АРМ :puke: :puke: :puke:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Шител, Канал 5, МТВ и сите провладини тралалајки и мегафони ко посерени молчеа и не ја ни пренесоа веста за новите ни министри. Жално е во каква (не)држава живееме.

    По логиката на нештата, очекувам Никола Груевски во наредните денови да го предложи Амди Бајрам за Министер за образование!
     
    На Lalli, lolyta777, offspring1 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.269
    А татковците кои ја бранеа државата само молкум протестираат и се гневни.
    Сите сме глуви.
    Ова веќе не е нешто кое засега интерес на извесна група на луѓе,односно припадници на АРМ, туку опфаќа се општ интерес,затоа што сите живееме тука и армијата е онаа која прва ја брани честта на нашата држава и нашата безбедност. Секој кој бил еднаш родител треба да стави прст на чело. И секој оној кој сака да има иднина во оваа држава.
    Ова е еден силен мотив навистина да се излезе на улица независно кој за која партија е. Утре ако повторно нешто се случи Груевски и неговите ќе бидат лесно згрижени на безбедно,а повторно нашите татковци и браќа ќе одат да се жртвуваат себе си зошто некој згрешил од неморал и незнаење,а партиската книшка никого нема да заштити. Мора да ни се случуваат такви работи за да заклучиме што е добро,а што е лошо за нас. Да бидам иронична,ама ние сме нација која успешно функционира под притисок...
    Суштински не деградира како нација,а актуелните нека го градат патриотизмот со истакнати знамиња и говорејќи за истите небаре територија си освојуваме која си е наша и нека ни кажуваат за патриотизмот и како се сака државата,кога државата не си ги сака сопствените деца.

    Ова е дното кога суштинската алка за стабилноста на земјата првенствено,а второ морално се деградира на ваков начин. Мизерно и ниско...
    Стојанче нека не изнесува протестни ноти туку да повика на мирен протест.
    Ова е исто како на клептоман да му речеш да не краде, да го ставиш како чувар на трезор и да му веруваш...

    Едно бате на твитер ми го земал зборот пред 4 минути,очигледно сите исто размислуваме во моментов.

    Туку два дена по ред гледам вести, не се слушна за веста. Го чекам Латас со една стручна анализа да излезе... да ги оправда...
     
    На Phyramide, mims-89, Trnche и 12 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.674
    Допаѓања:
    253.095
    Згрозена сум од ваквиот потег на Груевски, но не ме изненадува.
    Да не се цитирам, пишав еднаш и полоши работи не очекуваат.
    Ама ако, народот сам си избра и еве го, како слепци упорно го следат пастирот.
    Искрено се плашам. Што ли е следно?

    Следуваат локалните избори на кои ВМРО сами со себе ќе се натпреваруваат.
    Опозицијата ќе ги бојкотира.
    Делумно ги оправдувам, после онаа што се случи на 24 декември, имаат право, ама за жал ваквиот начин кај нас тешко ќе вроди со резултати.
    Улична демократија и Македонија :| .
    Каде бре, каде што народот е прост и слеп, каде што Латас и Миленко се величат како идоли |( .
    СДСМ требаше да излезе на избори. Какви и да беа, имаа огромни шанси да добијат голем број на градови, и тоа поголеми. Чекор по чекор. Вака, и оние што ги имаат ќе ги изгубат.
    На ВМРО му одговара, без мака, ќе си ги лапнат општините.
    Мислите им е гајле за легитимноста на изборите. Па видете само кого го ставија за министер за одбрана. Ова кажува се!
     
    На imelda, Annath, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.245
    Допаѓања:
    140.447
    Кога слушнав за Талат Џафери мислев дека е некоја заебанција, ама најсериозно. Доста ми беше кога Али Ахмети влезе во парламент после војната што ја викаат конфликт, а сега комадантов министер.

    Најголемата грешка на ВМРО не се спомениците и бродовите, па колку пари и да отишле на нив... нека идат по ѓаволите и спомениците и парите.
    Најголемата грешка им е ставот кој го имаат во коалицијава со ДУИ - ти не ми чепкај во моето, јас не ти чепкам во твоето. Така не ти одат само пари. Така ти оди земјата и народот.

    И ова е само последната капка во морето глупости кои се случија од 2001 наваму. Луѓе се пријавуваа за доброволци, државата ги регрутираше, гинеа или останаа инвалиди, знам еден куп кои после тоа одеа по психијатри и имаа кошмари... а државата парите кои им ги даде им ги побара назад. Лејдис енд џентлмен, само во Македонија.
    И после тоа кој будала ќе се пријави?
    Никој.
    Нема ни потреба, кога земјата полека ама сигурно ни ја освојуваат. Кога ќе се освестиме, веќе нема да биде ни наша.

    А за другите глупости, знамиња, вработувања по рамковен и слично, не ни мислам да пишувам.
     
    На imelda, Phyramide, Annath и 4 други им се допаѓа ова.