Дај живти мене прекинете изборна кампања, баталете кој е див кој е крив)))) https://sdk.mk/index.php/svet/minis...deka-ne-prestanat-protestite-na-opozitsijata/ МИНИСТРИ И ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ВО СРБИЈА ЌЕ ШТРАЈКУВААТ СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ ПРЕСТАНАТ ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ааааааааааахахахаха!
Бреееј, која храброст и одважност излеал овој Бошњаковски: "Пу, јаз'к да му е" - И продолжил да си ги пафта ноџињата залегнат на телеќата фотеља. Еве останав без текст.
Затоа што нема врска многу со стадионот освен понекој концерт. Затоа што сите го знаеме градскиот стадион како „Градски стафион„ , затоа што кај конкретни имиња и презимиња можат да се надоврзат куп контроверзи, не само пофалби. А за Јане Сандански си сосема во право, и тоа е причина да се покрене петиција да се промени името на таа сала. Во принцип одбегнувајте користење на имиња на личности кои за време на животот не дале согласност нивното име да се користи и по телесната смрт.
Мене ми е глупаво и што воопшто почнаа со именувањава на објекти. Најдобро е да го носат името на населбата или локацијата кај што се наоѓаат и готово, барем од прва ќе знаеме кое кај се наоѓа. Јас имам збунки со катните гаражи, нема шанси да запамтам која како се вика, туку само локациите.
Ако не се лажам, катната гаража карши Беко полицијата сега е со ново име и се вика катна гаража Беко.
https://www.zenskimagazin.mk/foto-o...SH0tp_OGy85m6RI0f7yiBvCkSwjeOne3onBo5zsAUguuk Со вакви несериозни фотографии по социјални мрежи, со фотографии од слави, со фотографијата со Ермира Мехмети, Фатиме Фетаи покажа дека не е созреана за СЈО.
Се напнавте со вакви ствари околу женава. Ако е на сериозна јавна функција, зарем не смее да има пријатели со кои ќе се забавува и слави, па и да ја стават на социјални мрежи (оти она колку што знам самата дури нема официјални профили)? Сфаќам да сме разочарани од тоа колку повеќе требаше да постигнат СЈО и политичари во затвор да стрпаат, ама досадно е веќе и патетични се критики за моменти од приватниот живот, и тоа баш најмногу конкретно за Фетаи. 90% од нашиве политичари се несериозни и несозреани во својата работа, како на кампањи за претседателски избори, се изразуваат со трагикомичен речник и лејм хумор, ама ај Фатиме е најголем проблем...
Го видовте ли ова? Не знам дали е за овде. https://republika.mk/vesti/makedoni...dliviot-status-na-psihologot-jove-hadzievski/ После ние на гешталт терапија кај ваквите. Брука невидена.
https://plusinfo.mk/силјановска-го-помеша-датумот-на-избо/ Уште нешто до крај ќе погреши? Аман, што се кандидира ако не може една кампања да издржи... Срам ми е да ја наречам сенилна, ама жити се, на ништо друго не ми личи... https://plusinfo.mk/силјановска-ова-е-фантастична-шанса-з/ И изјавата, колку сексистички звучи, како дозвола да бара од мажите Прекрасните македонски мажи мора да ги воздигнеме оти инаку никако нема жена да подржат. Бљуцнав.
https://nezavisen.mk/siljanovska-po-povod-denot-na-romite-mojata-kjerka-ja-odgleda-romka/ И ова со жената Ромка која ѝ ја чувала ќерката да не го заборавиме Некст левел „познавам јас еден *insert некакво малцинство тука*, супер луѓе има и меѓу нив“
https://republika.mk/vesti/makedoni...ukja-od-10-godini-imam-albansko-pobratimstvo/ И ова Не знам како ќе и го опростат Кавадарци/Неготино и Кичево/Кочани. Женава ако победи ќе не срами надвор, ќе отиде во Австрија и ќе каже "Добровечер Австралија".
Сериозно жената делува уморно и дезориентирано. Не се само утките , туку и начинот на кој зборува.Се плашам да ја гледам се си мислам нешто ќе згреши, ќе заборави , ќе замолчи и нема да се сети што да каже... Да се разбереме , истото би го кажала и да е кандидат од Сдсм.
Добра дебата. Секоја чест Силјановска-Давкова и Блерим Река што би се рекло луѓе и со стас и со глас! Пендаровски, не ми се ни коментира. Останува уште една дебата се надевам дека ќе биде добра, како што доликува на политички опоненти.
Стево се наапа од Горде и почна некултурно да и навлегува во збор. Гордана колкав хипокрит е и се прави луда колку е можно повеќе не ми се верува. Случајно наидов на дебатава на тв, баш го начекав моментот кај шо Стево ја обвинува дека прави видео кампања со оцрнување на него и неговото име, и Гордана таква „Немам јас таков спот, Ве молам г-не Стево, јас такво нешто не сум направила, ако е направено без мое знаење би побарала да се повлече“. Заврши дебатата и после 5 минути дојде „платена политичка реклама порачана од Гордана Силјановска Давкова“ со истото тоа видео за кое Стево збореше и одма после тоа дојде видеото од оние од УМС со фризерските салони и уше шо не таму Блерим ме изненади позитивно. Од дебативе уште посигурен станувам дека Гордана никогаш не би ја гласал
Аха да, па се фати во тесно кога го спомна таа извештајот каде што се кажува на шовинистичката пропаганда. Да не зборувам за делот каде го "исушија" за законот за амнестија и селективната правда.Кутриот, 2-3 реченици сите дебати ги врти. Река и Силјановска достоинствени за функцијата претседател.