Не велам, пренесувам информации. Има набљудувачи .. дури и од ВМРО... нека снимаат, нека сликаат, нека пријавуваат, нека објавуваат по медиуми. Пренесувајте и вие. И јас неќам да бидат местени изборите, пошто ќе ни го с*еби муабетот со ЕУ.
Точно, не е. Многумина мислат дека е божество или дека е дедо мраз. Како и да е, не влагаме таму барем во следните 15 години најмалку.
Технички, можно е да трае 15 години.. Рачунај, не само што треба да ги синхронизираме законите со нивните, туку треба и да ги спроведеме во пракса. Значи, треба да го смениш цел мајндсет на 90% од македонците, дека платата треба да ја сработиш, дека врски се корупција итн...
Ми падна у очи нејзиното 'сигурно нема '. Од каде она како обичен граѓанин е до толку информирана и е во тек со политиките зад затворени врати на сдсм со европјаните ? Сето политички експерти. Во врска со исполнување на условите, во теорија е така, во пракса тешко. Кога решат горните тогаш, фино лепо ќе се нашминкаат постигнатите резултати, статистики и ќе бидеме окарактеризирани со огромен напредок и заслужни за покана за влез. Самата знаеш дека не 15, туку 50 години ни се малце за да се искорени менталитетов лоповски кој сега владее под кој спаѓа и митото и корупцијата и партиските вработувања. Али тоа не значи дека нема да влеземе. Како што влезе една Бугарија и Романија, ќе влеземе и ние.
Еве Бугарите пошто веќе 12 години се европејци ич нема врски и корупција, законите прекрасно се спроведуваат во пракса.. Смешки.
Да не нема, ќе треба да не измислат еј Стварно сме некои посебни створења, да се чудиш. Во маса од 1000 човека, точно ќе познаеш Балканец, што не секогаш е негативна ствар
Додека прашањето со Косово не се реши, после кое следува поделба на Северна, со создавање на Шќиприја натурале и обединена блгарија, цел западен балкан ќе биде во лимбо. За тие процеси да се завршат ќе треба да помине време - 15 години минимум.
И којзнае дали ќе се решат овие прашања, до тогаш можеби односите на големите сили во светот ќе се променат, којзнае.
Тешко тебе... 'Обединувањето' е во ЕУ.. И ние ќе се 'обединиме' со јужна и источна Македонија, и Косово со Албанија и северна Македонија.
Гледате ли дебата на Alsat? Јас да сум Пендаровски,па мене би ми бил срам да излезам надвор после вакви 4 дебати Силјановска и Река - професоришта и денес!
И птиците на дрвјата знаат кој ќе стане претседател, само гласачите со сила се прават глупи. Што да појаснувам? Дека Пендаровски е амерички избор и не бадијала е втор пат кандидиран? Или сакаш да прочиташ дека на ВМРО и во овој циклус им е наложено да соработуваат, та наместо да извадат кандидат околу кој ќе се обедини партијата и ќе бидат мотивирани членовите и симпатизерите, или наместо да бојкотираат, тие во трка ја пуштаат бабата која доволен дел вмровци не можат да ја смислат, ниту пак е таа харизматичен, енергичен или визионерски тип што може масовно да ги привлече разочараните/неопределените (освен некои нејзини студенти)?