А другиве немаа гафови? Но,небитно. Треба да дискутираме за дебатите, а со тоа за нивниот интегритет како личности.
На секој може да му се случи гаф не е страшно тоа. Ама да мешаш градови, датуми... Очигледно има трема од јавни настапи па се збркува, што е пак нелогично јер е универзитетски професор толку време. Али еве мене ко неопределен не ме убеди да ја гласам.
А ти според тоа ќе процениш каква личност е она и дали заслужува да биде Претседател? Дајте да зборуваме за аргументите, за дебатите, за тоа дали имаат лично достоинство и интегритет. Најмал проблем е дали згрешила Кочани-Кичево, ценетиот премиер цела држава ни ја згреши и историја па никој за тоа не пишувате.
Тоа е твое право, и јас во тоа не се мешам. Пендаровски лупаше полиција не го застанувала зашто го знаеле, другиов со сидро ќе ја носел Северна*!? Македонија напред. Така што ставовите ги градиме по друга основа, барем јас.
@tamche995 се согласувам со тебе.. Друго можеби и поважно, тотална власт не се дава и влада и претседател, така да размислете уште еднаш... А башка па треба и жена да видиме колку може со ваква важна функција...
Оти да не може жена? Што има да видиш? Не може жена со претседателска функција да се справи? Башка, не жена по било која цена. Не! Оти има разлика од жена до жениште. Нам жениште ни треба. А не...
Една важна функција шта да ти причам. Да се шета по приеми и да се слика. Сеа ко ќе влеземе у Нато ни врховен командант нема да биде
Па глуми. Секој што малку, макар и површно се подзанимавал со говор на телото ќе прогледа преку нејзините изјави. Имаше во едно интервју, ја прашуваат за фришоповите. И таква, цела, "Точно дела мојот сопруг имал фришопови, ама јас не сум му ги доделила". И почнува да трепка како изгубена. Го имаше баш тој дел издвоено во една анализа, жити се, ќе ги најдам вечер и ќе го постирам.
Не, никаде не сум кажала такво нешто. Моите ставови ги градам врз тоа кој какви аргументи има, како дебатира и сл. Многупати напишав дека Силјановска и Река се мои фаворити, тоа не значи дека сум партиски определена.
Срамота било да победи Силјановска оти имала гафови ? Не грешите душички само вие тешете со гафовите. Поголем срам е да победи кандидат кој што изгуби од Иванов А ако се фаќате за гафови веќе, поголем гаф од премиерот моментално нема, па пак е премиер е и многу луѓе го обожаваат. Изгубен во простор и време, веќе не знае што зборува само глупости тропа
Па ако поведи кандидат што изгубил од Иванов срамот на Силјановска е најголем. Да не може ни Пендаровски да го победи
Зборуваме за тековниве кандидати кој е поголем срам ако победи, од тековниве случувања, а не што би било кога би било... бидејќи исходот сеуште не го знаеме. А ако сакаш да гледаме така срамот на Пендаровски ќе биде уште поголем, бидејќи ќе губи втор пат
Нормално дека ќе биде голем срам за Пендаровски ако изгуби по втор пат. Ама поголем срам за Силјановска од тоа да изгуби од Пендаровски може да е само да иде во САД и да каже "Добра вечер Мексико"