Со толкава поддршка,Вмро и магаре да кандидираа ќе победеше тогаш. Така да тоа шо изгуби Стево и не е некој голем срам.Е ако сеа го победи Гога ќе биде срам, нека си се повлече фино лепо од политика за век и векова ако се случи тоа мада се сомневам.
@ocicka2014 Па тогаш на времето не Иванов, што вика Џон магаре да ставеа ке победеше. Не гласаше народот за Иванов, туку за вмро. А Силјановска ке е нов Иванов, полтрон и пиун на Мицковски. По мех кандидат за престедател немам видено. Плус што не ја слушнав да збори од перспектива на кандидат за претседател, туку збори од партиска перспектива, само небулозите на вмро ги зборува. Правда за Македонија?! Каква правда жено збори ни за поубава иднина мани се од такви глупости. А башка што позади неа стои криминогена партија...Искрено кого и да ставеа немаше да го гласам, глас на криминалното вмро не давам.
Toчно и јас имам приметено дека мантрата на Вмро и она си ја тера и така во круг итн.Па и она треба некогаш мислам ако и текне да се огради од некои криминали на Вмро.Значи да го каже и да кажетој што згрешил да одговара пред законот, исто важи и за овие од власта и да не се селективни.
Да, помлади се, 5 и 7 години. Не е важно што ти планираш, ти не си таа по чии планови настаните се одвиваат. Талат нема да биде претседател на државата, затоа што ве има доволно цензусот да биде исполнет и Стево да биде изгласан на избори. Не се прави наудрена дека е неизвесен победникот, кутиии секако ќе се полнат, вие со вашето гласање само помалку очигледна ќе ја направите целата фарса. А и што ако Талат биде претседател, каков зијан може да стори, сдсовец да не може? Уставот е променет, законот за јазици е веќе донесен и ќе се имплементира, што остана за Талат да прави, ништо, ќе подреме во таа фотелја. Патем, твојата идолка се изјасни дека ќе ги почитува Преспанскиот договор и двојазичноста, па не гледам зошто би гласале, за неа да ја седнеме во фотелја? Државата е растурена, твојава се гушка и се смее во емисии, ќе се вратела она на јога и на рокенрол.
Се согласувам, секој со сопствено убедување и мислење. Но, без ниски удари И според ова што го кажа да седиме дома и да гледаме како "стоки" што би рекол дотичниот Стево. Да,Силјановска кажа дека ќе го почитува затоа што мора во моментов, тоа е изгласан Устав, а таа како идна Претседателка ќе формира тим кој што од правен аспект ќе го ревидира Преспанскиот договор и законот за јазици. Инаку, свесна сум дека ќе има нерегуларности но за тоа на никого не му оди во прилог затоа што во јуни треба ЕУ да каже дали ќе започне процесот за преговори, тоа секако многу ќе зависи и од регуларноста на изборите.
Гласачите ги нарече стоки, а не негласачите , епа стоки нека го направат претседател сега. Ќе разбереш или не можеш да разбереш дека за ништо не одлучуваш, седела дома или гласала на крај исто ти се фаќа, со мала разлика што останувајќи дома не му даваш легитимитет на новиот претседател и како граѓанин не ставаш параф на промените кои настапија, зашто ова е прв процес во кој граѓаните директно учествуваат откако им се наметнати тие промени. Ама искрено, јас лично ќе гласав да се покажеа ВМРО подобро околу изборот на кандидат. Вака немам за кого, не ми се допаѓаат ставовите на ниту еден. И пак ќе кажам дека ми делува недемократски што само двајца кандидати (од македонскиот блок) се понудени. Престани со флоскулите, ништо таа не може да ревидира. Колку што е Иванов послушан за нешто, толку и нејзиниот збор би се слушал. За референдумот во петнаесет до седум ги преполнија кутиите зашто кај Албанците немаше одѕив колку што се очекуваше. Виде некоја реакција, осуда од меѓународен фактор?
@John Snow искрено веќе политикава овде во Макденија е толку мизерна така што незнам и како уште се занимаваме со неа...али и за тоа да во право си досегашниот претседател покажа дека е само за сликање и исполнување нарачки од партијата, па затоа мислам дека тотална власт на партијата не и треба-пак...
За последниот параграф се согласувам дека Меѓународниот фактор не осуди ништо на референдумот, дури и без цензус го легитимираа. Но, што според тебе треба да правиме? Бојкот? Немо да пратиме или да си се спакуваме со време? Дури и со бојкот, кажаа Претсесателот ќе се бира во собрание и пак ништо не сме направиле.
Гога Сорос ќе биде дури и полоша од Хорхе Немиот. Жената не знае да збори, гафоци има секое излегување на тв. Истото што го правеа до сега сдс, ќе го прави и оваа. И јас се прашувам која и е таа правда што ја спомнува цело време. Изгледа само таа знае.
Искрено како што слушам по разговориве со бомбите можам да кажам дека сме имале уназад катастофално судство , може сега за нијанси е подобро но треба уште многу работа. На судиите на све живо им треба еден реформмски стабилен систем каде за сите ке се толкува исто , за тој што се огрешил да одговора. Мора да им се смени мајндсетот и на судии и на обвинители за де не се подмитливи и не работат пкако некој ке им каже или слично. Ни треба тотална организација на овој систем и судии и адвокати да работат и судат пред нициј притисок. Иимаш од некого притисок изволте пријави таа нека се бави со тоа. За тоа според мене мора Власта да го донесе законот заСЈО Дали со Вмро дали без, тој закон мора да се донесе и да се гони Висока корупција како што најнормално постои во други држави.И власта и опозиција значи било која да имаат на ум дека државата наша нее е нивна приватна фирма па да гледаат нивни интереси лични. Ако сакаат лични интереси земи отвори фирма работи. Овде треба да го имаа прво интересот на нас граѓаните и да имаат нашите интереси на прв план зашто и затоа служат за нас. Овие работи ги мешаат политичариви наши и мора да ги зазграничат.Од интерес личен партиски до интерес на граѓанинот кој е приоритет. А за нас приоритет е членство и во Нато и во ЕУ..
Toj del ne go opravduvam, muabetot mi bese deka ima nijansi na podobro poslobodni se no treba uste rab.
Де дај барем еден пример барем каде за нијанса е подобро судсвото од предходно? Доволно е еден случај што е праведно изведен да наведеш.