Знам дека избега.... Ама зборот ми беше дека двајцата ги осудија на по 19 години затворска казна, што реално последниве години ретко и да се случило. Никоја казна не го враќа детето назад за жал, само Дај Боже да ги додржат во затвор толку години, не магично да ги ослободат ко случајот за Смилковско
Повеќе од вистина,и тоа не е сега брзо изваден,него после некое време,од кога Зајко беше кај него во посета во затвор,да го договори дилот. Камо да е само овој изваден,извадени се уште многу други,криминалци т.е не се ни затворени,еден е како Филип,кој го утепа Мартин пред Ред Кафе,па као во стил неможат да го фатат во Белград е избеган.
Од кога велев јас треба за 3та опција да се гласа.... Ми рекоа, од вакви неутрални ко мене пател народот, хаха. И тоа на форумов ми рекоа така!!!
Информацијава ако е од платен политички извор,сепак е вистинита,јас во принцип не читам многу политика,ова го најдов случајно на фб,а знам дека е изваден Игор,уште пред некое време.
Не е битно од каде знам,многу ифнормации не се на арно,не поготово каде што можат да ми видат,ип во секој момент.Али 100% е на слобода тоа гарантирам,а зашто е,како е,незнам.
Колку верувам на Инфомакс, толку верувам и на тебе. Секогаш на форумов вадиш и си вадел, некои first hand info, кои се испоставувале дека врска немаат. Веројатно така и сега.
Не верувaле нa инфoмaкс a дa ги прaшaш нa штo верувaaт ќе речaт либертaс плус инфo или стрaнските сaтелити нa дoјче веле или рсе... Свaштa.
Брат, ако беше вистина информацијата, сите медиуми со молскавична брзина ќе ја објавеа веста на своите портали. Тоа им е работа на новинарите. Затоа ти реков да споделиш и од други места, за да видиме дали е релевантна. Според моите првични пребарувања никаде на друго место не е споделена, освен на инфомакс.
Дека шета низ кафичи тоа не верувам,затоа што ке е сликан,ама дека е изваден од затвор е,и верувам во тоа,затоа што знам дека е на слобода.Али не е глуп да шета по кафичи,каде што може мн брзо бунт на народот да се деси да се појавува,така лабаво.
Не мора да шета по кафичи. Доволно е еден медиум да сподели информација за другите колеги новинари да им се јават да ги прашаат и отидат на терен, на лице место да проверат. Ќе видиме до крајот на денот дали ќе има идентична објава од различен портал.
Oн е oд лaни нa слoбoдa сaмo кoј прaти. https://telma.com.mk/igor-spasov-ub...oski-se-lekuva-mesets-i-pol-nadvor-od-zatvor/
А што треба да се прави со затвореник кој е болен, а државата не му покрива лекување, нити има услови во затворот да се лекува? Да го остават да тера така? Па до кај ќе оди - нека оди... Како бе така размислувате? Во затвор е и онај со марулите.. Замислете да не му дозволат да излезе да се лекува ако е болен? Како ќе реагирате тогаш? Во тортура спаѓа муабетов... извини..
Чим толку се секираш да не му вршат тортура, прими си го дома во детската на ќерка ти. Плати му и лекување и ќе бидеш најсреќната личност на светот. Пошто, нели, во затворот нема услови за лекување, а и државата не му покрива лекување.
Се секирам за човекови права. Ама многу има за објаснување... судејќи по тоа 'прими си го дома'. Учи... Ништо не прајме, ако не напредувате.