Според тебе која е таа трета опција која што би имала капацитет да ја управува и води државата кон подобро утре!?
Па треба да има... видовме од овие 2 многу корист!!! Можеб на левицата да се даде шанса... или нови партии што се формираат. Не ви се смачи од ВМРО и од СДСМ?
Ништо од ЛЕВИЦА не барај се виде од нив,битно си свртија бизнис зделки со началниче. Инаку тоа и е проблемот што нема трета а и не е до тоа дали ни се смачи или не од двете најголеми пол. партии,проблемот е во системот на владеење се додека се се сведува на онаа народната "ако имаш вујко владика ќе бидеш поп" не ја бива работата и трета партија да биде на власт.
Овој е лев десничар, т.е. десен левичар И тој појма нема што е. Жал ми е само што тотално ја узурпираше и дискредитираше Левица, прекрасни луѓе има таму кои навистина беа надежни како трета опција.
Другите не му се дo кoленa нa дечкoвo, oбични пoтрчкoвци кaкo сдс и дпсмне. Акo некoј е левичaр oн е.
Кога се појави типов на политичката сцена го величев ненормално. Сите дебати, противења на криминалот и сл. ми правеа да го ценам толку многу шо дури мислев да гласам за Левица кога ќе дојдат избори. После почнаа да забегуваат цела партија. Срам ми падна у последно време и баш пред некој ден се навраќав на фб да ги избришам старите мои постови со поддршка за него. Типов во период од 2 години испадна ѓубре невидено, ко од вмровски калап да е правен. Од проповедање леви политики стана типичен десничарски националист и човек шо сака да се изгребе за да дојде до ронка власт. Од моментот кога падна вмро он почна да ги брани суптилно, за истото да е до степен шо е сега, а па со поддршката на Силјановска си се покажа. Ко шо кажа ти, тој ќе биде причината за пропаст на левица. Цела партија се толку несогласни, едни се леви, други се десни ко овај. Особено па сега драмата со фалсификуваните документи од Апасиев и неговата желба да си ја присвои партијата. Пола поддржувачи на левица веќе не сакаат да слушнат за истата. Ужас. Најинтересно ми беше шо ме избриша на ФБ пошо му стаив „хаха“ на еден пост
@Asdasovski , извини вака, ама појма немаш. Исто, и мене на почетокот многу ми се допаѓаше, факт е дека е елоквентен и на некој начин харизматичен. Ама, се знам лично со некои од основачите на Левица, по некои муабети со нив појасни ми станаа работите. Апасиев е профитер, лично свој интерес тера и му е гајле за Левица. На некој начин ја искористи партијата за себепромоција и на крај ја узурпираше и шитна поради ветено советничко место во кабинетот на Силјановска. Има многу чесни, прогресивни и препаметни луѓе таму, ама моментално се во тотален раскол, и многу жалам ради тоа. Ако Здравко Савески на пример успее да ја оправи Левица или основа нова партија, апсолутно ќе го поддржам.
За првиот дел, скроз исто, само што јас и екшли гласав за нив на претходните парламентарни После приметив дека почнува да забегува човеков... Јас го отпишав конечно кога за прашањето со името пиша „бришете ме сите кои сте за промена за да не ве бришам јас“. Што уште да се очекува од политичар кој така несериозно и своеглаво се однесува на социјални мрежи? Другите помали партии воопшто не се за спомнување, последно прочитав за извесна десничарска Интегра - со теолог на чело и пропаганди против абортус што очи ќе ти извадат на самиот нивен вебсајт, кај нас тоа најново излегува во 2018-2019 Затоа и реков, не се гледа надеж за нормална трета опција во догледно време, за жал...
Апасиев не чинел зш си ја сака земјата, коренот и го подржува тоа што е право и го образложува, а уствари скоро сите основачи од Левица и мн членови таму биле дел од СДС или нивни родители, баби, дедовци биле страствени подржувачи и членови уште од времето на Бране. Во принцип вие од сдс имате мн повеќе омраза према вмровците него љубов према вашата земја кои вмровците ви ја овозможија. И крај краева Апасиев не ги величи вмровците само застана на страната на правото и уставот, сепак тој со ја сака татковината не му значат толку башибозукот и лесните црни парички на кои толку мн се надевате
Власта и ВМРО ДА се договорат и да го донесат законот зА СЈО. Веќе поправен нема да имаме овој закон се носи заради државата не заради партиите. Европа го бара од нас и мораме да се придржуваме до некои стандарди и заради Еу.
Oвa не е ни шoкaнтнo... https://infomax.mk/wp/аудиобomбa-за...Kbuv9E--ZUcOqYcb7HFh3brLart0MRFKdU5CmpEFbu1wE
Глупости од разговорот не може да се заклучи ништо најмалку дека за кокаин се работи. Инаку според мене овие нови "бомби" што се појавија се снимки кој ги имаат извадено вработени во УБК наклонети кон ВМРО, на ист начин како што ги доби снимките СДСМ само сега целта им е одмазда.