Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Добро океј, ајде јас сум нервозна и напаѓам, па за што да се нервирам не разбирам...
    Не викам дека можеби не ја разбрав погрешно, ама не мислам дека имаше потреба од целосното твое цитирање и објаснување што она сакала да каже. Или он, сеедно.
    Си има уста ќе се каже, т.е си кажа.
    Ја направи од влакно јаже, но нејсе, нека ти биде.
    Поентата, ми беше, наместо да гледаме назад, треба да гледаме во сегашноста.
    Тоа што претхходата власт го направила, не ја оправдува оваа власт да го повтори истото.
    И тука ми беше муабетот.
    Тие ако биле добри, нема да изгубат на избори.Минато свршено.
    Но историјата се повторува...
    дали тоа кажува нешто за нас, како народ како гласачи дека на едни исти работи паѓаме и потклекниваме.
    И да, смешно ќе биде работава само така да се заташка. А мене ми смрди на тоа.
    И затоа коментарите од типот Сдмс истотот го направи, сеа треба како ова да биде помала грешка или да сносат помала вина.
    Вината е иста, тотално, ама конечно треба ние да се освестиме, наместо да се препукуавме вака за некоја реченица на форуми, и да бараме влакно во јаже, во сечие мислење, да си го кажеме јасо и гласно тоа што го мислиме.
    Така да абеја, како што јас погрешно сум ја сватила запирка, така и ти погрешно си ме сватила мене.
    Лесно е да се наоѓа причини за кавга, или за закачка, а тоа не требаше да испадне така.
    Наместо да се напаѓаме тука, мислам дека сите едно исто мислиме, и треба заедно више конечно да се обединиме против глупостиве што ни се случуваат.
    Тoa ми беше поентата на муабетот, дека заради е тие препукување на Сдмс и Вмро, дозволивме ова да се деси, и партии и народ.
    Ама кога двајца се караат третиот користи.
     
    На BoaVista, Mama25 и Li0ness им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ^^ Епа ај да се собереме вечер пред Влада па после ќе продолжиме по кафиќите до сабајле. Ама па кај го најдоа четврток за собиранка, утре кој на работа кој по работа,некако не одговара. А и терминов, треба да се враќам дома па пак да доаѓам :lol:
    Мене ми е гајле за избориве, ме интересира само работа да си најдам. И онака ми е утнато името изгледа, доцна е веќе за промени, може нема да ми дадат ниту да гласам, пу штета јазк :rofl:
     
  3. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Дали навистина ја сакаш Македонија ??
    Дали себеси се сметаш за патриот ??
    Дали си огорчен од случувањата во последните неколку дена ??
    Дали мислиш дека се прегазени загинатите и бранителите од 2001 година ??
    АКО ОДГОВОРОТ Е ДА ! ДОЈДИ И ПОКАЖИ ГО ТОА НА ДЕЛО !
    ДЕНЕС ВО 19:00 часот пред гимназијата ''Јосип Броз Тито'' во Скопје,од таму ќе се упатиме кон канцеларијата на ''Достоинство'' да му изразиме подршка на Генералот Стојанче Ангелов...ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !
    21.02.2013
     
    На AngieVi, Tanjamm, inna89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Aу ако одговорам на првите две прашања подобро да си седам дома.
    Абеја, ако ти чекаш да имаш 20 000 евра тогаш стварно си заглавена тука и тешко дека ќе мрднеш. ;)
    И нема да успее протест кај нас, продаден народ сме ние веќе. Партиски вработените не сакаат да излезат, не сакаат д аси ја изгубат златната работичка тешко добиена со врски. Нажалост.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ако знаеш начин без пари да се отиде кажи, ќе ти правам друштво и јас едвај чекам да отидам (толку од патриотизмот) :rofl: .
    Патем, кои се твоите финансиски пресметки за заминување и нов почеток?
     
  6. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Хахаха Abeja богами ти должам кафе :D и да машко сум, инаку Hipster нималку не се почуствував нападнат за да се бранам ,јас кажав мое мислење и твое и тоа е нема што повеќе да се објаснуваме ,на други теми можеби ќе се вклучам со повеќе емоции и свои размислувања ама за политика јок :D
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Знаете што ми е драго? Што многу луѓе во даденава ситуација го разраничија поимот национализам од морална правда... И многу луѓе кои се трудат да бидат либерални градејќи соживот,во даденава ситуација навистина си го сакаат својот народ и зборуваат за истото.
    Само има пар мои другари кои обично имаат став за се,но деновиве молчат... кога бесправно се плукаше по Албанците, тие први беа да се јават дека треба сите да бидеме братство единствно, но сега никаде ги нема да пишат нешто во врска со актуелното збиднување,од страв дека нивните пријатели Албанци ќе им замерат... Не пријателе,ако тие се твои навистина пријатели како што ги нарекуваше, сега ќе ти ја разберат болката и ќе те поддржат во истата ако имаат грам човечност. Само да не ги именувам кои се, актуелни се по социјалниве мрежи, очигледно се пријатни плагијатори и плачипички (со извинение). Ако твојата форма на изразување на нештата е да насликаш слика,онда насликај ја вечер пред Влада, не мора да ја разбираш политиката, разбери се себе си,зошто ако не си ја имаш удобноста во својата држава ко што правникот не може да тера правда, економистот да гради економија,така ти нема да можеш да сликаш,да твориш или да пишуваш песни (не би бил способен зошто љубиш да твориш само за убаини,но како што знаеме,светов не е саде убавини,онда си ти неталентиран уметник). Ве молам не се оградувајте од нештата со назнака дека е политика,зошто колку и да е политика,ова е наша татковина, зарем за да ја сакате требало да изгубите некој драг за истата? Не бидете егоцентрици за промена, зошто од крајот од денот за да го имате својот микро свет,мора да имате каде да го градите,не бидете мекотели животинки. Тогаш твојот народ ќе е имун на се твое што го твориш. Не друго,ме испровоцира денес една наводна уметница која ми пафкаше со рачето и ми викаше,абе знаеш, јас со политика никако, дај ми да сликам и да уредувам простор. Глупачо една, како ќе се изразиш себе си во услови кога не би имало услови за тоа,односно не би имало дом кој би можела да го уредиш или таа твоја слика да ја закачиш? Ако тебе ти е навистина сеедно...тогаш ти не си ни уметник како што се декларираш... зошто светов, е бога ми сив кога ќе се измешаат сите бои од виножитото,уметник си па би требало да знаеш како оди палетата на бои...

    Ние немавме проблем претходно Албанец да биде министер,не? Суштината е поинаква и секој паметен Албанец ќе го разбере тоа...

    Верувам дека имате барем час време од денов... Еве ние по дома,фамилијарно периодов и баш и немаме,ама ќе бидеме во 7 часот пред Влада...па кој како му е совеста...
     
    На Sunchild и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Од старт ми стана јасно дека зборуваш за твитерџии. Они љубат да говорат за се, само не за она што навистина не засега како народ. И јас плукам по државава, ама кога се работи за мојот народ, извинете ама ме боли, и не планирам да глумам либералност за да се правам нешто што не сум.
    Кога беше акцијата spread the truth, за децата кои беа егзекутирани, цела твитер раја се собра да не исмејува, дека ако сме против радикалниот ислам, тогаш ние сме радикални христијани, демек сме на исто рамниште. Од тој момент ми се згрози од тие квази интелектуалци, и самопрогласени либерали и демокртати, а незнаат да испочитуваат спротивно мислење како за почеток. И не само што не поддржаа, туку и го исмејуваа, понашајќи се тотално како да сме им дошле во двор и им кршиме, како да сме им го земале Твитер кој им е наследство од мајка им и татко им.
    Истата акција сега, да ја активираме но за друга цел, т.е. оваа што сега се случува, рака во оган ставам дека истите тие што ќењаа тогаш, ќе ќењаат и сега.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.200
    Допаѓања:
    12.956
    Кој може нека излез,е јас сега читам, не сум од СК, за ова треба да се излезе и да крши и фрла народот , а не претходно кога СДСМ и ВМРО кога се с“ скаа едни на друри, па уште и паметни се правеа кои биле појаки и побројни. За ова треба од стари до младо да излеземе макар викенд, кога се сите слободни да им покажеме чија држава посраа тие говеда симнати од планина. Мака ме фаќа кога ќе видам дека само Стојанче АНгелов јавно излегува и кажува дека е против терорист да биде министер. И тоа само на Телма го даваат , Сител, МТВ, Канал 5, па нема шанси таму изјава да му видиш. Се пок,ажавме и на избори колку им дадовме поддршка на бранителите, јас гласав за Обединети и бев многу разочарана кога видов утредента дека го апсат човекот. Во аншето гласчко место имаше малку гласови за него и за ВМРО Народна, ама тешко дека стигнале и тие гласови до ДИК.
     
    На inna89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Се согласувам, ама, да кажеш дека шиптарите ни се криви за гомната во кои тонеме е апсурдно.
    Некој може да те сере само ако му дозволиш.
    Јас не ги обвинувам нив за состојбата моментално, ниту пак го сметам Талат за нешто виновен во ситуацијава, тие си гледаат шанса и си ја користат, секој паметен би ја искористил. Од друга страна, нашиот мил премиер и сите пред и после него, што дозволиле да дојде до ова, до толку да пламне жарот, се за на бесилка.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Според коментарот на фејсбук страната што повика на протест, странта ја најдов по коментар кај Грујо, имало само десетина души. Епа, студено е. :wasntme:
    Всушност и нема кој знае што протест да реши. Касно е одамна за протест. А со тоа кој е сега глава на војската, и за војна е касно. Или тактика е тоа на владата, да не му стиска на некој доволно будала да се буни против сервирањето Македонија на тасна за албанците, па да ствара неред, стави го овој бе за министер на одбрана ха ха шах мат! :clap: Не правам сеир, направен е од Грујо & Co.
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ужасно! И јас не ја следам политичкава сцена, но кога ќе слушнам за вакво подло нешто морам да искоментирам.
    Како може да очекуваме од луѓе кои, од младо до старо гледаат 'Величествениот да ги боли барем малку за тоа што беше пред пола година или па во 2001 г?! Толкав е коефициент на Македончето. Жалосно! Што и направија на РМ? А тек што ќе и направат?
    Уште еднаш се потврдува она старото - бегај од оној кој љубезно те опсипува со убавини, бидејќи најчесто тие убавини се само фасада на црвлосаноста која тој ја сее насекаде, а истата тлее и развива. Абе Паметњаковци! Навистина сакам да бегам од овде.
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.276
    Коалиционен партнер и на владата на СДСМ 2002-2006 и на ВМРО-ДПМНЕ 2008-2014 е господинот Али Ахмети - идеолог и врховен командант на ОНА во 2001 год. Не гледам зошто е спорно сега Талат Џафери да биде министер за одбрана, башка си има искуство со војување... :^)

    Сте се излажале ако мислите дека постојат праведни војни и војски, патриотизам и сл. Сè се тоа само инструменти на моќниците кои се богатат на сметка на народите и истите ги држат во несреќен живот.

    Според мене тотално нема потеба ниту од војски ниту од министерство за одбрана. Но изгледа народите не се духовно сеуште на толку високо ниво за да ги сфатат работите па мораат да минуваат низ страдања за да постепено се разбудат - но тоа е веќе тема за духовност, трагање по бога, реинкарнација, себеосознавање и некои други посуштествени вистини отколку секојдневната политика. :)
     
  15. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Еве го дами и господа, заколнатиот патриот, оној кој 24/7 работи за доброто и интересите на Македонија, чесниот народски човек, пастир, избран од Господ да не води, лидер на ВМРО ДПМНЕ (демпократска партија за македонско национално единство )-кое лицемерие... Еве го истиот човек што удри потпис и печат на назначувањето на терорист за министер на одбраната, што зборува во 2003 година, пред 10 години. Еве го човекот што ги посра лајната и си ги изеде со сласт.
    [​IMG]

    Сеуште сте сигурни дека сакате да гласате за овој лицемер? Јас на ваков лицемер ни мрсулот не би го фрлила, камо ли да го гласам да ја води државата во која живеам. И нема да имам проблем доколку не се прави дека е сето она што во иронија го набројав погоре, кога јасно е како ден колку му е посран газот, ни шпакла нема гомната од газот да му ги одлепи.
     
    На angelina1, Tanjamm и Edie.S им се допаѓа ова.
  16. offspring1

    offspring1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    180
    Затоа што неможам да едитирам, повелете, кој гласал за учката да стане министер, се патриот до патриот, истите што не поделија на предавници и патриоти пичкарски ни го сместија во анусот:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Eве ви линк до евентот за протест.
    http://www.facebook.com/events/452746261464844/?ref=3
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Луѓе, јас имам сериозни проблеми со видот и математиката или половина и повеќе го гласале Македонци? Се важат овие што не биле присутни или...?
    Свесни ли се дека децата утре ќе им живеат тука? Уствари, дај боже да им живеат тука!

    Посебно интересен момент ми е што се правдаат од влада како медиумите ги местат, намерно не е извадена целата листа, како Никола го притискале од страна и слично, а од влада обвинуваат дека Бранко на времето го склучил Рамковниот (за што секако е виновен). Како не му текна на Бранко да се оправда дека некој го притиска...

    И смешни се препукувањава, Бранко ова, Никола она, нели Никола дојде на власт да докаже дека е подобар од Бранко, зошто воопшто се споредува со него?
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ударна вест на Cител- Jани Mакрадули се уште се вози со службено возило



    [​IMG]
     
    На mims-89, JuLleE, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И се јавува една госпожа на радио емисија, гостин беше Петрит Сарачини,( народно познат како Мра :wasntme: ) на тема протестите за поскапувањето на струјата организирани од Аман и госпожата вели: треба да излезе народот од љубов да се протестира, за љубовта кон државата, а не за вакви работи :|
    Јас разбирам дека на народот му е испран мозокот, ама за работи што лично сите не засегаат? Користи некој мозок во државава?
    Ете некој гледа сител и си мисли се е убавини овде, а кај мене кога ќе се уклучи сител само плукам по телевизорот :| Абе...да не нешто не е во ред со мене? :^)
     
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас прекинав да гледам вести на сител, ми е страв да не го расипам телевизорот од плукање :D

    Еве и` сега протест за љубовта кон државата, нека оди нека протестира. Не знам на кој начин ја сфаќаат љубовта кон државата и искажувањето на истата, ама протест е основа на искажување љубов, грижа, чувство за припадност. Не знам ни зошто пишувам, кога нема кој да прочита, а ако има, нема како да разбере. Силна апатија владее во државава, ко лудацине кога ќе ги надрогираат со лекови па не се во можност да размислуваат сами за себе...oh wait |(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.