Па добро, ако сметате дека Гоце Делчев бил Бугарин зошто пишувал на бугарски јазик - ваше мислење. Никому ништо. Темата не е за историја туку е за политика и затоа нема да навлегувам подлабоко во ова. Само, кога ќе ја достават и Бугарите сметката наскоро, немојте да се противите ако ви кажат дека сте Бугари зошто во 19-ти век поради влијанието од Русија и Бугарската егзархија (која била финансирана од Царска Русија) во скоро сите цркви, кои биле тогаш центри на образованието во Македонија под отоманско ропство се учел од страна на 90% од населението бугарски јазик. Не зошто сакале луѓето, туку зошто биле приморани. Али нема врска, ќе ја достават наскоро сметката и Бугарите. Нема да седат мирни. Ма да искрено ми е гајле за Македонија (иако го напишав коментаров ептен долг) затоа што оваа држава ми нема ништо дадено, јас сè што сум постигнал сум постигнал со мој труд. Ама не можам да го разберам тој македонски инает поради кој, дури и кога човек не е во право, мора да контрира за да не дозволи да биде понижен (а всушност нема да биде понижен), да не покаже пред сите дека тој всушност навистина не ги знае работите како што треба. И навистина не е срамота некои работи да не ги знаеш. Човек учи додека е жив. Поголем срам е да зборуваш глупости, па и од инает. Затоа и сите млади се иселуваат од државава. Дури човек и да најде тука некоја „асална“ работа пак ќе има желба да се исели, токму поради тој менталитет тука кој владее на овие простори.
Е баш така. Ова е работа за историчари, а не за нас. И мене искрено, ич не ми прави разлика, дали Гоце Делчев се декларирар како Бугарин, како Македонец, или како Марсовец. Битно, за Македонската кауза се залагал и битно сега имаме држава, која од нас зависи, дали и како ќе се развива. Значи, ние сега, овде, не некој си пред 500, 1000, 2000 години. Тоа што го чувствувам за себе, како Македонка, нема да ми го смени, и ниеден македонски херој да не бил Македонец, и ни еден Македонец да не остане денес, односно, сите до последен да се пишат Бугари. И доста со муабети: Што ми даде државата. Државата не 'дава', ние сме државата. Прашањето е: Што ние направивме за да државата ни биде пријатно место за живеење?
Точно што ние и дадовме на државата. Ве подржав и со лајк и излегов од темата па се вратив. Крстот може само лошо се изрази. Стварно што кога ете јад немам бугарски пасош, рсботам од своо 18 значи 22 а немам стаж толку, кого да обвинам, себе? Народот? Епа народот е државата де, оти не ми го возврати тоа што теба. Или треба да се обвинам себе си оти одбрав да џабе работам место џабе да седам.. Ете инвестирав во моето искуство и сега ми се исплати. А ако седев дома како што не буткаше државата и искуството ќе го немав. Ете тоа е еден орост пример. Што кога редовно плакам даноци, не работам на црно.. Имаме проблеми со разбојници низ локалниот град, не реагира ни полиција ни никој. Кого да обвинам? Пак себе си? Оти не излезам на телевизија? Ете децата треба да ни де покриени нивните лекувања така? Работам, треба да е покриено. Е оти не е? И за таму водиме битки со државните институцииииии. Тие во врвовите се државатаааа, не цел народ. Народот е крив оти ги изгласал, крив ке е и ако не излезд да гласа. Кажете ми што кога јас придонесувам за себе инза оваа држава? Ме прашува ли зошто еве две три години се прашувам што за нив значи самохран родител? Не,немаше ич да ми е криво и да барам никој да ме праша да не бев во ваква ситуација во моментов. Не барам ни сега. Ама ме испровоцира она кога подразмислив до кога ќе се обвинуваме ние меѓусебе. Еден ипол милион од нас се колиме мегу нас а работиме за тој половина милион да можат да прават со нас што сакаат. Дете за рака и одев макар и погаволите од овде. Ете до токку. Џабе придонесуваш, џабе работиш, немаш основни услови за егзистенција. Немаш безбедност. Ма ништо немаш. Една државна институција не функционира како што треба. Ниедна. Ниеден закон не чини, ток што чини не се почитува.
Е, ама во тие државни институции, народ работи. И очигледно не си ја сработва работата. После имаш 'друг народ', кој фаќа врски кај 'првиов народ' А и власта не расти на дрво, од народот е. Менталитетот ни е никаков, сваќањата ни се никакви. За да нема примери ко твојот, треба сите до еден да си ја работат работата, да почитуваат закони и плаќаат даноци. Ама не е така.. за жал. Свеста треба да се смени. Како? И јас не знам. Ама знам дека ова не е во ред.
Абе моите примери ги пишав само колку да укажам и јас каде е грешката, дефинитивно не е во нас. Од државата не сум очекувала ништо, немсм еден ден работа во државен сектор, ама основните работи за живот ги изгубивме. Ајде другото пеќи, ама оановма безбедност?
Во врска со тоа чиј бил Гоце Делчев, и како тоа од цел свет само ние имаме крадена историја, да не знае дали да плаче или да се смее човек Ама начекаа лабаво, начекаа куќа и двор без кучиња, и ќе не разграба секој кој стигне, ко малку да не разграбаа 1913 ли беше?
Не е дека е крадена историја, туку сите соседни земји во светот имаат делови со заедничка историја. Нормално е, пошто се мешале, мигрирале, војувале, се здружувале, па се карале меѓу себе... Исто како што делиш историја и со комшиите во влезот. Заедно сте го реновирале скалилото, па некој не сакал да плати, некој бил за реновирање-некој против... и така..
Обично англиската википедија е неутрална, објективна. Зарем е можно да бевме лажени сиве овие години?
Нема ништо чудно, стратегија на Белград да ја држи Бугарија настрана од својот двор така што ќе ја одвои македонската национална свест од бугарската. А и не е лажење, зависи кој како одбира да толкува. Кога можат Срби, Хрвати, Босанци и во поново време Црногорци да бидат посебни етноси иако зборуваат ист јазик, ич не треба да се доведува во прашање дали смеат Македонците да се двојат од Бугарите. Многу Македонци пред 100 години се доживувале како Бугари и никако не им се исплатило.
Нека повелат Бугарите со Грците нека се разберат околу имотите на сите овие Бугари како Гоце Делчев во Егејска.
Бугaрскa нaциoнaлнa свест никoгaш немaлo вo Мaкедoнијa тoa билo или нaметнувaнo истo и вaжи и зa србизaцијa грцизaцијa и aлбaнизaцијa истoтo гo признa и Вaнчo Михaјлoв, бугaрскoтo никoгaш не зaживеa вo Мaкедoнијa, Мaкедoнскaтa нaциoнaлнa свест е нaстaнaтa прирoднo меѓу нaселениетo и пoрaди јaзикoт теритoријaтa oбичaите религијaтa и бoрбaтa зa слoбoдa и aвтoнoмијa нa нaциoнaлнa Мaкедoнскa држaвa. Бугaрите мoжaт дa си дрoбaт дo утре дa бил денес Делчев жив би се деклaрирaл кaкo Мaкедoнец.
https://expres.mk/prespa-se-pretvori-vo-deponija-od-jabolka-video/ Сигурно ќе бидам погрешно сфатена, но ова воопшто не го оправдувам. Сѐ прифаќам (не можам да речам дека сфаќам пошто немам допирна точка со земјоделство), и револт и разочарување, ама начинов е најлошиот можен. При толку луѓе што не можат ни леб и ете обично овошје да си дозволат, а и еколошките услови - тие фрлаат тони јаболка, и ги претвораат во потенцијален додатен загадувач. Уништување храна е неприфатливо во овие времиња. Многу непромислено и себично.