Заев кога веќе тргнал да се пазари сè со цел да добие почеток на преговори и влез во НАТО тогаш треба сега и да ја условува ЕУ со тоа што ќе ја замрзне привремено употребата на името Северна Македонија сè додека не го добие тоа што го посакуваме ние тука. Упс, заборавив, Зоран Заев не може да ги условува сега зошто нема никаде клаузула која вели дека ЕУ е приморана да започне преговори со нас. Од проста причина што се направи пазар без да се бара нешто за возврат. А тоа требаше всушност да се направи, кога се тргна да се игра на оваа карта. Сега и Грците ќе си се држат настрана а плус им дадовме храброст на Бугарите утре да нè условуваат и тие доколку не признаеме дека сме втора бугарска држава. Лош пазар, лоша политика. Односно „пуси“-политика. Сега Макрон ќе мавне вето и тоа е тоа. Само НАТО сега засега.
Тaмaрa се извинувa зa химнaтa кoгa сите знaaт декa тoa е нaпрaвенo нaмернo, кoлку се сaмo гaдни и безчoвечни.
До кога во оваа држава ке се толерираат и нема да има санкции дали парично за слоупотреба на службена должност од страна на судиите за нивни блиски пријатели.? Ваков е примерот конкретно со судијката Клетничка која го судеше Предметот за Латас и донесе ослободителна пресуда бидејки биле блиски пријатели. За вакво судење да се побара одговорност од страна на вишиот суд и да се побара за одговорност и кај сите други судии кои ке судат врз основа на пријателство. Ваквите судии мора да одговараат морално или со снакции за ваков начин на судење. Тоа е типично злоупотреба на должност. ДА се вратат вакви судења кај друг судија кој ке суди независно без било каков притисок. А ако имаатпритисок соодветно да се пријави. На овие работи мора да се стави крај ако сакаме да имаме нормално и демократско судство. Ако треба и кадар да се смени мора најголемо промени да почнат од судството тоа приоритет.
Мaјкa еднaш вo 1000 гoдини рaѓa вaквa креaтурa. https://infomax.mk/wp/видео-заев-се...mcL_hjLwPXal7-n6yRlwGTwQcNFlDfSRDhhSpad4SbWps
И Николче не подје*ава. Поздрав од Будимпешта ни праќа ЈОГА МАЈСТОРИТЕ И ИЗГРАДЕНИОТ АВТОПАТ Да прашам, за тие што веќе го пробале...како е новиот автопат Скопје-Штип? Веќе неколку недели се вози низ него, па да прашам за оние кои го возеле или пак ги возеле: задоволни? Се радувам што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”♂️, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават. Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г. Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех.Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав. Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците. По неколку години почнавме со првите активности. А кога ќе се почне нешто и ќе се заврши, па макар на крајот дошле на власт вакви “дрва за работа” и деструктивци како овие хохштаплери сега. Сепак, за последните 10-15 % од изградбата и тие имаат заслуга што ги завршија и јас сакам чесно да го кажам тоа. Несакам да бидам како нив. Од “немај каде” беше нивново, ама го завршија. Иако тие ќе се “пењават”да не убедуваат дека наместо за Штип, трасата била промашена, па градбата тргнала за Зелениково, ама “нашиве спасители” го исправиле и уште и многу заштедиле итн, итн. Се изнадржаа говори низ соседните земји на отворање патишта, па ајде нека “удрат” и еден говор за овој автопат, белким ќе ги фати “маја”. Стариот пат кон Штип секоја година носеше поголем број жртви, особено во зима на неколку “црни точки”. Со новиот треба да е како по аеродромска писта... Но, и стариот кој води од Штип кон Велес, го проширивме и од т.н. регионален пат со две коловозни ленти, го претворивме во експресен пат со четири коловозни ленти. Иако одамна е готов, немам против и таму “да удрат” по еден говор овие од неспособната влада, кои не започнаа ниту еден крупен проект, од почеток осмислен и подготвен од нив. ️♂️ Голем труд за овој пат вложија Миле Јанакиески кому “за награда и благодарност” сега го малтретираат и се изживуваат со него по судови и затвори, Владо Пешевски, Зоран Ставрески, три директори на Државни патишта, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски и Александар Стојанов, сите нивни соработници и администрација под нив, но и други институции кои не се гледаат а без нив не се може, како на пример Катастер, Управата за имотно правни односи, Агенција за просторно планирање, проектантскиот куќи и повеќе други. Вакви проекти бараат тимска работа и многу стручност, посветеност, организација и координација, време и енергија. Честитки за сите Без подршката со кредит со многу ниска камата од само 2% годишно од НР Кина, немаше да успее проектот, бидејќи сите други можни институционални кредитори не ни даваа согласност за кредит бидејќи по нивните интерни критериуми немало доволен број возила годишно. Немаше интерес ниту за јавно приватно партнерство. И тоа пробавме со меѓународен повик преку оглас во Фајненшел Тајмс. Благодарност до актуелниот кинески премиер и неговиот претходник но и до целата кинеската влада. Лично неколкупати ги молев да помогнат во повеќе наврати. Честитки и до изведувачот Синохидро и до македонските градежни компании кои всушност го изградија повеќе од половина. Најмногу честитки до сите вредни и стручни работници кои градеа на теренот. Ова што ме прогонуваат на суд и што Заев наредил да ме осудат, не е за овој, туку за другиот автопат меѓу Кичево и Охрид кој во време на ВМРО се заврши над 50 осто. Обвинението ми е дека..., внимавајте..., сум вршел влијание на соработниците за неговата градба да биде побрзо и да заврши пред наредните парламентарни избори кои требаше ако беа редовни да се одржат во 2015 година, и тоа сум го правел со цел да остварам “корист”, а користа отценија дека била дека тоа ќе сум добиел повеќе гласови на изборите. Овие рекетарите што сега се на власт, не ги интересира таква корист. По друга корист се тие. Да, така ми гласи обвинението, а се “потепаа” на јавноста да и го престават дека било за корупција, проценти, провизии и слични лаги, со аудио матерјали извадени од контекст во кои се договара висината на гаранцијата за градбата. Снимки кои воопшто СЈО не ги предложи како докази во обвинението кон мене, а ги користеа само преку “независните” медиуми за политичко- пропагандни цели. Да не е трагично, би било само смешно. Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат. Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба. Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен! Поздрав од Будимпешта✊ Видео 2014 година: https://kanal5.com.mk/articles/2104...a-od-delnicata-na-avtopatot-miladinovci-shtip
Ги читам некои интервјуа на Бугарски политичари кои како признавал дека Гоце бил Бугарин, и дека ние следствено на тоа до 1944 не постои македонска нација. Според тоа како се попишувале наши револуционер како Бугари јас можам да кажам дека тогаш односно некој борец што се залагал за некаква слободна земја во тој случај Македонија морале да се пишат како Бугари тоа стои, дали како Грци, но тоа било само под притисок бидејкитогаш Бугарија постоела веќе како држава најпрвин бидејки тогаш под закрила на Советскиот сојуз имале можност за да создадат држава со нивни банкноти. Гоце таму бил учител творел во Софија тоа е неоспорно, но бидејки тогашна Македонија неможела да биде слободна држава бидејки сме билепод османлиско ропство и да ссакаш да се декларираш како Македонец не можеш.Тука е најголемиот јазол. Затоа Гоце тогаш со негови истомесленици работеле за осамостојување на Македонија. Таа идеја не се родила од одеднаш односно ние сме имале свест за да Бидеме како Македонци и порано односно зада имаме наша држава која ке има своја култура традиција различен и посебен од другите соседи. Ние заради други надворешни фактори сме неможеле да имаме држава но дека сме имале свест за да бидеме автономни со то што сме станале посебна држава мегу соседите но различна од Србија и Бугарија по обичаи култура јазик различен од другите. За тоа се борел Гоце и за тоа бела неговата кауза за да бидеме Само Македонци без мешање со дрги држави и народи.Да бевме строго Бугари немало да се делиме од Бугарија туку ке бевме во склоп на таа држава. Но некој ако сака да седекларира или Бугарин тука или Македонец во Бугарија тоа неможе да се оспори тоа е индивидуално. Но Како колектив сме Македонски народ во С. Македонија.
Не си кoлектив Мaкедoнски нaрoд туку еден oд зaедниците вo СМ и следственo не пoстoи нaцијa туку племенски зaедници.
Да пресметаме само колку сегашни "херои" се пишани бугари, и тоа без никаква присила, па после да дискутираме. Редно е да си признаеме каков народ сме си. Не осудувам кој што се пишал ради сопствени оправдани причини, ама отруени сме од квази патриотизам. Аман.
Сaкaм дa му честитaм нa Мицoтaкис и грчкaтa држaвa сегa ќе имa сoлзи и рикaње кaј нaс. Штo нaшите нaивници oд левицaтa гледaa решение вo дoгoвoр сегa ќе видaт штo знaчи тoј дoгoвoр и кaкo е дa си чoвек без дoстoинствo. Арнo рече Мицoтaкис ниеднa стрaнa сaмa не мoже дa гo укине дoгoвoрoт не држaт зa јa××××, ќе си oдoвлекувaaт ќе си измислувaaт и нaдoгрaдувaaт дoдекa ние не рикнеме oд внaтре. Oвие нaивниве штo гледaaa решение вo дoгoвoр незнaм кaј ќе бегaaт пoсле се, нaциoнaлни предaвници се штo се грaделo цел век децении гoдини гo уништијa.
Им честиташ за победата на грчките националисти кои не нѐ почитуваат и признаваат под баш никакво име и компромис, туку премалку им е и ова отстапување сега што толку ве боли? Треба стручни лица да ви го анализираат менталниот склоп, ова екстремнава десница е вистински психолошки феномен.
Нoрмaлнo декa ги пoчитувaм имaме исти стaвoви... Нo не бaш Мицoтaкис oн и Мицкo си се глoбaлисти јaс сум зa еврoпa нa еврoпските нaрoди и држaви нaции. А и зoштo дa не пoчитувaм некoј кoј се бoри зa интересите нa грцијa ? Би пoчитувaл некoј кoј се бoри зa интересите нa Мaкедoнијa aмa кaј нaс сaмo кукaвици умрени плaтеници кoкoшкaтa снесувa.
Заев во еден час: Им ги даде броевите на пола од лидерите во светот, ги озборуваше скоро сите дипломатии, се исмејуваше на руските служби и Путин, ги кажа тајните од Меркел и Макрон, ги кажа стратешките планови на Балкан, поверува дека Порошенко е директен потомок на Александар Македонски и нудеше 100К евра поткуп за Вартоломеј - сето тоа на руски комичари. Н А К О М И Ч А Р И! ♂️ Дајте му Нобел, заслужува.