Дa дa oвaкa мислевте и зa 500 000 еврa зa мерцедесoт нa грујo... Едните викaa и 500 000 е мaлку зa безбеднoст нa премиер нa Мaкедoнијa a другите кубеa кoси... Кaкo сегa ви се смени мислењетo штo вaкa.
Мерцедесот беше за Грујо да се вози со децата, и да му гледале цртани. А ова е за да се признае самостојноста на Македонската Црква. Малку гледаш разлика или не? И бај д уеј, не е ни точно дека барал навистина, туку то е муабетот од 'комичарите'. Едит: 100% сум сигурна дека е масло на Русија. На неколку пати се обидоа да го натераат да рече нешто нелегално, ама не им подлегна на глупостите, и алал да му е за то
Досега се прашував дали луѓево од власта си играат држава или вистина водат држава. Сега веќе не се прашувам, го знам одговорот.
Преслушајте го разговорот, не чекајте некој да ви го раскажи, и сами донесете заклучоци. Ако нешто друго освен прекршување на протокол за контакт со странски политичари најдете, слободно пишете го овде...
Пoентaтa е еднoтo е нoрмaлнo прaктичнo и пoтребa... Другoтo е смешнo a твoјoт премиер гo пoверувaл зa вистинитo сите пo 10 минути сфaтиле декa е шегa... Сaмo ЗЗ црпнaтиoт сo гoдини си рaзгoвaрaл, мoрoн.
Има многу вакви пренкс врз голем број на политичари во светот и пак не им доаѓа памет да почитуваат процедура, сепак се работи за внатрешни работи од една држава кои се споделуваат преку обичен телефон. Немаше ништо скандалозно во разговорот, ништо што веќе не знаеме. Да имаше... куку ноне. Сепак наивен се покажа дека е со самото наседнување на ова. Само ме чуди како доаѓаат до броевите од политичарите.
Вајлд, не зезај. Скандалозното не е самата содржина на разговорот, туку тоа што разговара со пранкери. И се однесува ко оговарач на селска чешма. Нудење 100 илјади евра мито воопшто не е наивна работа, па за каква сака цел нека биде. МИТО. Го слушам на конференцијава, ќе ги давал од свои приватни пари за да решел проблем. Кој лик е, човече. Си играат држава, буквално.
Е и? Освен то шо е наивен морон, има некој друг проблем? Ништо не ни е загрозено со ова, баш напротив. Кажа дека и Ципрас се залагал да ни помогне за афтокефалноста. Искрено, мило ми е што не е само договорот 'на хартија', ами што навистина се ангажирал човекот (Ципрас)
Не е наивно, ама да ти кажам да проталкате по парите за кампањите на било која политичка партија во светот, ќе најдете милиони 'ненаивни подмитувања'. Што мислите? Како се носат одлуки од стилот: Овај лек е добар, а овај не? Тој што ќе 'донира' повеќе, неговиот збор се слуша. Не го оправдувам, да не мислиш дека многу ми е ќеф што е така.. Не ми е.. Ич.. Ама светот функционира како што функционира, без разлика колку јас се нервирам за истото.
+ може да го внесе на овој вселенскиот и во бизнисот со канабис овде, како партнер на владиката Наум, па да видиме како во еден дим се решава афтоќефалност.
Да, ти поспособен од него знаеме, попаметен, помудар, повешт. Затоа дремеш зад монитор анонимен а он е на чело на државата. Од што е глуп не ќе да е. Какви сакате правете ги ,само глупи не. Да се глупи нема да не ебаваат 20 години.
Ја изгледав серијата. Не ми менува во ставот дека кога прават глупости нашиве, овде, не смееме да им прогледуваме низ прсти. Туку, што зборувам и јас. За Северна Македонија се работи. Секако дека ќе си пројде за три дена, ко ништо да не било.
И? Ќе поднесе оставка Заев, а тие што земаат мито (за странчишта зборувам), ќе престанат да земаат? Ако не, гледај го Игра на тронови Истата бруталност постои, само на многу посуптилен начин... за жал...
Мене па не ми е толку криво што на премиерот направил ваква грешка колку што ми е криво дека потекнувам од иста земја со луѓе со никакви расудувачки способности и вокабулар 0, @Asdasovski толку ли е тешко да напишеш свое мислење без да употребуваш ниско интелигенти изрази како црпнатиот и слично? Пробај не е толку тешко. Стварно ова е голем лапсуз, ама се гледа дека човекот има добри намери и релано не гледам како нешто голема штета е направена. Кога Груевски и компанија не крадеа толку време и се бламираа никој не смееше уста да отвори сега сите се силни.
Комичариве му викаат: Дај да соработуваме, Украина има слични проблеми како Макдонија, овој им одговара: Јес, јес