Типично. Ќе го спомнеме Груевски и сите други грешки изгледаат мали. Груевски е на слобода, па ај да зборуваме за ефикасноста на новиве лопови. Вајлд, да. Ќе поднесе оставка за нудење мито и барање во тој претходен случај. Или барем народот ќе бара некаква, некаква одговорност. Ќе го смени на избори, де. Другиот што ќе краде, исто. Пак првиот доаѓа, пак исто. Барем некаква, некаква лекција да има за... не знам, барем помали глупости да прават? Ама за жал, ова е нашата јадна држава што функционира со партиска послушност. Тажно.
Аха.. и поради пренкот, и комичариве ќе ги уапсат, и на муабет од комичари и Вартоломеј нека го уапсат
Не е смешна оваа општа мизерија, овие советници кои појма си немаат што прави премиерот на државата. Повеќе не е смешна оваа нормализација на константното бламирање и генерално неработење. Нема пренк овде, ова е суровата реалност, за кој и со каков памет владее со ова земја, носи одлуки како ќе му прдне, штити и промовира неспособни, неморални и криминални глави, не презема одговорност и не менува ништо важно.
На Заев улогата беше: договори се со Грците и Бугарите, и ние ќе ви дадеме датум за отпочнување преговори. Толку. Едит... не ми прај разлика дали е Заев, или Петко, или Митко, чекам датум за преговори... Нека го сменат ако не чини
А што врска имаат комичарите и Вартоломеј? Овој прифаќа да даде мито вистински, без да биде свесен дека е пренк. Не ми се верува дека го правиме муабетов.
Не ги слушав разговорите,ги слушав прашањата од новинарите и одговорите,застана и одговараше на прашања,нешто шо Грујо ни на сон не би го направил,инаку Заев стварно одговара на пораки на вибер на граѓани,колку и да звучит лудо точно е,така малку смотан си е и наивен.
Ок... ама немаш основа. Пошто е фиктивно митото... Тоа и мене ми е мисла. Нека се смени и власт и што сака, само да не запре процесот.
А зoштo дa не кoристaм термини кaкo црпнaт ? Акo сaкaш дa ти кaжaм зoштo ги кoристaм ќе ти кaжaм... Зaтoa штo гo дехумaнизирaм и не гo сметaм дoстoен зa мoе културнo oднесувaње... Не е припaдник нa чoвештвoтo тoa е зoмби без чoвечки емoции, тoлку. Се исклучувaм и делaм oд тaкви.
Процесот може да биде запрен од страна на ЕУ, се додека нема реформи во судство, владеење на право, реформи во администрација (партизираност), има корупција, криминал, непотизам итн.итн. Од овие реформи има 0 испорака.
Скроз си во право за тоа. Ко обично, СДСМ ја тера само надворешната политика, а внатре, кој ги тркала... И тоа го ставам во 'процесот' иначе...
Па искрено да Секако дека ја сакам најдобрата опција ама се плашам дека ако Заев даде оставка ке стават некој бетер. Не сум сигурна дека имаме баш некој добар избор. Заев прави лапсузи, некогаш се однесува и повеке "народски" отколку што му доликува за функцијата ама колку што досега сум можела да приметам од тоа што следам барем има нешто човечно и е човек со отворен ум. Без разлика, секој си има право на мислење ама овие вреѓања како црпнатиот, смотаниот и слично стварно не делуваат дека се од колку толку цивилизирани луѓе. Има некои од нас што сакаат да прочитаат различни конструктивни мислења и затоа го посетуваат форумот ама кога ќе видам 10 постови по ред не напишале ништо само вреѓања стварно се губи поентата.
Некогаш? Секогаш! Тој ти е чоек за гушкање по кафани и со сите да си е пријателче.. Таков му е филмот
Затоа не ни можаат да истуркаат повеќе од еден мандат максимум, па после ќе се начекаат пак додека да дојдат на власт. Не ја научија лекцијата. Прво треба сопствениот двор да го средат, а потоа надворешната политика, затоа што странците дома нема да ти средат т.е. ќе праат само мониторинг на ситуацијата и фактичката состојба, потешката работа останува на нашите. А тие....
Да ти кажам право, не верувам јас во 'домашно воспитание'. Од Македонци не очекувам средување на внатрешната состојба. Навивам за 'странски менаџери' и 'професионални политичари' - ама не ме праша никој мене
Дај ма кажи нешто сочно, какви тајни издал, што читам ќе не скарал со сите пак. Тоа што е смотле сите знаеме.
Твое право е така да мислиш ама и сега конкренто место да изнакажаше 10 навреди можеше да споделиш факти за негово однесување а не како мали деца. Според тоа што толку лично си го сфакаш Заев очигледно е дека не се исклучуваш и делиш од такви
Тие странски менаџери и професионални политичари, сигурно нема да се ебаваат со нас цело време, ние сме тие т.е. и нашите политичари пред се, кои треба да пресечат (без да им е битен џебот,политичката кариера) па да средуваат, никој друг нема да им среди од надвор, ако се лажеме. Но ова кај нас е сајнс фикшн. Јас само верувам во нас, ако бидеме протекторат на посилна држава.
Ништо не издаде, освен дека Ципрас зборал со Вартоломеј, за да ни помогне околу афтокефалноста на Македонската православна црква. Само тоа прв пат го чув, другото беше општо познати глупости од глобална светска политика.. Кој-кого поддржува, Русија што сака, Сад што сака... Нема да ни работат 'од љубов'.. Да ги платиме.. нормално.. Иначе, еве сме, сами на себе, од 1991, практично откако знам за себе, само глупост, до глупост.. Мислиш сега, магично ќе се појават 'паметни политичари'? Пф.. се сомневам..